Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Никому не му е розов животот, еве повторно нагласувам дека колку е почувствителен, повеќе ќе страда човекот.
    А ова "карма" често му доаѓа како victim blaming, на пример пациент е убиен од несовесен доктор и кое би било објаснувањето, дека во претходата инкарнација пациентот нешто многу лошо му сторил на лекарот? Будалаштини, искрено.
     
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Е чудно е тоа и несфатливо и многу нефер ама од кај да знаеме ние, може не он лично, може фамилијата на пациентот, некој од неговите предци, не знам ни ја дали има врска ова ама сепак мора да има нешто, не верувам случајност да е, а дека е премногу болно и жално невини да страдаат, е.
     
  3. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Машки
    мора да има болка зошто само така ќе го доживееш на поинтензивен начин опоравувањето односно новата среќа, новата љубов...ако не си искусила болка врз основа на што љубовта би се спознала како љубов и би се доживеала како љубов? тогаш се би било само љубов ама тоа би било неутрална категорија зошто чувството е исто и не можеш да го доживееш како посилно и поинтензивно и да осознаеш дека е нешто најмоќно и највозвишено во мултиверзумот ако немаш негова спротивност за да се потврди љубовта како основа на се што постои...затоа ти нема смисла зошто тоа е резултат на божјата дихотомија или присуството на два спротивоположбени поларитета и различни тврдења кои се божја особина...така функционираат работите во физичкиот свет на планетава по принципот на дуалност..болест наспроти здравје, црно наспроти бело ама основниот принцип е суштината на работите да се следат низ призма на љубов и страв...само, што и да прави некој, и добро и зло, се се прави од љубов само што кога според човечки стандарди сееш зло, ти и тоа кога го правиш, го правиш од љубов ама од љубов спрема себе само што тоа е извитоперена љубов...што мислиш Хитлер од кои причини сакал да го покори светот? па од љубов спрема себе и својата раса да биде над сите други недостојни ама тоа е таа дегенеративна и извитоперена љубов...
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    А не ви се случува да си мислите нешто, најчесто да осудувате (јас вака никогаш не би, зошто овој е ваков, мене тоа да ми се деси јас вака би направил, итн) и понатаму во животот да го осетите на своја кожа тоа за кое сте осудувале, и да сфатите дека или сте биле егоистичен идиот или сте немале појма за ништо кога сте зборувале претходно?

    За мене тоа е карма. Само кој колку е свесен за мислите и постапките.
    Така да, треба да се пази и што се мисли во главата, не само што се прави на дело.
     
    На daylight, GirlLove и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Најопасната религија, искрено.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Навистина ако е добар човекот и чувствителен, мек, само ќе го користат и ќе страда во животот. Бел ден нема да види. Е сега, сум видела околу мене лоши луѓе, значи не да мислат и кажуваат лоши работи, туку ги прават тие работи, да направат караница некому, да растурат брак, да скараат пријатели, да земат нешто туѓо и стига, ама треба време. Кога ќе ги удри, нема назад.

    @MissChievous тоа се случува веројатно на секој човек. Карма е сигурно.
     
    На SnowWhite8, elimkd и GirlLove им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.079
    Пол:
    Женски
    Не, бе.
    На лошите ретко нешто им се случува.
     
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Точно.

    А што е тоа и како може да се објасни, во моментот ти е се ок, убаво се чувствуваш, топ си, позитивна, се ти е погодено и почнуваш да си мислиш како ти било порано лошо, у каква ситуација си била претходно, се потсетуваш ама си викаш у себе, добро, кај бев и каква бев, каква сум сеа и по правило мора да те снајде баш тоа што не треба ама мора потполно истото.
    И се враќаат пак негативните чувства, мисли, симптоми, да и симптоми, не е само на психа туку реално ти се дешава истото од кое сакаш да избегаш и никад да не дојде, некад и со поголем интензитет од претходно може да е.

    Ова нема изглеа врска со карма, може е баксузирање или самоурочување, ама ај не помисли да те видам, кај можеш, не се забораваат некои нешта туку така, одеднаш ќе ти текне или ќе почнеш да си раскажуваш, и оп ќе чукне на врата.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Не е работата дали го искористуваат и дали е добар, не ме разбирате. Може никој да не го користи, човекот кога е чувствителен ги доживува случувањата претрагично, затоа страда повеќе за разлика од други што не се замараат. И замисли таков човек почнува да верува во карма и да се обвинува себеси. Тоа му е во главата и верувањето во карма исто удира на психа, насекаде гледаш патерн кој не мора да го има.
    Јас не велам дека добрите живеат лошо, а лошите добро. Нема правило, секакви примери можат да се сретнат.
    Не е фер, затоа што опишувате зло кое наводно ги тера луѓето да се одмаздуваат и го објаснувате со божемски закон.
    Реално, што ми гајле дали некој ми згрешил во минат живот ако не сум свесна, не се сеќавам ни на постапката, ни кој бил и не ми причинува болка тоа денес. Јас не сум тргнала во светов со намера да се осветувам на личности што не ги знам.
    Доколку постојат интелигентни, правдољубиви сили надвор од човечко око, зошто непосредно не му одржат лекција на сторителот за да ја осознае причината во моментот или кратко потоа? Најлесно е да се теши и лаже народот со она што ќе го живее и добие во далечната иднина наместо овде и сега да се работи на подобро секојдневие.

    Па во какво општество живеат Индијците, ништо чудно да е најопасна.
    Испаѓа како Индијана Џонс двојката, филмот на Спилберг.
    Ама сепак, луѓето се тие кои смислуваат и следат верски учења.
     
    На Tanjamm и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Абе голем дел од окултизмов што ја има зафатено Европа и Америка, е под директно влијание од нивнава “религија“. Затоа се опасни, оти глумат добротвори. Змијата си ја крие опашката. Мене ми се особено одбојни, дури и пред да читам на темава.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Не ги оправдувам да се одмаздуваат, но ете може на ваков начин некоја правда се задоволува, не е добар начинот баш напротив безмилосно е што невини страдаат заради некој друг.

    Не, ја не зборев за претходниот живот инаку, зборев за овој живот, сега што го живееме, кога некој праи зло на друг и дека викате, не постои карма, ништо не им станува на лошите, си го тераат животот.

    И секако дека нема да тргнеш да се осветуваш на непознати, зашо логично не ни знаеш кој ти напраил зло во претходниот живот како што викаш.

    Епа зашо спора е правдата за жал ама не заборава, тука е да го потсети проклетникот баш коа најмалку се надева и очекува.
    Нема све како што сакаме, нели не е розов животот и мораме да поминеме низ безброј добри и лоши работи и неправди, да беше така едноставно, ти праи лошо, одма у секунда да го снајде нешто ама тоа само на филм го има.

    За ова последново се сложувам, скроз во право си.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    @Аргентина * те разбрав што кажуваш. Добриот стопати ќе се преиспитува, мисли, да не згрешил, па сиротиот може да се опседне со тоа, да си ја троши енергијата на тоа, јанѕа да го јаде за ништо, а злобните мува не ги лази.

    Инаку, знам лоши што ги стигна лошо, но има и многу лоши, абе секој ден прават пакост, и плус се им оди од рака, како да добиваат награда за злобата.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Машки
    Ако за награда мислиш материјална добробит, пари, раскош не е тоа никаква награда тие луѓе се генерално површни и духовно слепи а за делата што ги прават правдата ќе ги стигне кога тогаш ако не во овај живот и нив лично ќе им се одрази на поколенијата а на судниот ден нема бегање кога бог ќе му суди секому според делата. Карма и реинкарнација не постојат
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Прават зло, а како да немаат никакви последици, напротив, живи, здрави, средени дома, си шетаат, гледаат на кого што да расипат и така. Најдобро е човек да не се сведе на мал круг на луѓе, да си го гледа својот живот, да не се меша никому, да не прави зло и така.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Хиндуизмот нуди мошне примитивно и непотполно знаење за кармата. Мажот ја тепа жената, оти таа го тепала него порано, зошто го тепала порано, оти тој ја тепал од предпорано и така до недоглед.

    Смислата на знаењето за карма не е во тоа да се оправдаат, туку да се оправат работите.
    Ова е точно, и голема улога играат припадниците на свештеничките сталежи и теолози низ сите времиња кои смислуваат „лекови„ за гревот или кармата, но тоа нема врска со духовната реалност за која предупредувале и предупредуваат вистинските Божји пророци.
    Тоа не функционира баш така, иако не е исклучено. На пр. пациентот можеби доброволно и свесно учествувал во коруптивна зделка која оневозможила спасоносен лек да стигне до најзагрозените и поради тоа тие можеби предвремено починале, без можност да ја искористат својата инкарнација за да се ослободат од своите други кармички товари на полесен начин. Некого што го згазила кола не значи дека во минатиот живот некого прегазил со кола, туку дека можеби ги газел луѓето околу себе за да напредува на скалилата на успехот. Кармата ја испорачува секогаш суштината на она што се мислело, говорело и постапувало - не обвивката. Важно е да се разбере: таа не е казна, туку последица! Луѓето жнеат тоа што посеале, било во овој или некој следен живот а најдоцна во местата на бестелесните души.

    Неблагодарно е да се спекулира за кармата на другите, токму затоа што не смее да има осуда на жртвата туку исправниот став е Исусовиот „кој е без ниту еден грев, прв нека фрли камен„ (а никој не е без грев) - секој има помалку или повеќе удел во законот на сеидба и жетва (карма законот, кој Христос во објавите го нарекува и сатански закон).
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Мене во наталната ми стои дека лошите работи кои ми се случуваат во животот, се затоа што во претходниот живот сум ги искористувала мажите и преку секс сум успевала, сум ги остварувала своите цели. Инаку, како дете, некаде можеби пред да тргнам на училиште се си мислев дека душата не умира, дека постои отсекогаш, дека постоела. Не знам зошто така мислев, на толку мали години.

    @daylight што да правиме да не навлечеме лоша карма? Да не правиме лоши дела или нешто друго?

    Понекогаш се случуваат ситуации, среќаваме луѓе, одиме на места кои ни личат како да ги знаеме? Дали тоа има врска со некој претходен живот? Мене ми се случи додека зборував со една странкиња, па и ми покажуваше фотографии од младоста, ама толку тоа познато ми делуваше, како да се знаеме од некаде, а не се знаеме. Нејзината ѕидна фотографија портрет со демоде обетки(сликано пред 10 и повеќе години) ми делуваше како стопати да ја имам видено.
     
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Машки
    Долги години верував во карма и реинкарнација и дури сега кога не верувам повеќе ги гледам работите од друга перспектива и гледам колку фаличен и парадоксален концепт е тоа верување.
    Имам читано разна литература од разни регресотерапевти што враќале клиенти во минати животи и се чудам какви не небулози пишува во нивните извештаи. Еден мал дел од нивните бисери...

    Пример жена има насилен маж и токсична врска со некого од кого никако не може да се откачи емотивно низ регресија доаѓа до заклучок дека во некој минат живот мажот и бил син кој починал млад па не можела никако да го прежали. Сега во овај живот тој син и е маж кој ја тепа и малтретира но поради поврзаноста со неговата душа од минат живот сега не може да се откачи емотивно од него.

    Друга случка што ми текнува некоја девојка имала презаштитнички настроен татко за да низ регресија открие дека во претходниот живот татко и ја убил па сега во овај живот задачата му била да се грижи за неа и затоа се однесувал презаштитнички...
    Бизарно...

    Кој барем малку читал past life regression литература ако има барем малку разум и логика во себе ќе сфати колку промашен концепт е верување во карма и реинкарнација едноставно нема ни теоретски како да се одржи еден таков концепт без парадокси и дупки
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Хахахаах :D јако. Којзнае дали истите работи ги праиме како у претходниот живот и сеа. :?: Можеби да.:$
    Баш ме интересира.
    Којзнае ама секако има нешто, чудно е ама има.
    Не ми се десило така до толку да ми се познати места или предмети кои прв пат ги глеам у живот, да ми делува дека сум ги видела ама многу често, ќе помислам нешто дека некој рандом ќе рече, ќе напраи нешто и тоа и за луѓе кои не ми се воопшто блиски ниту комуницирам баш многу, ќе си замислам нешто и после кратко време дознавам нешто ново за личноста па и слично постапува како што сум замислувала.:drunk:

    Имам и интуиција изглеа развиена и знам да претпоставам што ќе се деси па и често се дешава и телепатија исто, пречесто дури, ко да читам мисли.

    Или си знам за некои искуства и постапки и ми се ептен блиски и ги познавам, а ги неам доживеано ама ко да ги иам искусено, така се осеќам.
    Некад и се загрижувам дури што ми е вака.:worried:

    Сум читала дека наводно, овие глупости ако се ти се дешаваат демек си реинкарниран и претходно си живеел во друго тело.
    Мене глупости ми се искрено, а во карма верувам, тоа да.
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    Кармата според мене е утешен збор за оние кои се немоќни да вратат со иста мера, повредените на кои им е нанесена болка, психичка/физичка од страна на друго лице, велат, се тешат кармата ќе ги стигне и ќе им врати кога јас не можам.

    Лично, не верувам во карма, се е сплет на околности, одлуки, разни карактери и одредена минимална доза на фактори врз кои немаме влијание како среќа/несреќа.
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    @Wideperpetual навистина бизарно и небулозно, особено првиот пример, јас не читам таква литература.

    Во Христовата објава „Причина и настанување на сите болести - Што човек сее, тоа и ќе жнее„ кажано е дека регресотерапијата е во спротивност со духовните закони и не би требало да се практикува, не случајно ние не се сеќаваме на нашите минати животи - начално тоа така треба и да остане додека сме во оваа инкарнација. Таквите ментални техники можат да доведат до нови кармички оптоварувања како за клиентот така и за регресотерапевтот, веќе зависно од тоа што би произлегло долгорочно од чувствата и мислите раздвижени при таквата сеанса.

    Освен тоа дел од таквите „извештаи„ се со дискутабилна веродостојност, тие можат да произлегуваат од желбата за слава, заработка (книгата да се продава како алва), парадирање со своето човечко јас, но и погрешно протолкувани потсвесни слики, потиснати желби и впечатоци од овој живот или дури и психичка лабилност.
    Во основа тоа е небитно, битни се нашите чувства и мисли кои денес спонтано ни се раздвижуваат при одредени случки и средби, кога се вознемируваме, кога успеваат со ситница да нè извадат од такт, или кога чувствуваме завист, љубомора - тоа не е случајно и сака нешто да ни каже, на пр. меѓу другото дека и во нас има макар нешто малку слично во она што успеало да нè вознемири во изјавата, ставот или однесувањето на другите. Тоа се тогаш работите кои можеле да бидат изградени во некој минат живот, но енергијата на денот ни овозможува сега да ги препознаеме и расчистиме поставувајќи нови смерници во нашите ставови и однесување, затоа што колку и да се лоши другите, нив не можеме да ги смениме - тие ќе си го кркаат за своето - но можеме да се промениме себе си и на тој начин да ги разрешиме оковите на нашата судбина на која сме биле предупредени преку навидум случајните дневни настани.

    Во астрологијата има понешто вистина, но кажано е дека увидот кој таму би се добил одговара на свеста на луѓето од камено време, а не на свеста на денешниот современ човек па оттаму не е најмудро истата да се консултира (да не збориме за бројните шарлатани кои ја злоупотребуваат).

    Во книгата „Неговот Око: Божјото книговодство - Микрокосмос во макрокосмосот„ објаснето е дека нашите чувства, мисли, зборови и постапки првин се регистрираат во нашата аура и будна свест, оттаму можат да прејдат во нашата подсвест па потоа во душата а потоа во тнр. планети и ѕвезди спремници кои порано или подоцна кога ќе се најдат во соодветна констелација тие ја зрачат назад (сетете се дека ние некои небесни тела ги гледаме какви биле во минатото, не какви се сега) и тогаш доаѓа до тнр. download на она што било внесено во космичкиот компјутер. Духовно неукиот човек тогаш зборува за судбина, лоша среќа, ненаклонетост на вишите сили, или лошо преклопени ѕвезди, или ако е атеист за случајност. Во реалноста сите го сркаат она што некогаш било надробено од нив самите а не било благовремено отстрането преку простување, молење за прошка, поправање и не повторување на истите грешки.
    Затоа што со твојата детска свест си насетувала за состојбата од која си дошла - вечноста. Тоа неретко се прекрива и потиснува подоцна низ животот со разни наметнати или едноставно општо прифатени ставови од блиските, училиштето, општеството, медиумите... Убаво е ако човек го освежи и го надгради но на вистински начин.
    Во основа Исус Христос дал едноставен но генијален совет: Она што сакате другите да ви го прават, правете им го и вие ним. Ова важи и во обратна насока: Она што не сакате вам да ви го прават, не го правете ниту вие на другите. Зошто? Бидејќи што човек сее, тоа и ќе жнее. Различни култури имаат различна формулација на ова тнр. златно правило, но основата е иста.

    Но ние луѓето понекогаш не ја препознаваме длабочината и сеопфатноста на таа законитост, во некои специфични ситуации не сме сигурни за некоја постапка дали е навистина добра или лоша. Затоа божествениот духвен свет има објавено натамошни информации и патекази, поттици за преиспитување и работење врз себе (Внатрешен пат) Подетално тие нешта се разработени во она што многумина го познаваат како Десетте Заповеди и Беседата на Гората кои Христос ги има објаснето и продлабочено со јазик соодветен за луѓето на денешницата (на пр. во „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„).

    На пр. ние луѓето не сме свесни дека при водење на долги но површни разговори со други луѓе може да се краде енергија. Или писмени изливи на бес и садистичка осуда низ социјалните мрежи потенцијално може да станат дел од градбени камења на една нова карма, бидејќи сè e енергија која тендира во некоја форма да се изрази. Ако другите бидат поттикнати на погрешно дејствување (контра духовната етика, на пр. убивање) тогаш дел од вината ја има поттикнувачот, но се создава и колективна вина бидејќи и другите требале да размислат дали тоа што го поверувале и направиле е во склад со божествените законитости, со општото чувство за добрина и емпатија.

    Има и многу други по суптилни конци со кои човек си ја крои сопствената судбина. Слободната волја е одлучувачка - сакаме ли да останеме неуки и што правиме со стекнатото духовно знаење? Христос, избавителот на сите луѓе и души дава сила и помош на оние кои се искрено волни да чекорат кон ослободување од сопствената карма (сопствените гревови).
    Можно е, но не мора да значи. Тоа од точка на гледиште на вистинското знаење за реинкарнацијата и кармата е релативно небитно. Поентата не е кој сме и кај сме биле во минатиот живот, туку што од нашите негативни карактерни црти останало сè уште присутно во нас а за која гледаме дека ни пречи и/или дека им создава страдање на луѓето и природата. Со работење врз себе, и преку одлуката да се промениме постепено кон подобро ние ја неутрализираме кармата без да ги знаеме сите детали и на тој начин градиме посветла иднина, можеби дотаму што воопшто нема да мораме да се враќаме повеќе во нови отелотворувања туку душата да може да се врати во изворната татковина, царството Небесно.
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.