Вистинско срце од човек си прав бисер, да те посака човек да те има. Дури и јас за 3 килограми плус држев диета барабар со девојки кои треба да ослабат 20 килограми и повеќе и никаде никого не се обидов да повредам во ниту една реченица, нити да им дадам до знаење дека јас сум само опседната со килажата, а они се девојки со проблем НЕ МОЖАТ ДА СИ ГО ПРИБЕРАТ ЗАДНИКОТ ВО СТОЛ . Би те женел мајке ми да бев машко Еј ТрендафиЉке плс не ме гибај . Пијам горко кафе да не пијам шеќер, јадам салата сува да не јадам зејтин, ама не заради дечко, заради мене, проблемите во мојата глава, не ме гибај .
Епа тогаш си ја утнала професијата Јас се запознав со еден пар, девојката слабичка, а дечкото бааги крупен. И тогаш се запрашав, па добро што гледа бре девојкава во дечково? Ама по некое време дружење увидов што е тоа. Само можам да кажам дека со интелектот надокнадува дечкото, харизма невидена Затоа не се суди за луѓето на прв поглед. Никогаш.
Не ми се случило нитуеден дечко да ми пререче за тежината ниту пак за некое качено килце. Барем не онака за да се почуствувам лошо. Боже мој, кила се, варираат, поготово кај мене, симни 4, качи 2, па пак симни итн. Цел живот иста прикаска. Битно ме има позади, па има за што да се фати а после буцкање со прст не останува дупче уште десет минути (добар тест е ова инаку за тепсоидност на задникот ). А кога сум се поправила пак да ме има повеќе и напред добив едно штипење за образ, манијачко загледување во деколте и хипнотизиран коментар - се поправи мило а? Ако ако, јади ми малку повеќе де А и не е битно дали некој ми пререкол или не, битно е јас како се чуствувам, а јас ако качам едно до две килца веќе с’клет ме фаќа и морам нешто да правам со себеси затоа што дишам потешко, па фармерките пукаат, па не се чуствувам ни удобно сама во сопствената кожа а со тоа ниту привлечно не си се чуствувам. Не ми треба дечко некој да ми каже нешто или да ми пререче, а и да ми пререче - имам очи, се гледам во огледало, и не би се ни лутела затоа што свесна сум си и знам дека за кратко време ќе го снема тоа што треба да го снема. Не ги оправдувам ниту пак разбирам оние жени кои свесно се опуштаат и гласно си коментираат - го фатив бе! Го гледаш прстенчево? Ми е гајле сега дали сум средена или имам 10 килограми повеќе. Си велам - браво за тебе! Небаре живееме за да им се допаднеме на други. До некаде да, ама многу е побитно она задоволство на носење со себеси кое и те како зрачи однадвор и е попривлечно отколку броењето калории, па јадење салати и манијачко буљење по соседните чинии полни со вкусни јадења Од друга страна пак, па не сакаат сите слабички. Еве познавам дечко, мој роднина, кутриот да го дувне ветре ќе отиде, а девојка му има, не претерувам, накај 100 кила веќе и самиот си кажува дека му се фетиш таквите покрупни жени. И ај оди отепај го за тоа Сите сме некакви и сите не привлекува нешто. Битно е да се биде внимателен со коментарите, затоа што не се сите имуни на туѓи забелешки поготово ако доаѓаат од усните на нашите најдраги. Очекуваме нели барем од нив да добиеме тапшање по рамо, ако ништо друго, бидејќи претпоставуваме дека се со нас бидејќи сме онакви какви што сме. Високи, ниски, слаби, полнички или дебелки. Муабетот со дигањето кој го загледав погоре, па сега ај прв пат ама и втор и трет пат, белким не му се дига заради ракијата секој пат а? Да, физичката привлечност постои на почетокот, но понатаму мислам дека никој не ни забележува дали се качило по некое грамче вишок или не. Ценам кога луѓето знаат да си се одржуваат во супер форма, но истовремено презирам типови кои им коментираат на своите жени - ама види ја ти Стојна каква е стегната, а ти?! Е ај нека ти ги чува Стојна децата место киснење по фитнес клубови и нека измие садови наместо да трча за поправање на своите нокти по салоните А ги има и таквите, о како само ги има.
