Многу би сакала моето либенце да биде барем 10 кг подебело,многу ми е сувичко (170 /50кг ).Ама ни грам не можи да се поправи,а јаде како ненаситно! Јас сум 160 висока и имам 53 кг,таман ми стојат,имам нормални гради и малку поголемко газе и стално ме зафркава за газето,ми вели дека се што ќе каснам таму ми се лепи Се разбира ,на зафрканција. Зимава бев малку повеќе поправена (62кг) ама му се запнав и ги стопив.Ништо ми немаше преречено,ни на шала,свесна си бев дека треба да се средам и крај,тоа е тоа.Моја кривица. Памтам еднаш,во 8-мо одделение беше,имав стварно проблем со тежината (73 кг на 154 висина во тоа време) ,не бев разлеана,цврста си бев ( спорт и остало) ,ама се познаваше особено во газот и бутовите дека е прекумерно. И запознав еден батка,онака ми се свиѓаше.не којзнае колку, ама ај се запна да се мува со мене. И ок,така нека биди,за една шема,не е страшно. И после типов ( многу погрд од мене,во секој случај) ми вика - Да не беше буцка,ќе те фаќав за женска. А јас сета нервозна ,му се правам на искулирана и му викам -Извини,ти си пресув за мене,јас сакам батки со мускулишта. И типот не знаеше кај да се пикне,пусто незгодно По некој месец,пред полуматурата,ме фати инат,се запнав со диетата на Жан Митрев,скинав 15 кг и оттогаш се трудам да држам секси линија
кој те сака, каква и да си ке те сака, нема тука што ама имам приметено дека притисокот е поголем на женските да се тип-топ, а колку машки немаат ни едно мускулче, а сакаат згодна женска.
So decko mi sme vo vrska 2 meseci i veke cuvstvuvam deka dojde momentot koga treba da go napravime toa no nekako go odolgovlekuvam toa bidejki imam nekoe kilo poveke a decko mi e vo super forma , toj e sportist. Mnogu mi e stram koga ke pocne da ja nasocuva situacijata vo taa nasoka koga sme sami , sekogas go odbivam [mod-kirilica:1vfhk1am][/mod-kirilica:1vfhk1am]
Морам да ти кажам дека правиш гоооолема грешка. Доколку тоа „некое кило повеќе“ не се минимум 10 кила, мали се шансите дека тој воопшто нешто ќе забележи, а дури и да се работи за поголем вишок, верувај дека нема да му пречи. Но твојата несамодоверба сигурно ќе му пречи. Затоа, поработи малку на случајот, натерај се себеси да се чувствуваш убаво во сопствената кожа (ако ептен ти сметаат килограмите, почни да спортуваш - може нема одма да се познава на твоето тело, но сигурно ќе бидеш позадоволна со самата себе), набилдај ја својата самодоверба. Запомни: ти си убава, згодна, секси. Ти се сакаш самата себеси. Среќна си и уживаш во своето тело. А ќе ужива и тој. Ова не ти го пишав од што сакам да ти солам памет или нешо слично.. работата е што до пред некое време и јас го имав твојот проблем (5-6 кила вишок = 50-60 % самодоверба мањак), се додека еден ден самата себеси не си ги кажав овие работи и се натерав да сфатам дека она што мене ми изгледа како толку огромен проблем, за него не постои. А така и беше. И ден денес тој го сака моето тело такво какво што е, а јас никад не сум се чувствувала посекси...
апсолутно се согласувам со ова, тој попрво ќе го забележи твоето чудно однесување а не вишокот кг а освен тоа ако те сака вистински нема да му сметаат и 10 кг вишок
Нема на што душо, како што кажав и јас поминав низ сето ова... Камо да имаше некој мене да ме опамети тогаш
Јас сум 165 висока и 50 килца, а дечко ми е 170 висок и 81 кило. Таман ми е, не сум се жалела никогаш за неговата тежина, како меченце ми е А и тој нема кажено ништо за мојата тежина, таман ми се килцата.
Ако имаш 5-6 кг вишок тој тешко дека ќе забележи Ако имаш 15кг вишок тој веќе го забележал тоа (освен ако не си забулена цело време па никогаш не ја видел формата на твоето тело) и пак сака да е со тебе и пак сака да имате односи. Штом ја насочува ситуацијата го палиш каква што си Значи и во двата случаи нема потреба од оптеретување со нешто на кое нему очигледно не му пречи
Да ви кажам право, дечко ми е многу контраверзен на оваа тема. Нема ден да не ми каже колку сум убава и секси, а сепак некогаш ќе ми подречи ко на шала да ги ослабнам малку нозете и задникот не ќе било лошо. Јес да имам крупни бутки, ама не е воопшто претерано, треба само некој цм салце да скинам. Меѓудругото, нема право да зборува, ко чичко е направен во стомакот од ко е на факултет. И да, му го плескам тоа в лице.
