Здраво девојки, Денес правев детална крвна слика и проверка на урината.Се ми е како што треба само кетоните во урината ми се позитивни.Прогуглав малце но не најдов дефинитивен одговор од што ми се позитивни и што понатаму.Дали може некој од вас да ми помогне.Фала Ви многу
Кетони во урината има при разградба на масти. На пример ако си на диета или вежбаш и слабееш ќе имаш кетони во урина. Кај дијабетичарите се јавуваат бидејќи клетките не се снабдуваат со шеќери, т.е шеќерот го има во крвта, но клетките се гладни, па затоа организмот ги разградува мастите до шеќери за да ги користи и има кетони во урината.