Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафетин менструал

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од N.A.T.A.S.A, 4 мај 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Си се дружиме од време на време пошто не секоја менструација ми е болна па кога имам потреба пијам по едно апче и ми помага
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Кога ќе добријам, едно пијам обавезно во денот. Па болката е неподнослива. Уште кафетин да не постоеше, не знам што ќе правев. Ќе си лежев цел ден, цела вечер в кревет.
     
  3. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Oколу две години ги користев,пиев по едно и ми делуваа веднаш за некои 5 до 10 минути.Последниве неколку месеци не ми помагаа па пред некој ден си купив кетонал.Иако само првиот ден имам потреба од апче,многу ретко и вториот,сепак имам многу болна менструација,а кафетин менструалот не се многу јаки апчиња.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    До сега сум се напила само 2 пати по 1 бидејќи не знам зошто имав болки во стомакот (а обично немам никакви менструални проблеми).. и мене ми одговараат.
     
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Ги пијам овие апчиња само кога ептен ме боли стомакот и добри се, мене ми помагаат.
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ги пијам кога навистина менструалните болки не стивнуваат, и се големи.
    Пред неколку месеци имав поголеми болки, но во последно време не биле толкави за да се напијам кафетин менструал.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Веќе една година воопшто не сум се напила, иако порано често го практикував. Вообичаено имам големи болки и стомачни грчеви и поради тоа често го пиев. Но откако прочитав дека не е многу препорачливо и откако гинекологот ми рече да престанам да ги пијам, решив да прекинам безразлика колкави болки имам. И сега практикувам кога имам големи болки да се истуширам и да легнам да одмарам, евентуално да се напијам чај и да ставам ладни облоги на стомакот.
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Ставаш ладни облоги на стомакот? Од ладното повеќе боли. Не знам колку се штетни, ама јас не можам да поминам без нив, сум пробала 300 природни работи ама џабе.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене па ладното ми помага... ама не ставам често облоги. Обично болки имам само првиот ден, па некако го издржувам и после немам гајле.
    За кафетин менструал имам читано се и сешто, од тоа дека може да предизвика стерилизација, до тоа дека во составот имал не знам ти какви хормони што биле штетни ако често се пијат... Ама штом и гинекологот ми рече да ги баталам - ич не се ни мислев.
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.424
    Пол:
    Женски
    ^^Со ладното само можеш поголема белја да си направиш, да изнастинеш.

    Кафетин менструал не содржи хормони. Ниту пак може да предизвика стерилизација (поточно стерилитет, како што всушност сакаше да кажеш ;) )
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Кај мене дома сите пијат од обичниот Кафетин, оној со златна опаковка. И тоа веќе со генерации. И знам дека кога ме боли глава, ако не се напијам кафетин ништо друго не ми помага.
    Што се однесува за кафетин менструал, овие таблетки се многу послаби (во смисла на концентрација на активна компонента, во овој слулај ипобруфен, кој е наменет за олабавување на мускулите) во однос на кетоналот, кој не е добар за желудникот. Но кога дојдат оние денови, нема сакам неќам. Секој организам си е различен, и секој различно си прифаќа.
    Порано јас имав болна менструација, но некако сега болките ми се намалија. Пијам по една или две таблети за време на еден период, и толку е. :) лаки ме ;)
    Инаку гиеколог ми има кажано дека афетин менструал не се воопшто штетни. (се надевам гинекологот нема акции во Алкалаоид, пошо он све од тамо препишува :rofl: :rofl: :rofl: )
     
  12. Dragana.A

    Dragana.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Мене пак ми имаат кажано дека може од кафет менструал да се дојде до стерилност .. Барем тоа го имам слушнато од другарка која иде секој месец на прегледи на гинеколог зошто девојчето си е побогато и има сопствен гинеколог .. Па сега незнам дали е вистина и ако е вистина дали би мозело тоа да дојде од премногу пиење или нешто друго .. Поздрав
     
  13. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Од секогаш ми касни и првиот ден ужасно ме боли стомак. Значи прво ке видам дека ми досло и после еден саат болките како да кажам пристигнуваат и штом видам дека ми дошло одма јадам и пијам кафетина менструал и воопшто немам болки. Ама ми кажа една другарка дека гинекологот и рекол даека овие апчиња не биле добри зошто за времен на бременоста ке имало контракции и јас не обрнав многу внимание . По еден месец една друга другарка од друг град истото ми го кажа и сеа малце се прашувам дали е така а ако е така да престанам да ги пијам со др апчиња ке пробам.
    (исто така сум зборела со другарка ако беше за така сеа сите жени во светот ке имаа контракции за време на бременост).
    ако нешто знаете пишете ве молам!!!
     
