Карма

Discussion in 'Психологија' started by Chocoholic, May 9, 2011.

  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Јас немам такви роднини, пишував за мислења кои ги сретнав на темата, сврти некоја страна поназад и ќе ти стане јасно.

    Ги спомнав затоа што овие не знаат што е тоа слободна волја, а камоли да ја користат, тоа за нив не е ни мисловна именка. Ама според тебе тие 25.000.000 Корејци сигурно во минатиот живот биле француски благородници, затоа сега се во моменталната ситуација, така?

    Не можам да те цитирам дел по дел, ќе го напишам наеднаш мојот впечаток за твоето мислење.
    Ти тоа го викаш причина-последица, ама примерот со дилерот кој повторно се раѓа како болно дете што ти го посочи е токму казна, не е никаква последица.
    Нешто друго што игнорираш, како што велиш дека има луѓе кои се збогатиле затоа што се нечесни има и луѓе кои се сиромашни затоа што се чесни. И неретко тие се поподложни и на изгубено здравје заради недостатокот на финансии. Кај вторите ќе гарантираш дека е последица од минатиот живот, а кај првите не? Друго, не мора да значи дека тие богатите се збогатиле нечесно, можно е да им се насмевнала среќата и дошле до богатство (минат живот), а после станале нечесни за да го одржат или едноставно парите им удриле во глава и се однесуваат несоодветно. Ајде да оставиме чесни-нечесни. Има примери на деца (значи да разјаснам за да не ме протолкуваш погрешно, не велам дека богатите деца се такви, не зависи од имотната состојба колку ќе имаш во главата, ама сега ќе разгледаме такви примери) кои се родени во поимошни семејства, значи пружени им се најдобри услови (ако земеме предвид какви се како луѓе, не заслужуваат, ова не е нешто како добра карма од претходниот живот според тебе?), а ги злоупотребуваат парите и влијанието на родителите за да прават што сакаат (недолично, насилничко однесување, загрозување на други личности и да не набројувам, сигурно познаваш барем еден таков зашто кај нас ги има на претек) и да поминат без последици или со релативно мали. И сега тоа нив треба да им се врати во наредниот живот, од минатиот имаат позитивна карма, од сегашниот негативна, гледаш пак се сведува на тоа што го реков, вртење во круг. А од друга страна има талентирани деца кои се трудат, но во време на суров капитализам и непотизам не можат да се пробијат за разлика од овие првите. Лоша карма од претходен живот? Во наредниот ќе ги следи добра? Но, кој гарантира дека во наредниот нема да станат како тие првите? Баш напротив, тоа е предуслов уште во овој да станат полоши. Фрустрациите и нереализираноста се многу опасни. 3начи тој твој божествен план е полн со несовршености.
    Тоа со ајкулата е само обид да се создаде чувство на вина кај поединецот иако оној кој сноси најтешка вина обично нема совест и чувство за истата нема да се јави. Јас може и да сум пирана, но сигурно не сум најголемата кога ако не сум во школо седам пред компјутер, не сум јас таа што креира некакви правила на игра. Ти се сеќаваш на твој претходен живот, на твои размислувања тогаш, имаш гаранција дека се поклопуваат со сегашните за сега да трпиш последици, позитивни или негативни? Тоа е како некој да ми ја накапе новата блуза и наместо сега да ми се извини после 30 години, кога јас најверојатно нема ни да се сеќавам на случката. Не веруваш во факторот генетика или во факторот домашно воспитување? Можам да имам и предиспозиции да бидам најдоброто дете, но ако ме воспитува криминалец колку-толку ќе попримам од него и ќе се однесувам како што тој ме научил.

    Твоето верување е твоја одлука, јас не можам да ти се мешам, само објаснувам зошто за мене нема смисла.
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Од каде го знаеш тоа? севернокорејка ди? Живееш таму?
    Тие можеби не живеат под исти економски и политички околности како луѓето во Канада или САД, но слободна волја имаат! Да ја немаа не ќе бегаа преку граница илегално, не ќе беа казнувани од тамошните власти за изразување на своето мислење или негодување и тн.
    Казна за што? Казна од кого??? Каква корист од казната ако тоа не сеќава на минатото?
    Не. Тоа во еден дел се должи на неправедната распределба на материјалните добра. Има луѓе кои со инкарнации се неправедни и богати бидејќи се сојузници на демоните (темни битија кои живеат од негатиовната енергија на луѓето) и тие им даваат дотур на енергија да останат привремено вон дејствувањето на последиците, но тоа не може да се одвива вечно.
    Како што реков тој круг нема да може уште долго да се врти, бидејќи планетата Земја ја менува својата вибрација, се повеќе луѓе ќе страдаат под налет на некогашните причини, и еден ден нема повеќе кој да зачне нови тела за тешко оптоварените души. Некои души сега си ја живеат последната инкарнација во материјата.
    Може да ги следи уште во овој, зависно кога ќе созрее засаденото семе. Но луѓето и душите начално не би требало да тендираат кон нареден човечки живот - баш порадиможноста да се заплеткаат наново, туку да се насочат кон изворната татковина, Небесното Царство.
    Така ти изгледа бидејќи не си запознаена со него по детално. Постојат објави од божествениот свет примени телепатски преку пророкот на сегашноста, кој искрено сака може подетално да ги прочита и самиот дојде до заклучоци.

    Не е битно дали сме најголемата или најмалата пирана - битно е спознанието во врска со тоа и што потоа правиме со истото. Дали сакаме да останеме „пирана„? Ако знаеме за законот на сеење и жнеење, тогаш јасно ќе ни стане дека порано или подоцна поголемата риба или ловецот на пирани ќе не лапне. Пради тоа можеме да си зададеме нов животен курс, трансформација во нешто подобро.