Со постов се обраќам до Сексили и до сите кои мислат како неа. Имам другарка која ја знам буквално цел живот. Сме оделе од јасли, па заедно до денеска еве 32 години. Јас после пубертетот се здебелив од хормонално пореметување и цел живот сум си полничка. Другарка ми цел живот манекенска линија. Ама баш 90-60-90. Пред 4-5 години дојде до пореметување на тироидната жлезда и наеднаш девојката од иделани 55 кила на 170 висина во рок од 1 година дојде до 110 кила. Секаква терапија проба, но ете не помогна ништо. Во тоа време беше во врска. И што требаше според вас да направи дечко и?? Да и рече, јас те знам како манекенка, не сакам свиња покрај мене готово е меѓу нас??? фала боги дечко и беше нормален и еве ги сеуште се во врска. Од срце ги жалам сите оние кои имаат фобија од дебелеење и од дебели луѓе. Што вика мојот дечко, ако сакам ребра да ќе си го гушнам радијаторот, кога ќе те гушнам зам дека имам некој покрај мене а не сува сушка која кога ќе излеземе на вечера или на ручек, вади калкулатор на калории и само си игра со храната. И да Сексили душо, млада си имаш 20 години, те молам не зборувај многу пред време зашто утре и ти може да бидеш со 20 кила вишок па и повеќе после првата бременост.
јас не сакам слаби мажи. Мислам дека ако се заљубам во некој ќе го збуцкам нарочно. Сакам МАЖ бре до мене, а не стапче.
Човек се менува Јас со дечко ми од дете што се вика сум, па нормално беше дека ќе порастам, исто и тој, ќе накачам или намалам килца, ќе варирам, па не гледам тука проблем меѓу нас. Не можеме да бидеме таман цело време( со исклучок на оние кои имаат совршен метаболизам, макар што не верувам дека постојат и такви без напор). Познавам и јас доста парови кои се апла различна тежина, па насмеани и вљубени се секогаш. Конкретно на темава, не, не ми префрлил, ниту пак очекувам да ми префрли, и сам ми признава дека моите неколку „калапчиња„ на мешето кога ќе ми се јават му се слатки, и се надополнуваат со неговите што ги стави последниве две години. И нема да дозволам да ми префрли, ниту јас би го навредила него со тоа, не можам да очекувам дека до крај на животот ќе сме манекени Па ко небаре јас не сакам да сум најзгодна на свет
За оваа работа збор си немаме преречено, ниту тој мене ниту јас нему . Откако сме во врска 2-3 пати се имам здебелено и тоа со повеќе килограми и никогаш збор не ми рекол. Почесто ќе ми рече нешто кога ќе ослабам, не прекорување или пререкување, но знае да ми рече нешто како - обравчињава ти ги снемало или кога ќе те гушнам ми се губиш во рацеве. Посреќен е кога ќе накачам некое кило и се радува кога ме штипи на образите или кога имам меше ( а мене баш мешето ме нервира ). И тој се има здебелено и ослабено и и јас не му имам речено ништо навредливо. Не ми смета, знам дека сам си е свесен и одговорен за себе исто како и јас за мене и дека тоа е индивидуална работа. Најчесто сам си кажува кога ќе види дека варирал во + или -, но не му велам направи вака-направи онака, и не реагирам како да е крај на светот. Не му реков огромен си или ваков си-таков си ни кога одеше редовно во теретана и кога беше како планина, со стомакот како тоблероне и со „на“ рачишта , ништо не му велам ни и сега кога освен мускули има и малку меше. Па килограми се, се губат, се качуваат, не е кој знае што. Доколку, пак, се случи да ми пререкува или навредува за мојата тежина радо би го откачила, зашто не мислам да се менувам за никого посебно, освен за себе.
