1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и врската

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 27 април 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Искрено, ама со буквално сите вас се согласувам, макар што мислењата на некои од вас се контрасно различни. Да, секој може да биде слаб доколку посака, но малку потешко се реализира, посебно кај луѓето со години плус. И тоа е проблемот или успеваат да ослабат и потоа дебело и поштено си го враќаат она претходното и тоа со камата. Иако, проблемот главно е бидејќи човекот се вратил на старата навика, не нормални порции, а оние кои и го довеле до килажата поради која држел диета. Поради што знам само дека дебелеењето си потекнува не само поради физичка болест (како што веќе сте спомнале една причина), а си има врзка и со емотивните состојби кај човекот. Кај нас повеќето е од тоа што во секој сегмент од животот си се задоволуваме со просечно се, нормално, вообичаено, стандардно, опуштање, ставање се во лер, на пауза и тешко си се будиме од таа состојба, затоа што и си е тешко. Треба нешто прилично сериозно да ги мотивира и сами треба да си го најдат што е тоа. Одам на аеробик, па таму освен млади згодни девојки има и полни девојки, а најбитно е што има и возрасни жени постари и од мајка ми. Немаат прекрасни тела, но се држат добро, прилично добро.
    Но, пак и многу добро знам како е поради конкретна болест, операција, како што и некои од вас веќе посочиле човек да не може да си ги контролира килограмите, а претходно имал тело за обожавање. Пример е братучед ми. Го знам како помлад, со прекрасно тело, го знам и сега како човек на повеќе од 40 кој што не може, ама не може да ја контролира тежината. Ослабен, здебелен, ослабен, здебелен... само и тоа ни е тема на дискусија секое видување всушност, каква диета е, што пие, колку пешачи, кај кој доктор бил, што му препорачале. И жално ми е некако, пошто се измачува буквално и знам како е кога ќе му се спомне за килограмите и тоа е машко во прашање, кога жена му ќе му пререче нешто за стомакот или било што, грдо е, одвратно, макар кажано и на шала. Добро е секој да си води сметка за тежината, ама лична сметка, да го прави за себе си, пред се’, бидејќи и луѓето до нас, нема секогаш да се до нас.
    И да знам како е да си опседнат со килажата и со броењето калории и пресметките ако денеска си јадел нешто плус наредните денови да јадеш воздух па си се бориш од една страна да се прифатиш себе си со облини, дека нормално е да имаш задник и гради, не си дебел ако ги имаш, од друга страна пак, да не се здебелиш, бидејќи телото секако ти е склоно кон дебелеење, пак и да не забегаш во другата насока па да те снема во облеката. Така што, мотивирајте си се најдете си го копчето што ќе ве поттикне да се чувствувате подобро, самоуверени и убави, нема друго решение, тоа е тоа што сите го прават и треба да го прават независно дали биле на 19, 28 или биле на 60 и тоа е така не само во врска со килограмите, а стандардно :) со се’.
     
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Луѓе сме, не сме животни да немаме мерка. Нагонот како луѓе треба да го контролираме, во спротивно ќе живеевме во свет, во кој секој ќе го правеше она што му го налага нагонот во момент-мочање,сексање, јадење итн.
    Како што трпиш за да одиш во вц а во моментот немаш каде да се олесниш, или имаш нагон за секс а немаш со кого дали треба да искочиш на улица и со првиот што ќе го сретнеш, да се издупиш? Така е и со храната.
    На млада девојка не и стои прекумерна тежина, кога е психифизички здрава да се справи со истата. Ако не може да сопре со јадењето, има теретана и тоа зад секој втор агол денес. Ако не е теретана нека биде трчање, некоја физичка активност, нека го вклучи и партнерот, нека имаат некој вид меѓусебен натпревар кој ќе издржи повеќе. Така ќе има нови случувања во врската, заедничко исполнето време и секако одлични резултати. Но наместо станување од кревет и фаќање прво за цигара и кафе, треба да биде за тренерка и џогинг. Тешко е, не велам не. Особено првите денови каде што се појавува воспалувањето на мускулите и ѕвонењето на алармот од сабајле.
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Тврдам дека најпрво треба да се гледа внатрешното. Нека биде лепотан и се нај нај, ама ако нема памет џабе. Јас отсекогаш сум имала мака со тежината. Не многу, некои 5-10 кила (их вака напишано па ни малку не е :) ). И што и да правам толку се. Се имам пробано. Уште само операција не сум пробала.
    И двајцата на почетокот од врската бевме послаби. Додуша он беше сучка (или закачалка како што љубев да го викам). Има денови кога си се осеќам убаво. Ама има и денови кога едноставно несакам да ја гледам сликата пред огледало. Кога сум во тие денови знам да му речам: “Добро па како можеш да ме сакаш ваква?? Ти висок, слаб, а јас.. ??‘‘
    На тоа ми одговара дека ме сака каква и да сум... и мене и мешето :D
    И јас се топам :angel:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Не се разбираме, а и забегавме од темата. И целото човештво да имаше макар малку мерка немаше да бидеме каде што сме сега, на пат на самоуништување :)
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Јас обично во врска ги губам килограмите... од среќа и љубов заборавам да јадам...
    На најмала караница или препрека се селам во фрижидер.
    Со последниов ми дечко што ми беше, бајаги заслабев... (среќна дека многу :D :D ) па дури се загрижи, ми купуваше да јадам, да не ми паднел имунитетот... Да сум си јадела
    А се си мислам дека ради газов што ми се смали беше целото купување храна :rofl:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Точно, само што светот го сочинуваме ние, индивидуално. И ако почне секој од себе да крати нема да дојде до самоуништување, особено да се самоуништуваш со нешто кое ти е потребно за егзистенција. Мислам на храната :)
     
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ниту еден дечко не сака покрај него подвижен скелет, па да си игра со коски... |( Кога би морала да бирам дали да имам 10 килограми плус или минус, би го избрала првото(подобро крупна и полничка него анорексична)...Каде и да одам со ѕвериштето - ако ми се јаде, си јадам и тоа во големи порции, паралелно со него..Не глумам "јака цура" од типот - ааа не сум гладна јас или ова предизвикува целулит или има холестерол итн...Тоа е глумење на лудило до максимум и ако таквите мислат дека ќе му покажат на дечкото дека се опасни типки - гадно се излажале...Јас ги сожалувам таквите...Едно е да внимаваш што јадеш, а сосем друго е да правиш вакви испади...Инаку тој е елегантно пополнет дечко
    висок е , па и не му се познава толку, а плус и вежба доста...
    и мене ми се допаѓа таков...Што ќе ми е прачка некоја до мене? :|
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Фемина, закажуваме колективни вежби секој ден у 6 саат да сте се нацртале во парк, нема оправдување изостаноци, врски треба да се спасуваат и планета од уништување, сега или никад!!! :D

    Ej, Теди те разбирам за тој дел, и јас пред некое време имав ослабено прилично, па исто така почнаа да ме тапкаат со јадење, да ми се појавеле обравчиња, задниче за штипење, па качив неколку, па паника ме фати почнав диета и вежбање, па кога почнав вежбање почнаа да ме замислуваат како би изгледала со вежбање редовно, она мускули, некое си аеробик тело, па и фотки добив, како би изгледало :). Хм... реков фајрон, од тебе (не од мене) човек не бидува, ти поима си немаш што сакаш. Не би јас миШичава да шетам, пак не би да ми е тешко дур’ движам по улица. А, дечково си има проблеми со своите килограми па затоа и не му ги сфаќам злонамерни, пошто како тинејџер и сјае во тоа фацата дур си ја замислува мисијата.
    Побогу, та светот навистина тргнал и не само во себе уништување, но и во уништување на другите :).
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.227
    Пол:
    Женски
    А бре луѓе, не сме сите исти. Не сме сите ист калап. Ако на некој некоја диета му била успешна на друг нема. Ако така беше лесно немаше да има сто и една диета, сто и еден препарат за слабеење. Ќе имаше само еден и ако некој забега од рутата на исхрана и на живот, ќе си земе по таа диета или ќе го испие апчето и оп сите слаби и убави. Убавината е во различноста.
    Мене лично до сега ни еден дечко не ми искоментирал во врска со мојот изглед зашто јас не сум дозволила. А и тој што искоментирал си го добил тоа што му следува :lol: Јас сум си таа што сум. Сите сакаме да сме со идеални пропорции, да сме како фотошопираните манекенки и глумици ама јеби јга нема тоа.
    Од женски аспект повеќе ми се допаѓаат девојките и жените од типот на Кардашијан, на Џенифер лопез, на Бијонсе отколку на овие манекенкиве на Fashion TV од кои буквално ми се лоши кога ги гледам. Така да ако дечкото сака таква, што барал да ми се додворува и да биде со мене??? Јас не сум ничив проект ни предмет за сожалување па да ми коментира за изгледот. Да дебела сум, свесна сум за тоа и се трудам да најдам начин да го решам заради мене, а ако некој морон се најде паметен да ми коментира додека е со мене, ајт гитла. Своите комплекси нека си ги лечи во институции а не мене да ми набива за да може самиот себе си да се поднесе.
     
    На Bibko, Jojoba, melanie27 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^^Потполно се согласувам, ако ти се допаѓам ОК, биди со мене, ако не најди си друга, не ме моделирај, сакај ме таква каква што сум со сите мои маани и недостатоци, никој не е совршен.
    Пред 10-на години имав еден дечко кој сакаше големи гради, а јас за гревче носев прслуци со потпунки за да имам барем некакво деколте. Еднаш ме праша дали би ставила силикони, се сум била супер ама големината на моите гради не му била доволна. Се знае како го решив проблемот...Чао, пријатно, со здравје!
    Посакувам сега да ме види и тоа некаде на плажа :D :lol:
     
  11. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    да нема простор за дискусија, не би ни имало ваква тема.
    жените отсекогаш сакале да им се допаднат на мажите, тука е проблемот.
    сакаат ласкања, комплименти, поклони и триста работи кои ќе го задоволат нивното его, за да на крајот си речат, е ова е белиот коњ, т.е. принц де.
    а зошто?
    затоа што жените го владеат светот, ете затоа.
    и затоа што жените мразат кога нивниот принц гледа по туѓи, најчесто послаби жени!
    а тоа е само несвесна реакција на ловецот во секој маж, не значи дека сега ќе рипне и ќе тргне да ја освојува послабата со боздоганот!
    најчесто мажите и немаат никаква реакција од погледите кон туѓи жени, ама жените тоа многу ги боли, кој знае зошто!?
    можеби одговорот е во се поголемиот број производи за слабеење, кои имаат многу јака маркетиншка кампања!
    ако некој ве убедува дека со своите 50кг сте дебели, едно месец дена, па може и ќе му поверувате!
    на крајот, килограмите немаат никаква врска со врската, инаку тоа не би ни била врска!
     
