1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    До пред извесно време не верував дека постои карма. Но, некои работи кои и ги направив на одредена личност ми се вратија на ист начин и од истата личност.
    Само што, уште не сум го почувствувала тоа задоволство јас да им вратам на луѓето кои ме повредиле.
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    ПОстои карма како не, арно рекле старите не копај на некој дупка оти во неа самиот ќе си паднеш ;) така да се се враќа на глава за секој има казна, ако не им вратиме ние на оние кои не повредиле друг место нас ќе врати :)
     
  3. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    На некое дете што се родило кај мајка наркоманка која му пренела ХИВ да му зборувате за карма.
     
  4. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    епа отепај се правејќи лошо на другите и ништо нема да ти се врати,како да не
    инаку верувам во карма и гледам како им се враќа на луѓето се лошо што направиле
    типичен пример една моја роднина цела фамилија страдаше од неа,етрви,золви,девери,многу лоша,завидлива жена и после некое време и се погоди една снаа што и врати за се што направила,сега не смее да пртна како јагне станала :rofl: така и требаше
    ќе бидам среќна кога ќе им се врати на тие што мене ми направиле лошо,само ќе гледам и ќе уживам :dance:
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Земи ја во предвид можноста дека најпрвин ние сме ги повредиле другите луѓе па тие сега само ни вратиле нам! Ова подобро може да се разбере само ако знаеме за повторното раѓање т.е. реинкарнацијата.

    Ако тежнееме да им вратиме на другите мило за драго тогаш создаваме нова карма и тогаш тоа е магичен круг кој нема крај. За да се прекине тој круг мораме да простиме, да замолиме за прошка од тие за кои знаеме дека сме им згрешиле и повеќе да не го правиме тоа за кое сме сфатиле дена не е добро.
     
    На nezen27 и Glasna им се допаѓа ова.
  6. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Верувам во карма
    И, и јас живеам за тој ден ;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Верувам во карма, зашто гледам дека оние кои ме повредуваа, сега тие патат, и баш ми е мило, а и имам приметено дека и мене нешто ми се има вратено и така.
     
  8. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Така,така ! Постои и тоа како ! Само треба да бидеме трпеливи додека да им се врати на тие што не повредиле. А бидете сигурни дека тоа ќе се исполни тогаш кога најмалце ќе очекувате!:))
     
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170

    Нема што да дискутирам нашироко на вакви теми, тоа како се се враќа и плаќа за мене се бапски приказни. Имаш низа примери низ секојдневието, тоа што не сакаш да ги видиш и што се чувствуваш поубаво живеејќи со твојата илузија е твој избор и твое право. Не мора да ти објаснувам исто како што не мораше да ме цитираш и да ме разубедуваш за нешто што добро знам како стои :hai:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Тоа е типичен пример како дејствува кармата на дело!
    Кога би знаеле за реинкарнацијата и тнр. време на милост т.е. дека на кармата и е потребно време на созревање додека да дојде до израз (меѓу-период кој може да трае и неколку животи), но и време во тек на кое може да се исчисти благовремено причината пред да дејствуваат последиците, тие работи би биле појасни.
    Една од милионте разновидни можности е на пр. душата на тоа дете можно е да било доброволен учесник во дистрибуција на дрога, па сега во оваа инкарнација го снашло тоа што некогаш им го предизвикал на другите следејќи ги своите себични интереси.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Vo eksplicitni situacii vo tekot na zivotov mi pokazalo i dokazalo deka i te kako postoi karma,toa i e edinstvenoto neshto vo shto mozam da recham deka veruvam.
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Сите криминалци оро би играле на твојава (кармичка) реченица, сите жртви сами си го барале заради наводен грев од не знам си кој живот во минатото а криминалецот само му ја исполнува кармата.

    Не идат така работите :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    1. Во заблуда си, зошто ќе објаснам во точка 3.
    2. Јас знам дека кармата има врска со реинкарнација, тоа што го напишав се однесуваше за мислења како свекрва ми ја мразеше золва и и сега кармата и враќа :yawn:
    3. Не верувам во реинкарнација. Гледаш луѓе кои имаат среќа со парите, богати се, но не се многу чесни. Значи тоа што се богати и имаат среќа е награда од некој претходен живот, а тоа што се нечесни и алчни ќе го платат во наредниот? Каква поента се остварува тука освен вртење во круг и предизвикување на нови жртви и нови страдања? Ако постои реинкарнација и ако тоа бебе во минатиот живот било некој криминалец, да речеме дилер на дрога што не си ги исплатил грешките тогаш, сега се раѓа како невино бебе кое може да биде подобро во суштина ама ќе ги плаќа гревовите од минатиот живот кога било дилер и ќе страда, а покрај него ќе страдаат и други луѓе кои дополнително ќе се огорчуваат на животот и тоа ќе ги тера да станат можеби полоши личности? :^) Нема логика!!

