Мислење по кое се водам во животот е токму болдираното - Има луѓе што не веруваат ни во Бог ни во карма па се етички почисти од оние кои веруваат и во Бог и во карма. Јас мислам дека ако постоеше карма на овој свет многу работи ќе беа подобри. Не постои карма бидејќи има толку невини и добри души кои постојано страдаат. Кармата или праведноста/неправедноста луѓето ја искусуваат во оној другиот свет - небескиот. Секако доколку веруваме во истиот.
Па зарем токму тоа не укажува на кармата? Затоа реков, законот на кармата добива на смисла само ако се вклучи знаењето за повторното раѓање(реинкарнација). И од каде да знаеме дека невините и добрите души се навистина невини и добри, имаме ли увид во нивните души каков што има Бог? Дали го познаваме нивниот свет на мисли и чувства? Мене ми е тоа крајно нелогично некој да страда од детство онака, за ништо(поради некоја си божја промисла) па наградата да ја добие дури на оној свет, а од друга страна некој не страдал цел живот па „наградата„ исто да ја добие дури на оној свет.Не ли е тоа нефер. Имено, што не направил тогаш Бог сите да страдаат овдека, па сите заедно да си се веселат на наградите на оној свет? Инаку се согласувам дека само по себе верувањето во Бог, карма и тн. не мора да значи ништо само по себе. Што дека некој се вика Супермен ако не е навистина супер нели...
Краток одгово за daylight 1) Затоа реков, законот на кармата добива на смисла само ако се вклучи знаењето за повторното раѓање(реинкарнација) - така е! 2) И од каде да знаеме дека невините и добрите души се навистина невини и добри, имаме ли увид во нивните души каков што има Бог? Дали го познаваме нивниот свет на мисли и чувства? - Не го познаваме на другите, но го знаеме нашиот. Спојлер Не се правам нималку светица, но само знам дека од раѓање некако како да сум обележена да страдам. И нималку не ми е лесно. Цела филозофија е тоа. 3) Мене ми е тоа крајно нелогично некој да страда од детство онака, за ништо(поради некоја си божја промисла) па наградата да ја добие дури на оној свет, а од друга страна некој не страдал цел живот па „наградата„ исто да ја добие дури на оној свет.Не ли е тоа нефер. Имено, што не направил тогаш Бог сите да страдаат овдека, па сите заедно да си се веселат на наградите на оној свет? - Јас не ни кажав вакво нешто. Може малку поинаку си ме разбрал/а. Само напишав претпоставка, значи доколку веруваме во небесниот свет, праведноста ќе ја искусиме таму. А не дека мора тука на земјата да страдаме за да воопшто ја искусиме. Туку дека треба да се стремиме да правиме добри-морални дела. Во секој од нас има и добри и лоши особини! Наше е да ги распоредиме истите и да склопиме една единка која нема да се срами од своите постапки и која нема да има преголема грижа на совеста. Знам дека на сите ни се случуваат убави и не толку добри работи, но треба да се научиме да живееме со нив најдобро и најчисто што можеме. За на крајот на денот да не не мачи нашето срце или ако повеќе сакаш душа. Тое е тоа во кое јас верувам.
и јас верувам во карма. Она се што правиш ќе ти се врати и тоа 10 пати полошо и тоа е вистина. Незнам ама јас страшно многу верувам во ова
Верувам во карма и тоа како затоа што ми се има случено и мене тоа. Се се памти се се плаќа, се се врти се се враќа. Дека тркалото се врти тоа е повеќе од сигурно, па затоа размислете добро што правите во животот. Karma Bites Back. It always gets you in the end.
Карма е збор од индиската философска и религиска традција, која го означува секој чин кој без исклучок почнува одредени причинско-последични сили, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот, има универзално значење на збир од дела (агрегат) кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот. Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се често верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот (суштество) пати од сопствените дела. Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етичкиот момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине шатењето. Трудот може да биде двоен: здрав и нездрав; последици или плодови на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи. Според Буда, три причини за нездрави кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а здрави се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето). Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување (paticcasamuppāda – „зависно потекло“), односно увид (vipassanā). „Зависно потекло“ е кумулативен збир на работи чие дејство може да се разреши единствено преку освестување ви сегашниот момент и превзенање на исправни (здрави) дела кои веднаш остваруваат резултат (плод), чии последици можат да се чуствуваат во неопределената иднина (во наредните животи).
