до ДАУЛИГХТ Може да се согледа од темава дека многу луѓе се несреќни, некои веруваат во карма, некои не, некои ја поистоветуваат кармата со реинкарнацијата, некои ја поврзуваат , анекои не. На крајот се се сведува на тоа кој е законот, тајната да бидеме посреќни. Бидејќи имаш познавања од таа област, тогаш помогни почнувајќи од конкретни совети. пример накратко објасни неколку интересни и проверени од тебе делови од последната книга што ја препорача. јас имам многу книги прочитано, но добар дел се само чиста комерција. СЕ РАЗБИРА ИМА И ВИСТИНСКИ ДОБРИ И ФЕНОМЕНАЛНИ, НО ВЕЌЕ ЛУЃЕТО НЕМААТ СИЛА ДА ГИ БАРААТ, тие се како игла во пласт сено. Ајде да си помагаме на ваков начин, а не да се препукуваме кој што мисли.Па да видиме конкретна корист едни од други и секако од ФЕМИНА. Поздрав до сите
Ако јас утре ти мавнам шамар може да е дека сум изнервиран од што сум чекал на некој шалтер па немам на кого на тебе ќе се издувам а може ме боли левиот прст на нога од играње фудбал па сум нервозен па пак на тебе ќе се издувам, ама каква врска има тоа со твојата КАРМА, никаква!!! Каква врска има кармата на една девојка која на 12 години е продадена невеста во Пакистан за маж и да и фрли киселина во фаца дека намигнала со левата веѓа наместо со десната како што сакал господинот? И тоа не една жена туку илјадници. Каква врска има кармата на сите жени кои родиле сакати деца од Талидомид зашто фамацевтската компанија го пуштила без проверка само за директорот да си направи ПРОФИТ? ЛУДИЛО на квадрат да веруваш дека нешто од нив зависело или враќале долг. Едно дете кое ќе остане сакато ид некоја причина, лоша вакцина, погрешна терапија или ќе го згази кола ама врска нема со негова карма барем во најголем број случаи туку се нашло на погрешно место во погрешно време а не дека враќа долгови од 56-от живот пред 34 000 години. Ако тоа не е будалштина не знам што е . Така да случајноста си ја разбрала сосема спротивно од тоа што сакав да го кажам зашто едно црнче е сосема случајно родено во Африка и продадено како роб или на едно девојче сосема без негова вина му ја сечат вагината затоа што е родено во примитивна средина а не дека кармата така сакала. Махараиши Махеш си живеел со Ролс Ројсите и си имал секс и врски со куп жени од сектата и ама баш окце не му трепнувало дека ќе плаќа или враќа карма а он би требало прв да знае дека ќе има последици нели? Прикаски за мали деца . Тоа дека добро и зло се релативни а не апсолутни поими не е ни предмет на дискусија а кармата дали делува и кај еден комарец и бактерија или само кај луѓето? Кај суштества од друга планета исто делува или не? Ќе ме фати карма ако изедам теленце или не? Ако згазнам или утепам мушичка или комарец ќе ме фати лоша карма или не? Има многу книги на таа тематика и сите се вртат во круг и сите ја тераат истата приказна која никогаш и од никого не била докажана зашто и не може да се докаже. Бесмислено учење за наивни, без навреда .
Како што реков,кармата е еден вид надеж. Дете од Африка гладува затоа што во претходниот живот правел лошо. Доста, доста молим те! Комплетна вистина која јас ја сфаќам само како за еден живот, сегашниов. Нема потреба да мешаш нешто за што не ни знаеш дека постоело воопшто, во случајов претходен и иден живот. Секоја причина има постапка и секоја постапка има последица. Кармата постои за да ги награди или огрди нашите дела, но во никој случај да ни ја скрои судбината и со такво нешто никогаш не смееме да се помириме. А, сега ми е лошо зошто кармата затропа на моја врата, а сигурно сум правел нешто лошо и во претходниот живот, па убаво е што сум казнет. Еден чекор кон патот кон подобар живот и подобра карма е да не се помируваш со моменталната ситуација во која што се наоѓаш. И да си направил дело од кое трпиш некоја последица треба да го промениш тоа,а не да се помириш со истото. Пак ќе кажам, зборувам за дела,а не за судбини која зависи и од општеството каде што се наоѓаме моментално. Јас родена тука не е исто со јас родена во Менхетен.
