Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и врската

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 27 април 2011.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Никогаш досега не сум имала проблем со килограми во врска.
    Со сегашниот дечко постојано коментираме како некој качил некое килце, како некој е многу слаб и сл. Јас на периоди знам да сум си таман, на периоди со 2-3 килца поише, на периоди со 2-3 килца помалце, секогаш различно. Никогаш не ми рекол 'треба да ослабеш малку' или 'качи некое кило, слаба си'. Понекогаш знаеме на шала да кажеме дебел/дебела, но никогаш не сме го земале тоа здраво за готово.
    И двајцата не сме ценеле до сега физички изглед, туку исклучиво карактерот.
    Тој додека тренираше фудбал си имаше плочкички, но сега е без нив, а и без меше. И доколку би имал стомак, стомаче, сеедно, не би му префрлила. :)
     
  2. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Јас сум полничка - сум имала и врска со послаб од мене кој сакаше дебелки, дури и се ожена после мене со дебелка, викаше послатки ми се :)
    а додека имав симпатија кој постојано (иако знаше дека јас го сакам) пред мене ги фалеше слабите девојјки, што алудираше дека нејкам дебели како тебе - сфатив, се тргнав - типот се ожена со слабичка жена ама затоа тој пушти стомак и сега јас го зезам :))))

    не треба да си во врска со тип кој се зеза на сметка на килограмите, се може сите да се слаби, има и дебелки девојки а се типки ;) гордо си ги носат килограмите
    има за секого по некој

    џабе да си во врска со тип кој те навредува

    затоа што, жената може да ослаби со тек на време...ама мажите се тие кои пуштаат пивски стомаци
     
  3. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    И ја сум си пунечка и гледам колку толку да смалам во тежина ама тоа дечко ми го нервира, да може ќе ме здебели дури 10 кила поише ( да ме сакал само он xD) хахахаха
    ама јас сакам да си ослабам за мене и можам да кажам дека не ми смета воопшто пивски стомак, нека има колку толку меше за да имам што да гњавам :D ^^
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Јас му кажувам директно и не се лути.
    И не го правам тоа заради неговиот физички изглед туку за здравјето...
    Нели во здраво тело здрав дух! :)
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    абе ние гурмани, јас покрај него се здебелив периодов мислам. Само ме храни, и после јас сум крива. :rofl:
    Заедно си пуштаме мешиња, заедно ги отпуштаме.. :rofl:
    Се сакаме ние, де, се поддржуваме. Му симнувам капа што може да ме трпи кога стојам пред огледало и цимолкам дека сум дебела. :rofl:
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    И јас имам некое килце повеќе, но убаво се чувствувам во своја кожа. Го имам прашано дечко ми што мисли за тоа, тој ми вели дека сум супер (а спремна бев да почнам да слабеам ако ми речеше дека треба, ми требаше само некој да ме подбутне така :D ) Но ете, тој запнал, не па не. Некогаш дури и си се шалиме на моја сметка за килцата плус што ми се, но не се лутам јас, полна сум со љубов, не е од нешто друго. :rofl:
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Aбе и ја сум си дебелааааааа. Благодарение на секојдневните слатки кој многу ме сакаат и не ме напуштааат абе кога ги гледаш ко да ти викаааат изедине твој сме само твој :D
    И ја кога бев во врка го прашав дали сум дебела? :$
    И овој ми вика не што ти е :lol:
    И ја му викам а не не ке почнам на диета :^)
    И овој ми вика абе добра си што ти фали :)
    И ја му реков добро ако ти така викаш :$


    Ама не се замарам вопшто еве недела скоро не сме заедно и сеа брзо ке ослабам и ке бидам рип4е за следната јадица :D
    Е како да не ,одма сега :D
    :D
    Ја сум јадачка на слатки БУ :D
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во добар однос сме и двајцата со килограмите, а и тие со нас, постепено двајцата растеме во обем...Прекрасно, ние се си праиме заедно.
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски
    Ако постои вистинска љубов килограмите немаат никакво влијание во врската. Си тргнувам од мене. Јас сум од секогаш послаба, не дека не јадам ништо или глумам лудило да пробирам храна. Едноставно таков метаболизам имам а не дека не сакам да се поправам. Додека дечко ми е полничок и искрено мене ми е најубав :$ . Кога бевме на почеток на врската беше неколку килограми послаб ама вака ми е посекси иако има и стомак :$ , дали има минус или плус килограми јас секако си го сакам, не ми сметаат неговите килограми :inlove: .
     