Ти благодарам за твојата анализа. Ако моето директно посочување за тоа дека дебелината е одраз на некултура и особено ако ништо не се превзема во однос на неа, само се седи и плаче, ме етикетира како човек со предрасуди и моето мислење дека прекумерната тежина не е добра, тогаш можеме да продолжиме со самоутешувањето дека ќе бидеме сакани без разлика на се и упорно да спиеме на тоа увце. Човекот е одговорен сам за себе, тоа подразбира водење грижа како за психичкото здравје така и за телесното. Природата бара рамнотежа, бара баланс помеѓу овие две. Секое разнишување на таа рамнотежа води кон несакани последици. Секој сака да изгледа убаво, како да вчера се сликал за списание кое што рекламира тело. Јас тоа не го велам ниту пак го очекувам од сите, но мојот начин на посочување е директен кога сметам дека нешто излага од границите на нормалноста. Ако дисциплински решаваш некој проблем, во дискусијава тоа е телесната тежина, не може да не се реши. Но тоа е само обвивката, суштината е како да се скара човек со мрзата, па да отстрани повеќе или помалку килограми. Зборувам зашто сум поминала низ истото патешествие од тоа да добијам хормонално пореметување, да набијам прилично повеќе килажа и да ја симнам истата за кратко време. И покрај тоа што дечкото со кој одам тогаш упорно ми велеше дека ме сака и дека без разлика на тие килограми ќе биде со мене, јас во себе се осеќав незадоволно и несреќно. Почнав да се повлекувам во себе, да избегнувам колку можам интимен контакт и тоа почна подоцна да се одразува на мојата врска. Денес сеуште сум со истиот дечко. Сексуалниот живот ни е многу подобар отколку што бил на почеток а јас благодарение на упорноста се доведов во линија како што сум сакала отсекогаш. Ме сакал и тогаш, ме сака и денес, но ја осеќам онаа страст која што е многу поголема. Заборавив на сексот во темница или со пригушено светло. Сега можам слободно да го имам истиот и на дневна светлина. Мојата самоувереност и на нему му годи а со тоа му ја поттикнува креативноста. Затоа велам дебелите луѓе не треба да се навредуваат затоа што се дебели или затоа што некој тоа директно им го посочува. Кога не си задоволен од себе, не можеш да очекуваш дека треба да го надомести тоа дечкото/девојката, напротив ако си задоволен позитивната енергија ја пренесуваш и на нему/неа.
Нена,јас имам проблеми со тироидата и тоа примам бабачко терапија,еве најтазе,од прееска,жива мера,со се коска сум 53!Имав над 60 и кусур,ослабев!И искрено да ви кажам,ама најискрено,може да се ослабе ако се има решителност и воља.Затоа што го имам проблемов се дружам и со такви луѓе кои сум ги среќавала по ординации и во најголем дел од нив,иако примаат и помали терапии,се помируваат со фактот и живеат со него,го злоупотребуваат и користат ко изговор!Мене јасно ми е дека морам да гладувам и гладувам по цела недела,не се сакам со 20 кг плус на мои години,крај.Мене јасно ми е дека тоа е мојата реалност.Ко што можам да се здебелам плус 5 за една недела,ми се дешава ко руски телевизор да проработам,па да симнам и 6 без диета. Не сум имала партнер кој ми замерувал за тежината.Имав период кој беше осетлив по таа тема,ама не беа јасни работите сеуште,зошто е тоа така,тој имаше разбирање,иако беше јасен дека е свесен дека сум во плус многу,но ко позитива го гледаше моето деколте,па за жива среќа и кога ослабев си остана,да не речам,ама ќе речам, цицки,па јас позади нив.Мање битно ми е кој што и како ќе рече,луѓе не се трпам кога сум вишак,крај.Давам се од себе,вежбам,не јадам што ми дојде,се мачкам,правам нешто,не мора тој да ми каже дека сум у плус.А веќе по темава,да бидеме искрени и реални.Мажите се визуелни суштества,остајте вие душата,срцето и џигерот,но паралелно и се сожалливи и внимателни,1001 работа може да стои во позадина за зошто и како,а за тоа може само да нагаѓаме. Татко ми,кој има 50 години,од кого имам научено страшно добри работи,ми има речено,секогаш труди се да изгледаш убаво.Немој да дозволиш да бидеш несредена и да имаш над 60 кг.Прво за себе,ти ќе се чувствуваш поубаво и уште посигурно,а потоа тој што те држи за рака.Труди се да станеш жена - сонце,ништо да не ти недостига.Секој маж сака да има убава жена крај себе. Се е ствар на навика,баба ми шо би рекла марливост и сфаќање на нештата.Искрено,изгледот го сфаќам и ко компонента на културата на живеење.
лилит има два типа на тироидеа, хипо и хипер, кај едната слабееш (хипер) а кај другата ссе дебелееш ( хипо). Хипо има и мајка ми и она се здебели и затоа што касно и ја откија не може да ослабе жената. Кај другарка ми се работи исто за Хипо тироидеа. Малку офф топик ама морав да појаснам.
Јас не можам да се согласам со тоа секој може да биде слаб, секој може да се грижи за изгледот, дрн, дрн. Како што кажав не сите имаат таква самодисциплина или јак карактер, ама тоа не ги прави лоши или незнамтикакви луѓе. Само покажуваат човечка особина, слабост. Мојов воопшто не ми пререкол, никогаш. Напротив. Јас многу варирам со тежината од причина што ако ми се јаде, јадам, ако не, знам со денови ништо во уста да не ставам. Секогаш гледа да не сум гладна, а за дебелината не му е битно. Ме засака кога бев многу подебела од сега. И затоа го сакам. Затоа што ме почитува и ме сака каква што сум си од внатре.
Не се разбираме. Не збориме за слаб, односно идеални пропорции, збориме за килограми околу нормалната. Ако треба да тежиш 60, а ти си 80 или 90 не може да биде добро, ниту естетски ниту пак за здравје.
И? Мислиш дека тие луѓе не се свесни за својата дебелина? Да не се повторувам, да имале јак карактер, да можеле да сопрат со јадење немало да имаат проблеми со дебелината. Сите ќе си бевме слабички, здрави, никој немаше да пуши, ќе имаше таква самоконтрола да престане и се тоа. Ама не живееме во таков свет. Разликата е што вие таквите луѓе ги потценувате поради една нивна слабост.
И јас сум хипо со јазоли на двата лакови.Пиев 75 мг еутирокс,сега 150,ама тоа на друга тема.Запознаена сум добро со проблематиката.Значи се може,особено кај помлади!Кај постари и други фактори се у прашање,дури и природно е да качуваат по некој кг (до 10 кг може да се качи со нормално јадење,само со текот на стареењето). Сум била во тој фазон на почетокот кога се дозна што е и како е.И се така,абе на диета сум,а диетата два дена,не е трудење тоа,изговори се у прашање и чекање инстант резултати.Многу убаво разбирам,преубаво.Тие луѓе не се трудат и немаат стратегија што ќе прават со себе кога се соочуваат со тоа и точка.Едноставно се помируваат,разочаруваат и тоа е тоа,тука завршува приказната.
Искрено се мислев дали да пишам на темава зашто килограмите ми се траума како спомен од детството. Пред да се фатам со дечко ми немав никаква самодоверба, огледалото за мене беше најголем непријател секогаш ме покажуваше подебела од претходниот пат. Со дечко ми прв пат се смував при првото гледање, претходно само разговаравмо на мсн месец и пол и настојуваше да се видиме.Многу се изненадив кога после тоа гледање продолжи да покажува интерес за мене.Сватив дека јас во огледалото сум била само слика на мојата глава, јест да сум крупна ама имам облини кои ретко се среќаваат.И ден денеска знам да му речам како можеш да сакаш волку дебела девојка? И секогаш ми се смее и вели дека сум му секси и ми го обожава стомачето, моето сало кое го презирам од кога знам за себе тој го сака и го смета за секси, додека пак тој воопшто нема стомаче. Така да мислам дека тоа се се вкусови, само сум среќна што покрај мене го имам него, човекот кој ги сака и работите што секогаш сум мислела дека ќе ми бидат пречка во животот да бидам сакана.
