Катастрофални пожари во Австралија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од prominent, 5 јануари 2020.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    47.713
    Не верувам дека има некој до кого не допреа апокалиптичите слики од Австралија.
    Јас не можев да се воздржам и да не се расплачам.

    Но постојаното повторување на Pray for Australia (или pray for што-и-да-е) ми е непотребно и иритирачко дури.

    Кажете како може да помогнеме конкретно.

    Можеби си мислиме дека ние како поединци не можеме ништо, поголемите, помоќните ќе помогнат.
    Но мора да има начин.

    Има ли начин да се донира барем?
     
    На Disconnected_, zolev, JollyGirl и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Ептен жално..греота животинките.
    Секое лето има пожари али волку сериозно не памтам дека било..
    Нема што да се донира срцка, џабе донации кога отприлика 500 милиони животинчиња умреле.Едино финснсии за обнова на флората и фауната.. ;( не можам бе :u:
    Како може секое лето да има волкави пожари таму :?: па пази ли народон.Знааат дека имаат тешки лета :worried:
     
    На Disconnected_, H.VAGA, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    47.713
    @Feminka22, тоа што е изгубено е изгубено, за жал кутрите животинчиња си отидоа, невини душички што најмалку имаат вина за што било.

    Да, мислев донации за обнова, помош за пожарникарите и спасувачите, што и да е. Ако најдете некаков линк/информација, постирајте го тука.
     
    На Disconnected_, candy.cane, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.141
    Допаѓања:
    141.845
    Не можат луѓе да ги изгаснат пожариве.
    Исто како што не можат да запрат земјотрес, или цунами.
    Елементарна непогода е ова.

    Видете на фотографијава од сателит.
    Вулкан се гаси ли со вода?

    Австралија.jpg

    За да запре пожарот треба да паднат температурите и да врни пороен дожд со денови...
    Ако не и недели.

    Си играме играчки со децении..
    Пустиме се' што е за пустење, и после се чудиме оти планетата 'се однесува' вака.
    Физика.. акција и рекција.
    Просто.
     
    На happygirl, Brinetka, Disconnected_ и 41 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    34.036
    Пол:
    Женски
    ^
    Прочитав дека имало некои најави за дожд, некаде заврнало но не е доволно.
    Башка кај нив сега летото почнува....
    Жално премногу, пола милијарда животни изгореле, меѓу нив кенгури и коали.. ;(
    Небото црвено, воздухот премногу загаден, температури над 40 и преку ноќ. Ептен страшно.

    Посакувам да можеше некако да помогниме ние од овде. Од thoughts and prayers не се живее и не функционира тоа.
     
    На Disconnected_, JollyGirl, theowndemon и 19 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.141
    Допаѓања:
    141.845
    То посебно ме нервира
    Тхотс енд преарс.
    Купувај од вишок, фрлај ѓубре од вишок, гори го ѓубрето, фрлај кај шо ќе ти прдни, не ставај катализатор на ауспухот, не ставај филтер на оџакот...
    И после тхотс енд преарс.
    Лицемерие до даска!
     
    На happygirl, M&M, Esmeralda-MD и 16 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    22.395
    Пол:
    Женски
    Официјално бројот на коали се редуцирал за околу 30%. Многу се бавни и не можат да избегаат од огнот, прават се за да ги спасат, ама огромна бројка е изгубена на животно кое и онака е на раб на изумирање. Читам сега и јас, ужасно е во Австралија.

    Многу фактори се во прашање, се погодија ужасни услови, суша, нема дождови и многу ветровито време кое уште толку ја влошува состојбата. Плус заради климатските промени зголемена е температурата на Земјата за околу 2 степени, некни рекорд се скршил од 41.9 степени :o

    Гледав документарка сега за тоа како влијае климатската промена, како се шири огнот и што се прави за да се спречи, претажни се снимките, не ни можев да догледам до крај. Читав и за тоа дека Австралија е еден од најголемите загадувачи и дека ништо не се превзема околу тоа.