    Можеби директно ти не ги креираш правилата, но ти одбираш во која мера ќе ги следиш правилата или ќе побараш нови. Во самото ова што го напиша се гледа дека имаш избор, иако правилата не си ги создала ти (на пр. ќе добиеш неоправдан и тн.). Можеби на компјутерот доаѓаш до сознанија за стипендија или работа во странство или си го губиш времето на фејсбук и тн.
    Во почетокот кога ги дознав овие информации не, имаше бунт во мене... Но кога почнав да работам врз себе, да го одам Внатрешниот пат, коцките од навидум бесмислениот мозаик почнаа да се вклопуваат. Убавината во тоа е дека ти станува јасно оти сепак не сме беспомошни во бурата на овој материјалистички свет, постепено кормилото од животниот брод го превземаш во свои раце, и не, не мора да чекаш некаков следен живот. Стапуваш во акција сега и тука! :)
    Имам подобар илсутративен пример: засадиш кокосова палма (многу долго време и треба да проасне) крај море... во меѓувреме си заборвила дека тоа си го направила... дури после неколку децении палмата почнува да ги дава првите кокосови ореви. Влијае ли на тоа дали се сеќаваш или не кога си ја засадила? Битно ли е тоа сеуште? Не, кога ионака плодовите јасно укажуваат на некогаш поставената причина односно посеаното семе.
    Како не! Но дали си слушнала веќе дека само дел од нашиот ген-материјал се активира, а дел пак останува латентен! Како што беше објаснето во книгата „Неговото око - Божјото книговодство: Микрокосмос во макрокосмосот.„ (ја спомнав во темата „Реинкарнација„) душата пред своето инкарнирање може да биде привлечена само од родители чиј генетски материјал соодветствува на нејзиното моментално зрачење!!! Гените се во духовно-енергетска комуникација со душата но и со ѕвездите и планетите - моќни космички компјутери каде е регистрирано она добро, помалце добро и она лошото од претходните отелотворувања. Кога ќе се најдат во соодветна констелација сите тие работи дел од генетските похрани се активираат - тоа може да доведе до болести, судбини, но и изразување на таленти и тн. Но многу нешто од тоа може со соодветен правилен живот и начин на мислење да се неутрализира.
    Ова додуша е точно. Поради ова, родителите имаат огромна одговорност (но и наставниците, министри за образование и сл.) за своите деца, особено додека се тие се многу малечки и не умеат јасно да разликуваат добро од зло. Но повторно тука игра улога и кармата - во минатиот живот детето можеби не било криминалец, но поради одредени погрешни постапки дошло до кармичка наврзаност помеѓу душите кои сега се во улога на родител и дете, и детето сега е изложено на влијанието од стана на родителот.
    Секако дека секој самата или самиот ќе одлучи дали и во што ќе верува. Јас немам илузии дека можам да убедам или разубдеам некого, ниту ми е тоа целта - многу се извинувам ако оставам таков впечаток, желбата ми е само да споделам информации на оваа тема бидејќи многу луѓе ги интересираат овие работи но одредени поединости ги бунат, ил ги слушнале работите од поинаков аспект па сакаат да слушнат и за овој.
     
  3. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Не сфаќам зошто ми цитираш исечоци од прашања кои и онака се реторички и ги одговараш. Малку ме вадиш од контекст.

    А ти од таму ми пишуваш и затоа знаеш дека не знам? Еден на пет милиони освестен ако има во таа држава. Види вака, фудбалската репрезентација им беше испратена на принудна работа во рудник затоа што не оствари успех на светското пред 3 години. По казна. Или ако одиме по твое, ПОСЛЕДИЦА од нивната спортска неспретност :rofl: . Види и какво оправдание му најде на Ким Јонг.
    Hавистина, сигурно имаат помала стапка на криминал од нас овде, ете ти доказ дека не е се добро-зло. Сигурно има Севернокорејци кои поубаво живеат од мене.

    Е сега ти го посочи тоа „ако му е на бебето кога не му ја мислело во минатиот живот“, само ти тоа го викаш со поинакво име наместо казна. А не се прашуваш што има да ги трпи „последиците“ од нечие туѓо минато тогаш? Друго тело кое било воспитувано од други родители кои можеби му пренеле и други гени.
    Извини ама :rofl: ... Туку ти си поинформиран, како се доаѓа во контакт со овие демони и како се прави пазар со нив баш ме заинтересира? :rofl:

    А бројот на жители расте и расте :?: Повеќе логика има да тврдиш дека некои души се допрва во почетни инкарнации, зашто има вишок на тела.

    Ти кажувам дека познавам добри личности кои баш поради тоа што се водат по сопствениот морал и чесност не можат да го најдат своето место во општеството што води до безброј проблеми во нивните животи вклучително и болести.
    Мојот единствен дом е на оваа планета, во моментов поконкретно Р.М (татковина), не некое царство.

    Религиозна пропагандна машинерија.

    Какви сега неоправдани и стипендии? Не си на иста фреквенција и не ме разбираш што ти зборувам.
    Доволно сум свесна и не можеш ти мене да ме изедначуваш со некој си таму што изгубил секакви кочници и морални начела. Сите сме биле исти пирани, како не, ја и некој монструм, пример Фрицл во иста кошница. На друг така да му кажуваш.


    Убавината кај овие верувања за верниците е тоа што се нивна утеха. Како е во пракса и во реалниот свет можеби не се ни подготвени да се соочат.

    Ааа, а тоа што намерно ќе ми уништи блуза од илјадници денари, кинеска свила или не е важно каква, никому ништо, мислиш гајле ми е дали ќе се покае и ќе ми се извини некогаш во наредна деценија. Блузата е банален пример, некој ако ми нанесе зло ама воопшто не ме интересира колку ќе му биде жал после тоа и дали ќе му се спаси душата |( , нека се носи што е до мене.

    :o ! Всушност не знам зошто ме чуди после она за демоните.
    Кога ќе ти го вметнат ова во учебници по генетика и биологија, тогаш ќе разговараме.
     
