1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Келоиди

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malinavishna, 8 септември 2010.

  1. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Има ли лек за келоиди, ако знае некој ми треба искрен и сигурен совет.
    Поздрав
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, има неколку начини за лекување на келоиди: инјекции со стероиди во самата лезија, оперативно отстранување (ризично), ласерско намалување и израмнување, криотерапија, интерферони, а понекогаш и цитостатици (ретко). Сите начини се применуваат, само кој колку е ефикасен, зависи од самиот келоид. А тоа обично докторот го проценува. Не знам дали има 100% ефикасна терапија, ама барем да се постигне намалување или запирање на неговото растење. За други начини за лекување не знам. А не знам ни кај нас дали сите овие методи имаат примена.

    А инаку келоиди се фактички лузни кои почнале да се прошируваат и да растат како туморчиња. Обично после рани, изгореници, лузни од акни, од пирсинг може да се случи лузната да почне сама од себе да се проширува и да расте, да се шири надвор од границите на повреденото место. Конкретна причина не е позната, се смета дека нешто им дава стимул на клетките да почнат да пролиферираат и да се размножуваат со голема брзина, што резултира со појава на туморче. Некои луѓе се посклони кон појава на келоиди.
     
    На malinavishna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Келоидот е на рамото, точно како последоца од белекче од вакцина. Вакцината е примена пред 3-4 години. Лекарите немаат некое умно решение, едвај го дијагностицираа. Инаку да биде уште потрагично келоидот го има дете на 11 год возраст. Моментално го мачкаме со Контратубекс, околу 1месец. Нема видливи промни.Ќе бидам благодарна ако има уште неој совет.
    Загрижена
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Не знам колку Контрактубексот помага во тоа, колку што знам, тој спречува на повреденото место да настане лузна. А за келоидите не знам колку е ефикасен, затоа што сепак тие се појавуваат после одредено време од формирањето на лузната. Во принцип, се избегнува оперативно отстранување, бидејќи постои опасност за повторна појава на келоидот, бидејќи од операцијата повторно има рана која треба да зарасне. А некои други методи не ви препорачале?
     
  5. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Дерматовенерологот не го ни дијагностицира со мед.термин, туку се обидуваше да не убеди дека нема
    начин како да се лечи. Бидејќи секоја можна превенција би била неизвесна и ризична. Дијагнозата
    келоид ни ја соопшти педијатар. Педијатарот ни препорача „ако сакаме да се обратиме за совет
    на Пластична хирургија“....Ама не ми даде некоја надеж.
    Јас на Интернет ама баш се исчитав и видов страшни појави на килоид.
    Во принцип не сум плашлив човек, ама за мене, кога е во прашањ дете богами ме фаќа паника и страв.
    Ви благодарам за советите. Ако имате уште некој навистина ќе ми бидат од корист.
    Поздрав
     
  6. terezija27

    terezija27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Од искуство,најдобар за лузни и келоиди е Контрактубекс дефинитивно.Ке треба подолго да го мачкаш,6 месеци или подолго ако ти е голем келоидот,ама најбитно е секој ден по 2 пати ,треба да си многу упорна.Он ем спречува ем ги лечи лузните/келоидите,такво му е дејството.Прашај во аптека,ќе видиш..позз и биди упорна
     
  7. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Благодамар, за одговорот и вниманието. Точно така келоидот го мачкаме со Контраубекс, а во меѓувреме толку литература се изначитав што навистина верувам дека ќе го излечиме. Впрочем и затоа се вклучив на овој форум за да дојдам до информации,за да му помогнам на моето дете, арно ама сфатив дека многу малку се запознати со овор проблем. И благодарам и на Анатх и таа се потруди да ми даде добри совети.

