Порано , одамна , пред десетици години имав еден дечко али големо губре ... Се деси да мене тогаш да ми доцни мензисот , и јас му кажав и он ми одговори :-Попрво ке се убијам отколку да имам дете со тебе !..... За срека не бев бремена , и продолжив понатаму со животот поминаа години години , пред некое време слушнав дека бил во брак и со години немале деца .. Првото нешто што ми текна е Карма ис а бич !! Ти благодарам Кармо што постоиш (не само во овој случај )
What goes around comes around ? Meh ... not exactly. Лично, не верувам во карма бидејќи сметам дека тоа е психолошки механизам на справување измислен од страната на човекот (кој е емотивен по природа) со цел да се самоутешува. Реалноста е дека некои луѓе едноставно немаат храброст да им се спротистават или да им се одмаздат на оние кои ги повредиле. И поради фактот што повредувачот секако нема да искусува само статистичка не/веројатноста на околности кои целосно зависат или не зависат од него, а се во неговата полза, одеднаш тоа дејство е т.н. карма. Има повеќе причини поради кои не верувам во карма, бидејќи доколку таа би постоела, мислам дека би цветале рози насекаде... Прво, ако започнам да го образложувам времето, би го поставиле прашањето : "Дали целиот универзум е ограничен на причини и последици?" Мојот одговор би бил дека причината и последицата се резултат на свесноста за времето (односно, причината е проследена со ефект) и ништо од тоа не може да има смисла кога времето се отстранува од равенката. Ова може појасно да го разберете кога ќе увидите дека самото време се перцепира само од нервниот систем и нервниот систем е резултат на постоење на тело. Отсутно од телото и нервниот систем не постои способност да се согледа време. Без време нема повеќе причина и ефект и можно е да се доживее сè како единствен настан. Овде отсуствува создавањето на времето и затоа причина и ефект и концептот на Карма е целосно отсутен. Второ, прочитав дека кармата главно се базира на доброто и злото. Според тоа, како и што имам коментирано и во други теми, апсолутноста на доброто и злото што го откриваме е многу посубјективен отколку што сакаме да веруваме. Злото може да се објасни како дејства кои се анти-човечки или анти-социјални, како што се силување, измачување и убиство. Од другата страна, доброто може да се објасни како дејства кои се про-човечки или про-социјални, како што се помагањето на другите и жртвување на себеси за нечие добро. Со други зборови, ова се само две аспекти од широкиот спектар на човечкото однесување каде, во одредени ситуации и околности, зависи дали едното ќе преовладува над другото. Трето, треба да застанете и да подразмислите за потеклото на овој поим. Ако вие прочитате за кармата од некоја книга, или сте слушнале од некои личности кои се религиозни, тоа сепак не значи дека истото е и точно. Кармата преставува верување, и не е фактичко. Бидејќи верување е нешто за кое вие мислите дека е, но има можност тоа да не е точно, додека ако нешто е фактичко, тогаш истото е базирано врз факти, а не врз верувања. Потоа, дали сте се запрашале за намерата, односно зошто некој воопшто би ја измислил кармата? - Јас мислам дека зад целата оваа филозофија поврзана со кармата лежи само да се контролираат луѓето да го прават она кое се смета дека е правилно по пат на заплашување. На некој начин ова е исто и со идејата за религија и за пеколот и рајот - човекот е заплашуван од помислата дека ќе гори во пеколот за да прави добри дела. Ако одиме од аспектот на докази, што би можеле да заклучите од тоа? Зошто некои луѓе го добиваат заслуженото додека некои не? Зошто некои невини луѓе и деца страдаат, додека други луѓе се извлекуваат со убиство? Во оваа смисла дали би рекле дека лоши работи им се случуваат на добри луѓе, а лошите луѓе често просперираат. Од ова може да заклучите дека дејството на кармата се сведува само на надежта, односно да се надевате дека работите ќе завршат добро. Придобивките колку што еден поединец може да мисли дека верувањето во карма е добро, постојат причини што верувањето на спротивното е исто толку добро. Вистината во ова е дека во реалноста никој не сака да биде мотивиран од страв да ја прави"вистинската" работа
Токму затоа кармата има вистинска смисла само доколку се вклучи знаењето за реинкарнација, имено дека бесмртната душа на човекот не е ограничена само на еднократен престој на Земјата. Како што вели една поговорка „Божјите мелници мелат бавно (но сигурно)„. Или како што вели христијанскиот термин: „Што човек сее, тоа тој и ќе жнее.„ А од земјоделието знаеме дека ниту една седиба не никнува истиот миг, туку потребно е извесно време да помине за да се покажат плодовите. Но тоа воедно укажува дека лошата сеидба (кармата) може и благовремено да се разгради (преку простување, молење за прошка и поправање на стореното). Кармата никој не ја измислил туку таа е последица од нашето (многу дамнешно) напуштање на духовниот универзум и создавање на материјалниот космос. Ние гледаме дека во космосот ниту една енергија не се губи туку се претвора. Нештата се подложни на акција и реакција. Една од честите грешки кога се зборува за кармата е поистоветување на тој термин со концептот награда и казна. Казната е човечка измислица од чија примена може и да се избега, искупи, зависно од тоа според кој правен систем се водат луѓето. Кармата пак не е казна, туку последица. Ако излеземе на дожд без чадор, тогаш облеката и нашите тела ќе станат мокри. Никој при здрав разум не би рекол дека влагата е казна од дождот или облаците затоа што не зедовме чадор, ниту пак дека е тоа некаква случајност. Тоа е едноставно логична полседица на нашето излагање на дождот. Така е и со кармата. Секако, секоја инофрмација може да се злоупотреби па така и таа за кармата, особено ако се презентира во примитвна, нецелосна и извитоперена форма каква што наоѓаме во митологијата на некои источни религии.
Yes, mislam deka postoi konceptot ne samo kako koncept tuku i vo stvarnosta. Ednashka vo butik na devojche trebashe da mu platam ramno 500 denari. Devojcheto na kasa mi naplakashe dur zboruvashe na telefon. Jas izvadiv nekolku iljadarki od dzebot i najdov edna 500tka, i ja dadov 500kata a taa pomisli deka zela 1000 i pred da zaminam mi vrati 500. Jas se zbuniv, mislev deka sum i dala 1000rka. Koga dojdov doma se prebroiv i vidov deka se vrativ so istata suma so koja shto otidov. Ne mozhev da gi vratam zoshto sluchkata beshe vo drug grad nemav vreme da patuvam.Posle nekolku meseci zaginav 500 denari mi padnale od dzebot. Drug pat na edno dete od klasot mu iskrshiv chador, mnogu beshe bezobrazen i zasluzhi. Po nekolku dena mojot chador go ostaviv vo market dodeka pazarev i nastavale chadori vrz nego na izleguvanje go najdov skrshen. Dve mnogu chudni situacii i imam ushte eda ama ne mi se pisuva uste. Dvata pati zgreshiv sluchajno, tretiot se odmazdiv i sepak mi se vrati. Ne mi e jasno zoshto ne im se vraka na drugite koga ke mi zgreshat mene ili zoshto ubavoto sto go pravam ne mi se vraka Se chini deka karmata mene ne me saka
Интересни ситуации овие твоиве, мада и јас мислам дека сум така нешто. Лошо не сум направила а како цело време да ми се враќа нешто. Добро кога правам како ништо да не било. Еднаш еве така како @Justicija имав ситуација пред 10 години, идев со еден, тежок женскарош, невиден значи а многу го сакав ептен. Се гледавме еден период и случајно еднаш кондом пукнат најдов внатре во мене и му го кажав тоа (после односи беше). Типот не само што почна лошо да му паѓа, туку и се онесвести еднаш. Ајде мали бевме не викам не околу 20.. ама мајками на 20 две имала, ништо страшно и да фатеше, мада никогаш не го излажав дека сум трудна и сл глупости, си кажав како шо беше. Ете го после 10 год среќно оженет со деца, јас се мачам сеуште како урочена некоја од негова страна така се осеќам. Незнам може грешам.
Ја имаа да и верувам во Карма..се се врака се се плајка..негогаш кога знам дека некој не мисли добро си велам во себе...што ми посакуваш да те стигне..било лошо или добро..па нека ми посакува секој што си сака..колку сум само лоша
Колку и да не посакувам лошо никому, сепак сметам дека на крај секој го добива она што го заслужил. А една од најлошите облици на карма е постојаната грижа на совест и чувството на вина.
Верував дека карма постои.. Ама верував.. одамна многу во минатото. Сега разбирам. Добрите луѓе се слаби и животот ги гази... Simple as that !
Верував но не ми беше јасно што е тоа. Откако почнав да ги читам книгите на Лазарев, во врска со кармата и животот многу нешта ми се разјаснија и сум повнимателна