Квиз

Дискусија во 'Форумски игри' започната од Lovely, 2 февруари 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.826
    Пол:
    Женски
    Аууу,грозно,луѓе кога јадат човечко месо!
    Кој е највисок врв во Македонија?
     
  2. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    91
    луѓе кои јадат други луѓе и тоа со апетит, гурмани бре сакаат све да пробаат

    Што е хемофилија?
     
  3. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Наследно крвно заболување кај кое крвта тешко се запира.
    Што е тоа емпатија?
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    46.394
    Разбирање на туѓи чувства, сочувствување.

    Со што треба да се комбинира железото од исхраната за најлесно да се апсорбира во организмот?
     
  5. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Кобилино поле или Голем Кораб со 2753 метри надморска височина...


    За железото, најдобро е свеж зеленчук, како на пример спанаќ...



    Што е Словенска Антитеза?
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.382
    Пол:
    Женски
    Словенска антитеза мислам дека беше стилска фигура (ако добро памтам ) , прво се прашува , па се негира прашањето па се дава одговор.
    Од што се прави боза ?
     
  7. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Бозата е освежителен нискоалкохолен (1% алкохол) пијалок кој се добива со ферментација на брашно од пченица или брашно од просо, шеќер и квасец.


    Најдобра боза во градот? :lol:
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    46.394
    Апче, се знае! И шам пасти исто :D

    А најдобра лимонада? (помошЧ 10 денари мала чаша :lol: )
     
  9. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    28
    Нема да можам да одговорам на прашањето,јас сум провинцијалце :) Ама се заиграв на форумскиве игри и до оваа стигнав.
    Што е калеидоскоп?
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    46.394
    Еве, во Скопје ако ти се пие лимонада, во Шехерзада е. Грешно ја формулирав помошта, требаше да пишам дека е слично со една турска серија со шпански карактер, синхронизирана на македонски јазик...
     
  11. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Рубрика во Вест :lol:

    Калеидоскоп е оптичка справа со форма на цевче во чија внатрешност се поставени две или повеќе чифта рамни огледала и парчиња разнобојно стакло кои при вртењето на цевката се огледуваат во огледалата како многубројни симетрични фигури



    Што е стенограм?
     
  12. la.chica

    la.chica Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    0
    ракопис или говор напишан со стенографија

    што е лимфо терапија?
     
  13. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Може ли la.chica да ни го каже одговорот за да можеме да продолжиме понатаму???
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.467
    Moze li da prodolzime ponatamu, poso nikoj ne go znae odgovorot na prethodnoto prasanje? Eve jas ke pocnam so drugo prasanje.
    Sto pretstavuva amortizacija?
     
  15. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Дефинирај амортизација од кој аспект :lol:


    Од економски аспект:постепено отпишување на вредноста на инвестираниот имот, треба да се изрази намалувањето на вредноста на зградите, машините, уредите и инвентарот поради употребата, односно дотраеноста

    Од правен аспект: правна судска постапка со која загубените вредносни хартии и документи се прогласуваат за неважечки (мортификација)

    И од механички: ублажување на потресите при движењето на автомобил


    Што е персонификација?
     
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.481
    Персонификација е стилско изразно средство. Давањето човечки особини на предмети или појави се вика персонификација.

    Што е хипокрит?
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    46.394
    Моооре темелен одговор.... фала, ова правново не го знаев :lol:
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.467
    Хипокрит е човек кој прави нешто спротивно од она што го кажува ( се преправа или лаже)
    Што е хипноза?
     
  19. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    91
    Состојба слична на сонот или полусонот, хипнотизираниот се потчинува на волјата на хипнотизерот.

    Што е комформизам?
     
  20. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Сообразување, приспособување, прифаќање на нечија идеологија, мислење и сл. од користољубиви или опортунистички причини.
    Што е тоа карма???