    Не знам зошто тогаш воопшто кривично гонат дилери, нарко босови и т.н. И така во другиот живот ќе се родат со ХИВ, што да ги мачиме уште од сега.
     
  14. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Суштината на кармата е етиката, верата, надежта, љубовта, трпението, затоа што со нивна помош се ослободуваме од лошата карма, било во текот на животот, кој во еден момент се менува од корен,или било да треба да ја отплаќаме целиот живот. И ако ја отплатиме се ослободуваме од неа, ако не, ги добиваме лекциите, се повторуваат маките во различни облици и се така во круг. Доста сум го слушала професорот по етика и астролог д-р Зоран Крстевски, сум била во контакт со него и тој верува во карма, тој е и верник и има доста да се научи од него.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Точно е дека не одат така работите!!! Имено, ако зборуваме за реинкарнација и карма треба да го земеме во предвид и законот на простување и законот на слободна волја.

    Исус од Назарет велел : „Она што не сакаш тебе да ти се прави, не го прави ниту ти на другите!„ бидејќи „Што сееш, тоа ќе жнееш!„
    Ниту еден човек нема право на друг да му исполнува карма, во спротивно и самиот би си создал карма која ако благовремено не ја исчисти преку молење за прошка, поправање(надокнадување) и не повторување на она лошто - истото или сличното ќе го снајде во текот на овој или некој следен живот, или пак во рамништата на чистење каде престојуваат бестелесните души по физичката смрт на телото.
    Епа како сега велиш веруваш во карма, но веднаш понатака велиш не веруваш во реинкарнација. Кармата т.е. законот на причина и последица оди заедно со можноста за повторно отелотворување т.е. реинкарнација.
    Самата даде одговор - дел од луѓето се богати бидејќи не се чесни. А последиците од тоа можно е да почнат да ги чувствуваат уште во текот на оваа инкарнација, (има такви примери во шоубизнисот еден куп) т.е. во овој живот или најдоцна во некој следен. Тоа зависи колку бргу ќе заврши тнр. време на милост - период во кој гревот може сеуште да се поправи.
    Тоа воопшто и не е поентата!!! Поентата е токму да се излезе од тој круг, од таа несреќна заплетканост во законот на причина и последица (карма законот) и од тркалото на повторното раѓање и да се прејде во првобитната природна состојба, тнр. Апсолутен Закон. кој постоел уште пред да настане кармичкиот круг, далеку пред времето кога настанала материјата и материјалниот космос.
    Голема забуна прави доколку врз кармата и реинкарнацијата се гледа како на награда и казна - тоа врска нема со реалноста! Ќе биде многу појасно и попрецизно ако зборовите „плаќа„ и „гревовите„ се заменат со зборовите „причина„ и „последица„.

    На пр. некој играјќи се со оган (причината) се изгорува (тоа е последицата). Таа или тој престануваат тоа да го прават, можеби и сфаќаат дека таа игра со огнот не било добро нешто, но по одредено време настануваат пликови - последицата сеуште трае. Изгорениците не се казна на огнот, ниту е казна дадена од некој кој можеби претходно ја/го опоменал да не си игра со оган - тие се едноставно реакција на претходно извршената акција.
    И те како има логика! Но потребно е вистинско знаење за овие нешта а кое пак не може да се објасни само низ неколку поста.

    Ништо не е случајно, па ниту тоа кои луѓе доѓаат во контакт со детето од примерот и како реагираат на тоа што го гледаат и проживуваат. Имено можно е да се работи за тнр. колективна карма. Тие луѓе во некој претходен живот заедно си згрешиле едни на други или кон други луѓе, или пак кон природата и животните. Сега поради дејството на кармата се доведени повторно заедно. Сите луѓе имаат од Бога добиено слободна волја како ќе размислуваат, зборуваат и постапуваат.

    :) luvena убаво кажа за етиката, надежта, љубовта и трпението... ако тие луѓе (на пр. семејство) сега доброволно се насочат кон повисоки морални етички вредности (на пр. луѓето ширум светот знаат за Десетте Заповеди и Говорот на Гората даден од Исус) тогаш тие ја надминуваат таа карма а можно е и други карми кои сеуште не почнале да дејствуваат и се насочуваат кон еден далеку посветол животен пат кој позитивно ќе се одрази врз нивните души и тела и нивната идна животна ситуација.
    Прашањето треба да оди подлабоко! Зошто воопшто постојат на пр. нарко-босови и дилери?

