1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во некоја рака да. Би рекол дека постои поттик кон колективно будење. Но дали луѓето ќе се разбудат користејќи го тој поттик, тоа зависи од нив самите. Со оглед на генералната состојба во светот (има разлика помеѓу поимите светот и планетата Земја) човештвото сè уште е прилично заспано па тој повик кон будење не го слуша. Има една поговорка: „Кој не ја слуша песната, ќе ја слушне бурата.„ Тоа го велам во смисла дека насобраната карма на човештвото сè повеќе доаѓа до израз преку природни катастрофи и други судбини и дека некои луѓе и души дури тогаш се будат од духовната заспаност.

    Независно од тоа дали луѓето сакаат или не да се разбудат, вибрацијата на Земјата постепено се издига. Еден ден промената толку ќе биде напредната (значи тоа не се случува преку ноќ од денес за утре, туку е процес кој трае) што на земјата ќе можат да престојуваат само луѓе со иста или слична повисока духовна вибрација.
     
    На Pamela Daisy и do-re-mi им се допаѓа ова.
  2. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Многу верувам во карма. И секогаш внимавам на некого да не му наштетам бидејќи инстант ми се враќа мене. Еднаш седевме во Палма и одвратен сладолед ни донесоа (по моја грешка, глупав избор) и го оставивме и земав друг во корнет и го потсетив келнерот дека треба да ни го наплати и првиот. Маж ми: што си смотана, кај ружен сладолед, кај не го изедовме уште и потсетуваш да си платиш! Викам: ќе платам, пошто мојата карма ќе најде начин да ми ги земе тие факинг 100 денари. Ќе ги изгубам, или ќе преплатам нешто екстра утре. Не сакам да си ја прљам кармата.

    Друг случај: секогаш пуштам кола пред мене ако сака да се убаци од споедна уличка. И секогаш мене на такви ситуации ми застануваат други возачи. Еден ден се брзав и еден човек сакаше да улета пред мене, а јас нервозна и улетана свирам, па го пцујам да чека!!!! Дали ќе ми поверувате дека имав проблем со престројување и со убацување од споредна на главна, никој не ме пропушташе може 2 недели. И ми текна еден ден, викам страшна работа, дефинитивно е карма. Може е смешно да се прочита ова, ама сум го забележала кај мене па го споделувам :)
     
    На Meckicja и Pamela Daisy им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Не знам дали има врска со карма ова, ама да си кажам. Бившиот што многу го сакав имаше паралелна врска, и јас следниот што ми беше два пати го изварав со ист човек.
    И уште не ми се верува, за некој месец најдов еден што ми се допадна и ми ја направи истата работа ко првиот.
    Не знам дали е до лоша карма, ама ич немам среќа во љубовниот живот. И не се враќа ништо од денес за утре, понекогаш требаат и месеци, и години...
    Само се прашувам, зошто никогаш доброво не се враќа, само лошото. :D
     
    На Pamela Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    исто е и кај мене
     
  5. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Кога ни е добро не се жалиме нели :)Затоа не можеме да кажеме , ама како што пиша погоре @Vetruska има ситуации кога сами може да приметиме дека доброто се враќа со добро.;)
     
    На Meckicja, daylight, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Јас во карма не верувам. Ми делува ко утеха за во тешки моменти. Некој ќе ти згреши и во себе си викаш дека ќе му се врати истото. А дали стварно се враќа?
    На некои им се враќа, не викам не. Ама на сите во никој случај. Да им се враќаше на сите тоа што го сториле, според некоја моја логика светов сега ќе цветаше.
     
    На Аргентина * и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  7. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Karmata malce pobavno si funkcionira. Sega sto seeme ke zneeme u sledecite zivoti :)
     
    На Meckicja и КикиМаус им се допаѓа ова.
  8. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Ama zatoa ona veruva vo tebe, ne se sekiraj ;)
     
    На Meckicja и КикиМаус им се допаѓа ова.
  9. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Jaс не сум читала многу на оваа тема, меѓутоа брат ми за овие теми докторати може да напише. :)(да не го фалам).Според него, постојат млади и стари души.На пример :ако некој сака повеќе да се забавува, да си игра, да го искуси животот, тој е млада душа.Сака да учи што повеќе, да добива искуство и слично.А доколку некој повеќе е заинтересиран за духовните-психолошките работи, не сака многу да се социјализира, помило му е да си го помине слободното време сам со себе и книгата што би се рекло, сака да истражува за смислата на животот-тие се тогаш стари души.Не знам колку би било точно ова тврдење, значи се што е пишано - непотврдено , и општо за било која друга тема , па еве и за кармата , се треба да се земе со доза на резерва, не може безрезервно да се верува.Јас лично верувам во кармата, во кармичките долгови и реинкарнацијата бидејќи има многу примери во книгите и општо луѓе што искусиле и се покажало како враќање на кармички долг.Исто така брат ми се обиде да подлегне на хипноза како би дознал нешто повеќе за неговиот претходен живот, но неуспешно.Или нашиве Хипнотизери во МК не се доволно стручни , или не знам што, едноставно човекот не можел да го доведе до состојба на хипноза.Да не забегав малце :D:D:DХипноза е веќе друга тема.
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Или пак имал голема среќа и бил заштитен на тој начин. Имено откривањето на минатите инкарнации (животи) не е во согласност со духовните законитости и може да предизвика голема штета и евентуални кармички наврзувања помеѓу регресотерапевтот-хипнотизерот и хипнотизираниот.