Нашата судбина ама воопшто не лежи во наши раце и во никој случај не можеме да бидеме ние виновни за се тоа што ни се случува.Кој е тој човек што би сакал да гладува, да биде болен итн.? Дали човек од здрав и прав, туку така може да му се случи да не може да дише, да има и да речам слаби отчукувања на срцето и да излезе дека самиот тоа си го направил, па излегол виновен за тоа? Ова е вистински пример, некаде каде што си спомнав во друга тема на форумот.Никаква врска нема со претходен живот, ако имало, човек никогаш нема да направил грешка, па со оглед на тоа дека секој човек греши, автоматски се потврдува дека нема претходен живот.
Aaaa нема други животи. Ти изнаправи се грешки во овој живот, па теши се дека нема други животи, за да не те стигне кармата во идниот.
Океј, но ти го спомна детето од Африка прва не јас. Нема потреба да одиме толку далеку, доволно е да ги погледнеме меѓучовечките односи на балканот и да видиме дека врие од кармички заплетканости. Точно! И јас го велам истото. Затоа го наведов примерот со Исус. Спојлер А зошто не си се родила на Менхетн? Веруваш дека тоа е случајно? Твое право. Јас не верувам. Напротив, тоа потврдува нешто друго: дека како прво голем број луѓе немаат знаење за карма-законот а тоа дека ние со нашите чувства, мисли, зборови и постапки денес си ја креираме нашата иднина но не онака како што ние посакуваме туку според тоа колку тие компоненти се во согласност со нашата изворна божествена состојба. Мерило при тоа може да биде Исусовата Беседа на Гората и Десетте Заповеди. Како второ, дека луѓето имаат слобода на избор. Примерот кој го наведе со срцето и дишењето кажува дека некогашната сеидба созреала или почнала да созрева и да ги покажува првите плодови на виделина. Тоа воопшто не мора да значи дека причините лежеле во некој од претходните инкарнации. Тие можеле да бидат изградени на пр. низ зачестен стрес во текот на овој живот. Тоа дури може да биде опомена на дневната енергија дека на нешто треба да се обрне внимание. Ние не мораме да ја отплаќаме нашата карма ако правовремено ја разградиме преку позитивен став и однос кон себе си, ближните и природата(при тоа воопшто не мора да ги знаеме деталите за минатите животи).
Многу работи не зависат од нас, немаме потполна контрола над сопствениот живот за ние да го управуваме со нашите мисли, дела, зборови, чувства, не на начин како што ние посакуваме, како што рече,иако покрај тоа што кај секого се различни.Позитивниот став и однос би рекла кон другите, не секогаш резултира со позитивно, после секоја среќа, следи несреќа и обратно, а тоа тотална врска нема со нашите чувства итн.Во врска со примерот, не се работеше само заради претходни животи, туку поради тоа што човек не може сам да си го предизвика тоа.