    Освен тоа пристапот во тнр. кривично право би требало од темел да се промени - таквите можеби мораат да се изолираат за да не нанесуваат штета, но мора да се работи на менување на нивната свест а тоа не го можат оние кои се слични на нив (понекогаш чуварите се поголеми криминалци), тоа го можат само оние кои самите веќе ја издигнале својата свест на повисоки нивоа. Но тоа е веќе сосема друга тема...
     
  16. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Каде сум рекла дека верувам во карма???


    Да е вака како што ти велиш, тогаш не би било ни важно што ќе правиме и како ќе правиме со себе, којзнае колку животи и колку можности ќе имаме во секој еден.
    Колку дупки има во ова учење... Не знам од каде да почнам да ти одговарам. Како расплет од шпанска серија, бебе со ХИВ е бивши дилер, тие околу него што треба да го чуваат или што ги боли неговата состојба (да ја оставиме мајка му, има ваљда и други роднини) што се, добавувачите од претходниот живот?

    За тоа што го рече luvena можам само да одговорам дека и да сака човек да биде подоблесен во море од пирани кои тоа не му го дозволуваат, тешко.
    Како ќе излезеш ти ако други те вплеткуваат? Ти може да сакаш да бидеш подобра личност, ама околностите не ти дозволуваат и те тераат на спротивното, пак си ти крив и пак ќе се гњавиш во следен живот?
    A повеќето поминуваат без последици во овој живот. Остај што ќе биде во следниот, зошто дошле до богатство во овој, последица од претходниот? Сфаќаш, се заплеткува тука, во минатиот направил нешто ОК (не знаеме што, може етички и морално се освестил) со кое предизвикал да добие посакувани нешта во овој, ама со сегашните постапки прави во наредниот да си помине полошо? Бесмислици.

    И оние во С. Кореја? :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Според тебе кармата мора да се исполни и ако некое детенце треба да загине со тоа што телевизорот ќе му падне на глава и ќе го утепа некој мора да припомогне со тоа што ќе го остави детенцето само или нема правилно да го заштрафи телевизорот на ѕид. (кажувам вистински настан што се има случено). Сега што треба да мислат родителите, дека детето било криминалец во минатиот живот? Тешки глупости.

    Ова е сѐ толку умоболно и бесмислено што секое барање логика води кон силување на здравиот разум.

    Инаку никому не му е гајле што ќе прави во икстиот живот после 600 илјади години, луѓето ги интересира сега и овде и нема никаков смисол (освен нечие патолошко изжививање) некое бебе да загине само затоа што во четвртиот живот претходно (наводно) направило не знам што. Чим ништо не памтиш нема никаква поента било каква казна.

    Учењето за кармата е прекрасна можност да се утешиш дека ако не ти е убаво сега ќе ти биде убаво утре (биди пасивен и чекај) или како утеха за неуспешните дека еден ден (во иден живот) и богатите или успешните ќе патат.

    Веќе многупати видено и чуено :).
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Прости, така те разбрав кога го наведе примерот со роднината.
    Напротив, тоа е многу важно бидејќи можноста за реинкарнирање нема да биде неограничено време достапна. Ние живееме во тнр. време на крајот. Еден ден ќе настапи време кога само попрочистени души ќе можат да доаѓаат на планетава бидејќи планетата ја издига својата вибрација.
    Освен тоа, секоја нова инкарнација освен шанси носи и ризици. Сакаме ли наново и наново да старадме?
    Меѓу другото, во огромното море од меѓусебно испреплетени причини и последици постои и таква можност.
    Или можеби биле дел од некаква организација, политичка или верска група која некогаш одбила или ги спречила луѓето да се информираат за заштита од болести и тн. Ова се само можни примери, можности има милијарди колку што има души и луѓе.
    Тука сите треба поединечно да се прашаме искрено, не сме ли и ние самите една од многуте пирани? Сличностите си се привлекуваат - секоја птица лета кон своето јато.

