Многу непознати работи и елементи...според некои е противуставен изборот на овој вид на обвинител. Некои ја гледаат како личност која има моќ реално да ги смени работите во Македонија. Според други се работи за класичен американски кадар, или за неискусен обвинител кој нема капацитет за вакви дела..... Јас само би и посакал среќа и јаки нерви во работата, бидејќи во наредниов период ќе биде под притисок од над 1000 000 граѓани, кои ќе плукаат или ќе бараат резултат од нејзината работа. Катица Јанева - биографија и овластувања Според информациите Катица Јанева е гевгеличанка, потекнува од семејство на познатиот судија Делаџаков, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Учествувала на многу меѓународни тренинзи и обуки. За заменик обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Јанева кај своите колеги важи за професионален и искусен обвинител. работела на случајот на Спаска Митрова за право на старателство на својата ќерка во која беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата ,,Радко“. Денеска оординаторите на четирите најголеми пратенички групи го доставија предлог-законот за Специјалното обвинителство, договорен од работната група со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхоуте и амбасадоорите на ЕУ и САД, Орав и Бејли. Од него се гледа дека ќе се формира ново обвинителство, наречено „Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, кое ќе има посебни простории, неограничен буџет, како и број на заменици обвинители и соработници кои ќе ги бира специјалниот обвинител, односно Катица Јанева, за која има согласност од четирите партии. Еве дел од предлог-законот: Нејзиниот мандат ќе биде за неовластеното следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015. Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство е овластен да презема дејствија и да застапува по предмети пред основните, апелационите судови и Врховниот Суд на Република Македонија. Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното Обвинителство, кои вклучуваат: Учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои Јавниот Обвинител ги смета за потребни; Изјавување на жалба против која било одлука на суд по кој било предмет или постапка во која Јавниот Обвинител учествува како надлежен; Преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор; Добивање на сите безбедносни ослободувања за преглед на доверливи информации и информации кои не се достапни за јавноста; и Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на обвиненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија. Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот Обвинител на Република Македонија, неможе да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот Обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното Обвинителство. На колегиумите во проширен состав во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се повикува и не присуствува Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Обвинителството и не се разгледуваат стручни, како и прашања од надлежност на Јавниот Обвинител. Повисокиот јавен обвинител неможе да поднесе иницијатива ни барање за реферирање на одреден предмет или кривично правен настан до Јавниот Обвинител. Јавниот Обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Јавниот Обвинител без негова/нејзина писмена согласност. Специјалниот Јавен Обвинител ќе бара меѓународна правна помош и соработка по прашања кои се во негова/нејзина надлежност самостојно, согласно закон и ратификуваните меѓународни документи. Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното Обвинителство согласно планот од став (2) на овој член, не подоцна од 35 дена од влегување во сила на овој закон. Министерството за Правда ќе обезбеди основни простории за работата на Јавниот Обвинител во рок од 3 дена од стапувањето во сила на овој закон, а комплетни просторни услови за Јавното Обвинителство во рок од 35 дена од стапувањето во сила на овој закон. Просториите од став (5) ќе бидат надвор од објектите на Јавното Обвинителство на Република Македонија со цел да се постигне фактичка и соодветна изтражителска и обвинителска независност. Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност.
ne veruvam deka kje i bide lesno, no kje vidime, a i veruvam site kje gi interesira za toa kako kje postapi i dali kje gi istrazhuva site t.n. bombi. Za toa dali kje ima pritisoci i toa kakvi pritisoci kje ima tuku ajde kje se lazheme i kje zatvarame ochi deka nema pritisoci. Toa e moe mislenje
Не знам дали има одреден временски период за кој треба да се произнесе,или не смее времески да се ограничува. Искрено според мене е сосема непотребен ваков специјален обвинител,чинам со нејзиното поставување како немо да се потврди дека другиве обвинители и Обвинителството во целина е подложно на притисоци. Нели правниот систем ни е безгрешен и делува според Уставот и законите на РМ. Кој е следниот чекор ме интересира,избирање на специјален судија? п.с.Страшно личи на Биба Додева
За страници на фб кој лајкува не кажува многу за човекот , јас имам лајкнато вмровски страни , сакам наутро кога ги читам да има што да ме насмее , така да тоа не многу многу кажува за Катица Него друго јас сум скептичен за оваа обвинителка , мислам дека само е избрана колку толку да се задоволи масата народи во Македонија , за независна , не е , само ќе видиме во наредните месеци на која партија припаѓа.. Во врска со случаевите , обвинувањата против Заев ќе пропаднат бидејќи нема никакви докази а и плус 9 месеца еве веќе го тупат и ништо , а за бомбите ќе паднат овие помаливе вмровски рибици за да се задоволи масата , Ставре ќе си договори да сведочи против кумот , а другите поголеми рибици ќе си избегаат од државата , ќе видиме уствари како ќе биде .... Друго што сакав да напоменам , браво за Солза , убаво си вика жената за ова мачкање на очи со новата обвинителка .....
Ме прифати на фб Светско чудо би било да осуди некој за мене, али да се надеваме дека ќе стане интересно во скоро време.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го претстави својот избор на 14 нејзини помошници – обвинители, за кои истакна дека се надева дека бргу ќе бидат прифатени од Советот на јавни обвинители на Македонија за да можат таа и колегите успешно да работат. Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетово, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал. Станува збор за обвинителите Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски,Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова,Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев. Од обвинителите најпознато во јавноста е обвинителката Лиле Стефанова, која го напиша обвинителниот акт за случајот „Ликвидација“, во кој беше осуден новинарот Томислав Кежаровски. - Обвинителите се познати во својата професионалност и го замолив Советот што поскоро да одлучи за нивниот избор за да може да почнеме со работа. Истражителите кои ќе бидат во мојот тим ќе бидат познати до крајниот рок како што е предвидено, односно 15 октомври, изјави Јанева.