1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карнофобија - страв од фаќање месо

Дискусија во 'Психологија' започната од AhThatFemaleProblems, 2 јуни 2011.

  1. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Е уште за ова немав слушнато дека постои, а уште помалку дека баш јас го имам...
    После гуглање, сфатив дека не сум само јас и дека има уште еден кош други луѓе низ светов (многу нормално, никој не е единствен во нешто..).
    Всушност, открив пред некое време, кога требаше да готвам месо. До тогаш, не сум имала проблем со тоа, затоа што мајка ми готвела, јас во животот живо месо не сум фатила, но од мала памтам дека никогаш не ми беше пријатно во месарници и секогаш чекав пред месарницата доколку некој од моите (или за мај на пример другари/ки) треба да купат месо, затоа што грдо ми мириса, а и језиво ми е за гледање живо месо.
    Не сум веган, а многу сакам животни, вкусно ми е да го јадам, но не и да го фаќам.
    Пред некое време, кога прв пат стапив во контакт онака директно на моја рака со живо месо, ме фати толку голема паника, што го фрлив парчето на земја, а следниот пат кога се обидов, со ракавици, ми се слоши и почнав да плачам ненадејно, затоа што не можев да поднесам да гледам како течи крв од месото, а имам пробано и со мелено, но тоа ми е уште погнасно, затоа што ми изгледа како црвчиња.. Во врска со последново, не можам да го припремам (со кромид, бибер и слично), т.е да го „измесам“, а пак да правам плескавици од готово немам проблем, оти не го гледам како форма на месо, туку баш како плескавици.
    По истражувањето што го спроведив на нет, сфатив дека најверојатно ми е останата траума од детство, кога сум гледала како се колат животни (вина на баба ми и дедо ми). Исто така, чувавме зајачиња во двор, а бев сведок кога дедо ми ги колеше.. и сето тоа ми се има врзано в глава...
    Ме интересира дали уште некој член на форумов има слично искуство, т.е ваков страв..?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Абе гнасно е кога ќе помислиш дека во рака имаш парче од некое животно, ама па не гледај така на тоа. Гледај на месото како на патлиџан на пример :)

    Инаку не е чудно ништо, има различни фобии. Фобија од луѓе, од вода, од млеко, месо сирење...од се'.
    Ама мислам дека можеш да го надминеш стравот, месото нема да те изеде, ти ќе го изедеш :lol:
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Интересна работа е ова, поготово дека се пронаоѓам овде.
    Не сум знаела дека и ова имало име, ама ете на форумов ќе откриеш многу работи . :)
    Да фаќам живо месо не ми е страв, туку ми е језиво, гадно и се ежам .
    Можам само пилешко и тоа онака само ако морам (дека него го јадам) друго нема шанси, не дека сум имала можност да спремам месо, ама кога треба да префатам или да помогнам нема шанси да го фатам, јагнешко, свинско, телешко и тако даље не можам да гледам, да им ја поднесам миризбата па не да ги фаќам.
    Испаѓа дека само пилешко можам, ау риба неспржена или неиспечена исто не можам да фатам, језиво ми е брррр, лизгава, мазна ко жаба, викам чуден карактер сум.
    Тоа в рака мува не можам да чувам повеќе од 3 секунди, а не е животно :D
    Можда и мене ми е од траума, кога гледам како ги колеа свинчињата и ми се има врежано тоа во глава, крвта и гадно ми е . :puke:
    Си викам само ко ќе треба да спремам како ќе го правам (за тие што јадат, не за мене) веројатно со некои специјални нараквици или со држалки ќе го фаќам, јадна ја :D тешко на тој што ќе побара да му направам месо
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.748
    Не дека имам страв, ама мачно ми е да фаќам месо. Најголема казна ми е да влезам во месарница, мирисот не можам да го поднесам. Ама се терам некако.