    На TammyDeyn, Podarok и milky-candy им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Она што го приметив кога онака површно ја читав темава т.е.повеќето коментари ми падна в очи дека оние со повеќе кг.ги напаѓаат преслабите несвесни дека и тие го прават истото кое се врши и врз нив нападот од страна на слабите врз покрупните луѓе.Значи дали некоја има +20 и се чувствува грдо или убаво во својата врска си знае најсигурно самата,никој не треба да биде во улога на форчнтелр да бае околу тоа.Но,од друга страна и онаа со 45кг.може да има обратен проблем-не успева да се здебели па не може ништо да направи околу тоа да ги задоволи вкусовите на покрупните луѓе поточно нивните естетски критериуми околу килажата,но и тоа не значи дека таа е несреќна во врската.
    Најважно е да не смета килажата од гледна точка на здравјето пр.кај прекумерно крупните луѓе секој вишок кој го примаат преку храната се претвара во јагленихидрати но ако процесот биде преинтензивен доведува до недоволно производство на инсулин и се стекнува дијабетес,исто до проблеми со срцето итн.Анорексијата и булимијата се др.истотака опасна нарушеност на здравјето.
    Лично немам фобија ни од прекрупни ни од преслаби луѓе,се трудам да ги прифатам луѓето какви што се и повеќе ми сметаат недостатоци поврзани со карактерот,ставовите,навиките итн отколку изгледот.
    Лично јас не сум имала досега посериозен проблем поврзан со вишок кг. ама со оглед на тоа дека успеав да ги откажам цигарите,мислам дека би се борела и со тоа доколку се јави потреба.Ама не сметам дека треба да ги напаѓам другите поради поинаков став секој си постапува според сопствените убедувања и ставови,како средношколка бев многу активна трчав по 2 км на ден и редовно правев стомачни,сега не сум толку редовна на ова поле ама имам др.физички активности па сепак мускулатурата и формата ми се уште во добра состојба и имам голема кондиција и издржливост,затоа сметам дека би ми пречел вишок на килограми,поради навиката да бидам ваква каква што сум,но не значи дека и тоа би морало да биде трајно така.Лицемерно е да се бараат изговори да,но кога знаеме дека човек бара привидни оправдувања или пак бара исфорсирани комплименти,но и тоа е нечие право и тоа е потреба од некого да се однесува така.Секогаш кога човек се соочува со некаков избор по дифолт го брани своето,а напаѓа она што контрира на тоа и пред да се фатиме в гуша како слабите се сушки,а дебелите слоници и дали се несреќни поради тоа или па задоволни од себеси,она што е најважно е изгледот и килограмите се променлива категорија и во ред е прифаќањето од другите и задоволството од себеси,но крајностите како и секаде не чинат т.е.онаа килажа која го нарушува здравјето било да е тоа поради + или - мора да се корегира,се‘ останато кое е во некои граници е избор на секој од нас поединечно и секој ќе си одлучува што за него најмногу годи,имајќи на ум дека тоа не е универзално правило и најдобар избор бидејќи е мој избор т.е.најдобар е за мене и толку.
    Бидејќи не сум имала некои коментари поврзани со незадоволство околу кг,само нафрлања од типот каква би била со вишок кг онака на шега немам што посебно да коментирам околу односот на партнерот кон ова прашање,меѓутоа сметам дека јас би сугерирала корегирање ако има некое преголемо отстапување во + или - кое не се премолчува, :) .
     
  13. Irinnaaaa

    Irinnaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    паа, во овие 3 години со него јас прилично се здебелив. Уште ми нема ништо кажано, цело време ми вика дека тоа нема везе дека секогаш ќе ме сака најмногу... но јас се чуствувам непријатно... не дека сум многу дебела, но спортист сум и имам дебели бутки...а он е многу слаб :/
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Јас ако се сметам за дебела и сакам да ослабам првенствено тоа ќе го направам за самата себе, а не поради тоа што на некој друг му смета. И кога тој(споменат во првиот пост)ми го плесна така, некако ми дојде како да ми изврши инвазија на телото, нешто за кое јас одлучувам како ќе изгледа. Поготово што не бевме во долга врска, па да ме знае и слаба и дебела, или да знае кој период каков ми е, па да ме критикува. Сега партнерот знае како дишам, па и да се здебелам не ми замерува, ми ги знае периодите на нејадење па се грижи да не останам во некој од нив. Тоа е тоа всушност што треба да го има врската според мене. грижа за психичката состојба пред се. Што ако ослабе девојката ради него, а е несреќна поради тоа што си ускратува некое задоволство? Ќе се гризе самата себе и ќе расте огорченоста поради тоа што го прави за него, а не за себе. И да се разбереме, не зборам за килажа од 100 и кусур кила, туку за неколку кила плус.
     
