1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кашлица

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од eva23215, 15 мај 2011.

  1. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    мене само инхалации со ментол капки ме спасија од сува кашлица :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    пробај и со мед, мене многу ми помогна, по една лажичка насабајле на гладно :D
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Мукоплант сируп, многу ја олеснува сувата кашлица и помага да се излачи секретот побрзо.
    Ако сакаш нешто природно (ама и многу грозно :D ), земи во литар вода свари лушпи од кромид, од 5-6 големи главици. Нека проварат 15-тина минути, па исцеди ја водата. Потоа стави ја во шише, додади неколку лажици мед и пиј по потреба неколку пати во денот. Гадничко е, ама помага навистина. Затни нос и голтај набрзинка :D
     
    На sheis и senza.parole им се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Општи прашања


    Чај од бел слез, како и сите сирупи кои се на база на бел слез. Истотака можете да земете Хербион од бршлен, како и Проспан сируп. Во меѓувреме чај од бел слез како што кажав или липа би помогнале.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и senza.parole им се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Мислам дека и прополисот е добар за сува кашлица. Плус на природна база е.
    Може да се пие со шеќер или мед, но според мене најубаво е да си туриш директно од шишенцето во грлото.
    Дефинитивно е ефикасно, но и одвратно.
    Јас маки мачев со сува кашлица, се пробав сирупи, 3 пакетчиња чаеви, апчиња, но само прополис ми помогна. Инаку точно две недели се мачев.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и senza.parole им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Знаете ли некој лек против кашлица? :)
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    -Чајче од прегорен шеќер.
    -Црвено вино со малку бибер во него.

    Ајде со помин нека е. :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, во продолжение ви давам три рецепти за ублажување на кашлица кои ги имам испробано и функционираат. Се надевам ќе ви се допаднат. Поздрав.

    3 природни начини за ублажување на кашлицата

    Здраво на сите,

    сезоната на кашлица и настинки веќе започна како резултат на наглите промени на температурата, но и како резултат на намалениот имунитет кај некои луѓе.
    Целта на оваа статија е со вас да споделам неколку добри природни рецепти, кои коже да бидат од помош при ублажувањето на кашлицата и болното грло уште на самиот почеток. Секако ова се само совети за природен пристап кон кашлицата, за поголеми проблеми и посериозни настинки консултирајте се со вашите матични лекари.

    1. Кокосово масло

    [​IMG]

    Лани за време на најголемиот студ одненадеж почнав да кашлам (се прашувам зошто...:). Јас сум од оние луѓе кои прво ги пробуваат сите можни природни методи пред да преминат на нешто посериозно, надевајќи се дека еден од овие природни лекови ќе функционира. И така беше. Четири дена по ред пиев две шољи топол чај со по една мала лажичка кокосово масло и за среќа кашлицата помина. Кокосовото масло е природен ублажувач на кашлицата и многу помага при било каков проблем на грлото. Затоа доколку годинава почнете да кашлате, веднаш започнете да конзумирате чај со кокосово масло. Ништо не може да изгубите, а може и да ја спречите кашлицата уште при нејзината појава.

    2. Чај за ублажување на кашлицата

    [​IMG]

    Еве ви рецепт за еден чај кој исто така го имам испробано пред 3 години и навистина се покажа доста ефикасен. За неговата подготовка потребни ви се:

    - 500 мл. вода;
    - 80 гр. свеж корен од ѓумбир;
    - 8 листови ловоров лист;
    - 2 лажици мед.

    Во едно тенџере во водата ставете го исецканиот корен од ѓумбир и ловоровиот лист и оставете да се вари околу 15 мин. на ниска температура покриено со капак. По истекот на времето прецедете го чајот, додадете ги двете лажици мед и конзумирајте го како природно средство за ублажување на кашлицата. Чајот треба да биде прилично топол (секако не жежок).
    Состојките кои ги употребивме во овој чај одлично го прочистуваат грлотo.

    3. Бомбони за ублажување на кашлицата

    [​IMG]

    Ова се моите омилени бомбони за ублажување на кашлица и како помош при болно грло. Многу се лесни за правење, а навистина доста ефикасни и вкусни. Еве што сѐ ви е потребно за да ги реализирате.

    - 6 лажици кафеав шеќер;
    - 4 лажици вода
    - 2 лажици свежо цеден лимонов сок;
    - 2 лажици мед;
    - 15 капки прополис

    Во едно тенџерче ставете ги шеќерот, водата и сокот од лимон и ставете ги на рингла на ниска температура. Кога ќе почне да врие додадете го и медот и на ниска температура варете со постојано мешање се додека смесата не добие жолтеникаво бакарна боја, односно додека шеќерот не се карамелизира. Откако ќе ја тргнете смесата од рингла, додадете 15 до 20 капки прополис и потоа ставете ја во калапчињата за лед. Доколку сакате да направите бомбони кои ќе може да ги конзумираат и децата ставете прополис за деца.

    Бомбоните потоа ставете ги во замрзнувач околу 15 мин. По истекот на времето извадете ги бомбоните за грло од замрзнувач и доколку сакате, исечете мали парченца од хартија или целофан за да ги завиткате.

    Се надевам дека овие три интересни методи за ублажување на кашлица и болката во грлото ви се допаднаа и дека ќе се обидете да ги направите.

    Јас ве поздравувам и ви посакувам добро здравје или побрзо оздравување.

    Вики
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој каде да најдам млеко од црна магарица?
     
  10. wannabe777

    wannabe777 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Девојки, веќе подолго време чувствувам како да имам балгами заглавени во грлото и никако неможам ни да ги искашлам ни да ги повратам, а секое сабајле ме тераат на повраќање и кашлам и ми тече нос. Ужас е.
    Дали знае некоја од вас што може да е работата и некој природен лек по можност, ако не може и од аптека само да не е на рецепта.
    Фала ви однапред.
     
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Чим е со балгами значи ти треба експекторанс. Тука може да си направиш квиз и ќе ти каже кој ти е најпогоден. Овие Хербион се на природна база и доста ефикасни.
    https://www.herbion.net/mk/doznajtie-kakov-tip-na-kashlitsa-imatie/
    Сега прочитав дека не можеш да ги искашлаш... Најубаво ѕвони на матична. Не можам да ти кажам што може да е причина да не можеш да ги искшлаш.
     
  12. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.665
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли од премногу кашлање и гребење да ве боли грлото како некој да ве стиска силно или како да ве удрил некој? Ете сите симптоми од настинката ми поминаа, а кашлицата никако. 2 дена немав болки во грлото, а откако почна интензивна кашлица грлото повторно ме боли но на друг начин, како преоптеретено. Каков сируп би требало да изберам ако имам комбинирана кашлица? Некогаш е сува, а некогаш проследена со секрет. Во секој случај е болна. Не можам ни да јадам. Пијам чаеви, ѓумбир, мед, црн пипер, топли супи, чај од кромид, лук, бел слез, пастили од жалфија, правев инхалации со камилица, прегорен шеќер со топло млеко, не излегувам и пак не поминува. Антибиотик пиев и ми заврши. Примав и инјекции. Се се среди, а кашлицата останува.. ;(:devil:
     
  13. celik9

    celik9 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    115
    1 mesec kaslam jas...ne e bolna ama si kaslam
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Јас од денес почнав со Хербион, се откорнав од кашлање, ниту чаеви, витамини, ништо не помага.
    Паднав за спиење, ниту можам да спијам, ниту да јадам :@
    Вакво нешто прв пат закачувам :envy:
     
    На fatalna_plava и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.665
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Мене ми помина се, а кашлицата уште трае и ќе трае цел месец, нема лек. Пиев и Хербион, Мукоплант и Бронлес сируп.. да, помагаат да се исфрли секретот ама кашлицата не престанува. Веќе 15 дена откако првично се разболев.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    4.728
    Пол:
    Женски
    Купи си Алпенкрафт сируп, 599 ден, мене ми помогна, после 3та лажица кашлицата намали, а и рчењето во градите го снема... После 2 недели, ја снема кашлицата целосно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Хелпппп, пред три дена се разболев имав температура (ми помина) и грлото црвено ми беше, грлото еве потпомина ама имам сува кашлица сега, се утепав од кашлање овие два дена, дури ме боли грлово од кашлање, што да пијам, препорачајте некој сируп, или некој природен рецепт? Од 13 години сум немала сува кашлица ама некни се подреков, белја...
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Јас кашлав долгооо, значи ни ант ништо не ми помагаше, и последните денови кога пиев ант толку многу ми скисна, пред недела дена, го допивав и пробав се што можеше плус од природно мед, чај, прегорен шеќер, ловоров лист, какви не сирупи веќе и на крај ми сопре од спрејот од диво оригано. Посебно ноќите катастрофа, кашлај, кашлај.. До сега не го знаев, и толку ми беше стемнето, здосадено да бувтам, не кашлав често на секоја минута ама ме фаќаше на периоди на час, два кашлање.
    Од сега ќе знам што ми е спасот.
    Во аптеката ми кажаа дека било грозно и дома се мислев саат, два, дали да го пробам, според како го опишаа, го замислував многу лошо, не дека е со вкус на јагода ама и не е толку тешко. Битно има мнооогу ефект. Кај мене за помалку од 24 се покажа ефект.
     
  19. 17.06.'15

    17.06.'15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    51
    Дали може да ми кажеш за каков спреј поточно станува збор и кој бренд ? ( ако имаш слика топ би било да ја ставиш и да ме спасиш):)

    немам спиено цела недела од кашлицава ;(станувам и се гушам у сред спиење од што кашлам
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    IMG_20231220_120201.jpg
     
    На 17.06.'15 му/ѝ се допаѓа ова.