1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофални пожари во Австралија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од prominent, 5 јануари 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    За жал, нормално е во природата и вакви непогоди да се појавуваат, од тип на пожари, земјотреси, торнада...
    Е сега, тоа што се шират пожариве во волкави размери мислам, исто како вас, дека е благодарение само на нас, ние сме тие кои ги влошуваме условите на планетава, па сѐ што се случува има поголеми шанси да биде катастрофално.
    Спомнувавте ќеси, јадење месо, ова, она...прво, потполно во право сте дека секој треба да си се освести и да живее поеколошки да речеме, ама од друга страна, тоа се премногу спори и мали акции во споредба на пример, колку пластика се произведува или колку индустриите придонесуваат за целокупното загадување. Да го додадеме и фактот дека сме повеќе од 7 милијарди луѓе на Земјава.
    Се работи за години и години постепено уништување на природата, за ние да ги имаме удобностите во кои живееме денес и за некој да плива во богатство.Ако не сакаме да придонесувате за загадување, подобро во шума да се преселиме, ама да носиме платнени кеси во маркет и да мислиме дека го спасуваме светот е само залажување.
    Тоа што ѝ треба на природата е одмор од нашиот вид.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Еми ај да умриме ко така. |(

    Целта е да најдеме начин за коегзистирање со планетата, еко системот и сите живи суштества.
     
    На Feminka22, Glasna, Disconnected_ и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Епа ај и јас го мислам тоа, треба радикални мерки ако сакаме во брзо време да подобриме нешто, ама дали на некој што е на врвот повеќе му одговара да оствари огромни заработки или да се загрижи за животните?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Мислам дека веќе им станува јасно на сите, до кај е појдена работава.
    Профит ги интересира, ама повеќето од нив, не би сакале нивните идни поколенија да бидат мртви (и воопшто да не се родат), и цело богатство кое го акумулирале да биде залудно.
     
  5. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не можам веќе да гледам вакви работи..се е од човекот и човекот ќе ја уништи оваа планета! Само ми е жал за тие кутри животинки и ништо повеќе.
    И да, многу убаво ни тргна 2020..алал
     
    На Feminka22, темјанушка, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Тешко тоа, премногу сме себични како вид. Сметаме дека природата е тука да ни служи нас, ништо не правиме да возвратиме за тоа. Затоа и ќе изумреме, сакале ние или не. Човештвото само себе ќе се уништи, оти си го уништивме местото на живеење поради себичноста.
     
    На темјанушка, Amellie13, Disconnected_ и 8 други им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Да се самоцитирaм. Australiazoo се потпишани на инстаграм. Луѓево ми се знак дека и не е се толку црно. Иако 90.000 се многу малку во споредба со пола милијарда.
    Срцево ми се кине. Зошто невини патат? Овие животни имаат големо значење во екосистемот, ние како вид само штети правиме. Пластичните ќеси се 0 во споредба со нуклеарните бомби што ги правиме и радијацијата што ја ослободуваат. Се за пусти пари.
     
    На темјанушка, La.loca, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Во Австралија не се овие први пожари а за жал нема да бидаат ни последни, само овој пат што има огромна медиумска покриеност, 2009 година имаше и бетер пожари со 189 жртви ама тогаш никој не прејуваше за Австралија.

    Владата прави доволно за ситуацијата, оставки нема да има, само што имаше избори пред некој месец, не може Премиерот да биде одговорен за пожарите, нит ги почнал, нит може да ги контролира.

    Сушата, високите температури, менување на правец на ветерот и пожарите не можат да се контролираат а овде се гори за секунда, дрвата се шупливи од пикавец неизгасен може да се запали, во Европа дрвата не се палаат така лесно, а еве ги температурите од прошлата недела., асфалтот се топеше.
    E358CA2B-0728-43C6-BE5F-899FE9540BCA.jpeg
    9EB54B87-9A45-412C-AFE3-CAAD7E1DB4A8.jpeg

    Тој ден кај што сме сега со мм и децата во Аделајд 15.000 лилјаци умреа од жешкото и преку 10.000 птици ама не беше тоа интересна медиумска вест.

    Во conspiracy theories не верувам, ако сакала владата да гради меѓа градови ќе ги исплатела луѓето и ќе си градела, ровови не можат да се копаат, тоа ти е како двапати да ја извртиш Белгија површината што гори во моментов.

    Од секогаш тука имало total fire ban, чим дојде температурата до 34 степени, пикавец запален ако фрлиш од кола во нормални денови е $5000 а кога е total fire ban е $120.000 затоа што толку треба за да пламне оганот.