Вистинските мажи сакат облини, само кучињата си играат со коски. Му имам кажано на дечко ми дека кога ке се здебелам некое килце сакам да ми каже ( не дека не знам, ама за поголем мотив да имам за слабеење ) Не сум ни дебела ни слаба 3-4 килограми плус имам ама во споредба со мојата висина тие не се забележуваат. И кога нема да јадам само ми вика, дека почнува да ми се врти и да ми се лоши. А дечко ми е таман. Знае во зима да си пушти малце стомаче и одма сам ќе ми се пошали. И почнува со спортување и за некој ден го снемува. Кога двајца се сакат, килажата е најмал проблем ( ако може така да се наречи ) .
Цврсто верувам дека ако некој вистински и искрено те сака ќе те сака таков каков што си... Конкретно за мене, јас отсекогаш сум била слабичка, од 50-54 кг. максимум, но во текот на бременоста се поправив 22 кг. и за моја несреќа после породувањето се си остана на мене, имав 75 кг. ОК сум, си викав, па сега родив плус и доилка сум, морам да јадам за да имам млеко. Ниту еднаш мојот сопруг не ми пререкол ништо иако ме знаеше како слабичко, исушно девојче, со мали гради и га*енце. Меѓутоа со оглед на тоа дека и јас си се знаев таква, мене ми сметаше мојата тогашна килажа, буквално немав што да облечам, се ми беше мало, имав спојлери на стомакот да не речам гуми за пливање и си набив комплекс дека сум грозна. На секое мое кукање колку сум дебела, ми викаше - не си, баш си убава, јас и вака те сакам. Со текот на времето ослабев и пак дојдов на својата телесна тежина, ама есента премногу ослабев имав проблеми со тироидата и некои 50 кг. Тука имав коментари од него дека кога ме гледа му се чини дека ќе се скршам, како од Аушвиц да сум избегала и како мало дете ме тераше да јадам повеќе некогаш и со сила, се грижеше за моето здравје. Тогаш сфатив дека навистина си се сакам покрупна и сега имам некои 64-65 кг. Еве баш вчера додека облекував пижами маж ми рече - леле мацико колку си се здебелила и се насмевна, јас на тоа не му замерив, се облеков и му рипнав да го скокоткам- кој е бе дебел?...поубава ти бев кога бев сучка исушена? Ако сакаш пак ќе ти ослабам...Одговорот беше- мене секако си ми убава, дебела, слаба, каква сакаш ТИ таква биди, јас секако ќе те сакам. Значи ако сакам да ослабам или да се здебелем тоа ќе биде лично заради мене, затоа што јас така сакам, затоа што мене ми смета малата или голема килажа. Не се срамам од моето тело и тоа како изгледам...да, си признавам дебелка сум, ама таква си се сакам. И водиме љубов со пригушено светло, сакам да ме гледа таква каква што сум, со сите мои недостатоци, со секое мое килце....и си ги сакм градите вакви пополнети, а не две кожинки виснати. Што се однесува за маж ми и неговото дебелеење, знам да му преречам ако многу се порави само затоа што има проблеми со холестеролот.....и се согласувам со Нена2010 - сакам МАЖ, карпа до мене, кога ќе ме стисне да искрцкам
И јас сакам маж карпа до мене,ама да дише и да има пулс. Мажите се склони на срцеви болести,високи притисоци,холестероли и слично ( и жените да,ама мажите се особено слаби на срце) и од овие причини кога Радован се здебели му реков,крати и скрати,шо да праи! Еве го чан шланг ми е сега и дури се занесува дека е ко Чарли Шин на моменти! Лошо ми е кога ќе видам млади луѓе од по 20 и нешто години,дебели и неугледни.Не дека имам фобија од дебели луѓе,ама не е здраво бре.Ако сега не ги симне,никогаш нема,а трајно си го нарушува квалитетот на живеење и во иднина ќе си навлече 1001 болест.