Па шознам ама не би требало да има... Јас сум на пример покрупна од дечко ми и мене тоа ми смета а на него не... Ми има речено Овоа меше треба да го нема ..ама на зафрканција после па ке ми рече да не сум ослабнувала...пошто ако сум ослабнела нема да ме сакал така хахаххха божем и вака ме сакал ако имам некое килце повеке... И стварно ТРЕБА да се стаам на диета и секој понеделник сум на диета ... ама никако да ослабнам Стварно нема смисла дечко ми да е послаб од мене... ама добро тој па е претерано слаб
Еднаш заради ова се закаравме со дечко ми..Јас сакав да држам диета пошто сум малку полничка ама не сум дебела... и ја почнав диетАва ама сум имала слаба крв и се онесвестував..И тој почна да ми вика од сеа има да јадиш,ако не јадиш че ти идам дома јас да ти давам да јадиш и да те глеам со свои очи кај шо јадиш срцка.....Па сеа ми даде коментар дека сум ослабела, и несакал да држам диети оти сум била тамаН...А и тој е така полничок ии има мускулчина И си го сакам таков каков што е..Понекогаш вежба со часови,и покрај тоа што оди в теретана и ме нервира оти се заморува...
Па си пазам не да не...ама се дешава периодично ќе се здебелам некое кило вишок ама сега последниов период ослабнав многу и дечко ми не ме сака слаба и сега цело време ме тера да јадам и ме нервира а ја не сакам така да сега сум си таман ( според мене ) А он е супер дефиниција си има, мускулчиња
Многу сакам дечко ми да биди барем малце подебел многу ми е слаб ама јади како будала и пак ништо нема да се фати на него а јас зимово многу се здебелив качив 10 кила и многу сакам да ослабам и а и дечко ми сакаше па држев диета хухух и ослабев 1 до 2 кила и после пак сакав да ја држам и ми вика не ми се мачи повеќе сега вака таман си ама јас сакам барем до кај 60 да дојдам
Не ми пречи ако е подебел, но ми пречи ако е многу слаб. Имав дечко кој имаше 110 колограми, огромен, а јас душиче немам ни 50 килограми. Но, не ми пречеше, ниту пак него. Сегашниов ми е топ, ем е згоден , ем има совршена килажа. Затоа што мислам дека отажувањето од храна е голем грев спрема себе си, никогаш никој нема да натерам на диета, а и ќе го оставам тој што ќе посака да сум на диета. Сакам да јадам, ја обожавам храната и никогаш нема да с еоткажам од неа, освен ако морам поради здравствени причини,а не затоа што имам вишок килограми т.е сум буцка или затоа што некој не ме сака таква.
Мене ми се повеќе допаѓаат полни машки. Кога фаќаш да има што да фатиш јеботе Добро не сега премногу дебели де, се разбираме ваљда Бившиот ми дечко имаше коцки на стомакот и е премн згоден и без разлика што сакам полни машки, него си го сакав таков како што е
Типот шо ми се допаѓат е слаб и висок, а пусто бре јас сакам месо - да го осетам кога ќе го гушнам А јас си сум со облини целата - некако како да не си одговараме Ама ми рече дека сакал да се здебелит.. како бре човече во денот по еднаш максимум 2 пати јадиш?! Со тебе или ќе ослабам, или ти ќе се здебелиш! А имат еден друг, од кој се откажав (тој шо го зјапав), па тој пак ми одговара во целост.. да грабнеш и да бегаш!
Килограмите не би требало никако да влијаат на врската.Не оди!Дечко ми беше ептен слабичок кога се фативме исто и јас,46кг.Кога почнавме заедно да седиме во стан,нонстоп нешто грицки,благо ова она и двајцата се поправивме,ама он повише, така да сега има меше.Ама мене баш ми е секси,кога го гледам слабичок на сликите му се смеам Среќа шо брзо се свестив,и се отргнав од брзата храна,инаку . Така да сега се вратив на 53 кг и со мојата висина од 165цм таман ми е,со минимум вишок на стомачето.Овој мојот ме кара-да се поправиш та да се поправиш!Сепак знам дека му се допаѓам вака,нонстоп на одмор ми велеше-Колку си секси Сепак и кога се поправив ништо не ми рече,не му сметаше,дури и ми велеше-е сега си таман како што треба Повеќе би ми сметало,кога партнерот не води никаква грижа за себе,само да лежи и да јаде Нити спорт нити ништо.На таков ќе му речам,па ствар на грижа за себе е веќе тоа.