Темава за кармава се покажа како полн погодок .Навистина има и препукувања, но многу е важно што може да се научи многу. Така треба, нека има аргументи и мислења од мудри, благородни и едуцирани луѓе , нека има борба на мислења и конкретни упатства како претходно. За доброто на сите нас, поздрав ЛУВЕНА, МЕНЕ НАВИСТИНА МНОГУ МИ ТТРЕБА И МИ СЕ ДОПАЃА СЕТО ОВА
Нормално. Затоа што сеуште не сме се наполниле само со она „позитвиното„ - божественото, бидејќи сеуште имаме негативни мисли, зборови и постапки кон себе и кон околината. Сеуште не ги живееме во целост божествените закони. Ние во текот на овој и изминатите животи не сме саделе само една семка, туку многу повеќе. Ако се погледнам себе си како ми поминал еден ден, тогаш морам искрено да признаам дека кај мене не било се добро и правилно говорено и постапувано од моја страна. Можам ли тогаш да очекувам континуитет на позитивното? Да го помножиме тоа со бројот на досегашните години и животи и ќе ни стане јасно дека би било иреално да очекуваме дека сè може да се смени кон добро од денес за утре само затоа што деновиве ете бевме многу позитивни. Освен тоа многу луѓе позитивноста ја мешаат со нон-стоп еуфорија, или постојано вртење мисловни слики за некаков материјален успех, што пак нема никаква врска со духовно позитивнмо размислување, напротив може според околностите да биде подготовка на нова карма. Современата медицина вели дека може. Велат дека над 90% од здравствените проблеми се од психосоматско потекло. Е сега зависи како ти ги разбираш зборовите „сам да си го предизвика тоа„. Јас под тоа не мислам дословно да се посакува лошо себе си, секој сака да му оди добро. Но при тоа посакување и борба да се постигне она за кое се верува дека е добро, понекогаш(а каков е светот, тоа ќе е ептен многу често „понекогаш„) се превидува целината - дали е тоа навистина за мое добро и дали е тоа навистина добро за околината. Честопати не се познаваме доволно себе си, веруваме дека ние сме претежно добри и фини, добронамерни и позитивни. На пример постојано борејќи се за нашите цели кои можеби и не се во склад со духовните законитости(нашата изворна природна состојба), можно е да си ги трошиме духовните сили(тнр. етерични сили) преку стресови. Нервниот систем доаѓа се почесто во немир, промени во исхраната и тн. и по некое време страда еден или повеќе органи во телото. Факторите додуша биле надворешни, но човекот сам е оној кој што има слобода како кон одредена ситуација ќе се постави или нема да се постави. Во таа смисла ние самите одлучуваме за себе си. Затоа е потребно себеспознавање, да се увиди кој сме ние навистина позади нашата представа за себе си, позади маската на човечкото „јас„. Тоа што е препознаено, тогаш можеме ако сакаме и да го промениме постепено кон подобро. И тогаш тоа ќе стане нашето утре. Ако бидеме доволно упорни, можеме и да се извлечеме од стегите на карма-законот. Тогаш нема да мораме ниту да се враќаме повторно во нови човечки тела на Земјава, туку како посветли души ќе можеме да го продолжиме развојот воподрачја каде нема страдања и нови искушенија.
Кој сака повеќе да дознае за законот на кармата, го препорачувам линкот за онлајн читање на книжето(преводот е на хрватски) кое всушност е мала зборка од 3 откровенија телепатски примени 1979/1980 од божествениот свет преку божјата пророчица за денешницата. Делот кој зборува за кармата е на стр.25 е истоимен наслов „Zakon uzroka i ucinka - Zakon karme" http://www.scribd.com/doc/84837910/Snaga-Molitve-Smisao-i-Svrha-Zemaljskog-Zivota
ако на некого си му направил лошо со лошо ке ти се врати,ако си добро со добро ако некој ти направил лошо ке му се врати верувајте когаш-тогаш се враќа! преиспитајте го малку вашиот живот
