1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Така е тоа во животот.
    ЖИВОТОТ Е ТРКАЛО .

    А ова со дотичниот „лепотан“ако ти е за утеха ,допрва ќе има блиски средби со луѓе за „вакви разговори“(тепање)Еднаш кога ќе тргне по тие патишта ,нема назад.

    Ќе си плати за болката што ти ја нанел.
    Само да не се ситиме,бидејќи нели,дедо Бог се гледа. ;)
     
  2. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Да, верувам во карма. Живот е тркало, денес си горе, утре ќе си доле ;)
    Баш поради тоа не се ни трудам да се "одмаздувам" на било кој. What comes around ... goes around ;)
     
  3. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Верувам во долг. Кога нешто лошо направиш во прошлиот живот , во овој доаѓа . :) Тоа е карма. Затоа некои со лоша некои добра карма.... прочитајте ја Индиго Бомбај од Јагода Михајловска
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Karma is a bitch, and so am I. ]:)
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно, имав една другарка од средно, ептен си се разбираше од тие работи и ми вика „за некои добри дела шо ги правиш ти се враќа со лошо, имаш неисчистена карма, во претходниот живот сигурно имаш нешто лошо направено“ ... и навистина за некои навистина добри дела што сум ги направила во животот, ми се вратило со лошо:

    1. Бев најдобра ќерка што можел некој да ја има, родителите не ни почувствуваа од мене пубертетска бунтовност, секогаш мирно и покорно „како вие ќе кажете, како мислите дека треба, вие сте повозрасни подобро знаете (знаат, утре) :puke: , а добив родители кои ми ја украдоа безгрижноста и во детството, кои си го тргнаа задникот кога ми беа најпотребни, кои се однесуваа како да имаат само синче...на таа тема,

    2. Бев најфер сестра (иако помала сепак тој беше поразгален од мене), го гледав брат ми како Бог, како некој авторитет, му се восхитував на храброста, на авантуристичкиот дух, едноставно се гордеев, на сите викав „ова е брат ми еееј“, кој ќе го повредеше стократно ќе го проколнев, кога поминуваше низ кризен период ради некои глупости кои ги направи, малата дадичка беше тука, му помагаше на секаков можен начин без да дознаат моите (си велев зашто кога има излез да создавам во куќата немир) кога се женеше е, тогаш требаше да ме види некој...бев најгордата сестра на светот, највеселото девојче во ресторанот.Тој како ми врати? Кога ми беше најпотребна неговата поддршка и да ме одбрани некој пред моите, тој ми го сврте грбот и ги натера моите се да му препишат нему. Кога сме кај неговата женидба...

    3. Бев коректна золва, ни малку љубоморна, гледав хармонијата во бракот ни најмалку да не им се растури а кога беа пред оставање (уште на почетокот имаа проблеми), јас бев првата шо реков на брат ми „ти сакаш сестра ти некој да ја влечка толку време, да ја земе, па да ја фрли“ а си добив золва која прва го фрли каменот кон мене.

    Како и да е, јас упорно си викам тоа се ситници и гледам кон иднината. Си го имам најдобриот маж на светот, родителите од мм станаа со време и мои, увидоа каква личност сум и ми помогнаа кога ми беше најтешко, а сега сите овие гореспоменати трчкаат по мене „аман прости“. Доброто што го сторив ми се врати со добро на друг начин. Се се случува со причина, човек треба да е благодарен и за она што го има, дури тогаш ќе добие и повеќе.
     
    На Glasna и vinozito1 им се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Воопшто не верувам во карма затоа што има премногу недоречености и големи нелогичности во самата теорија и колку повеќе одиш во длабочина толку повеќе разбираш колку е бесмислено и неможно да е така како што учат во повеќето духовни книги.

    Верувањето во карма онака како што се популаризира стимулира на пасивност и малодушност а тоа е сосема обратно од тоа што секоја активна личност со воља за живот треба да прави.

    Има делчиња кои може да се точни но во глобала сами одговараме за нашите дела, често пати има случајности кои не можеме да ги предвидиме и НЕ секогаш добро со добро се враќа и не секогаш (односно ретко) ни се враќа ради лошо од поминат живот.

    Уште една утеха за несреќните и слабите да се помират со околностите на животот кои можеби не им се најповолни.

    Можам со мн примери да објаснам ама нема потреба, тој што може да сфати ќе сфати а кој не ни милион примери нема да го убедат.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Карма да да верувам во карма тој што ми прави лошо дупло му се враќа на ист начин како што ми направил и тој мене лошо така е карма е ку**а :D
     
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    во последно време верувам во неа :)
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Верувам и тоа како.

    Ако правиш лошо - ќе ти се врати... ама не одма. Нели одмаздата ладна се сервира.
    Ќе ти се врати, и тоа не на истиот начин, туку на сосем поинаков, на начин на кој не очекуваш, начин што нема да те повреди само тебе, туку и луѓето што ти се драги, за да те боли уште повеќе.

    Сведок бев на вакво нешто... :x

    Луѓе, берете ум.
     
    На crazylady, MalataNena и MonnaSi им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Све се враќа - све се плаќа.. на лошото со лошо, на доброто со добро..
    Бог на секого ќе врати .. ПАЗЕТЕ ШТО И КАКО ПОСАКУВАТЕ.. и што и како правите.. порано или подоцна све си доаѓа на свое место.
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Искрено не верувам во карма. Зошто? Затоа што во животот сум видела многу слободно можам да ги наречам гнаси кои се посветиле себеси да газат се пред себе и да уништуваат туѓи животи се за свој личен интерес, поминувале години а нив не само што не ги стигнала казна туку ситуацијата уште и им се подобрува од ден на ден. Од друга страна знам и луѓе кои се многу подобри личности и кои не направиле некој голем грев и никому не му направиле лошо, но сепак самите завршиле несреќно. Верувам дека постои некоја енергија, нешто како среќа во животот ако имаш среќа убаво ќе си проживееш, ако си баксуз ништо, без разлика дали имаш добра душа или не (добро сега, и среќата знае да биде превртлива, но тоа многу ретко се случува а зависи и од постапките на самата индивидуа, значи кој како си ја наредил работата), а во казна за она што си го направил и дека доброто со добро се враќа, а злото со зло, не верувам од погоре наведените причини. Кармата или речено по нашки Божја казна е интересна работа, но таа постои само во литературните дела и во филмовите а не и во реалниот живот.
     
    На Look, julie77 и XMaN им се допаѓа ова.
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    ^^ Убаво е кажано ОМРАЗАТА СЕ СЕРВИРА - ЛАДНА!
     
  13. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    ^Да ама јас зборувам и за луѓе кои се сега починати од длабока старост, газеа се пред себе, дури и за најблиските не се грижеа а сепак животот си го проживеаа најдобро што можеа, каде е "одмаздата" или кармата тука? А пак што да се каже за оние чиј живот е веќе уништен, па дури и загубен а никому не му нанесоа зло? Каде е тука доброто за добро, а злото за зло? Затоа велам дека се е до среќата
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Точно, се е до среќата, нашите постапки и нивните последици како и постапките на другите околу нас кои ни влијаат позитивно или негативно.

    Карма во класичен стил на верување не постои :) .
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јас верувам влијанието на личниот став и однос кон работите.
    Или подобро кажано ,во предизвикување на несреќата и среќата.Зборот карма почесто го користам во смисла на долг од минатите животи ,или награда ,ете ,поради некое добро дело што сме го сториле некогаш претходно.

    Ако постојано се деградираме себеси ,нашите желби и постапки ,тогаш несвесно си ја повикуваме несреќата (бидејќи терминот лоша среќа ми звучи неумесно и контрадикторно само на себе).
    Пример ,ако сме убедени дека сме баксузи ,тоа автоматски не спречува да дадеме максимум од себе во некоја работа,бидејќи ,ете,однапред "го знаеме " крајниот исход.Што не е во ред и се поистоветува со песимизам.

    Ако пак веруваме цврсто во она што го можеме ,имаме или посакуваме ,тогаш настапува среќата која како да ја наградува нашата верба.
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Точно е тоа што го напиша и би се совпаднало со нашите постапки и нивните последици :). Сепак постојат премногу контрадикторности и во самата теорија за реинкарнација (иако е денес во мода :)) за да можеме да ја земеме како конечна и непроменлива и која би влијаела на нашиот денешен живот.

    Во суштина има премногу случајности или дејства кои на ниеден начин не биле предизвикани од нас а кои сепак ни го менуваат животот на позитовно или негативно и кои немаат никаква врска со стар долг или карма :).
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Прво ,за мене не постојат случајности ,освен како фраза ,бидејќи верувам дека се се случува со причина и се е веќе однапред испланирано сценарио по кое ние несвесно си ја играме нашата улога на белиов свет ,под илузија дека судбината се менува.

    Друго ,донекаде вистина е тоа што го кажа ,но нели не постои никој кој се сеќава на својот претходен живот (или ако имал повеќе среќа ,на сите претходни животи ) и знае за поединечно секој што го познава кој бил и каков во неговите таму Хна ента животи ,па да утврди дали сето тоа што му се случува му е долг (или краток ххх) или нема врска со тоа?

    Можеби донекаде се побивам себеси ,макар да сеуште верувам во тоа што го спомнав погоре (и не само во тоа ,се разбира ,ништо не е едноставно) ,ама колку што сум јас во право ,толку си и ти.
    Признај ! :lol:
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Како не постојат, изгледа следна тема судбина ќе ни биде :D.

    Кога ќе му падне цигла на глава на Мистер Икс наместо на Мистер Ипсилон тоа е баш случајност или сметаш некој намерно ја планирал циглата да падне баш кога едниот а не вториот поминува на тротоар?

    Или кога ќе заврне град па ќе ти ја направи колата крш и не само тебе туку на уште 10 000 луѓе зар ќе речеш дека и тоа некој го планирал или дека имале сите тие лоша карма :) .

    Има милион случајности кои секако некои ги предизвикал ама тоа со субјектите врз кои се извршува дејствотото најчесто нема никаква врска.

    Не случајно рекле на погрешно место во погрешно време :).

    Има техника која може да те врати во минатите животи (како блага хипноза) но колку е веродостојна е многу дискутабилно.

    Тоа со реинкарнацијата би било во ред кога сите би се сеќавале на посебен живот но што со тие случаи каде неколку личности под хипноза тврдат дека се инкарнација на иста личност?

    Има многу недоречености самата терија за реинкарнација а со неа и самата карма губи голем дел од смисолот.

    Колку повеќе ја мислиш толку побесмислена станува и ако сакаш можеме и со примери да дискутираме :).

    Се побиваш и не си во право само не сакаш да признаеш :lol:.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Еднаш во едно основно еден наставник вака ми рече:
    На доброто со лошо се враќа, а на лошото со добро од еден негов пример, епа каде е тука кармата?
    Или зависи од тоа какво и кому добро си направил, ми рече луѓето не знаат да ценат добро, ако им правиш добро тие со лошо ќе ти вратат, за среќа не се сите такви ама за жал се многу ретки кои знаат да го ценат доброто за нив.
    Сепак си стојам до тоа дека на тие што правеле лоши работи еден ден кармата ќе се разбуди и ќе им врати тродупло.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Убава утеха само реалноста е нешто поинаква :).
     
    На crazylady и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.