    Многу животни изумреа затоа што луѓето од фармите бегаа а не можат да ги носат и животните со нив а на секоја фарма по 30-40.000 глави н стока, жалосно ама што да им прават на животните.

    Во Малакота беа сите обавестени по телефон да се евакуираат на плажата зашто главниот излез од гратчето гореше, морнарицата ги пренесе сите на сигурно, исто и од Kangaroo Island.

    Проблемот со пожарникарите не е во тоа дали им се укинале субвенциите, тие ионака се на доброволна основа туку во недоволниот број, паѓаат од изнемоштеност и повторно место да прејуваат за Австралија нека праќаат пожарникари, мада има доволно што самоволно доаѓаат ама требаше државите да испратат.
    Сите сега што работат во било каков контекст за пожарите се на доброволна основа, сите собираат средства, храна, вода, не се оставени сами на себе луѓето, не се чека тука на владата, народот сам си се организира.

    @Ava.84 не само што се жртвуваат пожарникарите за да спасуваат луѓе туку тоа и без пари го праваат, на волонтерска основа, 4 ца од жртвите се пожарникари.
     

    Прикачени фајлови:

    На galapce, piglet1, happygirl и 27 други им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    32.625
    Пол:
    Женски
    @bittersweet нормално е дека има доброволци тоа е инстинкт.Секој кој би видел луѓе во неволја би гледал да помогне-инстинктивно.Знам прочитав дека нема пожарникари и затоа велам парите ќе помогнат ли во гасење.Треба луѓе да се праќаат за помош.Многу е жално што нема да биде крај.Знам дека и постојано гори Австралија од топлото.Се потопло доаѓа со се повеќе суши.Штом ова лето германците воведоа рестрикција на вода заради немање на дожд, а сите знаеме дека Германија има вода, за Австралија која е пола од територијата пустина што да збориме.Бар помогна ли малку дождот?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ова од вулкан ли е предизвикано? Јас подзачув ама не сум многу упатена. Денес на фејсбук погледнав слики дела дури од вселената се гледал пожарот. Се фрапирав.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    многу си во право штета за (не)свеста на луѓето моментално. Се чудам во Германија функционираат со одделување на отпадот. Братучед на мм со цела фамилија не таму преселен. Вика жена му абе кај смееш да помешаш стакло со хартија. Пластични шишиња на кока кола ги враќаат во маркет и земаат нови. Инаку не смееш да купиш ако не однесеш шише. А ние ем кајгоде фрламе се и сешто што на крај и комуналниата хигиена го носи отпадот во депонија која завршува со спалување ем со фламе нешто и надвор од контејнери каде локално загадуваме.
    Реките пресушени место вода тече пластика и отпаден материјал. Кај нас најголема жалност е што шумите сами и намерно ги палиме. Јас сум изненадена од тоа што сум чула. Ама назад ни е. Верувајте.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Немој толку дефетистички.
    Ќе не биде...
    Не сите, и не сега, ама ќе не биде како врста :lol:
    Не бре, пожарот е.
    Само го споредив со вулкан.
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Или сама се тешиш дека ништо не правиш лошо или толку имаш перде пред очи, тоа е страшно.
    Прво. Нормално е да се дешаваат природни непогоди и пожарите се природни непогоди кога се природни. За твоја информација во моментов се апсат луѓе кои намерно подметнале пожар во Австралија.
    За тоа колку може да влијае секој од нас.
    Многу сте смешни кога се обидувате дс глумите спасители и дека треба некоја огромна жртва, не женска, не мора сите да одиме в шума и да живееме од печурки, тоа што не гледаш дека носењето платнена кеса прави промена реков е или твојата игнорантност да согледаш или ептен не си запознаена со проблемов.
    Ко што рече скоро 8 милијарди сме. Свесна си колку милијарди кеси се тоа во денот? Да може твоите 3 кеси дневно немаше да прават разлика, ако живееше сама на планетава, да.
    Знаеш дека јадењето месо создава повеќе загадување од колку сите коли, камиони и авиони заедно? Дека еднаш во неделата да не јадеш месо, значи зборам 6 пати да јадеш, сите тоа да го правиме се проценува дека 600 милиони луѓе би имале вода за пиење. Ама не, ние сакаме екстрема, нешто во секундата да се случи и да е се подобро, немој да бидите при здрави очи слепи, од тебе не се бара да правиш се', од тебе и од секого се бара секој својот дел да си го прави. Ти си таа која се залажуваш, или многу ти е удобно во животот или стварно не читаш не знам што да кажам...
     
