Катица Јанева поднесе оставка, уапсен Боки 13 (Ново: Изречени пресуди)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Asdasovski, 15 јули 2019.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.199
    Пол:
    Женски
    Како тргнало, ќе си бегаат Заеви за Аргентина.
     
    На Asdasovski му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Севернa Кoрејa :rofl:
     
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Да не излезе после "ви реков дека не ми е добро".
    Што побргу пропее, подобро за него. Којзнае што го лажеле до сега за да ќути. Можеби му светнала конечно сијаличката.
     
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ни таму нема да го збере.
     
  5. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    ВЕЧЕРВА ВО 21.00 НА ПЛУСИНФО КОИ СЕ ПЕТТЕ ЛУЃЕ БЛИСКИ НА ЗАЕВ КОИШТО ЈА МЕНАЏИРАЛЕ АФЕРАТА „РЕКЕТ“ ОД ВТОР ПЛАН? КОЈ ГО СОБИРАЛ КАЈМАКОТ? СЕ ЗНАЕ ЛИ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?, напиша главниот уредник на Плус Инфо, Бранко Героски.

    Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на најблиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава, напиша Героски.
     
  6. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Последна измена: 4 јануари 2020
    На sjdgo, Sofronko и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.602
    Допаѓања:
    140.340
    Овој Орданоски беше брат му што лапна 350 000 евра од фонд за иновации за иновација која веќе е измислена?
     
    На Asdasovski му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Дa брaт му е mindplumber нa твитер, пoсле тoa мислaм гo избришa прoфилoт незнaм дaли сеуште се чaтaли.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Screenshot_2020-01-04-23-13-23~2.png
    Сo сaмoтo тoa штo дoтичниoв се препoзнaвa вo прикaзнaвa кaжувa мнoгу, зaмисли oвие излегувaaт нa тв и гo кoнструирaaт јaвнoтo мислење нa нивните лoбoтoми.
    Трaгедијa у пм.
     
    Последна измена: 4 јануари 2020
    На sjdgo, Sofronko и Cka им се допаѓа ова.
  10. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    БОКИ 13 КАЖАЛ СЕ: Зоран Заев и Вице Заев директно вмешани во рекетот, парите им ги предал во Лептокарија

    Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа.


    Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа, открива Вечер.

    Јовановски како што кажа и за време на судењето имал многу што да каже поврзано за рекетот за кои вети дека ќе се дознае целата вистина. Катица Јанева беше пуштена во домашен притвор и се гони за за рекет од 50 илјади евра, а Зоран Милески Кичеец доби само 3 години затвор, Боки 13 сфати дека лично тој ќе биде гонет за милионот кој според неговото тврдење не завршил кај него и тој не го земал. Јовановски соочен со реалност се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.

    Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.

    За поткрепа на овие тврдења Боки 13 ја упатил обвинителката на поголем обем снимени аудио и видео материјали кои го потврдуваат неговиот исказ од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансиска полиција Арафат Мурати. Телефоните кои му биле одземени биле зклучени со шифри при што се појавил проблем за откривање на содржината. На овие состаноци со обвинителката Рускоска Боки 13 прифатил да ги даде шифрите за декодирање на телефоните и преземање на содржината од нив како докази.

    Исказот на Боки 13 од овие две средби кај обвинителката Вилма Рускоска е многу обемен, според наши сознанија има околу 30 страни. Се очекува обвинителката Вилма Рускоска да постапи по овие нови докази, а наскоро очекуваме и јавна потврда од Рускоска дека овие две сослушувања на обвинетиот Боки 13 се случиле, секако без детали кои би и штетеле на истрагата и понатамошниот процес пред судот. Досега овие два искази на Боки 13 беа тајна за јавноста.
     
  11. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
  12. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Бoки дo Ременски : нaпрaви кaтaстрoфa.

    Денеска во Кривичен суд беше објавена комуникацијата меѓу пратеничката Фросина Ременски и обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

    Првата комуникација ја оствариле на 24.12.2018 година, по што Ременски му вели дека нејзините информации велат дека Апелација ќе одлучи укинување на притворот на Орце, по што Јовановски вратил со: „Не“. Потоа му одговора дека наводно утре ќе одлучувале по жалба на Орце, да го провери.

    Следната комуникација е на 28.06.2019.

    Ременски: Антонио постави прашање во Собрание, слушај одговор…

    Јовановски: Што?

    Ременски: За Коки, сега одговора З.З, на трет канал МТВ

    Јовановски: Слушам, што одговори?

    Ременски: Бог да чува

    Јовановски: Уште прашува

    Ременски: COOL

    Јовановски: Он кажува дека има истрага цццц

    Јовановски: Направи катастрофа

    Ременски: ?
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.915
    Допаѓања:
    9.628
    Пол:
    Женски
    Абе овие од сериозни криминали и злоупотреби приватен спор напраја и мислат дека глумат во некоја серија
    Кој све се обвинители, судии, политиканти, бизнисмени и џет-сетери во оваа “држава“ дај нека не окупира Бугарија /Русија /Америка побрзо..... овакви глупаци да се фактор во едно општество чоечкото достоинство не можи да трпи појќе
     
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Седум години затвор за Катица Јанева, а 9 години за Бојан Јовановски за „Рекет“ (y)
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.382
    Пол:
    Женски
    Баш пред избори :)
     
    На tamche995, Rozich, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    9 години за рекет, 3 години за убиецот на детето у Ново Лисиче. Животе варалицо
     
    На Rama, Плавуша123, christinnn и 16 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Па денес беше терминот. :D
     
    На ЕденЧлен и vitamina им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.382
    Пол:
    Женски
    Да, да, ама се знаеја и изборите дека ќе бидат.
    Сега на најјако треба да се работи вака пред избори, мед и млеко после ..... испеана песна се сите до еден

    (Само прокоментирав де, не следам политика, не следам партии, вака по мое си дадов мислење)

    Пс: ич не верувам дека ќе се во затвор.
     
    На ane.bella и Mantub им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Јанева не се појавила, може бегалка вол.2 ќе гледаме.
    Боки ќе си лежи.
    А кримосот Орце Камчев, допрва ќе се шири на овие простори.
     
    На Rama, tamche995, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Судијката на случајот „Рекет“, Васка Николовска-Масевска, посочи дека од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева ќе биде конфискуван имот за да се надомести штетата што му е нанесена на Орце Камчев. Таа кажа дека имот ќе се конфискува и од членови на нивните семејства на кои им биле давани пари и предмети, а обвинетите ги прибавиле со сторување на кривичните дела за кои се осудени.

    „Од обвинетата Катица Јанева се конфискуваат непосредната и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело во износ од 50.000 евра стекнати со сторување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. Од сторителите ќе се конфискува друг имот кој одговара на вредноста на прибавената корист, која е остварена со сторување на кривичното дело.

    Имотната корист ќе се конфискува и од членовите на семејството на сторителите на кои е пренесена, а за кои е очигледно дека не дале надоместок кој одговара на надоместокот за прибавената имотна корист на двете лица, ако не докажат дека за предметот или имотот дал соодветен надоместок, кој одговара на вредноста на прибавената имотна корист“ , рече судијката Николовска-Масевска.

    Таа додаде дека од Јанева и Јовановски ќе бидат одземени и предмети кои се употребени при сторување на кривичните дела.