  4. luvena

    luvena Истакнат член

    Joined:
    Mar 3, 2012
    Messages:
    161
    Likes Received:
    136
    Проучувајќи ја Библијата, во Стариот Завет најдов дека гревовите на предците се отплаќаат до третото колено. Потоа истражував понатаму и исто во Стариот Завет наидов на советот дека гревовите на предците можеме да ги отплатиме и да се ослободиме од нив со вера, молитва и пазење на словото, односно божјите закони. Јас како врник ова го прифаќам и тука нема двоумење, тоа разјаснува многу горенаведени ситуации и дилеми.
    Карма и реинкарнација според мене постојат и баш затоа некои работи треба да ни бидат појасни и треба да извлечеме поука дека нешто отплаќаме и тоа е тоа. Никој случајно не е роден во некое семејство и опкружување.Ни се дава шансата да ги исправиме работите или да ги истрпиме кон некои луќе. Ако имам болна мајка, можеби во минатиот живот , на пример тоа била особа која ми правела лошо и сум ја уништила. Сега треба да ја негувам, животот да и го посветам за да ја отплатам кармата, а болнота да свати дека не треба да прави лошо и да ја осознае суштината на добрината. Ова е само еден мој да речеме измислен пример за да ја доловам суштината за тоа што сакам да го кажам.
    Аво еден живот среќата може од корен да се смени во еден момент на добро или на лошо, било на нас било на тоа што ни е најмило. И затоа е тука верата со етиката да не поучи и тоа делува. Смо треба да се слуша вистинскиот глас.
    Во Новиот Завет во Посланието на Св. апостол Павле до Коринтјаните се зборува и за боќјите дарови: пророкувањето, лекувањето и зборувањето јазици. Во врска со пророците вели дека тие го проповедаат божјото слово, поучуваат, утешуваат и по нешто пророкуваат. Има лажни и вистински Божји пророци. Вистинските се познаваат како што пишува на повече места во Новиот Завет по тоа что нивните пророштва се остваруваат во иднината, а лажните можат да ја кажат само прошлоста и сегашноста и малку нешто од многу блиската иднина, но никако иднината не можат да ја погодат што че се оствари, и така ги препознаваме.
    Ова за пророците го наведов од контекст на верата дека проповедите за добрина, влевањето надеж се во функција на нашиот пат кон среќата, а за некои и ослободување од задолженијата на предците или поинаку речено за ослободување од лошата карма и одење по правиот пат.
     
  5. Mila-Milena

    Mila-Milena Активен член

    Joined:
    Nov 5, 2013
    Messages:
    15
    Likes Received:
    13
    Верувам во карма...тркалцето се врти сакале ние или не. Може нема да се врати од нас, ама на личноста што не повредила некако ќе и се врати...Ме поведиле не викам не, ама на крај колку и да било лошо тоа не можам да се ситам ако на некого не му е добро макар и да му се враќа за нешто. Само нека ја научи лекцијата дека не треба да поведува и доволно е :D
     
    daylight and IamSexyAndIKnowIt like this.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Joined:
    Apr 18, 2012
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    2,927
    Gender:
    Female
    Верувам, од лично искуство! А и од искуство на други, што лично го имам следено! :)
     
    Mila-Milena likes this.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Не реков дека се освестени, туку реков дека дури и тие имаат слободна волја. Ти мешаш политичка и физичка слобода со слободна волја.

    Фудбалерите од примерот можеле да избегаат по натпреварот, можеле да се спротивстават, можеле да се пијанчат, можеле да кренат бунт во рудникот - најверојатно за тоа би следеле санкции од властите, но тие како можност можат да решат да се однесуваат поинаку од она што им е наложено. Спротивно од тоа фудбалската топка на пр. нема слободна волја, каде ја шутнат натака лета или се тркала.
    Набљудувано во кармички контекст тоа не е последица од нивната спортска неспретност, туку околностите во кои се нашле се последица од некакви нивни претходни погрешни постапки било од овој било од некој претходен живот. На пр, можно е (сега само спекулирам, за атер на муабетот) да некогаш тие биле некаква група (симболично, еден вид тим) што гласала во советот на племенски старешини, или во парламент или на некој друг начин, да се стори неправда некому, или можеби го злоупотребувале трудот на другите луѓе и неправедно го наградувале (можеби рудари).
    Тоа ни под разно не може да биде оправдание! Исус предупредил: „Кој е без грев, прв нека фрли камен!„.
    Политичарите кои спроведуваат или дури даваат такви наредби исто така ја оптоваруваат својата душа со грев, оти „со каква мерка мерите така и вам ќе ви биде мерено„ и „не судете, за да не ви се суди!„ велел Исус.
    Тоа не е туѓо минато. Тоа е нејзино/негово минато. Телото е друго, но душата е иста!!! Уште една илустрација ради подобро разбирање:

    Пијан човек(душата) влегува во возило(телото) кое има одредени фабрички особини(гените од родителите). По неколку минути возачот излегува(смртта на телото) и влегува во нов(следна инкарнација) автомобил од друг произведувач, но возачот сеуште е пијан и по некое време прави сообраќајка во која автомобилот(телото) се оштетува. Зарем ќе кажеме дека оштетнеиот автомобил трпи поради претходната кола или поради самиот пијан возач?
    Така што се игра по нивните принципи кои се сосема спротивни од Божјите. На пр. божјиот принцип е љубов и разбирање и секогаш тргнува од максимата „Она што не сакаш тебе да ти се прави, не го прави ниту ти на другите!„ а демонскиот гласи „правото му припаѓа на посилниот„. Таквите нивни сојузници бескрупулозно лажат, крадат а по потреба и убиваат (маскирајќи го тоа со разни оправданија), но кој игра по такви правила и самиот ќе го снајде истото - порано или подоцна неговата сопствена карма ќе му испостави сметка на крај, а демоните еден ден ќе му ја побараат позајмената енергија назад, до последниот „грам„. Народно кажано „Кој со ѓаол тикви сади, нему ѓаол очи копа!„
    Тоа само укажува дека сè повеќе души одат во отелотворување на Земјата во сè пократки временски интервали! Тоа резултира со сè поголем број на жители.
    Душите препознаваат дека е во тек времето на големата пресвртница и дека во иднина нема да можат да најдат ново тело за да се инкарнираат. Некои доаѓаат за да во краткотијата на земските години се ослободат од своите оптоварувања, за да отплатат, други за да се обидат да ги иживеат своите желби и претстави, трети за да се осветат, четврти за да несебично помагаат од љубов кон ближните и природата... разни души - разни судбини, бидејќи секоја поинаку ја користела и ја користи својата од Бога добиена слободна волја.
    Во моментов да! Збирот од многу моменти прави еден човечки живот. Но човечкиот живот не трае вечно,за разлика од тој на душата.
    Јас не те изедначив, не можам, не те познавам, а и да те познавам немам право. И не реков дека сме исти пирани. Некој е ајкула, некој мала пирана, некој голема пирана... некој (можеби токму ти!) е во тек на трансформација во делфин (го наведувам како пример за нешто убаво и позитивно). Со таа споредба сакав само да кажам дека сите ние помалце или повеќе ги кршиме Божјите заповеди и сме повеќе или помалце учесници во состојбата во која се наоѓа светот, а со тоа и ние самите.
    Што би правела ако таа уништувачка на блуза од илјадници денари те потсети дека таа претходно ја шиела низ илјадници неплатени саати во фабрика? Или ако би можеле да ти се обратат со човечки глас илјадниците свилени бубачки кои биле убиени за да можеш ти да носиш свила??? :(