Уште еден начин да најдеме утеха за лошите работи што ни се случуваат секојдневно. Тоа дека не зависат работите од нас, исто оправдување до некоја мера и утеха бидејќи длабоко во себе свесни сме дека не сме доволно силни, а во кодот ни е вметнато размислувањето дека сме најдобри. Сметам дека животот не е во ничија сопственост, не управува никој со него, посебно не некоја исмислена татковска фигура која би не казнувала за "грешките" кои ги правиме, бидејќи и тоа е релативно и мислам дека најповеќе зависи од тоа како ние ја доживуваме, бидејќи не зависи од тој што ја дава, туку од тој што ја трпи. Слично како болката, која е тесно поврзана со казната, бидејќи од неа учиме. Затоа, барем за мене, е неопходно да го откријам својот спектар на емоции и тоа не само сега, туку низ целиот живот. Мислам дека затоа и постојат овие концепти на кармата, чисто да не утешат и дадат објаснување на сите човечки прашања што си ги поставуваме секој ден. Карма=казна+болка Казна+болка=искуство искуство+искуство ~ =мудрост
Охоо и тоа како имам осетено..па и уште ме пецка од време на време. Верувам дека e bitch и тоа како. Никогаш не сум верувала во она тркалото се врти..ама кад-тад..дали сега дали после 3 месеци или 3 години ќе се сврти па што сака нека биде..или ко што си викам јас господ гледа...ќе те стигне нешто Пробувам да бидам подобар човек со годините..ама па живи луѓе сме мајкему искушенија на сите страни
Karmata e interesen koncept i e podrzan vo situaciite koga covek 1. Se plasi od lugeto da ne mu napravat zlo pa propoveda karma 2. Nemoken e da odgovori na nekoj koj mu nanel zlo pa go kaznuva so karma 3. Ne moze da ja svati pricinata zasto nesto neubavo mu se slucuva ... i nekoi drugi pa koga ne se realizira vo eden zivot se prosiruva konceptot na mnogu zivoti... I koga miljon luge ke gi doziveat ovie stvari sigurno kaj eden ili nekolku ili site ke se rodi idea za karma. Sakame da imame mok i kontrola nad zhivotot i ne sakame da ziveeme vo haos. Posto sum svesna sto dozivuvam normalno, se imam fateno vo nesto sto se poklapa so ideata za karmata.. No od kade da znam koe delo so koe ide karmicki koga vo zivotov ima mnooooooooooooooogu dela. Spored toa ima mnogu krugovi po koi tecat rabotite, razlicni po golemina i vo kojznae koi dimenzii na zivot. :? STREMEZOT NA COVEKOT E MOKTA! Odtuka i karmata. [mod-kirilica:1zm5j6yk][/mod-kirilica:1zm5j6yk]
Некој ќе речат не постои такво нешто како карма, некој ќе речат сами си ја кроиме судбината и самите сме одговорни за она што ни се случува. По мое резонирање на работите кармата е токму склоп на сите дадени ситуации и избори кој сме ги направиле во животот. Доколку направиш нешто лошо не можеш да очекуваш истото да помине не казнето. Кога тогаш поради изборот на постапките кој што сме ги направиле се си кружи се се враќа,ако на некого си му нанела зло , болка, си го повредила , немој да очекуваш дека тоа ке помине не казнето. Најлесен пример,си повредила некоја личност,можеби самата таа нема да ти врати но самото сознание дека си нанел зло,ти го менува однесувањето кон околинта, а богами и на околината кон тебе,па така лесно може да се случи луѓето пазејки се од тебе да не им го направиш и на нив истото,тебе може да те повредат три пати полошо от колку што ти имаш повредено. Да се се враќа се се плаќа,кармата е кучка секое зло што ке го направиш се враќа и тоа неколкупати пострашно и полошо.
Ви ја препорачувам „Индиго Бобмај“ од Јагода Михајловска Георгиева, мене ми се разјаснија некои работи околу карма и други духовни работи.
абе каква карма карма и леприкони и волшебнички постојат и ако има само гледа лошото да ти го врати доброто изгледа го заборава
Верувам во карма, се што правиш ти се врака, доколку правиш добро- се врака со добро, доколку правиш лошо се врака со лошо. Барем кај мене го имам забележано ова
Јас лично не верувам во карма. Малку ми е некако чудно, јас многу често верувам во се, но тоа е навистина премногу и за мене. Кога некој ќе ми спомне карма, ме зачудува, мислам ајде бре. Јас не правам никому зло, секому добро му правам, но тоа не е бидејки се плашам од карма, туку бидејки тоа е мојаат должност како човек зар не? Не сваќајте ништо сериозно, не навредувам никого кој верува!
Многу ме интересира да прочитам за законот на кармата, но на овој линк не можев. Ако сакаш види до што е проблемот и пак напиши како точно се доаѓа до тој текст. Однапред ти благодарам