    На green.eyes, Sejfullai и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме изнервира еден статус или што и да беше во смисла да имало пожар во небитна земја сега Македонците ќе се "убиеле" од молење , а сега во Австралија има 400.000 Македонци и никој од Македонија не се молел. Уживајте во празниците па ќе се молите кога треба да го покажете лицемерието... :|

    Хммм...што?

    :^) (facepalm)
    Пошто нели молитва ќе помогне.
    Треба сите Македонци масовно да се молат за да запрат пожарите инаку ништо...лицемерни сте.

    Убаво е да се моли и верува во нешто, ама не да се претерува со вакви објави,туку секоја граница е помината.
    Ако може парично да помогне некој човек или држава што сака и има средства арно, ако не, тоа е тоа.
    Природата може најмногу да помогне со постојан дожд, а молитви и верби се лична работа.
     
    На Amellie13, ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    На dayla и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. kukidi

    kukidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Koga kje ima svetska vojna a blisku sme lugjeto kje go platat celo ova zlo i materijalizam. Za zhal pak kje nastradaat nedolzhni.
     
    На hardtodealwith му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Најпрво, убаво кажав дека сите сме заслужни затоа што сите имаме удел во загадување, индиректно или директно, а себе си не се исклучувам.
    За фактот дека се апсат луѓе, фала ти, но веќе прочитав.
    За сите други работи кои ми ги напомена, исто така фала ти но и со тие сум запознаена затоа што не си се тешам дека сѐ е супер туку гледам да се информирам и го правам тоа.
    Е сеа кога пак спомна пластични ќеси( btw и јас си носам платнени во маркет)да те потсетам на уште нешто: пола од работите што ги купуваш се спакувани во пластична амбалажа или од мешани материјали кои не ни можат да се рециклираат.Потоа, ќе користиш уште мал милион продукти во домот кои се направени од пластика, на работа исто така, и погоди што, не ни можеш да ги исфрлиш од употреба затоа што ти се неопходни во секојдневието.Пример, компјутер користиш, одиш во кафич и ти даваат пластични лажици, цефки, улошките кои ги користиш исто така не се биоразградливи, шампоните се во пластични опаковки, козметиката итн.

    Преплавени сме во пластики и тоа што треба да се прави е да се носат закони да се банираат одредени пластични продукти и да се намали нивното производство, а не да се префрла вината на обичниот човек кој нема избор туку да ги користи зашто му се неопходни.Тоа е исто ко на пример, одиш на протест за загаден воздух, а секој ден идеш со кола на работа, но живееш далеку и си приморам а не си крив што колата ти работи на гориво и придонесува за загадување.

    Океј, ти нема да јадеш месо,ќе намалиш употреба на пластика, ќе возиш точак и можеби ќе си шиеш сама облека(и облеката која ја носиме придонесува за загадување),а што правиме со сите други, наеднаш магично ќе се едуцираат и ќе престанат да јадат месо а месната индустрија ќе пропадне?Повеќето луѓе не само што не се информирани туку баш им е гајле и за да се промени колективната свест и сите да бараат промени е потребно премногу време.Особено во помалку развиени земји и места кои немаат допир со актуелни проблеми , оди те молам таму едуцирај ги.

    Уште еднаш ќе кажам, сум за индвидуалниот активизмот, секако никому не штети, но не е доволен и премногу мал наспроти целокупната активност која довела и доведува до ваква состојба на светот.Затоа реков дека е залажување, си мислиш дека живееш еколошки ама уствари со скоро сѐ придонесуваш за уништување на природата - едноставно така ни е моделиран модерниот живот.
    извинете за долгиот пост
     
    На темјанушка, Sejfullai, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се слагам со тебе. Треба да се забранат со закон како што се забранија во Франција пластилни лажички и чаши за една употреба, Не се слагам дека индивидуалниот активизам не е доволен.
     
    На CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    И заради тоа веројатно си заслужуваат да гори цела држава, тек па колку кенгури се отстрелуваат секоја сезона, сите луѓе нека изгорат сега зошто се толку бесчувствителни.
     
    На Feminka22, Dust и Sejfullai им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Каква врска има твојов коментар?!
    За мене е страшно ,одвратно и болно намерно убивање животни.
    Далеку догуравме како најинтелигентна врста.Тажно.


     
    На H.VAGA, темјанушка, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.