1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Поголемиот дел од луѓето кои веруваат во карма го редефинираат зборот. Карма е само стејџ-нејм. :lol:
    КАРМА е акција.
    Дали верувам во акција? Да, се што правиме е акција.
    Дали верувам дека енергијата што ја оставам на светот се рефлектира кога ќе ме нема? Дека доброто раѓа добро и лошото раѓа лошо? Секако, ама тоа не е значењето на карма.

    Ако барам примери за карма, имам и тоа многу убедливи. Мислам дека тоа е делумно психолошки. Ако верувате во карма, тогаш свесно или несвесно барате причини за нејзиното постоење. На пример, другарка ми ми го украде дечкото и после остана и без него и без другарки. Цело време си мислев "тоа беше карма?"
    Не гледам ништо лошо во верување во карма. Ако некои луѓе се мотивирани да не прават лоши работи и наместо нив да прават добро, тогаш воопшто не е погрешно да се верува во карма.

    Karma's only a bitch if you are. ;)

    [​IMG]
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Длабински ја простудирав темава и со ништо посебно не примив во сефот на моите знаења, туку го задржав она веќе постоечкото на темава, просто и нестручно.

    СДК, 14 Апр 2011, 15:56
    Барем искуствено, животот таков се покажал. Како тркало на мозокот. И на суеверието.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Кратко и јасно, не верувам ни во карма, ни во круг на животот, ни во влијаење врз нечиј живот преку енергија, магии и што знам што друго.
     
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Да, да, да верувам во карма! :)
    Иако никогаш не се докажала на дело јас сепак верувам :?:
    се надевам на сите ке им се врати кои сега ми прават проблеми и заради кои имам маки! ;) ТОГАШ ЈАС КЕ ВИ СЕ СМЕАМ ... ЕВЕ ВАКА ---> :D :rofl: :lol: :D :rofl: :lol: !
     
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    верувам во карма и имам и видено како на некои луге кои направиле лошо по одредено време им се врака со полошо,верувам и знам дека на секој што греши ке им стигне казната,и на оние кои прават добро ке им се врати со добро,без разлика колку биле разочарани :)
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    3.267
    Карма ми е сестра :) Кога сакам да му вратам на некого, јас ништо не правам, сестра ми им враќа кога најмалце очекуваат и сум многу среќна :)
     
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Незнам дали верувам во ова, иако во голем број од случаевите баш било доброто ќе си се врати со добро, лошото со лошо.. Али како и да е:

    Карма ис а бич :nod:
     
  8. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
  9. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    па не знам баш дали тоа е карма ,во што верувам али верувам дека добро со добро се враќа,лошо со лошо,и можи да се кажи дека тоа е мото што ме води низ животов мој, гледам луѓе кои нон стоп се труделе да ти растурат нешто ,секогаш ама баш секогаш ,илегва баш така добро со добро ,лошо со лошо ;)
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Ее, драги мои, karma is a bitch.
    И да, верувам во карма.
    [​IMG]
    [​IMG]
    -Колку вистиниото, ееј.
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Не верувам во карма.
     
  12. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Хехе и те како верувам во карма :) .Пред 2месеци го барав нешто татко ми низ куќа ама не го најдов затоа што господинот си го фатил патот да ја прошета чаршијата :^) .И ај си викам ќе го побарам на телефон да ми каже кај ги ставил чевлите мои што ги зеде од поправка,звонам ли звонам кога слушам телефонот дома го оставил :devil: .Ееее тек тогаш како сум се изнервирала(секогаш кога ми треба не можам да го најдам или исклучен мобилен или дома му е) леле феминки од нерва кога сум го акнала телефонот низ балконот од први летна ]:) .И оп по неколку дена на новиот моб што ми беше скроз му откажа тач скринот :x .Инаку уште полошо беше што неговиот моб не се поправи,пошто е на преклоп некој контакт што го поврзува екранот со долниот дел се расипал...Туку си викам ќути Батерфлај што не помина со полоша казна :x
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Тоа шо за некого е Божја Казна, за мене е Карма. И те како само верувам во неа.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па... не дека не верувам, само не го гледам тоа како виша сила, некој си круг или незнам шо туку го гледам како релација причина-последица. Така да сите треба да сме свесни што и како правиме и какви последици би можело да донесе тоа. Односно МисБатрфлајк ако си го рокнала телефонот од 3ти спрат нормално е дека ќе биде искршен, што очекуваше? Каква врска има кармата со ова?
    Или пак, ако дечкото се понаша идиотски со девојката, ја вара, ја лаже, па она дознава и раскинуваат, и по некое време на дечкото му светнува што изгубил, и сега ова е карма или се се враќа се се плаќа, или едноставно дечкото бил во заблуда и незнаел што има покрај себе па му дошло памет?
    Дали ако ја мразам мајка ми, тоа значи дека и мене утре ќе ме мрази детето иако бидам прекрасна мајка?