    Делумно и на ова мислев тоа со пираните. Никој не е совршен, никој не е ниту без еден грев. Ако сакаме да ни биде простено, треба да бидеме подготвени и ние да им простиме на должниците.
    Памти што кажа, ќе те држиме за збор! ;) поздрав :hai:
     
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Дај објасни ми, ако немаш политичка и физичка слобода како ќе ја искажеш слободната волја? Ако ти го перат мозокот и те држат во страв уште од дете на овој или оној начин прашање е дали ќе бидеш способен да ја откриеш својата сопствена волја.

    Патем, пијан и разуздан фудбалер во Македонија = ѕвезда на неделата, пијан и разуздан фудбалер во Кореја = иден робијаш. Објасни ја кармата на дело сега? Нели велиш дека и во овој живот дејствува.

    А јас па мислев дека биле братучеди на Луј XVI :?: во таа земја Кореја на бивши европски ројалисти :D
    Ти за се што се случува во животот имаш некое вакво сценарио.

    Како ќе се исполни кармата тогаш???

    Каква споредба. И како се однесуваш кон факторот генетика со сето ова што го напиша досега, како да е нешто тривијално. Како ќе објасниш зошто татко и син личат еден на друг физички како јајце на јајце, таткото уште жив се реинкарнирал во синот? |( Или двајца браќа кои личат? Некој нивен покоен прадедо влегол и во двајцата?

    Нека копа, и така ќе имаме друг живот, друго тело и други очи :rofl: ќе се поправиме.
    На демоните им треба енергија од луѓето и затоа ги прелажуваат, ама истовремено енергија имаат вишок за да ја раздаваат. Ах, бе... Уште да е така :)
    Прво, порано се раѓале уште повеќе деца отколку сега, само што немале услови да преживеат. Ме мрзи да пишувам, инаку пак бројот на души не ти се поклопува со бројот на тела.

    Кога луѓе од тука (пример нека бидат тие, за секоја држава важи истото) поминуваат години во странство ги фаќа носталгија за Македонија, уште не сум чула некој да пека од жал по царството небесно.

    Зошто во овој случај не ја употребиш твојата логика? А што ако таа работничка што шиела за без пари во минатиот живот била некој отомански бег што живеел меѓу останатите и на грбот на мојата инкарнација која аргатувала за него/неа, па сега како што куп луѓе работеле за неа, сега таа/тој работи за мене и за нас? Хех, што сум тука јас крива, твои истомисленици по оваа тема викаат карма из а бич онли иф ју ар :wasntme:
    Гледаш колку нехумано звучат отстрана работите изговорени според твојата перспектива?

    Џабе и да памтам кога залудно се надеваш. Науката за да прифати нешто потребни се цврсти докази, а овие приказни на докази не се темелат. Такви работи ќе има во учебник ако е пред нас некое ново мрачно доба како во Средниот век, кога им диктирале како Земјата е плоча, а ние слепо ќе веруваме.
    Е сега поздрав.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Дали ќе биде иден робијаш или ѕвезда на неделата тоа ние не можеме да знаеме. Можеби чичко му ќе потегне врски бидејќи се знае со братучедот на чистачката во кабинетот на началникот на полицијата чија сестра е другарка со љубовницата на генералите кои се блиски со диктаторот па фудбалерот ќе добие помилување. :D Намерно вака комплицирано го напишав бидејќи кармичките меѓузависности се далеку повеќе заплеткани отколку твоите примери и поради тоа не може да се даде туку така одговор. Но како што кажав, не случајно е некој роден во Македонија, а друг во Америка или во некоја од кореите.

    Во книгата „Живеј го мигот - и ти се гледаш и препознаваш себе си„ е објаснето дека пред да дојде судбината до израз, ангелот чувар преку дневната енергија и совеста дава импулси и предупредувања, но прашање е дали човек ги препознава и дали со својата слободна волја се труди нешто да промени благовремено за да опасноста се отстрани. Во природата пред да настане бура, најпрвин се собираат темни облацина хоризонтот, ветерот почнува да засилува и тн. Ако оние на отворено ги препознаат знаците, буарат воопшто нема да мораат да ја искусат бидејќи ќе побараат засолниште. Истото важи и за човековиот живот.
    Па поентата не е да се исполни кармата, туку благовремено да се исчисти преку самоспознавање, простување, молење за прошка и поправање доколку е тоа сеуште можно. Поената е да се прекине тој круг на „мило за драго„ а не да се продолжува страдањето!
    И самата кажа: генетика! Инаку невозможно е душата да се подели и влезе во две или повеќе тела истовремено.
    Да, но тоа е како да кажеш нека се исечеш, нека си исркшиш коски, и така ќе зараснат... тоа е точно, но проследено е со многу стардање а кое можело да се одбегне доколку се имало поинаков став и поинакво однесување.
    Дали си забележала дека во светот властодршците и супер богатите, големите шоубизнис ѕвезди и сл. се малцинство во однос на светската популација? Нормално дека ќе има вишок енергија која ќе се употреби и за едното и за другото! Чисто банкарски принцип ;)
    Забораваш една мнгоу битна работа: Никаде не беше речено дека бројот на души е еднаков со бројот на човечките тела! Души има далеку повеќе... на земјата воопшто не мораат сите да бидат инкарнирани.
    Сите луѓе длабоко во својата душа имаат копнеж по тоа царство, по духовнот космос кој е наша изворна татковина, меѓутоа поради оптоварувањата не ја препознаваат носталгијата. Копнежот по трајна сигурност, мир, љубов и хармонија кои толку упорно се бараат во светот а не се наоѓаат ниту кај другите луѓе, ниту во материјалното изобилие, ниту во дрогите и алкохолот - сето тоа е всушност несвесен копнеж по Небесното Царство, затоа што единствено тоа е вечно, сè друго како што безброј пати видовме било од наше или туѓо искуство е минливо.
    Ова веќе претходно беше објаснето - кој е без грев прв нека го фрли каменот. И интересно, се фати за шивачката, не за свилените бубачки... ;)
    Науката полека и срамежливо но сигурно ги отвара вратите на спиритуалноста, на пр. во квантната физика се наговестува дека нешто има зад материјата која пак како велат тие научници е само привид, забрзано треперење на честички... нутриционистите сè повеќе ги потврдуваат бенефитите од (разновидната) вегетаријанска исхрана и штетноста на месната исхрана (да се сетиме на Божјата заповед „Не убивај!„) и тн. Лека полека, свеста се менува а со тоа и науката го шири видното поле.
     
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Не дека не знаеш како функционираат различни системи на различни точки од планетата. Не само што може да оди во затвор туку можно е утре и трагата да не му се знае. А те уверувам дека што и да се случи со него, јавноста нема ни да разбере за неговото однесување. За разлика од овде каде ќе биде фацата од Бекстејџ.


    Значи повторувам примери кои ги наведов. Луѓе поради чесност не можат да се снајдат во општеството, неснаоѓањето ги води до недоволно финансии, тие водат кон многу заплеткувања, проблеми и стресови кои водат кон нарушено здравје, нарушеното здравје води кон тешка болест. Значи за чесни и доблесни луѓе кои не сакале да скршнат од своите принципи ти зборувам. Ти за тоа викаш - карма од претходен живот, мора да се исчисти. Како што гледаш, поентата не била да се прекине страдањето туку да се исполни кармата. Сега си контрадикторен.

    Ти си тој што на генетиката и даваше сосема поинакви функции туку ај.

    Според тебе демоните нудат можност за богатство и слава ако си во сојуз со нив. Ете гледаш, ти даваат благодети... после тoa еден период страдање, ама можноста во друг живот да ги исправиш работите не ти бега :) Ништо страшно. Инаку те прашав како може да се стапи во контакт со овие демони :rofl: , не ми кажа.

    :D
    За тебе сите актери, пејачи и останати шоубиз фаци се зли души во пакт со ѓаволот? А што толку зло нанела па некоја светски позната манекенка некому, да не крадела, убивала :o случајно за демоните да и помагаат?
    Можам да ти набројам колку сакаш луѓе кои не се ни богати, ни славни, ни властодршци, ниту имаат некое достигнување во животот а располагаат со толкаво количество на злоба, пакост, зајадливост и подготвеност да наштетат било кому на било кој начин што ѓавол може да им подзавиди :D . Нив не ги сметаш? Зошто тие не добиле поголеми поволности од нивниот сојуз?

    Уште една дупка во твојот совршен божествен план. Ако сака да се прероди душата, нема каде.

    Приказни за добра ноќ.

    А кој камен? Пример, јас само одам во продавница и купувам блуза, јас не сум таа што ја експлоатира жената. Ако е така, и таа може да си ја искористи слободната волја и да крене бунт како што можеле фудбалерите од Кореја, ама не го прави тоа. „Се фатив“ за шивачката а не за бубите затоа што според тебе душите се селат само во човечко тело. (погодив така? ;)) А ти види прво колку растенија се уништени за ти да јадеш салати, колку дрва се пресечени за твоето работно биро или за твојот плакар... Дај не зезај со вакви аргументи. Не ќе можеме ни да опстанеме ако не го експлоатираме животниот и растителниот свет. Нели вернику, во самата библија пишува како останатите живи суштества му се потчинети на човекот и тој може да ги користи за свои потреби?
    Интересно е како ти ги игнорираш своите сопствени аргументи кога не ти одговараат, репрезентацијата на Кореја можеле да бидат племенски совет во минатото, а дека шивачката можеби била бивши Рокфелер јас сум крива што спомнувам :?: .
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Нема контрадикторност никаде. Има разлика помеѓу да се исчисти благовремено и да се отплати (во смисла да се истрада). Христос укажува низ објавите за денешницата дека луѓето од многу нешто би можеле да куртулат доколку би го тргнале внатрешниот пат, така преку самоспознавање благовремено би ги отстраниле причините создадени во овој и претходните животи, уште пред тие да почнат да дејствуваат.
    Сликовно кажано, ако засадил некој трња, трња и ќе му никнат. Но ако семето навреме се отстрани пред да почне да `рти тогаш тоа нема ни да никне!
    Што е спорно? Имаш гени од мама и тато, нормално дека ќе си личите. Но тоа што нивните гени биле магнет за твојата душа не е случајно, бидејќи духовното зрачење - кое е збир од моменталните добри и лоши страни и на родителите и на душата која оди во отелотворување - имаат сличности (повеќе или помалце).
    Не го реков тоа. Туку дека таквите кои имаат моќ и „гајле си немаат„ иако ја злоуптребуваат истата, се малцинство во однос на светската популација.
    Многу ти е добро прашањево!!! Немора да значи дека убила, но можно е и тоа. На пр. промовира бунди, оружје, алкохол, цигари... нешта кои се штетни. Освен тоа, да се прашаме колку е праведно да се плати некого десетици и стотици, можеби и илјадници евра за неколку часа фотосесија или ревија за нешто што е поприлично непродуктивно, а на чистачката или земјоделецот (некој кој овозможува храна за да преживееме!) за цел месец да им се плати 150 евра. Имено, што манекенката создава за општото добро, позирајќи и шетајќи по модната писта?
    И не е толку страшно ако таа заработува добро, туку тоа што останатите се третираат неретко мизерно со објаснувањето ааа па нема за сите толку многу пари, треба манекенките да се платат. Но зошто ни се потребни воопшто манекенки и манекени?
    Во сето тоа манекенката не е и не мора да биде главната виновничка, туку оној кој од сето тоа профитира - веќе според тоа како понатака се употребува стекнатиот профит: себични цели, уништување на други, финансирање на политики штетни за природата и луѓето и сл.