И мојот ко демек не се замара со моите новодојдени килограми, ама знам дека му недостига моето убаво Спојлер газе и нормалното стомаче... Не ме карајте одма, од денес почнувам со поинаква храна (и помалку количински), не го бива, мислим стварно, дупло од него јадам за ручек. Не претерувам.
Интересна тема. Јас сум слабичка личност.Летово додека бевме скарани извесен период забележав голема промена кај мене,а и кај него.Јас си шетав со другарки си одев на одмор...и многу повеќе јадев одколку кога бев со него,се здебелив 7 кила за помалку од месец.А он пак слабеел,хехех кога се вратив од одмор колку ми беше смешно,јас таков ослабен не го имам видено никогаш.А сега повторно сме заедно и он си ја врати тежината а јас пак повторно ослабев многу.Баш ми е криво за тоа.
Jас кога имав вишок килограми не му сметаше,мислам заради и тој што има вишок па затоа не му сметаше,од како ослабнав доста ми има кажано дека сум му привлечна и имам забележано,е сега тој има вишок килограми и проблеми со здравјето и мора да ослаби порано кога беше многу слаб ми беше повеке привлечен,а сега не ми е баш и ми е незгодно да му кажам,нон стоп го терам да вежба,да ослаби,мора и заради здравјето,ама некако незаинтересиран е Mногу би сакала некоја феминка да ме советува Mоже и по лп
Би сакала и јас да ти помогнам,но никогаш не сум се нашла во ваква ситуација. Сигурно и него му смета тоа што има вишок килограми,ама сепак слабеењето не е лесен и едноставен процес. Мислам дека со текот на времето воопшто нема да ги приметуваш несовршените работи кај него.
Знаете како викаат- доколку се здебелиш во врска значи убаво ти е . Фала богу јас не сум здебелена иако ми е убаво но затоа дечко ми си има качено неколку килца.
Јас лично можеби си имам некое килце + и стомаче имам малку, но вака по изглед “од далеку“ сум баш така таман имам зборувано со дечко ми во врска со тоа, и ми има кажано дека подобро е да си останам вака како што сум, несака воопшто да ослабам, ма да тој е слаб, но ете се мислам дека е поради тоа што се плаши да не ги изгубам и “облините“ ако би ослабела хахаха
последниов период качив некое килце повеќе ама ништо страшно,а дечко ми секогаш ми вика гице а јас него дебели...немаат врска килограмите,само важно е за себе да си внимаваш на твоето здравје се одразува
Да, и тоа нон стоп, во во последниов период качив точно 8кг. и тоа само во пределот на струкот/стомакот. Нозе слаби,раце, се супер, ама тој дел И секогаш се шали, Гица,Гојко...а навистина се лутам зошто не сум дебелка, за свои 170cm тие 68 не се толку страшни, сега почнавда вежбам, се гледа мал напредок,и верувам дека до крај на мај ќе стигнам до кај 64/65, а веќе во јуни 61...тоа ми е целта.
Мене секогаш ме кара дека не јадам доволно и некогаш ке ме заколни во него и морам да јадам, а сум така мааалце пополничка од порано што бев и сакам да сум на диета,ама него сум му била убава ваква каква што сум.Ме има видено во секакво издание и шминкана и не шминкана и хаос и средена во косата, па ми вели мене ми си убава секако сонце мое А тој зимава си кладе стомаче и сега самиот трча секој ден сака да ослаби,а мене искрено не ми смета тоа што малце се подздебеле.
Не ни претставувале проблем килограмите во врската барем до сега.Понекогаш знае да ми рече мече ама ај не се лутам иако имам 66 кила а сум 170см висока што и не е кизнеј колку дебело ( така си се тешам јас ) Понекогаш знаам да му кажам на шала кога ќе ми рече мече дека ако ослабам немам да му одговарам тој таков висок со големи рамена а јас слаба, па затоа не си слабеам хахаха Инаку во последно време тој се поправи доста 9 кила за 7 месеци и сега јас си го викам Мечок хахах али типот си го зел здраво за готово тоа дека нема да го сакам таков па престанал да јаде благо и да пија газирано и трча скоро секој ден - абе гревче мое