anouk мила ми се смири од сирупот од јаглика уште 2 рото пиење ама мислам дека од него го расипав желудникот па сега со него се гњавам . не дека не кашлам ,кашлам ама не онака да незнам кај да фатам и да неможам да спијам. ти благодарам на грижата мила се надевам дека си добра
Епа супер, полека полека ќе биде, и цигарите имаат влијание знаеш Ама браво што си одлучила да ги оставиш И јас сум супер ти благодарам
одлучив мила ете и денеска го истуркав денот без цигари ама да знаеш само колку многу се трудам навика мила 5 години ги пушам па не е лесно . те бакнувам
смилеи ајде тркни до аптека да земеш сируп од јаглика за искашлување одма ке почувствуваш разлика . ако не си во можност да купиш веднаш земи маргарин шекер и млеко. изгори го шекерот додај му margarin заедно нека вари и на крај млеко . грозничко е ама мора . ајде направи нешто од ова оти тешко тебе ке биде нокеска . чекам да кажиш како си
супер баш ми е мило оти и јас лошо поминував со кашлицата . е сега незнам дали е од сирупот но мислам дека желудникот ме боли односно цел граден кош со се стомак
Помага против суво грло и сува кашлица. Потопете две стапчиња цимет во чаша ладна вода и оставете ги да отстојат неколку часа. Ваквиот пијалак содржи растворливи во вода диететски влакна кои го омекнуваат гребењето што го предизвикува сувото грло, а со тоа и ја намалуваат сувата кашлица.
луѓе дајте некој лек кашлам веќе втора недела кашлицата почна буквално од белите дробови ме болеше трахеата и искашлував мислам дека е од прелада јадев сладолед и полесно се облеков тоа беше само еден ден времето ме излажа бев на лекар ми даде антибиотик болката се намали, но кашлањето не. еве втора недела кашлам а не ми тече ниту нос ни темпетарута ни грло ме боли само си кашлам пробав сирупи од бршлен, чаеви од бел слез, супи ,сируп со кромид и мед ма се живо и диво и не поминува вирус ли е што ли е не се издржува веќе како да ми смета нешто на грлото и да се закашлам нема претсан дури желудникот мислам ке го искаслам помош!
Па ти се си пробала но кашлањето не се намалило , можи да имаш бронхитис или бронхопневмонија , појдо повторно на доктор, сега и времето е променливо , болниците се преполни.. мој совет уште утре обрати се на лекар, па можи ке те прати на ренген и ке ти дај инфузија да се смириш. Ајде со помин.
Се работи за многу досадно кашлање, кое трае веке три месеци .Има дијагноза за бронхит . Дајте некој рецепт за приоден лек.Прима антибиотици, ама слабо даелуваат а кашлањето е длабоко и се уште без секрет.Со што да го испратиме овој досаден бронхит и долготрајна кашлица.
Природен лек против кашлица е чај од кромид,се вари малку засечен и со лушпа. Сега непријатен е, ама ептен помага.
за кашлица мајка ми најчесто како мала ми вареше млеко со препечен шеќер и лажица маргарин се става додека се грее. Навистина помага иако не е вкусот нешто нај нај поради маргаринот.
Општи прашања Кажете ми нешто ефикасно за сува кашлица ? Бевме настинати со дечко ми, сите симптоми скоро поминаа, ама сега се јави досаднава кашлица.