    Излегува премиеров на конференција (си беше на Хаваи господинот па откако доби силни критики му текна да се врати), нормално негира дека има некаква одговорност, а под негово крило се затворилe неколку организации кои сакале да помогнат и давале конкретни предлози за највунерабилните локации. Немало проблеми ради загадување, тоа у главата на опозицијата било.

    Најкатастрофа е што експертиве викаат дека допрва следи најлошото, од самите огнени стихии и од самиот чад се довело до стварање на дополнителни облаци и се очекува да има нови громови кои ќе предизвикаат уште поголеми огнови. Не знам, не се разбирам баш од науката зад ова, ако знае некој попросто и постручно од мене нека објасни.

    Само знам дека we're fucked, сите стручњаци предупредуваат дека ова допрва ќе даде реперкусии врз планетава. Имате документарка ако сакате, ако имате нерви гледајте. Јас не можам.
     
    На happygirl, Disconnected_, JollyGirl и 37 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    104.045
    Пол:
    Женски
    Го гледав до некаде и не можев да догледам. Највеќе ми е за коалите.
     
    На candy.cane и KateKane им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.141
    Допаѓања:
    141.845
    Линк?
     
  10. KateKane

    KateKane Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    22.395
    Пол:
    Женски
    https://edition.cnn.com/2020/01/01/australia/australia-fires-explainer-intl-hnk-scli/index.html

    https://www.theguardian.com/austral...bushfire-hazard-reduction-on-australias-fires

    Ова е ситуацијата сеа. Подоле е општо за bushfires документарка, како ги гасат и како гори огнот, објаснето е убаво за како се шири, како во фронт, како во бочни делови и како ветрот, сушата и климатските промени делуваат.

    Дел 1
    Дел 2

    Редактирам, еве од што се плашат најмногу научниците, сликовито го најдов, тука најубаво се гледа што сакаат да кажат

    [​IMG]

    Фактички од новиве громови највише се плашат дека можат да ја влошат ситуацијата а и ветер има многу што го менува правецот на огнот, ако мени правец може да ги убие пожарникарите кои го гасат, затоа што не го гасат од напред бидејќи тоа било најопасна зона, туку од страна.

    Ова и јас колку што разбирам ќе повторам, ако знае некој постручно да каже нека пише и мене ме интересира.
     
    Последна измена: 5 јануари 2020
    На gjoker4e, Disconnected_, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    3.839
    Допаѓања:
    48.608
    Пол:
    Машки
    Еве конечно заврнало, се надевам ќе се смири ситуацијата. Срце ме боли кога гледам како страдаат кутрите животинки, поише ми е жал неголи за луѓето:|
    FB_IMG_1578241517083.jpg
     
    На Disconnected_, JollyGirl, emiliana и 23 други им се допаѓа ова.
  12. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.524
    Поради најпаметниот вид изумираат сите други видови.
     
    На Disconnected_, M&M, LiliBoz и 12 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.453
    Допаѓања:
    11.630
    Пол:
    Женски
    Ни криви ни дужни горат во пожарите. А, ние како најинтелегентни суштества си пуштаме бомби ваму таму. Оти тоа е многу побитно од смртта на овие невини душички...
     
    На Disconnected_, M&M, Cinnamon Bun и 7 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.141
    Допаѓања:
    141.845
    'најпаметниот'
     
    На Disconnected_, Cinnamon Bun, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    36.807
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги гледам сликите со изгорени животни,ми пукна срцето,премногу жално.
    Беспомошни се,немаат глас да побараат помош.
     
    На Disconnected_, M&M, Peperutce1115 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    47.713
    Фактот дека човекот е најинтелигентното од сите живи суштества, во никој случај не му дава за право да ја експлоатира планетата Земја како да му припаѓа само нему.

    Напротив, тоа што како луѓе сме најинтелигентни треба да ни даде способност за расудување. Што ја немаме. Зборувам генеално, секоја чест на некои ,,поосвестени''.

    Како најинтелигентни, треба да знаеме дека секое суштество и секое растение е подеднакво важно за одржување на еко-системот, секое на свој начин придонесува.

