Јас сум малце чуден на темава, бидејќи не верувам дека вреди човек да се здебели само поради стрвост. Проблем што сум имал со бивша, шо беше хронично љубоморна, сакаше да си јаде и чоколатца и секакви тестенини, и си го мразеше изгледот кога ќе се здебели а после мене ме јадеше жив со тоа нејзиното "па знам дека сакаш да сум послаба, знам дека ти се свиѓаат витки девојки..." ало бре женска, ако не се свиѓаш воздржи се, не гнети толку!! Јас многу ценам кога девојка се труди околу нејзиниот физички изглед, и не зборам за шминка и парфеми. Лично, не доделувам плус поени за луѓе што "излетуваат од шините" само затоа што им се каснува сладоледче, тостчиња, хамбругери и тоа не го компензираат со физичка активност. Ама ок, јас сум екстремен на темава, летото форсирам активно пливање скоро секој ден, и од скоро го трчам Водно нагоре. Секој со своето, терајте
Аааа... -Не ти е дебел гзот, имаш сочни бутови и слатки обравчиња. Динамичен превод: -Гзло буцкаста...
леле јас па додека имаф качено некое килце ќе речев дебела сум и сл а он, како да не најубава си немој во никој случлај да си ослабела итн....и сега сум скинала 8 кг и он ама мило многу ослабе мене си ми уба и вака амаа види ребренцата ти се бројот, листот и бутот исти ти се.... и нз што да праам xD кој претерува јас или он ?
Никој не претерува, има допадливост и во претходната и во моменталната верзија од тебе. АКо тој те сака и му значиш, критериумите ќе му бидат малце по флексибилни, а не како копје. Терај
Ако станува збор за вистинска љубов, партнерот ќе те сака и ако си дебела и ако си слаба, и ако си ниска и ако си висока...Мислам дека килограмите немаат врска со сакањето, сакаме со срце и душа, а не со изглед. Е сега тоа што сите сакаме надворешно да сме најубави си е наша грижа, па ќе си се трудиме колку што можеме да работиме на својот имиџ, чисто ради самите себе, а не за да не сака некој.
Секој може де се поправи или ослабее по неколку кила. Нормално си е тоа. Ама ако се работи за ептен драстична промена во ќилажа не верувам дека ќе му е сеедно на партнерот. Точно си е дека тој или таа пак ќе го/ја сака, дури и ќе се загрижи поради што е промената, ама дека е сеедно не е. Кога на пример девојчето е било витко цело време, и после две дечиња да е три пати поголема! Го имам тоа видено кај жени, и баш кога речат дека вишокот 30кг им е од деца раѓање, и после како можат мажите да им противречат нешто, не знам. Лично мојата мајка го има користено тој изговор со деца раѓање. Само, ајде да не се сеќавам ама јас имам слики од неа кога најмалото дете и е било 5 години и пак не била дебела, а да е она раѓала пред 15 години кога баш тоа време нагло се поправи, е не се баш сеќавам
Сума сумарум на темава е дека само девојкие со идеална тежина можат да имаат врски, само нив да ги сакаат, не дај боже некоја полничка па и нека има 100 кила да биде сакана зашто боже мој како ќе се појави неговото величенство МАЖ во јавност со неа. Страшни предрасуди. Чест на исклучоците.
Мојот пак постојано внимава што ке јаде...што ке пие..така да веке ми е преку глава ...Имало повеке ситуации кога црева ми виеле за јадење а тој ајде злато ке отидеме на една салата.. . ауууффф вријаммм...ми се јаде ми се плаче...инаку неам некој проблем со килажа ..имам малце меше па така демек ко у шала знае да ми рече Мече,Буце..ме шиеш во стомак...и потоа веднашш се шаламмм те сакам таква ко шо си...или пак на вечера (почесто одиме на пица) бидејќи јадам брзо се случувало и пред него да ја изедам...и тој хаха јадеш побргу од мене бравосс...и потоа пак следи се шалам бе срце..кога и да се случи вакво нешто веднаш го менувам расположението и тој свака дека има нешто утнато и веднаш се вади и ми велии а да земеме нешто за десерт???
За мене немаат никаква врска килограмите, па тој оди со мене не со моето сало ! Во ред е да ти поткаже, пример сонце нешто имаш апетит, или слично, ама да прави некој буки за тоа - смешно !
Жена ми ме сака буцкаст... Ужива да ми ја стави главата на стомакот и да си го подбутнува и поместува, како да и е перниче
хахаа и да знаеш дека тоа е уживанција и ја така му правам на мојот...нема некој Бог знае колкав стомах ама доволен за комфор да се лежи на него
еххх изгледа само мене дечкото ми вика да јадам повеќе да ставам некое килце на газево ама таква сум јас два дена јадам полно газе два дена не и оп го нема газето ама ме сака секаква само вика дека ако сум се растушлаела кога ке се породам ќе ме неќел ама ако пушти стомак тој ќе види убо
Тој пробува да ме здебели со тоа што јаде навечер доцна а јас пробувам да му набијам комплекси дека е дебел (иако е ок ). Знае дека се зезам со него, ама и мојата линија си ја одржувам топ, затоа што ако нешто сакам да си купам и излета некое салце - геврече од страна ќе биде штетно по неговите нерви. Си се сакаме такви какви што сме и со +10 или 10кг ќе бидеме пак ние истите
Колограмите и врсаката хм, јас сум малку повозрасна од вас но секогаш маживе сакале тенки и вити жени не дека се посексибилни ете останало мода, но денес не е така денес маживе сакаат и малку мевце!
Килограмите во врската не играат некоја голема улога, бидејќи нели веќе во врска се, но за некои кои сакаат да стапат во врска играат поголема улога бидејќи првенствено до израз доаѓа физичкиот изглед.
Умереност пред се... Ако сум го запознала подебел, и да веќе ги знам неговите навики за јадење, (не)вежбање и сл. ок, лошо е да му пререкувам, сепак тој си е таков и јас таков сум одбрала... Но пример сега мм да почне неконтролирано да јаде, да гледам како се гои и не води сметка за себе (а претходно го знам како спортист со здрави навики), би ми сметало и тоа како...
Абе и јас на оној мојон така му правам. Не ми смета стомачето ич, ама сонувам за стомачни Да не се лажеме, цврсто и стегнато тело со мускулчиња, пали Ова чисто онака како бонус. Инаку да влијае некој килограм плус на цела врска - НЕ! Освен ако не си уште излегол од пубертет А и незнам зашто на вишокот килограми се гледа како на проблем, се додека нели нема веза со здравје и е во граници на нормала. Што ако партнерот има 10-15кг плус? Едноставно личноста може е гурман и ужива во храна, ете несака да вежба, сака да си јаде се што ќе му посака душата. Подобро да имам таков дечко, кој ќе има вишок кг и ќе е среќен, одколку да е послаб и да е приморан да е таков и да се лиши од задоволства, да вежба со сила и сл. Јас си вежбам оддамна, онака аеробик и редовно си одам, дечко ми еден период демек реши ќе иде со мене во теретана и идевме заедно ама се осеќаше дека не му прави ќеф, ко измачување му беше. И после 3-4 дена пред да одам престанав да му ѕвонам, си идев сама. Несакав да се чувствува обврзан или пак некој притисок од моја страна. И сигурно нема да му раскинам ради ова, леле значи какви површни луѓе (ова инспирирана од Сексили)