    А за јадење... никаков проблем немам :D
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не ми е страв, но језиво е признавам. И јас не сакам да влегувам во месарница, не само што мирисот е неподнослив, туку и грозно ми е да гледам. Инаку за јадење и јас немам проблеми.
    Мислам дека можеш да ја надминеш оваа фобија, или барем да ја потиснеш, ако самата се убедиш и си свесна дека тоа не е ништо страшно.
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не ми е страв туку ми е жал за животинчето :lol: :lol:
     
  7. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Уф... добро е, ми олеснавте малку :)
    И мене ми е проблемот во тоа што ми е језиво, не ми е страв, а не ми е ни гадно да јадам месо, арно ама нема шанси да го подготвувам..
    Еве сега живеам со дечкото и дојдов до тој стадиум да треба јас да направам нешто и нема шанси! Ставив и ракавици (од оние дебелите за хемикалии :) ) арно ама ништо не помага ни во тој случај, затоа што ќе ми текни што држам в рака и ко ќе треба да го исечам - ГОТОВО! ми иди да припаднам, ми се плачи, ме облева така ладна пот.. многу ми е грдо. Сета среќа дечково некако помага во тој дел, ме разбира фала му на бога, па тој го прави тој дел од процесот :)
    Интересно е што, на пример пилешки стек, ако е на исечкани парчиња, и доколку јас ги поховам, немам гајле да ги фаќам со „гола рака“, а тоа е најверојатно затоа што не го гледам како форма на месо (исто како што кажав и за плескавиците) тоа се пилешки прсти и не е месо и точка! :) така некако си мислам ваљда и затоа не ми е језиво од тоа. Ама онакво големо парче црвено свинско или телешко или (не дај боже) само што сомелено неизмесено месо (такво ко црвчиња), готово, можам да паднам од паника во истиот момент штом го фатам!
    И по интернет го велат истото, пробај да мислиш дека не фаќаш месо и дека е нешто друго, ама во секој случај, дури и да си викам така, мислам дека тоа не би ми помогнало ко ќе го пресечам и ко ќе видам дека течи крв или тоа течноста црвена шо и да е останато, шо ќе се убедувам? „Ај сечам цвекло, не е тоа месо“. Не можам! Џабе е така...
    И на крајот на краиштата, си решив да не си се секирам јас многу многу за тоа, имам дечко-месождерач, па ако сака да му зготвам месо, ќе мора да си го „заколи“ сам :) Останатиот дел (поголемиот) што не ми е проблем, со или без ракавици, ќе го средам. Ама тоа сечењето - нема шанси.
    Summa summarum, испаѓа дека сепак, најголем удел во целата оваа работа имаат траумите од детството... никогаш не би дозволила мое дете да го гледа тоа што јас го имам гледано (не дека моите ме терале на тоа, но како мала ваљда не сум обратила толку внимание дека не ми е пријатно тоа за гледање и не сум им кажала нив што сум видела, или што ме натерале да видам баба ми и дедо ми... демек за да не ми било страв то се праело, госпо да чува, старски муабети). Тоа е тоа...
     
  8. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    хахах се пронаоѓам и јас овде, јас не јадам никакво месо освен пилешки стек друго ништо и се што е од месо(паштети салами....) и мене ми е многу гнас да гледам зиво месо нути ја поднесувам неговата миризба осебено на свинското :envy: мајка ми секогаш ми вели кога ке сум се мазела се ке сум готвела хахах не ми се верува стварно значи от ништо не ми толко гнас колко од месо :puke: :lol:
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Јас го имам истиот проблем. Се ежам кога држам живо месо во раце и ми доаѓа нагон да повратам.
    Купуваме месо од Веро бидејки немам доверба во ниту една месарница во мојот град и го смрзнувам. Во Веро ми го сечат како ке им кажам па дома само го ставам во кеси. Кога подготвувам јадење не чекам да се одмрзне месото комплет туку го сечам дури е уште тврдо. Зависно од јадењето што го спремам, некогаш треба да се одмрзне. Во тие случаи убаво го мијам за да не ми мириса, се трудам да размислувам на други теми и механички го подготвувам. Не го поднесувам мирисот дури се вари месото :puke:

    Кога сме кај невообичаени фобии, моја пријателка има фобија од скали и ескалатори. Девојката живее на приземје и доживува сломови кога треба да оди на шопинг во трговските центри.
     