Јас мислам дека не треба килограмите да претставуваат проблем во врската...но сепак јас мислам дека тежината е работа на која треба многу да се внимава, оти сега немој тука да се лажеме полни4ка, оваква, онаква, се знае дека ако тежината е прекумерна (сеа нели зборам за 80-90+ кила, а не за некои моми4ки кои шо кога ќе видат дека се 48кила и одма пани4ат како се здебелиле ова она...)е многу штетна и треба да се превземат повеќе работи за да се намали тежината, нормално не мислам на диети за изгладнување со кои повеќе ќе си го расипиш здравјето, туку нели постепено, со повеќе физи4ка активност, здрава храна итн итн... и така некако полека да се доведе тежината во некои граници на нормала оти прекумерната тежина може да направи многу проблеми со здравјето и тоа стварно многу..
Килограмите не би требало да имаат никакво влијание на една врска. Зборувам за врска во вистинска смисла на зборот, во која партнерите се сакаат поради тоа што се навистина, а не само заради физичкиот изглед т.е. привлечност. Според мене би било многу површно ако ваква работа влијае на врската. Да, може да се даде добронамерен совет или забелешка, ама ништо повеќе од тоа. Сите знаеме дека прекумерната тежина пред се не е здрава, па ако партнерот се здебели претерано би му кажала да внимава. И мене да ми се случи такво нешто, не би ми сметало ако тој ми каже и ме посоветува. Самодовербата е најважна во случајов. Ако човек се сака таков каков што е, и другите ќе го сакаат. Ако некој е со вас, значи ве сака такви какви што сте, со сите ваши доблести и мани.
Уште кога ја видов темата, веднаш ми текна на едно нешто. Килограмите и Девојките. Сосем различно од името на темата. Знам знам сега ќе почнат да се лутат и девојки и за тоа што јас сум машко и како сум смеел да прокоментирам вакво нешто на женски форум. Да, го кажав. Сите девојки ( ок ајде 97% ) се опседнати со тежината... а сте опседнати затоа што мислите дека на момчето ќе му смета да имате некој вишок килограм. На мене искрено а и како што сум разговарал со 10тина други другари ич не им смета тежината на нејзините девојки, бидејќи ние што мислиме дека е дебело девојче вие мислите дека е гигантско. Со вашите 62 кг мислите дека сте слонови Многу не обрнувајте внимание на тежината, оставете се да си тече по природен пат, одвреме навреме потрчајте или дигнете едно шише вода во рака, но премногу грижи за килограмите и некогаш ствара проблеми во врската... In my opinion.
Барем во мојата околина повеке се прифатени дебелите или пуничките машки него девојките али сепак мене лично повеке би ми одговарало девојка пуничка која ке ме сака , него слаба која ради везе ке е со мене е сеа девојка од 120 кила ..... НЕ
Не личи девојката да се поправа откако е во врска. Може ја сака вистински, но секако ќе се загледува наоколу. Така да подобро е, и посигурно ќе е чувството во нас ако се трудиме да одржиме некоја линија.
Најчесто секој се труди да е во некоја форма додека најде партнер и чим дојде до сериозна врска и мозокот сигнализира тоа е тоа доаѓа до опуштање и до постепена негрижа за сопственото тело, во стил веќе не е битно како изгледам што според мене е многу погрешно. Добрата линија е пред се корисна за самиот себе, дава самодоверба и понатаму во врската а освен тоа му прави задоволство и на твојот партнер како и го мотивира да постапува слично и затоа и не е случајно што најчесто двајцата се дебелеат и престануваат да се мотивираат да изгледаат исто како пред почетокот на врската. Проблемите настануваат кога едниот останува ист а другиот неконтролирано престанува да се грижи за сопственото тело и тука би требало првиот партнер да реагира на време и да го мотивира другиот а не пасивно да чека и да трпи во име на љубовта, не е љубов да го пуштиме партнерот да се запусти само за да не го навредиме. Мене би ми сметало ако девојката престане да се грижи за својата линија во врската така да во никој случај не би дозволил да дојде до таму и би направил се што е во моја моќ да ја мотивирам да вежба или барем да припази на исхраната. За неколку килца вишок нормално никој не би правел проблем .
Eве баш дечко ми се поправил 2-3 кила,можеби и 4,ама мене воопшто не ми пречи тоа,мислам дека и него не би му пречело да се здебелам јас,сеа нормално не да станам 100+ кила,ама за 3-4-5кила да ми рече одма да ослабам па одма ќе му раскинам.Тоа не е љубов,ако секој грам на тебе го приметува и те замара колку да ослабеш.Еве баш сега сум на диета да симнам уште 4 кила-5 и да бидам 52,а дечко ми ми вика топ си,ама и да ослабеш и да останеш ваква мене исто ми е,нити тогаш ќе те сакам повеќе нити сега.
Не ми беше зборот дека ќе те остави, или слично, туку заради самодовербата. А и сигурно сакаме да се гордееме на дечкото/девојката како е згоден/а хехехе.
Тоа да дефинитивно дека жената кога е послаба е посекси и има многууу повеќе самодоверба.Затоа и сум на диета не се чувстувам дебело,ама си осеќам некој вишок на мене.
Порано бев 5 кг послаба и многу си се бендисував како таква, ама моите дома и дечкото не баш Сега сум ненамерно поправена од лекови и 300 чуда околу 5-6 кг па многу сум им била слатка боже сачувај Ама мене не ми се допаѓа едноставно така да сум си на диета