Доста ги проучував разните религии за да дознаам зошто некој без причина е многу несреќен, а некој без заслуга живее поубаво од што би можел да замисли. На крајот одговорот одприликаго најдов и се поклопи со моите согледувања на случувањата околу мене. Се разбира ,за кармата зборува и астрологијата. Имено постојат задолженија од нашите предци.Ако некој не платил за своите негативни дела, отплатата може да се врати до третото колено. Има многу такви примери кога некој прави зло , а се враќа на неговото дете или внуче итн. [b]Кармата ја создаваме и ние самите. Што е лекот? Отплата со правење добри дела, со вера, надеж, љубов и простување. помолете се со љубов за сите ваши предци, пријатели , непријатели и и простете им на сите. Со љубов се победува секој непријател. Ако имате сила во себе да му простите и да се помолите за него, тоа е повеќе одколку да се молите само за себе. Тогаш се случуваат интересни работи во позитивна смисла. За отплата правете добри дела, нека не ве обзема гнев или безнадежност, имајте трпение и верба, раководете се од верата и етиката и лошата карма ке биде отплатена, ке дојде денот. Добрите астролози точно можат да протумачат од вашата натална карта дали имате задолженија од предците, и секако ако правите добри дела како гореспоменатите, кога би ви престанала таа карма, односно ако не ја отплатите да не очекувате ништо, туку само нови задолженија. Ова се мои навистина исцрпни долгогодишни истражувања , затоа што и самата отплакам карма и имам и лични искуства. Ќе ми биде многу мило ако на некого барем малку му помогнав или ве натерав малку поинаку да размислувате на оваа тема или да истражувате. јас сум Христијанка, но важи за сите луѓе. со среќа
Според моето искуство кармата функционира само/или барем повеќе во отплата на негативната човечка акција кај одредени поединци меѓу кои еве и јас, отколку во бумерангот на позитивата. Сум правела добри дела но, секако без ''Божја'' или позитивна кармичка гратификација за стореното. Нели наградата за сторено добро дело се состои во самото тоашто е несебично направено?! Автоматски нема позитивна награда или унапредување во Божјата градинка. Верував и во Бога макаршто не сум крстена и во позитивна енергија и во моќта на позитивната мисла и во моќта на делувањето преку позитивната акција но, сега не верувам... и се прашувам дали и во што да верувам??? Од едноставна причина што немам доказ во позитивна смисла за развој на мојот живот дека ДОБРОТО со ДОБРО се враќа. Ако си ДОБАР ќе те злоупотребат! Исус бил добар па, го РАСПНАЛЕ НА КРСТ. Добрината е СТРАДАНИЕ (според мене) - што не значи дека треба да се биде лош а, најмалку зол но, значи дека секоја добра мисла, акција, дело, реалност-вистина НЕ е наградена со понатамошна позитивна КАРМА значи со позитивна feed back акција во функција на напредок на делувачот, напротив... постојат ЦРНИ ДУПКИ и тоа е тоа! Дури кога делуваш најискрено без да очекуваш нешто за возврат, дури и тогаш не значи дека ќе ти се случи нешто добро. Уште од мала страдам многу (како и мнооогу други луѓе) = дали тоа значи дека сум грешела во претходниот живот? таков метафизички одговор нема никој освен евентуално некој кој се бави со спиритуални прашања и одговори. Но, луѓе сме никој неможе да е Бог! Единствено можеме да се трудиме да се доближиме поблиску до Бога преку позитивна мисла и акција но, тоа нажалост значи СТРАДАНИЕ а, не гратификација! Затоа ѓаволот може да ужива. Пр. Менгеле = Монструм! не бил казнет во текот на животот а, после смртта кој знае? Ако се реинкарнирал во дождовен црв или ГЛИСТА едино па, да го згазел некој некое дождливо утро со гумена чизма. Не бил ниту егзекутиран напротив, ескивирал во Бразил. Што Ви кажува тоа? Животот каков што го знаеме ние живите луѓе е еден а, доколку нашите акции влијаат на нашиот нареден живот според кармичките закони... зашто тогаш си велиме - животот е еден? Тогаш зашто не го почекаме наредниот живот? А, овој нека ни е ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ПРЕД НАСТАП. Затоашто не знаеме со сигурност дека нема друг,трет четврт живот и не знаеме дека и дали има воопшто некој нареден живот?! Моето искуство говори дека змиите живеат добар живот независно мажи или жени а, на преостанатите може само Бог да им прости за страдањата од причина што тоа се верниците и тоа се оние кои се покајале за стореното. Змиите не се КААТ. Ѓаволот не се кае! А, тие се насекаде! Life is a BITCH and then YOU DIE.
