1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафетин менструал

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од N.A.T.A.S.A, 4 мај 2011.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Јас редовно ги користам! Дали си штетни?
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    56.834
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    Не знам дали се штетни, ама ако те боли стомак мораш да се напиеш нешто.

    Мене не ми помагаат воопшто, ич, нада. :(
    Две наеднаш - ништо бе, никаков ефект.

    Инаку, составот им е ибупрофен, а има апчиња со истиот состав (име - ибупрофен, ибруфен, бруфен...) од други производители што се далеку поефтини.
     
  3. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Кафетин менструал!

    Јас не користам кафетин менструал, туку Наглесин С и ми помага. Поевтин е, а за тоа дали е штетен па сите апчиња помалку или повеќе се штетни.
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Кафетин менструал!

    Мене ми помага многу. Ако многу ме боли стомак пијам 2 наеднаш. Ми се има случено да се онесвестам од болка, е тогаш пијам Кетонал Форте.
    Кафетин Менструал се штетни исто како кетонал, доколку испиеш 3 наеднаш, додека едно не е воопшто.
     
  5. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Кафетин менструал!

    Јас кога добивам имам ненормални болки и неможев да поминам без инекција. Но една докторка ми предложи штом ќе почуствувам дека добивам да се напијам два аналгина од еднаш и да видам како ќе се осеќам. Пробав и кај мене стварно делуваше, за кратко време ми престануваат болките. Пробајте вие може ќе биде исто како кај мене. А за кафетин менструал немам позитивно мислење зашто слушнав дека за желудникот биле лоши! позз
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.884
    Допаѓања:
    81.151
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    Штетни или не, не ги користам бидејќи едноставно не ми помагаат - ко воопшто да не сум се напила никакво апче! Си пијам еден или два аналгина (во зависност од болката) и чајче од нане или мирудии било какви и за едно 10-15 минути ми се смируваат болките. :)
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Кафетин менструал!

    ^ Се пронајдов ,и мене освен чај од нане ништо друго не ми помага ни кафетин ни кетанол ,ништо!
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Кафетин менструал!

    Мене ми помагаат. Имам јаки болки, порано пиев по 2 таблети одеднаш, сега ја намалив дозата на 1, и ми делуваат :)
    Едно време сакав да ги сменам, па прашував кои се други добри таблети, но ми кажуваа дека овие се правени баш за таа намена и се помалку штетни од сите останати.
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Кафетин менструал!

    Јас ги пијам редовно. Ниедна менструација не може без апчиња да ми помине. Се убивам од болка, така да не ми е гајле дали се штетни или не, или апчиња или болница и инекции ( и до тоа имам стасано). Од сите до сега апчиња што ги имам пробано од овие Кафетинов намногу ми поминува болката.
     
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Кафетин менструал!

    Првиот ден од менструацијата ме убива од болка и затоа си напивам по едно од кафетин менструал. Мене ми помагат ама имам слушнато дека биле штетни! Па ако се штетни нема да се произведуваат :D
     
  11. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    Абе ап4иња, како ап4иња, нема некои што не се штетни, ама според мене напиј се 2-3 ап4иња у месецот поарно, отколку да се онесвестиш од болка па да се испокршиш, пупупу...
    Ина4е и јас си пијам кафетин4е, они ти се факти4ки Ибупрофен+ некои помошни состојки , имаш и посебно Ибупрофен по 400 или мислам и 800мг имаше, за мигрена еден 4овек знам ги пие...
    А на Налгесин Ц што им е составот????
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кафетин менструал!

    И јас ги пијам затоа што во првите денови од менструацијата имам многу болки. Ми помагаат, а кога болките се неподносливи пијам две одеднаш. Не мислам многу на тоа дали се штетни или не, сепак кога ме боли стомак морам да се напијам нешто, инаку не се издржува. :doh:
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    ЈАс прво пиев кетонал престанаа да ми помагаат,па кафетин менструал и тие веќе не ми помагаат,сега ме спасуваат само ибупрофен далеку поефтини,а не ме боли воопшто стомакот функционирам цел ден,јас дури и кетонал кога пиев цел ден имав болки големи.НЕ знам што е со мене,наскоро ќе посетам гинеколог,ама овие болки не ми се нормални
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.192
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    мислам дека не се штетни,јас пијам редовно по 1 ко ќе имам менструација,умирам од болки ,ама 1 ми помага,за разлика од некој шо имам слушнато 3 не му помагале...сепак мислам дека не се штетни,а имам слушнато дека со кетоналот се оштетвал желудникот.
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    Јас пиев по 2 апчиња кафетин менструал на ден, баш кога добивав. Ама, толку ми е мачен првиот ден, и имам такви големи болки, што и цела табла да ја испиев немаше да ми помогне.
    Во аптека ми ги препорачаа беналгин и од тогаш само тоа пијам. И пола беналгин ми е доволен за да ми ги смири болките. Многу е поефикасен од кафетинот!!
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Кафетин менструал!

    Јас понекогаш имам страшни болки и се до пред една година редовно ги користев. Ми помагаа навистина, ама решив да ги откачам и да пробам некои други методи за смирување на болката.
    Првиот ден од менструацијата обично имам најголеми болки и тогаш знам да мавнам еден туш, да се напијам чај од нане и да легнам да одморам. И еве веќе една година воопшто не ги користам :)
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Кафетин менструал!

    и јас пијам(2 во денот) бидејки секогаш ми касни по 10-15 дена и кога ми доага се "порагам" не ми помагаат многу па затоа и ставам топла вода на мешето и така едвам преживувам првите 2 дена :D
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.054
    Допаѓања:
    112.256
    Пол:
    Женски
    Кафетин менструал!

    Ма какви Кафетин менструал. Моиве болки тоа не ги смирува!!! Исто ко Ц витамин да сум се напила. Последната менструација пиев Бруфен 400 мг од болки. Сега треба да дојде па од сега се плашам ако ми е како прошлата ќе биде интересно!!!
     
  19. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Кафетин менструал!

    Јас имам болна менструација али не ги користам пошто се обидувам да издржам.Не сакам за џабе со апчиња да го трујам организмот кога знам дека можам да истрпам првите два дена.Инаку за вие кои немате болки мое мислење да не го зимате.А вие пак што имате ако ептен не можете тогаш земете си го ;)
     
    На monalisa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кафетин менструал!

    Јас имам многу болна менструација и болката никако неможе да помине без апче. Имам пиено каферин менструал и не ми полага. Само кетонал форте ми помага. Да знам дека е штетен ама тоа е :)