    Не очекувам да ми врати кармата за се добро и лошо што имам направено, добро знам што имам направено и кои би можеле да бидат последиците од тоа. Не ми треба да верувам во карма кога свесно сум правела се што сум правела и свесно сум знаела до какви последици би довеле тие работи. И не очекувам кармата да ми врати со дупла среќа затоа што сум патела одреден период, самата сум доволно свесна да си ја најдам среќата, па пак да патам, па пак среќа итн....
     
  15. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Јас мислам дека самиот живот ни враќа за секое зло што сме го нанеле некому.Нема потреба од планови за одмазда и сл, сите ќе си го добиеме тоа што го заслужуваме,а длабоко во себе си знаеме што е тоа..Не викаат за џабе ’’не прави му го на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе..’’
    Не дека јас немам нанесено зло некому,баш напротив,сум нанела многу и тоа на луѓе што најмалку го заслужиле,ама не секогаш размислуваме за последиците кога правиме одредени работи.Така да искрено се надевам дека мојата карма ке биде нежна со мене... :?:
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кармата е индиски религиски концепт и не гледам поврзаност со себеси тука.

    Како верник верувам во Божјата волја дури и кога не ја разбирам се трудам да не се сомневам во нејзината исправност, како рационален човек верувам во причинско - последични односи, меѓутоа не сметам дека е секогаш издржан концептот на кармата во кој не верувам.

    Во крајна сметка, постапките и делата не ни се определени секогаш со верувањето или неверувањето во религиски казни или карма. Има луѓе што не веруваат ни во Бог ни во карма па се етички почисти од оние кои веруваат и во Бог и во карма и уште многу комбинации меѓу (не)верување и (не)постапување на одреден начин. Во современи услови имаме најмалку 3 начини на етичко санкционирање - општествено (преку судови за илегални активности и преку осуда на заедницата за други неказниви со закон прекршоци), религиско (ако личноста е верник секако, за атеисти не важи) и самоиницијативно (сами сме свесни за последиците од постапките и ова се надополнува со општественото санкционирање). Така да, барем на ова ниво на развој на заедницата сите сме многу добро свесни што чини што не, имаме добра претстава за концептот на доброто и злото и секако имаме избор како ќе постапиме. Мое убедување е бирањето не треба да се врши поради стравот од казна од Бога или кармата, туку бидејќи длабоко се чувствува дека е исправно. Сепак, сите понекогаш повеќе или помалку излетуваме од колосекот на добрите избори. Мотивацијата за тоа е премногу широка тема за дискусија.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    Karma is a bitch if you are.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Исус Христос велел : „Што сеете тоа ќе жнеете!„ и „може ли лошото дрво добри плодови да раѓа„ и „Кој се фаќа за меч, од меч и ќе загине„. На истокот ова се нарекува карма. Современата наука низ физиката зборува за закон на акција и реакција. Може да се нарече и каузалниот закон - закон на причина и последица.

    Сеедно дали ќе верувам во тоа и како ќе го наречам, карма или законот на сеидба и жетва, тој си функционира. :!: Но за да може целосно да се разбере потребно е да се вклучи и знаењето за можноста на повторното раѓање на човечките души т.е. реинкарнацијата. Без знаењето за реинкарнација и законот на милост(време на каренција т.е. заштита) кармата нема резон.
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Карма? Што е тоа ? За секое добро што ќе го сторам, ми се враќа лошо. На секој што сум му помогнала ми забил нож в грб. Секогаш кога некој ќе ме разочара си велам постои и карма ама после неколку месеци таа личност станала посреќна и одошто била. НЕ, НЕ ВЕРУВАМ ВО КАРМА
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Тоа не значи дека нема карма, туку дека постои и време на созревање, или како што вели една поговорка: „Божјите мелници мелат полека„. Во тој период на созревање(се нарекува и време на заштита) има сеуште шанса негативните постапки да се поправат или барем ублажат. Некои акции ќе имаат реакција уште во текот на овој, а некои дури во текот на некој нареден живот. Прост пример: има некој вишок на килограми, држи диета и редовно напорно вежба, но резултатите ги има дури по некое време, а не од денес за утре.

    Понатака, не секое добро кое луѓето го прават е навистина добро. Некој бизнисмен на пр, може да си мисли дека прави добро дело ако во градот отвори топилница и преку тоа ем ќе си профитира и ем ќе им овозможи работно место на извесен број луѓе. Но таа топилница долгорочно може да биде извор на големо загадување како за природата така и за луѓето и идните генерации кои поради тоа ќе страдаат. Во таквиот случај привидно доброто дело всушност ќе донесе лоши резултати во иднина и за него самиот(можеби во наредниот живот ќе се роди на тоа подрачје како дете со оштетувања поради отровите и тн.), бидејќи суштината на делото не било добро и било водено од себични мотиви.

    Многу се битни мотивите и дали она што го правиме е во склад со духовните закони и Исусовата Беседа на Гората.