Кафетин менструал! Јас немам премногу болна менструација (фала Богу), но сепак првите два дена пијам по едно апче, ректо две на ден. Знам дека не се штетни кафетин менструал и нормално е да се пие по две при јаки болки. Но за тие што имаат неиздржливи болки (пр. сестра ми) овие апчиња не и помагаат воопшто, едно време пиеше кетонал но подоцна и рекоа дека се премногу јаки за желудникот тие и да ги пие. Помага шише со топла вода на стомак. Не ни е лесно ич на нас женскиве
Кафетин менструал! Ме боли само првиот ден,кога добивам менструација! Не можам да трпам многу болки и затоа пијам по едно кафетин менструал! Многу брзо ми делуваат и за пола час ми се намалува болката!
Кафетин менструал! Мене овие ама ич не ми се ефикасни.Џабе ги купив,ќе се напијам ,болката ја нема едно два саати и потоа пак се појавува,па мора пак да пијам. Затоа секогаш кога имам добиено-оти имам големи болки ,си пијам кетопрофен 100мг и
Кафетин менструал! Кај мене помагаат, пијам само една таблета првиот ден и болката поминува за околу половина час
Кафетин менструал! Ги немма користено, ама како што знам тие се 100% ибопрофен. Јас си пијам ибопрофен и сум презадоволна. да не се тие нема да можам да ја преживеам менструацијата.
Кафетин менструал! За среќа немам болни менструации ама кога ќе ме фати и си земам Кафетин нз мене ми одговара баш сум задоволна
Кафетин менструал! Ми помагаат. Секогаш кога имам менструација пијам по две/три на ден бидејки имам ненормални болки и ми ги смирува болките. Само лошо е што има краткотрајно дејство. Мене болки ми се ублажени за саат/два потоа повторно треба да се напијам.
Кафетин менструал! Дали се штетни или не неможам да коментирам, ама јас сум алергична и на кафетин менструал и на кафетин колд (веројатно имаат некоја состојка во себе што ја содржат што ми предизвикува алергија). Еднаш во животот имам пиено кафетин менструал и за 15 минути добив исип,црвенила по кожата, ме чешаше ненормално многу и беше пропратено со гушење. После тоа одма на лекар со инекции синопен и дексаметазон (мислам дека не ги утнав тие инекции беа) и напредните 3-4 дена на инекции исипот по кожата се повлече. Потполно исто ми се деси и и со кафетин колд - се напив кога бев настината. Првиот пат мислев дека алергиајта ми беше од купката која ја сменив, ама после истото што ми се деси со кафетинот сватив дека сум алергична на нив и веќе немам пробано, и нема да пробам. А за болки при ментстуација си пијам кетопрофен (мислам дека се со исти состав како кетонал, само што не се капсули и не му пречат на желудникот).
Кафетин менструал! Пијам само кога ептен ме боли стомахот..а да секое апче си е штетно колку повеќе го користиш ...
Кафетин менструал! Кога имам јаки болки(што не се издржуваат особено првите 2 дена) пијам, или по пола или цело одеднаш, 2 одеднаш не сум се напила никогаш. Мене ми помагаат иако гледам да не пијам никакво, ама кога болката е посилна од разумот без двоумење пијам(а секоја друга физичка болка можам повеќе да ја издржам, ама оваа не можам да ја поднесам, и малку да ме боли ми се чини ме кини и ме прави многу нервозна) сега за штетни, па има некое апче што не е штетно?
Кафетин менструал! Aко овие се штетни, тогаш Кетонал се смрт. Инаку е чиста маркетинг сегментација направена на апчињата. Тука некаде се со составот на Кафетин колд, само друга амбалажа, боја на таблетата и слично. Не делуваат тие, делува пласибо ефектот.
Кафетин менструал! Обавезно пијам Кафетин менструал првиот ден. Не можам без нив Имам болки, јаки, и некогаш и по 2 апчиња пијам. Многу ми помагаат.
Кафетин менструал! Помагаат ако не се има големи болки! Мене едно ми е доволно! За оние кои имаат појаки мислам дека треба да се наоијат по 2! Но сепак не треба да се претера со апчиња! Не пијте коге немате премногу болки, или пак само едно е доволно
јас еднаш во животот ги имам пробано и се исповракав, можеби не беше од тоа ама веке не пијам такви , а сега пијам БЕНАЛГИН луге чудо од апче пола пијам за миг ја снемува болката мене како што ме боли 30 денари е лента и многуу помага пробајте нема да зажалите
Имам многу болни менструации и ако не се напијам апче неможам да издржам некогаш пијам и 2 аналгина кога немам кафетин мен. и ми поминува. Ич несакам да ги пијам апчињата ама ете болките не се поднесуваат.
Еднаш имам пробано пошто немав ништо друго при рака, на школо бев па ми даде другарка. И никаков, никаков ефект немаше. Првите ден - два кога имам болки, само Спазмекс ме спасува, ништо друго. А да не се напијам ништо нема теоретска шанса. Зошто да трпам кога има начин за пола саат да престане да ме боли скрос.
Јас имам пиено 2 пати и после тоа си испив кетонал. Не ми помагаат воопшто. Ни 1% не ми ги намалуваат моите менструални болки. Плачев после тоа низ дома од болки. И да ако овие се штетни тогаш кетонал е отров. Ама јас да не сакам да се трујам? Моите болки траат 24 часа најчесто и пијам 3 апчиња на 8 саати, 2 кетонал и едно спазмекс. Ако не испијам мислам дека со рака ќе си ги извадам јајниците. Кафетин меструал не е апче за мене.