  14. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Мене повеќе ми помага аналгин од кафетин менструал, иако имам чуено дека аналгинот го продолжува крварењето незнам колку е ова вистина.
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас имам одвратни менструални болки.
    Коси кубам, плачам и вриштам. Мојата соба е одделена со ѕид од станот до нас, и ви гарантирам дека ги будам, или им сметам во вршење на секојдневните обврски.

    Ми се има случено да лазам по скали до трети спрат, затоа што лифтот не работеше и не можев да стојам. Немав сила и треснав на земја па се влечев ко мрдната.


    Не предизвикуваат стерилизација мислам. :?:
    Ако предизвикуваа мене сигурно немаше да ми даваат дома да ги пијам.
    Покрај гинеколог, јас сум за консултација со фармацевт. На крај краева, тоа им е струката. :)

    Порано пиев кетонал, сега редовно кафетин менструал.
    Сестра ми знае дека секогаш имам резервни и место да си купи, ми ги краде па кога ќе ми дојде време да се напијам оп, празно! Како замена ги користам блокмакс.
    Слично ми помагаат овие две, но сепак одам на варијанта кафетин менструал.
     
  16. Alex-Somerhalder

    Alex-Somerhalder Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    17
    Јас во текот на тие денови до сега пиев 1 обично прв или втор ден и многу ретко да се напијам уште една друг ден, а понекогаш ништо не пијам, ама тоа е само затоа што сакам што помалце да пијам и колку што можам трпам, а и баба ми и мајка ми и имаат болна менструација па и јас, и боли понекогаш и плачам и се, денес прв пат ми се случи да не ми помогне кафетин менструал и толку големи болки имав што ги молев моите да одам на инекција а во нормални околности би ги молела да не одам .. Читам низ интернет како на природна база да си ги смирувам болките, и планира да пробам со топол туш, чај од нане, топли облози, стомачни вежби не претерано многу бидејќи еднаш имав пробано и не ме болеше многу стомакот само повеќе крварев од обично но попрво тоа отколку болка .. Денес толку се исплашив и нејќам да станам имуна на таблетиве и утре коа ќе имам менструација да идам на инекции 3 пати на ден .. О.о :worried:
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Првата година кога добив мајка ми ми ги купи овие и ептен ми помагаа. Од тогаш навака сменив ептен лекови, како фармацевт мајка ми за Рапидол С ме советуваше, најдобри биле, другите биле тешки ај и тие ги купив. Ама џабе за 6-7ч губат дејство, а јас јаки болки имам 2-3 дена и пиев премногу апчиња вака и плус додека делуваат пола саат до саат, умирав.
    Си купив конечно по скоро 4г пак Кафетин менструал и еве овој месец уживанција ми е. Од 16ч вчера веќе немам пиено ништо, а болки уште немам. Ма колку сака нека е штетен мене ми е спас. :!:Иако мајка ми се мршти дека сум се труела џабе со лекови тешки. ]:)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ги пиев кога имав болни менструации, откако почнав со контрацептиви немав потреба од ништо за болки, менструациите не ги чувствував. Сега бремена не пијам ништо дури ни глава ако ме заболи, се учам да издржувам хаха..
     
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Мене овие апчиња за менструални болки не ми помагаа ич, по 2-3 пиев на ден немаше ефект, после почнав да пијам кетонал ама тие ептен јаки беа и по одреден период ме болеше желудникот и на крај ги открив Ефридол како прашок е , искрено незнам дали е штетно ама после пола саат ми поминува стомакот. Мислам дека е тоа за секоја болка.
     
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ефридол ти е исто што и Вентор.
    Пиј Ибупрофен или прашок Оки.
    За прашокот не сум сигурна дали го има во Мк.
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.