    Имав прилика да се движам и во fashion светот, секоја чест на исклучоците но силно е присутна зависта, злобата и површноста.
    Ако сите добијат од купчето поволности, тогаш сите ќе бидат задоволни, а ако сите бидат задоволни нема да се продуцира нова негативна енергија и демоните нема да бидат во никаков ќар. Тие прават тнр.сојуз со оние кај кои гледаат дека низ тоа можат да обезбедат уште повеќе негативна енергија за нив, и тоа преку раздвижување на народните маси во лоша насока. Грото обични поединци кои ти ги спомнуваш не можат да наштетат во истиот обем како што може некој кој има углед пари и моќ.
    Тоа не е некаков божествен план, туку тоа е ситуација во која самите души би можеле да се доведат наскоро или дел од нив веќе и се довеле.

    Божјата волја не е душите наново и наново да се реинкарнираат, но тој ниту една душа не ја присилува ниту и забранува да оди во инкарнација. Настанокот на материјата, телата и реинкарнирањето, хаосот во светот и тн. се последица на нашето некогашно доброволно одвојување од Бога и Небесното царство. Бог не се вмешал, Тој ја испочитувал нашата слободна волја...
    Ти можеби не ја експлоатираш директно, но одиш во прилог на тоа што ја купуваш блузата. Таа можеби не можела да крене бунт во ф-ка (Прави разлика меѓу сакала и можела - тоа ти го објаснувам со корејците), па го изразила револтот врз тебе.
    Пренесено во посериозни и пореални рамки, јадеме месо, риба и учествуваме во убиствата по нарачка. Кога мнозинството луѓе би се хранеле поинаку, не би ни имала побарувачка за месо, па на касапниците не би им се исплатело да се бават со таква дејност.
    Значи сепак сме пирани, мали или големи - учествуваме повеќе или помалце во создавање на сликата на овој свет.

    А ако се оди по логиката дека е исто да се убие растение и животно - тогаш би можело да јадеме и луѓе комотно.

    Освен тоа има разлика помеѓу корнење растениа и сечење вратови на телиња, прасиња, коњи(во Франција), кучиња (во делови на Кина и Виетнам)... Животното бега, се брани, квичи и плаче кога се соочува со насилната смрт, исто како и човекот.
    Убаво кажа, во самата библија пишува такви работи, но во тоа што јас го пренесов (прераскажано) од изворите за темава, нема такви нешта! Дали знаеш кој ја составил библијата? (реторичко е прашањево ;) )
    Интересно е колку ти избрзуваш со заклучоци околу нешто во врска со кое си одвај запознаена. Јас не можам наместо тебе да ги истражам и се информирам за работите. Сосема се легитмини и интересни твоите прашања :clap: за темава. Rаботата е во начинот како ги поставуваш истите и отвореноста за евентуалните одговори.
     
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Сега испаѓа дека луѓе чија доблест многу добро ја знам дека сето она што ги снајде им е последица од минат живот... ајде жити се, доста беше. Па ти сам рече дека личност која е морално освестена не може да се прероди во убиец или такво нешто, за тоа што чесниот страда толку мора во минатиот живот којзнае што лошо да направил, изгледа бил убиец, а како може убиецот туку така да се преродил во поштењакович? Значи нема логика твоето. Крај.

    Да, според книгите што ти ги читаш :?: Јас го читам Фауст и што треба да верувам дека навистина постоел?
    Не е шија туку врат. Човече, велиш дека славните (добро ајде, не славните туку оние најславните :D )имаат пакт со ѓаволот :D Ај сега постави некое видео од шашав експерт кој зборува за Илуминати и да завршиме во добар хумор :D


    Кои се тие обични, а кои необичните? Нели за да престанеш да бидеш „обичен“ (како рековме, за да дојдеш до пари, слава, моќ) ти требаше пакт со мрачните сили? По кој принцип се избрани? На ждрепка ги влечат демоните среќниците?
    Ух леле не ми се верува што пишувам :rofl:

    Па што? Завист, површност и злоба има и во мојот клас. И во минатите кај што учев.
    Кој револт сега врз мене? Сакаш да кажеш дека жената што работела на неплатено производство на мојата блуза, истата која претходно била турски феудалец што ме малтретирал :rofl: сега пак се преродила во љубоморна личност која ми ја уништува облеката? Пак јас малтретирана, 2-1 за неа :(
    Гледаш какво вртење во круг од кое нема излез е твоето учење?
    Корејците го сакаат својот лидер едно 90 посто, а сигурно и повеќе, уште од мали ги учат да го САКААТ, затоа не би се бунеле против него, тој колку и да не чини во нивните очи е бог, во тоа биди сигурен, така е во секој комунизам, имаш домашен пример ;) Ретки се тие кои самосвесно одбиваат да ја следат таа траса.

    Од кај знаеш дека растенијата не ги боли кога не можат да кажат? Жал ми е, ама мора така. Не го измислив јас тоа, туку така функционира планетата. Ти јадеш јајца? Со секое одземено јајце не дозволуваш да се испили една птица што е рамно на абортус по твоја логика. И за млеко и мл.производи (не знам дали вегетаријанците не ги употребуваат и овие) од каде знаеш дека на кравата и е пријатно молзењето? Вака или онака пак експлоатираш, џабе се правиш поневин.

    А кој ги составил тие твои книги и извори што ги пропагираш овде? За нив веруваш дека е бог? - :D
    Единствен извор за тоа што наводно кажал и како кажал Исус ти се евангелијата кои погоди каде се наоѓаат...во библијата, да не беше таа никој немаше да знае кој е Исус, ти библијата не ја прифаќаш (или барем во целост не ја прифаќаш), а тврдиш дека Исус наводно зборувал за некаква си реинкарнација, што никаде во таа библија го нема. Да мислел на такво нешто, таму јасно и читко ќе пишуваше.

    Полека малку, насетувам некаква одбрана или повреда на чувства. На крај на приказната, ти беше тој што се избаци да ме цитираш и да разубедуваш, да објаснуваш нешто што божем ние другите не сме го разбирале затоа што не сме биле запознаени. А ти мислиш дека до толку не ги прочитав претходните мислења на темата вклучително и твоите? Па ти во секоја тема спомнуваш реинкарнација. Јас не можам да ги бирам до толку зборовите тука, во зависност од тоа кој колку е осетлив, помири се со тоа дека не можам да се согласам со тебе затоа што твоето учење ми е без врска. И што треба да запознавам, да читам такви книги, да навлегувам во верски пропаганди? Нема потреба. Јасно е колку се два и два, интересна филозофија, ама нема вистина во неа. А моите прашања се како што реков делумно реторички и во улога на контра аргументи. Џабе е да те цитирам понатаму, и сега за ова ми беше мака.

    За другите кои велат дека веруваат, а не се во сектата на Дејлајт (само да ве потсетам дека во православно христијанство, католицизам и протестантските цркви како и во исламот не е прифатено учење за реинкарнација, ниту за карма) да ве прашам - дали сте сериозни за тркалото на животот и дека се се враќа во овој живот? :rofl: Не гледајте ги свекрвите и золвите и такви закачки, гледајте понастрана од носот, анализирајте како функционира светот па после јавете што видовте.
     
  13. luvena

    luvena Истакнат член

    Joined:
    Mar 3, 2012
    Messages:
    161
    Likes Received:
    136
    Еве малку да се освежиме од напнатоста и да ја видиме кармата од аспект на Будизмот, што не значи дека ги омаловажуваме другите религии, филозофски, научни и наши размислувања!
    Само да видиме што вели БУДА :
    Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот пати од сопствените дела.



    Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етичкиот момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине патењето.



    Трудот може да биде двоен: позитивен и негативен; последиците или плодовите на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи.



    Според Буда , три причини за негативни кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а позитивни се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето).



    Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување односно увид.



    Во еден од текстовите поврзани со будизмот е забележано како еден човек го прашува Буда?

    „Зошто некои жени се грди, но богати?

    Зошто некои жени се убави но сиромашни?

    Зошто некои жени се сиромашни но здрави?

    Зошто некој жени се богати, но болни и имаат краток живот?



    Буда вака им одговорил:

    Онаа жена која е грда, но богата во минатиот живот била избувлива, лесно се лутела, но исто така била и многу дарежлива, го почитувала Буда, и им помагала на многу луѓе.



    Онаа која е убава, но сиромашна, во минатиот животи, била љубезна, секогаш насмеана и мед и течел од устата, но била скржава и не им помагала на другите луѓе.



    Жената која е сиромашно, но е здрава и има долг живот во минатиот живот била многу скржава, но од друга страна никому не нанесла зло.



    Но жената која е богата но често е болна или има краток век во минатиот живот била многу дарежлива и им помагала на другите, но имала страст кон ловот и убивањето, со тоа предизвикувала другите луѓе да чувствуваат страв и несигурност во нејзина близина.“



    Со овие одговори ни се покажува дека се што правиме безразлика дали е добро или лошо на некој начин ќе се одрази врз нас.


    СТАВОТ НА ПОВЕЖЕТО НАУЧНИЦИ ШТО ЈА ПРОУЧУВААТ ОВАА ОБЛАСТ Е:
    Во светот милиони луѓе веруваат во законот на Кармата. Иако никој не ја разбира целосно и неможе точно да ја објасни многу филозофи веруваат дека без оглед на вистинитоста вербата во кармата е позитивна,бидејќи стравот од повратниот ефект ги одвраќа луѓето од лоши дела.
     
    eticka likes this.
  14. Perina

    Perina Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2013
    Messages:
    758
    Likes Received:
    321
    На кратко, да не се расплинувам, каква енергија праќаш, таква ти се враќа. ;)
     
    daylight likes this.
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2013
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Религиско учење од Далечниот Исток, само едно од многуте кои служат за заплашување со цел да се држат обичните луѓе под контрола. Ни малку вистинито.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Може и не мора да биде, како што веќе реков и во текот на овој живот многу причини почнуваат да дејствуваат. Треба да бидеме повнимателни кога велиме дека нечија доблест или и личност многу добро ја знаеме. Ние честопати и себе си не се познаваме доволно, а камо ли другите... На пр. дали ги познаваме мислите и чувствата на другите? Можеме ли јасно да ги видиме, во сета нивна длабочина и аспекти?
    Авторот на Фауст, писателот Гете и самиот верувал патем во реинкарнација, убаво што ја читаш, во неа има многу симболика.

    Инаку зошто не веруваш дека Фауст навистина постоел а велиш подолу, цитирам:
    Имено, што е разликата помеѓу Фауст и библијските приказни?
    Тогаш тоа и објаснува зошто се во таква положба. Можно е веќе во некој од претходниот живот да ја направиле таа грешка, во времето кога тој или некој од неговите соработници бил крал кон кого се однесувале како кон еден вид божество. Сега повторно се собираат заедно со сличен однос и околности за да препознаат дека таквиот став не е во ред.
    Знам дека не го измисли ти тоа, но знаеш ли зошто моментално функционира тоа така? Тоа не е првобитната природна состојба, и нема уште многу така да трае.
    Јајцето е нешто како птичја менструција. За да од снесеното јајце се испили пиле, меѓу останатото неопходно е петелот да ја оплодил најпрвин кокошката.