Кармата секогаш ја создаваме ние самите не некој друг! Било поединечно било учествувајќи колективно во некаков настан(на пр.војни) или процес(на пр. месната индустрија). Невозможно е, а не би било ниту фер да отплаќаш поради некој друг, освен ако нешто не било заеднички сторено. Сепак, има вистина нешто околу претците, но тоа добива на смисла само ако се вклучи знаењето за повторното раѓање т.р. реинкарнацијата. Имено, низ реинкарнацијата ние можеме да си станеме самите себе си претци. Изградениот негативен потенцијал се впишува како во книгата на животот - т.е. душата така и во гените и во космичкиот компјутер - ѕвездите. После неколку генерации тие гени се магнет за душата која оставила нешто неотплатено, се инкарнира во сопствената фамилија. Кога планетите и ѕвездите ќе се најдат во соодветна констелација тие преку своето зрачење го допираат она што е складирано во душата и гените, сопствената вина на човекот. Последица се болести, судбински удари, проблеми и тн. Повеќе може да се прочита во книгата: „Неговото Око: Божјото книговодство„ Тука постои уште нешто: не секое „добро дело„ е навистина добро. Или како рече некој „Патот до пеколот е поплочан со добри намери„ На пр. американците направија „добро дело„ со тоа што симнаа од власт повеќе диктатори во арапскиот свет, а сега тие земји се во тотален хаос и населението уште повеќе страда. Дали е тоа тогаш навистина добро дело? Добрите дела треба да бидат во склад со божествените закони, кои ги наоѓаме во Десетте Заповеди и Беседа на Гората. И на секое дело, па така и на доброто му треба извесно време на созревање. Кога правиш убава торта, тортата ме биднува веднаш, треба тестото да нарасне, да се испече, филот да одстои во фриждер и тн. Трпение - спасение што би рекле постарите. Тоа треба да биде твој личен, слободен избор. Во секој случај, кај Бог нема присила бидејќи Тој е слобода. Според мене да се биде добар нема ништо заедничко со тоа да се биде наивен или будала. Добрите дела се даваат таму каде што се бараат искрено и тоа според реалните можности. Ако дојде до злоупотреба, може да се престане да се дава понатака, но тоа не значи дека треба да се дава зло, туку едноставно здрава дистанца. Има една разлика. Исус знаел за таа опција, дека доколку народот не го прифати и не почне да се раководи според неговото учење, ќе биде мачен и распнат. Причината зошто сепак Исус го прифатил тоа е објаснета во една обемна книга која самиот Христос ја диктирал телепатски преку Габриеле од Вирцбург, Неговата пророчица. Книгата се вика „Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега„ и достапна е и на македонски јазик. Никој не треба да ни брани и ние да се бавиме со такви важни прашања. Но дали сакаме, тоа е веќе слободен избор на секого поединечно. Но прашање до кога ќе може уште? Ѓаволот не е Бог, вечниот - оттаму не ја ни поседува вечноста. Тоа кажува дека постои растојание помеѓу причината и последицата. Колку временски ќе биде тоа растојание големо, зависи од повеќе фактори. Меѓу другото, ако некој си ја „продаде душата„ на ѓаволот т.е. демоните, тогаш добива грејс период. Имено демоните привремено го штитат од влијанието на неговите сопствени злодела така што вршат дотур на енергија. Но подоцна вложената енергија ја бараат назад од сојузникот кој пак се претвора во жртва. И не само што ќе страда поради сопствените злодела туку мора и да го врати „кредитот„ што пак може да трае повеќе ужасно мачни инкарнации. Повеќе може да се прочита во некоја од Христовите објави дадени преку пророчицата за денешницата. Затоа што сме во заблуда или незнаење. Можеме и така да одбереме, но тоа би било исто како да прволачето не научи да пишува и ита во прво одделение бидејќи му се гледа тешко , па да чека да стане второ одделение во илузијата дека тогаш можеби ќе биде полесно. Секој живот е една посебна шанса и треба да се трудиме правилно да го искористиме. Можеби ние сеуште не знаеме, но има луѓе кои што знаеле или знаат бидејќи го виделе и чуле преку она што Бог им го соопштил низ визија или откровенија(објави) и во аудио или писмена форма го предале понатака на човештвото.
^^^ Благодарам на исцрпните одговори кои во период на силно размислување за тоа каде, како и што понатаму ми дадоа поттик и мотивација за трагање кон некаква спиритуална определба и себепронаоѓање како духовно битие. Конкретно размислувам за приклонување кон верата со цел да добијам одговор на одредени прашања и недоумици но, сум воспитана генерално во атеистичка средина такашто се двоумам. Се интересирам за спиритуалните прашања и одговори секојдневно. Нели мистеријата...на денот на животот Уште еднаш благодарам!
..is a bitch. Верувам јас, да. Гризе и дофаќа секого, наплаќа. Постои повеќе за да ни удри шлаканица за лошото сторено, отколку за да ни приреди среќичка за она доброто. Животот е таков, повеќе лошо од добро.. луѓето се такви, повеќе зли од добри, просто кажано, засенува сивилото кое постои. As simple as that..
Верувам во карма дефинитвно.Не дека само онака верувам туку и се имам уверено во тоа што верувам. Добро со добро а лошо со лошо на секој ќе му се враќа.Баш на секого,никој неможе тоа да го избегне !!!