  10. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Несум којзнае колку дебела ама ипак ме тера малку да ослабеам, односно да почнам да вежбам и да се затегнам :(
     
  11. Dilema

    Dilema Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,ми треба помош....Се запознав со еден дечко преку моја другарка,тој навистина е добар и фин со мене секоја вечер сме излезени во најубавите ресторани во Скопје,ми носи музика на маса,палачинки и пици ми нарачува во форма на срце.......пред се има мн добра душа што кога една вечер бев пијана и ме однесе кај него да се отрезнам и верувале не ме допре со прст.Но има еден проблем тој малце повеке е дебел...мене тоа малку ми смета... а кога сум со него ми е убаво,знае да се понаша со девојка незнам дали да бидам со него....Ве молам за совет.Ви благодарам
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Најди ги причините заради кои би била со него, па нема да ти треба совет од нас.
    Прочитај си го постот пак, види како си ги поставила приоритетите....ти „со сила“ сакаш да се вљубуваш, па сега пресметуваш нешто, или....?

    Мислам, или ти се свиѓа или не, нема 3то. Не е ништо страшно ако не ти се свиѓа дебел дечко, на многу не им се свиѓа, ама страшно е што ги сакаш шетањата и кафаните кои тој дебел дечко ти ги овозможува без да го сакаш и почитуваш него како личност.

    Колку за инфо - и најдебелиот може да ослаби, исто како што и манекенот може да се здебели, ама умот и карактерот остануваат засекогаш, со тоа заглавуваш за век ;)
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Мојов има малку меше и постојано го штипкам за него и го викам мече.. ама па не се лути. А и мене не ми смета. :D Сладок ми е вака. :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Значи ние девојките сме чудо. Ако партнерот ни се здебели и стане буцко додека сме во врска-не ни смета. А ако веке е дебел пред да се фатиме-ни смета :D
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    4.072
    Пол:
    Женски
    Значи вака девојки... дечко ми од секогаш бил по полн и мене никогаш тоа не ми сметало, баш напротив си го сакам таков :D
    Сега проблемот е во тоа што тој сам себе не си се сака ни поднесува со тие вишок килограми што ги има.
    И постојано збори за тоа, значи 24/7 ми кука како бил дебел и сакал да ослабе , а не прави ништо во врска со тоа. Страшно ме иритира тоа негово однесување.
    Секогаш се жали како бил дебел, неможел да се погледне во огледало ( искрено не е дека има 100 кила , незнам зошто толку се преокупира ) и сл , ама после секое искачање него му е како обврска да купи тост, кока кола и слично. Кога и да ја почнеме темата диета секогаш му кажувам дека барем да ја отргне таа навика да јаде касно навечер брза храна и да пие газирани сокови ќе ослабе. Не му треба незнам колку строга диета. И секогаш завршуваме со истото "од утре сум на диета" и го гледаш утре пак на брзата храна.
    Ми станува страшно одбивен кога ќе ја почне темава, не заради таа негова тежина туку заради таа негова преокупираност и не превземање ништо во врска со тоа.
    Си се восхитувам самата на себеси како не пукнам еднаш при разговор за ова и се да му изнакажам :x
    Ама неможам , незнам како да му укажам без да се навреди и да ме сфати погрешно.
    Јас го сакам ваков и што е до мене не би менувала ништо кај него, па и тие вишок килограми му прилегаат одлично и мене ми е совршен ,ама ме излудува со тие комплекси што си ги има натрупано :x
    Како да пристапам и што да направам за да неморам повеќе да го слушам тоа ?!??! ќе ме полуди жими се :D
     