  10. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    хмм.. не ми е јасно зошто темава е преместена во диети.. :worried: сега забележав.. некако не ми се совпаѓа овде.. повеќе го разбирам ова како психолошки проблем.. ама нема врска :)

    Инаку како новост, вчера успеав да подготвам пилешко, фаќајќи го пола-пола :)) со ракавици и делумно со гола рака... со 300 маки успеав вториов дел да го извршам, ама најверојатно ми успеа пошто слушав нешто на тв, и некако ми се тргна умот од месото... појма немам :worried: ваљда треба да се мисли на нешто друго колку што можиш повеќе (и да се пази да не се исечеш :) )
     
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мене не ми се допаѓа мирисот и лигаво е... Инаку нешто да ми се лоши или да ми е премногу грозно па да го испуштам не... Само гледај на тоа како да е вкусна плескавица (ако јадеш) :)
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ау незнаев дека постои и ваков облик на фобија и еве јас сум ја имала како дете па и сега, не сум можела да видам месарница како и обесеното место, а да не кажувам за мирисот и секогаш сум стоела надвор како и ден денешен, само што не се гадам толку многу, значи намалена ми е фобијава но се уште присутна.

    да пипнам месо не никогаш ни животинско.
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Имајќи во предвид колку ждерам месо, јас обожав да држам месо во рака, па и да го припремам за шницли или од мелено да правам плескавици или пак стек да го валкам во презла за после истиот да го поховам...Мммммм....Рибата сама ја чистам, ја отварам, вадам све и после крлушките и ги чистам, ја мијам, ја маринирам и спремна е за печење или пржење... :$
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Прв пат слушам дека постои ваков вид на фобија :$ :$
    Како и да е, да може гад ми е на почеток само ама после коа ќе ми текне што ќе јадам...заборавам на гадењето :D
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И мене ми е многу језиво да фаќам живо месо.

    Не ми е страв за страв , некако ми е гнас ,морници ме полазуваат и ни на крај памет не ми паќа да фатам , како што велиш ти ,особено риба жива.

    Боже сачувај ,има цревата да си ги истурам !

    Дечко ми ,пак ,ужива во тоа .Многу често знае да му текне во 2 навечер да си одмрзнува копани и да ги пече на скара ,дури со сиот мерак ги јаде уште крвави . Мене гнас ми е да го гледам !

    Од друштвово сите знаат дека ми е језа од тоа и штом се укаже некоја прилика за скари ,ова она, се заебаваат демек јас ќе сум ја спремала :puke:


    Којзнае со што ќе си ги хранам децата !
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Е да ви кажам и јас си имам ваков проблем. Не сакам да допирам ништо од поимот месо ако не е зготвено ( печено, пржено итн.). Многу ми е грозно и ме потсеќа на нешто лигаво. Можам да се замислам како готвам живо месо само со ракавици. Се надевам дека еден ден кога ќе имам семејство тој страв ќе исчезне, зошто дома ќе умрат за јадење :lol:
     
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Ајде не сум знаела дека постои вакво нешто :o :rofl: :rofl: Абе и јас си имам таков проблем.Не дека ми е страв да фаќам живо месо,туку кај мене проблемов е друго.Ептен ми е гадно кога ќе видам живо месо и дури језиво ми е да го фаќам кога ќе видам па уште крв на него :puke: :puke: :puke: Со самото допирање на месото се гадам,од тоа што се лигави.Абе гадно е гадно :puke:
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Хм :^) не знаев дека постои и ваква фобија,но има се нели? Немам фобија од фаќање на месо,но кога бев помала,а некогаш и сега не можев да влезам во месарница,ми се гадеше,не можев да ја поднесам миризбата и крвта на месото,па си седев надвор. Ко бев мала имавме јагне кое што многу си го засакав и кога го заколија моите јас бев многу тажна и се згрозив од целата ситуација,па ваљда од таму и одбивноста за месо,односно да не можам да гледам живо и со крв :x :puke:
     
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.423
    Јас не знам дали спаѓам во оваа група ама не можам да чистам риба или кокошка од овие што се за во рерна пилињата(нели пред да ги ставиш на печење треба да се проверат да не има уште нешто за дочистување).Од живо месо не ми е гад да факам,а како мала ми беше.Ама тоа со рибите не можам да го надминам.Да треба јас да ја распорам и да ја исчистам внатре мислам целата се грчам од гад и ми иде да :puke: .
     
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Мене не ми е страв, али како што сум животињарка одма почувам да се ежам , натажувам и слично. Језиво ми е и морбидно кога ке помислам дека предходно тоа мрдало , брр :doh: