Добро без навреда за Hipica ама многу критикуваш душо,која девојка сака да је критикуваат?!никоја Ние сме си луѓе грешиме најнормална работа,немора да не потсетуваш дека сме заборавиле нешто или дека нешто сме згрешиле,ОК е ние пак си се сакаме вакви или такви. Ова го кажувам со најдобра намера и се извинувам најискрено ако те навредува Еве прашање од мене што значи кратенката p.s ?
Иако ќе бидам оф-топик, сакам да кажам дека ова по игриве не го правам за да критикувам (пошо нели и тебе ти имав напишано на една од игрите), туку затоа што ова е игра, тие се правилата и треба таа да тече. Воопшто не сакав да критикувам и воопшто не сум навредена За твоето прашање: P.S. = Post Scriptum или после напишаното Следно: Како се одвива процесот на клонирање?
Под поимот клонирање се подразбира вештачко создавање на генетски идентична копија од постоечко или претходно постоечко суштество. Процесот на клонирање е прилично сложен, но накратко изгледа вака. Од една јајце клетка на една единка се вади нуклеусот (јадрото) и наместо тоа се внесува јадро од соматска клетка на единка која треба да биде клонирана, кое всушност го содржи генетскиот материјал. Досега, најпознат производ на клонирањето е овцата Доли (1997-2003). Таа живееше 6 години, а нејзиниот живот заврши откако беше еутаназирана поради белодробно заболување. За човечки клонови се уште нема докази дека постојат, иако во јавноста се појавија неколку такви тврдења. Досега е потврдено само дека успешно се клонирани човекови ембриони до една недела од нивниот развиток. Како настанува глобалното затплување ?
Горењето на фосилни горива со цел да се обезбеди енергија и да се ослободат големи количества на гасови во атмосферата (главно CO2 ), доведува до „ефект на стаклена градина“. Тоа значи дека сончевата светлина може да пројде, но топлината која што ја емитира е апсорбирана од Земјата, што доведува до глобално затоплување. Што е фрустрација?
koga ima nevreme,vo oblacite se nasobira elektricitet.molskavicata pak e ogromna iskra elektricitet sto izleguva od oblacite.molskavicite go zagrevaat vozduhot okolu sebe.zeskiot vozduh se potisnuva,se sudruva so ladniot vozduh i se sozdava zvuk na grmez. koja planeta e narecena crvena i zosto??
од 2006 год не повеќе планета бидејќи неговата орбита се вкрстува со орбитата на Нептун. Мислам дек апретхониот одговор за марс не е одговорен па го поставувам прашањето зошто се вика планетата марс марс а не поинаку и да се поврзе тоа со бојата.
Па Марс е римскиот бог на војната, по тоа планетата го добила своето име, а ја нарекуваат црвена поради нејзината боја. Чија е познатата изрека- Човек на човека е волк?
Минотаурот е митолошко суштество, половина бик - половина човек. Според грчката митологија, ја грабнал Аријадна, саканата на јунакот Тезеј кој го поминал лавиринтот во кој живеел Минотаурот и успеал да ја ослободи. (колку што се сеќавам, нешто така одеше приказната). Е сега, јас што да прашам Што значи Бенелукс?
1. „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. 2. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. 3. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. 4. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. 5. Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог. 6. Не ќе убиваш! 7. Не ќе прељубодејствуваш! 8. Не ќе крадеш! 9. Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен! 10. Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!” Што е клаустрофобија?
Е баш ми се допаѓа што почнавме со поедноставни прашања, а не претходно сите правеа copy paste од google. Вака стварно да видеме кој колку знае. Клаустрофобија е страв од затворен ( тесен ) простор. Што е Едипов комплекс???
ааа да сум чула за ова баш ова година кога ја обработувавме цар Едип на школо Мислам дека е појава кога има сексуална привлечност меѓу детето и неговиот родител ... неморална работа Што е даунов синдром?
хромозомско нарушување,предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. На кој е изреката: ` Совршеноста не се состои од количеството туку од тоа каква е. ???