    Во иднина помалку ќе се вклучувам во овој форум, зтоа Ве поздравувам и се надевам дека ќе правите интересни форумски дискусии, а останатите членови повеќе ќе се почитуваат при разменувањето на мислењата.
    Поздрав
     
    На vampire.p му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.704
    Пол:
    Женски
    Што да наравам со лузна која е келуид, не знам што да правам, се се обидов и пак не бива. Ставав Контратубекс скоро 4 месеци и никако аир, а еве веќе и ме подболнува. Некој што се разбира или што имал мака?
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Келуидни лузни

    Нема лек за лузна од келоид. Нема лек ни за келоидот, ама ретко може хируршки целосно да се отстрани, инаку постојано се враќа. Постојано ќе има лузна, макар и најминимална, за жал.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.704
    Пол:
    Женски
    Келуидни лузни

    Мене не ми е проблем тоа што ќе се познава, не патам од такви комплекси, имам една огромна на ногата и со тек на време постепено избледнува, јасно ми е дека нема скроз да се повлече. Е сеа ме плаши што ме боли, осеќам дека ме затега повремено и на допир исто така ме боли, поготово кога идам докторката која ме оперираше, она ептен е груба, како ќе ме потфати звезди бројам. Ми кажа дојди на контрола, и обично не правам вакви работи, ама многу ми е страв и не идам само заради тоа. Ми спомна за некаков гел, да ми инјектирала, ама како го кажа се преплашив, страв ми е ептен и многу ми е црвена, некогаш ептен се зацрвенува, не е да кажеш да сум приметила баш во одредена ситуација туку од нигде никаде се вцрвенува. Знаете нешто за тој ЦелуГел, ми кажаа дека најдобро било уште при интервенцијата да се инјектира ама оваа докторкава не рече ништо. Не се каам што ја извадив бемката ама се каам што не побарав веднаш второ мислење уште кога ми оставија конец внатре во раната и му требаше цели 3 месеци да излезе, а докторката се правеше наудрена. Некако ич не ми се свиде односот постоперативно, ако идеме преку познанства со сестрата не значи дека треба да ме прегледува во ходник на клупа мајко му :^)
     
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.704
    Пол:
    Женски
    Келуидни лузни

    Ти благодарам Јагода, ова многу ми разјасни, и замисли јас цело време барам на Англиски и мака мачам со преведување на сите тие термини нејасни а тоа на македонски се да ти имало :tmi: Дефинитвно имам келуид :!:
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Келуидни лузни

    А зошто сега не побараш второ мислење? Оди на контрола прво кај твојата докторка, кажи и го сегашниот проблем, и ако не си задоволна од нејзината реакција побарај си второ мислење (или без разлика побарај си второ мислење). Можеби ќе треба повторна операција, можеби е реакција на контратубексот, ако си ставала во подебел слој може направил некое надразнување, можеби е нешто сосема трето, додека не отидеш на контрола нема да знаеш, ќе и објасниш на докторката дека многу те боли зафатот за време на прегледот, да биде понежна, и нема потреба од страв. Во секој случај, побарај си второ мислење во целост, и за инекциите со гел.
    Исто така, за постоперативни лузни се користат специјални фластери, ги нема во Македонија па ако имаш некој од страна да ти ги донесе, прилично се скапи ама ефикасни, би требало докторката да ти ги препорача, ако воопшто чула за такво нешто. Ме чуди што конецот се задржал 3 месеци, освен ако не бил од тие сами што се разградуваат ама мислам дека и за тие е потребно помалку време.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.704
    Пол:
    Женски
    Келуидни лузни

    Па јас имав прилично длабок зафат, се работеше за бемка со големина 1.5 на 1.5 на 1.5 см, значи коцка од 1.5 сантими, прилично длаболко влегла. И си рече жената дека ќе шие внатре со еден конец однадвор со подебел и тој после ќе го извадиме, но кога отидов на вадење на конците исто така многу ме болеше а она не беше таму па ми ги извади сестрата која ја познавам, ми потече и крв, а ми препорачуваа цело време лепење фластери бидејќи беше лето, јас одмарав колку можев повеќе, често ги менував и секогаш внимавав тоа да бидат квалитетни фластери а не некои никакви, иако на крај најдобри ми се покажаа од пазарче Сантавик фластерите ама ајде де. За контратубексот мислам дека не е реакција и не е алергија поготово пак бидејќи не ми е прв пат да ставам, и убаво по правила ставав, ама пак, ете што се деси. Ајде ќе побарам секако мислење второ па ќе видам ;) Инаку женава е добар хирург, сестра ми на лице ја оперираше и не и се познава ништо, ама ете кај мене се се познава :(