    Но има еден друг проблем за кој многумина луѓе не се свесни, а тоа дека кокошките честопати се држат во многу лоши услови(претесни кафези, од стрес си ги кубат перјата и тн.) а откако повеќе не можат да несат јајца, доколку преживеат до тогаш, ги носат на подвижна лента за колење и завршуваат на пазарот како супени коцки. Тоа делумно се решава со хумани еколошки живинарски фарми, каде кокошките се на отворено и потоа не ги убиваат но за да се задоволи енормната побарувачка на прехрамбената индустрија за жал многу кокоши го живуркаат својот живот како во првиот случај.
    Токму тоа е мојата поента, дека меѓу човештвото денес невини и нема на планетава! Кармата на човештвото сè повеќе доаѓа до израз преку разни судбински удари, природни катастрофи, и многу повеќе. Затоа реков, сите сме пирани... а би требало да тежнееме да станеме нешто поблагородно и помирољубиво - тогаш и планетата ќе може да почне да функционира поинаку.

    Постојат повеќе типа на вегетаријанци, (лакто-, оволакто, вегани и фрутаријанци или терани)
    На пр. веганите не јадат јајца и не користат млеко и млечни производи токму поради условите под кои се добива честопати млекото. Имено за да се задоволат потребите на млечната индустрија, кравата мора постојано да биде бремена, а откако ќе се породи, доколку телето е машко по неколку месеци држење во крајно мизерни услови се предава на колење. Кравата откако биолошки повеќе не е е способна да дава млеко исто оди на колење.
    Хиндусите умеат да постават прашање, како можете да колете крави кога тие како мајки ви даруваат млеко? Зарем откако ќе пораснете би сте ја заклале сопствената мајка бидејќи повеќе не ве дои?

    Потоа имаш терани или фрутаријанци, кои тргнуваат од тоа дека и растенијата чувтсвуваат болка и поради тоа не ги убиваат, туку ги јадат само плодовите кои природата доброволно ги дарува, без да се убие растението.
    Евангелија има многу, и само дел од нив се во Библијата. Како што вели самиот збор Библија (Книги) тоа е збирка од книги. Некои книги биле вклучени во таа компилација, некои не. Освен тоа дури и во Библијата има траги кои укажуваат на тоа дека дел од тогашните луѓе верувале во реинкарнацијата. Тоа што црковните теолози ги толкуваат поинаку тие делови тоа е друга приказна.
    Ниту најмалку! Напротив, јас ги пофалив твоите прашања. Освен тоа јас не се идентифицирам со учењето за карма па за да може нечие согласување или одбивање да ми ги повреди чувствата. Јас имам верувања, но јас не сум моето верување. :)
    Не мораш ништо ако не сакаш - но таму би можела да најдеш одговори намногу нешта. Патем не те разбирам на какви верски пропаганди мислиш? И зошто ја спомна претходно Библијата? Тоа не ли е верска пропаганда?
    Е тука навистина ме збуни... која е таа секта на Дејлајт, што значи да се биде „во сектата„? Како се влегува во неа, има врата некоја??? :rofl:
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    5,531
    Likes Received:
    34,908
    Е арно не ве мрзи толку да реплицирате...Инаку, според мене кармата баш е bitch slap :lol:
     
    Hipica likes this.
  18. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Joined:
    Sep 16, 2013
    Messages:
    531
    Likes Received:
    150
    Јас верувам, и гледам дека навистина постои имам и еден куп примери од луге што лично ги знам. Имаше во основно еден психопат што сите ги тепаше и мразеше и на крај го претепаа едвај во живот го вратија, потоа на неколку мој бивши им се врати најлошо...Се надевам ќе се врати и уште на некои што го заслужуваат тоа :lol:
     
  19. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    578
    Каква карма бре.. толку глупости ми имаат направено, па ене ги стопати посреќни се од мене. Влакно не им фали. Не постои карма. ;)
     
    hrcace and Azriel1 like this.
  20. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Значи викаш сами се криви, м? Сите болни од рак се во суштина некогашни или можеби некаде во нив длабоко актуелни зли души :| Понехумана и побесмислена теорија мислам дека не сум сретнала.
    Каков став имаш за психичките болести како пироманија, клептоманија, шизофренија ме интересира?
    Јас можам. Мене доволно ми зборуваат постапките на секој човек. Ај сега црното прави го бело, а белото црно.


    Не разговараш со верник инаку, гледам си се збунил нешто. Твоите приказни не се ништо поразлични од наведените.

    |(
    Ако е тоа целта, тогаш бадијала зашто нема да препознаат, не се надевај.

    Таква е откако постои светот (и да ги нема луѓето пак ќе постојат предатори и жртви во природата), таква ќе биде додека не престане да постои, а кога ќе биде тоа никој не знае. Се знае само дека нема да биде за скоро. Науката така вели.

    Птиците немаат менструација. Тоа може да се нарече овулација. Нив ги држат настрана од петлите за јајцето да не биде оплодено ама и тоа му иде како спречување на млади пилиња да дојдат во живот за ти да внесуваш белковини во организмот :?:


    Надежта последна умира, ама ќе морам да те разочарам. Откако постои пишана историја човекот по природа си е ист (само денес се однесува малку поглупо) и истите типови на луѓе ги има од секогаш. Да имаше карма тоа се ќе се исчистеше или ќе се отплатеше досега.

    Ти како да не знаеш дека месото и млекото се неопходни за правилен раст и развој на едно дете. Јас не сакам да навлегувам во лични детали, ама кога бев мала бев во таква ситуација што бев од лекари советувана дека МОРАМ да го покачам внесот на месо. А месо воопшто не сакав да помирисам пред тоа. Мене жал ми е за тие животни, ама отсекогаш е така. Да не се жртви на човекот, ќе бидат на волкот.

    Оние истите што имаат налудничави обичаи, како палење на живи вдовици? :?:

    Овие се супер, тоа се го сфатиле, ама не може да се живее само од овошје за жал.

    Никаде не пишува за реинкарнација. Жал ми е ама тоа е. Исто како мене нешто да не ми се допаѓа и да си правам толкување по мој терк а тоа да нема врска со вистинското толкување.

    Но се идентификуваш со учењето на извесната пророчица Габриеле која ја вклучува и кармата во истото тоа учење, така?

    Па црква не сте, како да ве наречам, заедница исто не знам дали има слична во Р.М. Не мислев да те навредам, секта според мене не е некоја навреда :?: Секти има разни.