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Никој никој пат ништо не ми рекол, не ни смеел, ме одбрал мене, не килограми, тело, и слично. Јас знам да си мрчам дека сум дебела(сеа не мрчам више).... :lol: Сите ми велеле дека сум си таман, но мене тоа не ми значи, доколку јас не сум си ок. Јас сакам кога машкото има мало меше, а не чачкалица. Колку ми е само убавко моето муле, висок, со мн мало меше, мек таков целиот, си увртел у глава дека е дебел...А ептен ми е мече за гушкање. И како велат подобро да лула отколку да жуља. Ако не сум му арна нека бара друга.
     
  16. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    јас па имам друг проблем ме замара малку да се поправам :rofl: :rofl:
     
  17. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Брех...веќе се‘ што имав е напишано тука...до буква :*
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. xoxoxo

    xoxoxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    На почетокот на врската дечкото ми искоментира дека би можела да ги симнам моите неколку кг вишок (кои не се којзнае колку, 5-6 максимум 7 :D ). Јас премногу се навредив и му кажав дека јас немам намера апсолутно ништо да менувам на себе поради некој друг, доколку некогаш одлучам било што да променам кај себе тоа ќе биде исклучиво поради самата себе. И дека ако не му се допаѓам никој не го тера да биде со мене, јас бев истата и кога се запознавме па можел и уште тогаш да одлучи дали ќе прави нешто со мене или не. По некое време пак ми кажа нешто лошо во врска со мојот изглед а јас посакав да му ја отсечам главата затоа што со тоа ми покажува дека не ме почитува. После тоа ми се извинуваше, па као не мислел така јас него секако му сум се допаѓала само што мислел минус неколку кг ке бидам најтоп е ептен ќе му бидам по ќеиф. А и не му значел толку изгледот, тој му бил важен само првата вечер кога е со некоја а се заљубил во мојот карактер и не би ме менувал за никоја.

    Оттогаш не ми кажал ништо но сепак тоа многу влијаеше на мојата самодоверба :worried: И секогаш се присетувам на тоа и си мислам дека не му сум привлечна ;( Кога излегувам сама со другарки досега не ми се случило да не ми се закачи некој што значи колку толку им сум привлечна на други машки... и како сега јас да престанам да се нервирам и да си ја вратам самодовербата? :worried: Знам дека ме сака тоа ми го покажува секојдневно, но сепак ме прави да се чувствувам мноооогу лошо.
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    5 до 10 килограми не ми сметаат, не сакам дечко кожа и коски, сакам некој малку покрупен од мене пошто ја сум 170 цм висока и имам некои 63 килца (можам 2-3 да намалам) :) инаку кога би се работело за вишок над 10 кг, би ми сметало.
     
  20. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Кога се запознавме и почнавме со врска бев слаба со рамен стомак ме опсипуваше со комплименти колку ми ги сакал ''слабинките'' ,а јас редовно се смеев на тоа ми годеше.Со текот на времето поготово зимниот период се поправивме и двајцата,срекни,зањубени,алкохол,тој ги откажа цигарите,дел од работите почнаа да ни одат во нагорна линија и оп,ој да не видиш.Нафарлив 6кг ми личат ама повеке не ми треба ,а тој за стомачето ми вика сум имала четири спрата го почнувам петиот понекогаш се лутам ама примам шала.Како да не се поправам вчера ручавме заедно пастрамајлиа,винце и право во кревет.Сакам да останам на оваа килажа и да му бидам убава.Има една поговорка''Mажите не сакаат коски во манџата, не пак во креветот''.