    Според Христовите објави на таа тема, ние не случајно не се сеќаваме на нашите претходни животи. На тој начин сме заштитени и дадена ни е можност да се соочиме со овој сегашен живот, бидејќи тој е последица на она од минатото. Истовремено, клучот за правилно и благовремено отстранување на негативното од кармата е содржан во сегашниот живот, не во минатите. Минатите животи, како што самиот назив кажува - се едноставно минати, поминати. Минатото не може да се менува. Но сегашноста може и треба да се менува секогаш кон позитивно со Христова помош, бидејќи тој е единствениот спасител и избавител на сите луѓе и души. Дали и колку тоа позитивно менување ќе биде направено, му се остава секому поединечно како слободен избор.

    Ние треба да се бавиме со средување на проблемите и потешкотиите кои ни ги донесува дневната енергија(денешниот ден и/или период), бидејќи секој ден ни се дава само толку колку што можеме да препознаеме и исчистиме. Тоа пак е возможно само ако се трудиме да живееме според божествените духовни закони кои можат да се најдат во Десетте Заповеди и Исусовата Беседа на Гората.
     
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    (y)(y)(y)(y)(y)
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Верувам во карма . На еден од бившите што јадеше го*на за мене му се врати троструко за многу кратко време . Излезе муабет дека го силувал девојчето што му беше партнерка после мене :x:swear: Ако е тој муабет вистина , сочувствувам со неа . Не знаеше со каков манијак има работа . Се обидов да и објаснам но погрешно ме свати ... Ми рече дека сум љубоморна :fubar:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Малку едукација за темава пред пишување на било каков коментар... :)


    Карма
    Од Википедија — слободната енциклопедија

    Карма (санскрит: कर्म, kárma (помош·инфо) (kárman, „чин, дејство, труд“); пали: kamma) е збор од индиската философска и религиска традција, која го означува секој чин кој без исклучок почнува одредени причинско-последични сили, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот, има универзално значење на збир од дела (агрегат) кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот.

    Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се често верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот (суштество) пати од сопствените дела.

    Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етичкиот момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине шатењето.

    Трудот може да биде двоен: здрав и нездрав; последици или плодови на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи.

    Според Буда, три причини за нездрави кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а здрави се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето).

    Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување (paticcasamuppāda – „зависно потекло“), односно увид (vipassanā). „Зависно потекло“ е кумулативен збир на работи чие дејство може да се разреши единствено преку освестување во сегашниот момент и превзенање на исправни (здрави) дела кои веднаш остваруваат резултат (плод), чии последици можат да се чуствуваат во неопределената иднина (во наредните животи).
     
  14. Бисерче95

    Бисерче95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Верувам знам сум згрешила сум направила мајтап за нешто и тоаа на глава ми се вратило.Чекај и се молам тоа што ми го направиле мене да му врати БОГ со иста мера.Да осетат на своја кожа како ми било кога ме уништиле мене.!!!!!
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Кога го запознав, се заљубивме и двајцата еден во друг на прв поглед. Тоа беше силна хемија против која не можевме ништо. А тој имаше девојка, во друг град, со која одел за да преболи претходна,не ја сакаше воопшто...ама беа во врска и ја остави за да биде со мене.
    Еве ме денес, после 15 години, со три деца, кармата ме стигна :?::x
    А што се трпев јас во тие години и каква карма допрва ќе следи за другата страна..е тоа ќе биде :!: ^_^
     
    На GirlLove, olenceeto, Aleksandar1212 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Страшно многу верувам во теорија за карма, и не само за лоша туку и за добрата, затоа што фрлаш зад себе наоѓаш пред себе, нели? :) ;)
     
    На Lilianna, КикиМаус и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  17. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Верувам во карма.Се што некогаш реков дека нема шанса мене да ми се деси,ми се деси. Така да се се враќа.Затоа не сум со предрасуди,гледам да сочуствувам,да помогнам.
     
    На *Amethyst*, КикиМаус и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  18. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Кармата постои. Се ќе ви се врати на еден или на друг начин.
     
    На shooter.0801, Outlook и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Кармата постои и се им се враќа на тие што ни наштетиле, веднаш по моментот кога ќе ни стане сеедно за тоа. Верувам во карма затоа што и на мене ми се вратило дали добро или лошо :)
     
  20. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Верувам во карма и дека се се враќа порано или подоцна на еден или на друг начин но доколку некој навистина ме повреди можеби години подоцна но ќе си го добие. :!: