1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не постои карма, плод на фантазија е, и кога ќе се вкорени во психата на човек, исто како плацебо-ноцебо, Барнумов ефект, магиско размислување и препознавање шеми насекаде - е тогаш човекот мисли дека којзнае што се дешава.
     
    Последна измена: 13 февруари 2022
    На WildMk и TarantulaA им се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    3.723
    Пол:
    Женски
    Се согласувам


    Кармата е енергија која се претвара.
    Долга тема е но накратко ќе кажам. Најчесто кога викаме премногу добар човек е ама се нешто лошо му се случува е тоа е таа карма (енергија) која се пренесува/ претвара во тоа тело. ( од енергијата односно човек (прадедо, дедо, татко, мајка ) од нашето семејство што направил ,,лоша,, работа ) Од овде е и муабетот ќе му се врати на најмилото. ( зборам за тешки гревови)

    За оваа лоша енергија да се претвори во добра луѓето ,,измислуваат,, различни начини да ја прекинат.
    Некои кои не биле верници стануваат верници, некои даваат курбан, некои одат по гатачки со цел дека имаат магија итн.

    Не сакам да зборам за тоа но кај мене во фамилија мажи умираат млади ( прадедо ми, дедо ми, брат на татко ми - убијство , тетин - самоубијство, 2ца први братучеди на татко ми - несреќа итн) Имам разговарано на таа тема со жена која имаше доста познавање на тема карма. Поготово за мојата карма
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Кога би било тоа дословно така, тогаш тоа не би било во склад со космичката праведност. Имено би страдале невини за туѓите постапки дури и ако не била дадена согласност или не можеле да бидат прашани бидејќи не биле родени.
    Од божествените објави наменети за луѓето на денешницата дознаваме дека тоа не оди баш така туку дека всушност под околности ние може да сме нашиот сопствен предок кој/која она што лошо го направил а не го намирил преку простување, искрено молење за прошка и поправање на стореното сега во овој живот го доживува како свој сопствен/-а правнук-а и сл. во форма на последица(болест, зафатеност од елементарни непогоди, осаменост и тн.) . Исто така кажано е дека во една фамилија можат да се инкарнираат само души кои или имаат заедничка карма (во некој минат живот сториле нешто заедно) или пак се отелотворуваат души кои се со приближно слична вибрација како останатие членови. На пр. имаат или развиле извесни слични лоши склоности а кои не ги надминале во минатото, односно дека тие имаат отприлика сличен збир на темни и светли страни.
    Да, меѓутоа на тој начин не само што не може да се претвори енергијата во добра, туку згора може да се создаде натамошна негативна енергија, т.е. нова лоша карма. На пр. преку курбан - убивањето животни е грев. Меѓу многубројните опции таквиот човек во текот на овој или некој следен живот може да настрада од животни (да биде прегазен од сатампедо, растргнат од глутница, фатално да го удри копито, и тн.) или да страда од некоја болест која ја пренесуваат животните. Освен ако благовремено не ја препознае и не ја поправи својата вина. Преку гатачки магии пак постои опасност да дојде до влијание или запоседнатост од ниски (невидливи) души кои потоа човека се обидуваат да го управуваат како своја марионета, а натамошна последица можат да бидат разни ментални растројства и други судбински удари.

    Единствен начин да се преобрази лошата енергија во позитивна е преку живеење според божествените закони изнесени во Десетте Заповеди и Исусовата Беседа (Говор, Проповед) на Гората. Тоа нема ништо заедничко со традици, одење в црква, повторување наизуст празни молитви или мантри до бесвест(во хиндуизмот на пр.). Живот според божјите закони би значело воедно препознавање на грешното, искрено покајување,простување и молење за прошка како и поправање на стореното онолку колку што тоа може сè уште да се поправи. Доколку тоа човек искрено го сака тогаш Христос, избавителот на сите луѓе и души, му дава сила и можност за тоа како би ја разрешил и укинал својата сопствена човечка погрешна сеидба т.е. карма.
     
    Последна измена: 13 февруари 2022
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    14.177
    Пол:
    Женски
    Верувам.
    Ми се случи пред некоја недела на работа.
    Колега ме навреди пред сите ама демек онака као низ шала. И се изнасмеа.
    За неполн саат време, поради грешка доби толку тежок повик од клиент што заврши со буквално 'дерење' од него и на крај на смена се случи да добија уште една плус задача и остана пола саат повеќе.
     
    На steela.honey и wildqueen им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.077
    Пол:
    Машки
    Почнав да верувам.

    Имав една бивша скоро 5-6 години поминаа оттогаш, ме изневери, иако беше искрена итн, ме болеше и сето тоа. Беше искрена џомити таа не е таква личност итн, за да се сега пред некој месец, бевме во контакт, но ете пред некое време и требаше некого да ја ислуша и ми кажа на некој начин дека била многу повредена и ментално ептен западнала кога ја изневерил нејзиниот дечко со бенефиции или не знам шо и бил. xD
     
  6. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Порано верував и сè уште сакам да верувам, ама од мое искуство како да не постои.
    Имам впечаток дека луѓето кои по природа се злобни и себични и свесно газат по другите, сепак имаат среќа и сè им оди од рака.

    Нема правда.:)
     
    На Marlyn31, Justicija и wildqueen им се допаѓа ова.
  7. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.035
    Мислам дека се,апсолутно СЕ се случува со причина,и дека се во животот е Акција-реакција.
    Секој еден треба да плати за своите постапки...без разлика дали се со добра или лоша намера...Е сега дали ќе се работи за казна или награда,зависи од човекот...Што даваш тоа и добиваш...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Верувам во карма. Не знам дали стварно постои ама полесно ми е некогаш чувството кога верувам дека постои карма за нешто. :wasntme:
     
    На Marlyn31 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.247
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не верувам во карма
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас таа карма инаку ја нарекувам, но ако кажам како ќе ги замарам неверниците. :D
    Јас верувам дека на сите им се враќа тоа што направиле. Ако заслужиле да им се врати, ќе им се врати. Ако не истото што го направиле, друго лошо тогаш.
    Како на пр. Во САД кога црнците ги земале за робови од Африка, црнците пуштија корења таму и сега си ги бараат правата.
    Што си сеел - ќе си жнееш. :)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Не постои карма, постои Бог.
     
    На Ciel и tel-ef им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Во будизмот кармата е акција, а од секоја акција (дејствување) има последици. Ако правиш лошо, на долгорочно лошо ќе ти се врати, односно нема да еволуираш и да го преќинеш циклусот на преродување.
    Не верувам во циклусот на преродување, ама верувам во кармата како акција, односно казната ако правиш лошо е огрдување на сам себе, си го валкаш карактерот, вредностите, сам си газиш врз позитивните квалитетни верувања; ако правиш добро, само си го засилуваш карактерот и ги зацврстуваш позитивните особини, моралот, перспективата. Казната/наградата од кармата (сопственото дејствување) мава врз квалитетот на сопственото битие.
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Ne veruvam vo karma. Ne mi se dopagja ova uchenje, polno e so nelogichnosti i nabivanje vina na poedinecot deka mora da otplakja za neshta od minati zhivoti na koi ne se ni sekjava.
    Istoto mislenje go imam i za Bozhjata kazna poradi grevovite od predcite, pak na chuvstvoto na vina se sveduva, a toa nikomu ne mu e od pomosh, samo go otezhnuva zhivotot.
     
  14. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Не верувам.
    Инаку ако хиндуистичката дефиниција за карма е точна, онда тоа не е казна за сторените дела туку карма е како ги доживуваш работите и каков однос имаш кон она што ти се случува, и тие емоции и настани се мултиплицираат во понатамошниот живот и во наредните животи.
     
  15. manga_

    manga_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    не постои карма ниту пак било каква казна за злобните, барем не во овој живот каков што го познаваме.
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    14.177
    Пол:
    Женски
    Особа Х, ме повреди, покрај тоа што бев во лоша состојба, ми кажа некои ствари, не би сега за тоа.

    Јас згрешив може што барав утеха и се пребрзо се одвиваше се.

    Помина време, еднаш или два пати ако се видовме.

    Во рок од неколку месеци, некои работи не му одеа од рака се направил и операција. За жал.....
    Пред да направи едно нешто (самиот ми кажа) му се слошило и дирек на болница.

    Не знам дал е карма, дал онака.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Нема карма, од искуство. Во животов не сум видела некој да го добие заслуженото за покрупни, посериозни работи.
     
    На elimkd и Justicija им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Природата дава одговор на тоа. На едно засадено семе, потребно му е време да изрти, па да се развие и на крај да донесе плодови - горчливи или слатки - соодветно на својот вид. Тоа значи дека тие луѓе или благовремено се покајале, добиле прошка и го поправиле стореното па со тоа ја искорнале лошата сеидба односно ја неутрализирале, или дека нивната лоша сеидба сè уште не никнала. Но тоа може да се случи и во некое следно отелотворување (инкарнација) или во царството на бестелесните души (астралните подрачја).
     
    На Tanjamm и Pacifist им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не верувам во карма, не сум видела ни добро, ни лошо да се врати некому. Само знам дека страдаат оние кои се почувствителни и работите ги земаат при срце (да грешеле во минат живот и затоа да се родиле осетливи, склони кон патење ми нема смисла). Природата е сурова, но на човекот останува животот да го прави полесен и поубав за себе и за останатите, најголем проблем е што мнозинството луѓе на планетава тоа не го прават.
     
    На SnowWhite8 и elimkd им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Има, има, грешка си.
    Дали на овој или на оној свет ќе го платат цехот.
    Жално е што многу често невините најчесто деца или други блиски и сакани личности страдаат поради постапките на нивните родители или што и да им се, тие кои направиле зло некому и по некое непишано правило, ги погодува онаму каде највеќе ги боли.

    Ако не знаеме и не сме слушнале лично, не значи дека се им е розово во животот и ништо негативно не им се случило баш поради злонамерните дела што ги извршиле. Така што мислам дека сепак постои кармата и кога тогаш ги стигнува.
     
    На Sophitas му/ѝ се допаѓа ова.