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Јас па обратно од сите мислам. Слабост ми се дебели мажи, таков и си најдов, сакам да ме гушка и топли а па мм е таков убаво изгледа.Секако не ми е тоа важно и да ослабе и да се здебели ќе го сакам.Килограмите немаат врска со мм многу пати имаме за тоа зборено и стално ми вика дека карактерот му е пред се и дури му се гади да збори за слаби.
    И јас не сум слаба многу,се трудам и ми оди, и баш со мм многу ми се накачи самодовербата.
    Кога се запознавме се чекавме кај него пред работа па кога излезе од трафика за да ме пречека осетив дека е среќен што сум таму и во тој момент осетив поврзаност и сигурност дека е тој.И успеа да ми го смени животот, од самодоверба до некои мои навики и уште некои работи.
    Инаку ме знаеше уште пред тој ден од гледање и кажа дека правел се за да дојде во контакт со мене,и осетив дека не е се во килограмите.
    На тој што му е важен изгледот е глуп, некој што е површен и што незнае 2 реда муабет да направи, што има девојка колку да се направи фаца пред другите а со нејзе очи ќе си извади.
    Затоа килограмите немаат ништо заедничко со врска, тој што те сака каква што си ќе те сака.Тоа е исто како да најдеш некој за пари па ајде ми одговара сегде ме носи.Многу работи имаме поминато со мм и знам дека какви и да бидеме нема да го оставам.
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    89.775
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа е минливо и дека може да се промени, а ако навистина е внимателен ,добар карактер и ти е убаво во негова близина мислам дека можеш дапробаш со него :)
     
  18. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Кога сме во подолги врски повеке се опуштаме и нормално накачуваме по некое кило... но тоа не значи дека треба скроз да се опуштиме и да не внимаваме на ништо... јас на пр од кога знам за мене сум на диета, не дека ми треба мн да симнам... сега кога се гледам пред 3 год не сум била дебела а сепак тогаш се сметав за таква, а сега навистина сум малце и сум на диета и тр4ам секој ден... и мислам дека е многу убаво кога си во долга врска да се трудиш да изгледаш убаво, бидејќи ако се опуштиш многу, тогаш нема да имаш самодоверба и можи дечкото ке си каже колку се грижеше на почетокот за себе а сега не се замара и тогаш и на него нема да си му мн привлечна...затоа јас решив да се грижам повеке за мене, да имам самодоверба па така и дечкоми да се гордее со мене :)
     
  19. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Јас кога се фатив со дечко ми бев супер со килограмите 52 или 53 и супер си одговаравме.
    Премногу тогаш му се допаѓаше моето тело. Еве после неколку години тој се оформи целосно, има спортско мускулесто тело, а јас 7 кила сум здебелена. :(

    Ми смета премногу што се запоставив, немам доволно самодоверба во однос на ова.
    Дефинитивно тој не сака да се здебелам повеќе и да има буцкаста женска, :$ но некако немам желба за диета. Ни тој не сака да држам диета, туку сака да спортувам.
    Во летото кога тој одеше да трча, одев и јас со него му досадував, не можеше од мене раат да си извежба бидејќи трчав јас 5 до 10 мин и ќе застанам да си се одморам, а тој си имаше направено шема со одредено темпо да си трча. Битно се радуваше за мене, ме гледаше дека се трудам, но ова траеше само 1 недела. :D

    Е сега дефинитивно сум решена откако ќе завршат испити да започнам со слабеење и тоа да ослабам 8 кила, да се изненади од мене оти мисли дека не се трудам и не сум упорна... Епа сега морам да му докажам дека не е така! :lol:
     
  20. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Сметам дек килограмите немаат врска со врската. Иако на почетокот изгледа глупаво и претставува проблем, со тек на време си се навикнуваат и двајцата па тоа не го ни приметуваат. Познавам многу парови каде што девојката е огромна ама буквално огромна а дечково е се губи у неа. Не е убаво за глеање, ама кога е љубов во прашање.. ;)