Интересантно. Во глобала секоја работа која ја доживуваме е последица на некоја наша постапка. Е,сега во минатото не сме ја забележале грешката или проблемот пример, затоа што сме биле заслепени од други благодети на животот, но подоцна дошле тие. Сплет на околности пре би рекла. Кармата е еден вид надеж. Не постои човек што прави само добро за да му се враќа со добро. Не постои ни човек што прави само лошо за да му се врати со лошо. Никој не заслужува премногу добро, ниту премногу лошо. Не е кармата кучка, вие сте кучки! Дали кучки кучки или кучки кучки тоа е друго.
Токму тоа е целата поента со кармата - да сфатиме дека во крајна линија ние сме самите виновни за она што ни се случува. И тоа не треба да нè обесхрабри, туку напротив, тоа е радосна вест која гласи дека: нашата судбина лежи во нашите сопствени раце!
Не лежи само во нашите сопствени раце. Судбината не си ја кроиме само ние, судбината наша се крои заедно уште со други судбини(семејство,пријатели..) Нашите постапки и последици дали добри или лоши лежат во нашите раце, постапките на другите за нашиот опстанок тука не зависат од нас,а не засегаат нас. Што мислиш? Судбината на дете од Африка или евентуално од Ирак лежи во неговите раце?
Според застапниците на кармата ДА. Тоа дете направило некому лошо во минатите животи па кармата (господ) го казнил да се роди во Африка и да умре од глад или да биде продадено како роб. Според мене тешка бесмислица.
Некогаш лежела! А кога ќе почне да разликува добро од зло, особено како возрасни, повторно ќе лежи во нивни раце. Судбината секогаш си ја кроиме ние самите со тоа што понекогаш како последица има да во еден период ни ја кројат други(родители, политичари, научници и тн.) но тоа што некој се нашол во таква ситуација не е случајно и е продукт на една или серија повеќе негови избори како душа во отадестраното или како човек во овој или во некој од претходните инкарнации. Ако тоа го негираме тогаш ја негираме и сопствената одговорност и дури тогаш им се препуштаме на туѓите раце кои и те како можат да нè втурнат во лоша судбина. X-MaN во кармата нема простор за награди и казни, тоа е едноставно дејствување на причината и последицата. Ако рипнеш во оган, изгорениците нема да бидат казна од оганот, туку последица на твоето рипање во оган. Верувањето во кармата меѓутоа не го исклучува законот на несебична љубов кон ближните, тоа значи дека секој според можностите треба да му помогне на другиот ад го носи товарот или да се ослободи од истиот. Кога на Исус му ја донеле прељубницата со образложение дека (наводно) божјиот закон барал да биде каменувана до смрт Тој на толпата и рекол: „Кој е без грев, прв нека фрли камен!„ по што посрамотени свештениците и толпата се разминале.
Не ми се навлегува во голема беспредметна дискусија која е веќе 100 пати водена затоа само кратко. Ако утре да речеме ти удрам 15 шамари и ти почнеш да плачеш од болка би можел да ти се насмеам у фаца и да ти кажам дека тоа твојата карма е лоша зашто пред 23 живота си удрила некое куче па тоа кармата преку мене денес ти враќа. Објаснувањето е бесмислено и умоболно ама некој верува во такви бесмислици. Будалштина на квадрат која ги занемарува премногуте случајности кои постојат во животот и да, многу работи АПСОЛУТНО не зависат од нас како на пример како дете добиваш вакцина од која остануваш инвалид ама НЕЕЕЕЕЕ тоа плаќаш за некој грев од 56-от живот во минатото . За тоа дека термините добро и зло се многу релативни нема ни да почнувам дискусија зашто за еден волк тоа што е супер добро за една овца е масакр а луѓево нешто не се премногу различни во табиет од волци и овци. Пс Знам дека сум на граница на немав намера да те навредам, си правиме муабет иако мислиме многу различно .
XMaN, во примерот кој што го наведуваш сите ние имаме избор(некој ќе избега, некој ќе возврати, и што е најбитно некој воопшто нема да се појави во таа ситуација - само случајност???). За примерот со вакцината родителите имале од страна на дневната енергија бројни предупредувања, денови или дури месеци пред тоа, но не ги забележале, или не ги послушале. Има една добра книга што ги објаснува тие меѓузависности, се вика Живеј го мигот - и ти се гледаш и препознаваш себе си - достапна е и на македонски јазик. Што со оние ситуации каде избор навидум нема избор? Кое објаснување го имаш ти за спомнатите дечиња во источните земји? Која „будалаштина„ ќе им ја кажеме нив? Дека сè e само игра на случајности?! Ако да, тогаш случајно они не шамар, туку куршум во глава можат некому да свирнат и ќе ти речат: „Извини, знаеш случајно беше...„ Не заборавај дека и така може да се гледаат работите.