    И мене најмногу ми го кинат срцето сликите од настраданите животни, токму поради тоа што се безгласни и не можат да се заштитат. Човек, барем ќе викне, ќе каже што го боли, ќе бара помош јасно и гласно. Овие оставени на милост и немилост на природната стихија и на најголемиот угнетувач, човекот.
     
    На Disconnected_, Annora, emiliana и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    15.820
    Пол:
    Женски
    "Human development will destroy the planet at an unprecedented rate"

    Ова ми се врти низ глава кога ги гледам сликите.
    Жални, беспомошни, греота.
    А најбитно од се, невини.
     
    На Disconnected_, M&M, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    22.395
    Пол:
    Женски
    25 жртви.
    8.000 коали.
    500 милиони животни.
    1400 домови опожарени.
    5.5 милиони хектари земја изгорени.
    Над 10 милиони луѓе изложени на токсичен чад.

    А две слики особено в срце ме погодија, не знам ни зошто седам и зошто гледам - нема да можам да се оправам после.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На JollyGirl, M&M, Peperutce1115 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    16.751
    Сѐ сте кажале, само кратко ќе се надоврзам.
    Експертите тврдат дека пожарот ќе беснее уште минимум седум дена. За наредната седмица рачунајте дека бар уште една третина ќе изгори од веќе опожарената површина.

    Дефакто се спасени многу човечки животи, ама исто така стои и тоа дека не се ангажираа доволно за животинскиот свет. Дали поради тесната временска рамка или ограниченоста на ресурси во фондот за заштита на животна средина, не знам. Но, дефинитивно врвот треба да сноси одговорност од Австралиската Влада.

    Патем, во животинскиот свет не спаѓаат само коалите и гризли мечките, туку и елените, срните, зајците и другите диви животни, како и одредени видови ретки птици.

    Австралија е земја која изобилува чистота на еколошко ниво, па така и богата флора и фауна благодарение на поволната клима и почва. (Трета или четврто место носи на еко - план). Сето тоа веќе го нема, срамнето е со пепел благодарение на ебената индустријализација. Сѐ поради проклетството на глобалните макро компании и несразмерната распределба на биолошки отпад како секундарен фактор.

    Да не зборуваме каков импакт ќе имаат температурните оксилации на глобално ниво и загаденоста на воздухот. Не сакам да почнам да пишувам на оваа тема, преопширна е. Само ќе кажам дека најмалку треба да се грижиме за озонот сега, а многу повеќе за земјеното јадро.
     
    Последна измена: 5 јануари 2020
    На buba4e89, Disconnected_, Annora и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.579
    Јас сум во редовен контакт со луѓе од Нов Зеланд и вчера и денес, Окланд осамна портокалов од чадот од Австралија. Се фрапирав од сликите.

    Растојанието од пожарите до Окланд е колку од Лондон до Москва.

    Патем, Австралијанците се свесни дека имаат голема опасност од пожари. Еве и @bittersweet ќе каже (се надевам сте добро) дека редовно се зборува за тоа.

    Проблемот, бар од тоа што јас видов покрај високите температури, е дека нема доволно пожарникари (75% се волонтери и се платени од донации) и не е направено многу околу превенција на шумски пожари годинава. Премиерот укинал добар дел од субвенциите за пожарникари. Има на ББЦ и на ЦНН многу добри статии, експерти објаснуваат што се прави за превенција. Пример, се копаат ровови, се чисти вегетација, има и намерно спалување ако има идеални услови, итн. Директен и индиректен начин за справување.

    Се зачитав и неколку conspiracy theories дека ова е намерно спалување, за да се очисти рурален терен за правење на нови смарт мега-градови. Затоа демек, си свиркале од владата.

    Кој ги знае. Ама ми мириса на оставка.

    Луѓето во Малакота греота. А кенгурчињата и коалчињата.... не знам, страшно.
     
    На happygirl, M&M, daylight и 17 други им се допаѓа ова.