    Многумина би избрзале со одговорот дека тие не се како другите, но кога искрено би сме се преиспитале во огледалото на десетте заповеди и Исусовата беседа на гората би сме се изненадиле колку и самите ние, повеќе или помалку учествуваме во јатото на пираните или можеби дури сме и „ајкула„.
    Првин важно е да сфатиме дека не е случајно што живееме под одредени околности. Второ, соодветно Исусовата Беседа на Гората „Извади ја гредата од сопственото око„ние би требало да се трудиме да се смениме себе си преку остварување на божјите закони и тоа почнувајќи од себе си во оние аспекти на нашите карактерни црти за кои сме станале свесни дека не се добри. Тогаш постепено и нашата вибрација се менува и тогаш ќе почнеме да привлекуваме поинакви околности и поинакви луѓе во нашиот живот.

    Поради тоа е потребно себеосознавање, погледнување себе си во сопственото огледало. Помош за добивање сила тоа да се направи може да биде искрената молитва кон спасителот на сите луѓе и души, Христос кому смееме интимно да му ги довериме сите наши потешкотии и судбини. Кој искрено бара тој и ќе најде. Позитивните последици од работењето врз себе со Христова помош можат да се почувствуваат веќе во текот на овој живот. Секако, тоа не оди преку ноќ но како вели една мудрост, патувањето од илјадници милји започнува со еден чекор.
    Како што реков, богатството можел да го стекне на нечесен начин а тоа не мора да има никаква врска со претходниот живот.
    Ако морално и етички се освестил тогаш значи ја совладал лекцијата од животната школа. Тогаш нема да дојде во таква ситуација во овој живот! Интуитивно ќе чувствува дека така нечесно не би требало да прави. Дури можно е целосно да излегол од кургот на повторното отелотворување, значи да не се реинкарнирал-а туку се упатил-а кон вечниот Живот, врвната реалност.
    Тие не се никаков исклучок. Сите луѓе ширум планетава, во сите времиња!
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Прво и основно, кармата воопшто не мора да се исполни ако благовремено се исчисти - преку дневната енергија човекот (на пр. родителите) е опоменуван на разни начини за судбината која сака да дојде до израз. Проблемот е што повеќето луѓе не го живеат мигот, и немаат или имаат искривена инофрмација за овие работи, а исто така не работат врз себе, врз својот личен духовен развој остварувајќи ги божествените законитости и поради тоа не умеат да ги препознаат благовремено знаците па судбината може да си го земе својот тек.

    Второ, тој што не го зашрафил телевизорот од примеров кој ти го наведе, не мора да има никаква врска со кармата на детето. Прашањето не е толку зошто не го зашрафил, туку зошто некој се нашол под телевизорот токму во тој момент? Колку пати сме биле сведоци дека за влакно фалеше некој да настрада, но во последната секунда се тргнал и сл. и сè било во ред. Само случај?! :o
    Што си се фатил за криминалците? Тоа беше само пример, една од милијардите можности...
    Родителите воопшто не треба да се бават што некогаш било во минатиот живот, туку дали и каков животен курс сакаат да си постават од сега па натака. Ова не може да се објасни како рецепта низ постови бидејќи секој случај е различен, секоја душа е уникатна.

    Но многумина луѓе веруваат во карма и реинкарнација (и некои познати од минатото, на пр. К.Јунг, Ниче, Форд, Шопенхауер, Толстој, М.Твен)... дали се сите тие според тебе умноболни?

    Кое е тогаш твоето „здраворазумно„ објаснување за примерот кој го наведовте?
    Одлично кажано: треба да се живее сега и тука - бидејќи минатото не може да се смени, но иднината може да се менува денес.
    XMaN ако ги прочиташ моите претходни постови на оваа тема ќе видиш дека објаснив оти кармата нема никаква врска со концептот за награда и казна! Напротив, тоа едноставно е дејствување на причината и последицата.

    Сијалицата не се гаси како награда или казна затоа што ти си го стиснал копчето од ON во OFF, тоа е едноставно реакција на претходно извршената акција.

    Низ претходните постови или некаде во темата реинкарнација објаснив зошто не се сеќаваме на претходните животи и предноста од тоа.
    Токму спротивно!!! Ова учење бара активност и укажува на одговорноста за сегашноста и иднината: нашето денес е произлезено од нашето вчера, сакаме ли тоа да биде и наше утре? Ако НЕ, тогаш треба нешто активно да смениме во односот кон себе си, кон светот и тн.
    Тоа е сосема спротивно од црковното учење кое нуди вечно проклетство за „непослушните„ и освен (наводните) божји тајни не умее да даде одговор зошто и невините страдаат понекогаш уште од раѓање.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Во Карма верувам ако е тоа она што го опишувате добро со добро се враќа а лошо со лошо. Од искуство зборувам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.