Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    ајде малку да позборуваме на оваа тема.од лично мое искуство мислам дека дебелите девојки имаат помали шанси да си фатат дечко.пред неколку години кога бев малку послаба имав дечко и стално ми зборуваше за тоа да ослабам.сега сум 10 кг подебела.немам дечко веке 2 години.кога излегувам убаво се дотерувам и се нај нај,а ми приогаат момчиња и јасно си кажуваат дека сакаат само секс.што мислите вие и дали некоја има слична ситуација како мојата?
     
    На portokalcemace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    41.200
    дебела девојка-помали шанси за дечко

    па ти ако си наишла на морони, извини ама килажата не ти е ни најмалку крива, дури и да си слаба- морон маж си е морон :)
     
    На WildMk, franca, mode-kristina и 9 други им се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    4.376
    Апсолутно нема врска.
    Дебелината не е пречка за фаќање дечко.
    Добро, колку кила имаш ти? Ваљда не си екстремно дебела.
    Побогу, најдебелата жена од гинисова книга на рекорди е омажена.

    Чисто заради себе, ако не си се допаѓаш таква, пробај да ослабеш. Се може да се постигне.
    Но немој да мислиш дека ако ослабеш и бидеш згодна, а другите фактори во однесување ги занемариш нешто ќе се смени ќе ти дојде принцот кој ќе сака љубов а не секс.
     
  4. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    за тоа дека сите мажи се морони,во право си :) ама сепак мислам дека дебелината смета
     
    На portokalcemace му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.738
    имав колешка на факс, дебела ко буренце, ама тоа не и пречеше да ужива во животот, да биде сакана и посакувана од неколку дечки до сега-мегу кои еден од нив е нејзиниот сегашен маж :) така да ако некој навистина те сака, ке те сака ако имаш 50 и 150 кг :*
     
    На Sanjichka007 и feminagirl25 им се допаѓа ова.
  6. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    јас сега имам 80 кг ама имам и висина.инаку знам дека и слабите се скоро исто третирани од машка страна ама сепак мислам слабите имаат поголеми шанси да си "фатат" дечко.инаку и слабите и дебелите девојки можат да бидат изневерени :(
    мислам некоја како мене може потполно да ме разбери.
     
    На Mileivanov и portokalcemace им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.944
    Пол:
    Женски
    За жал, повеќето се само визуелни суштества, со чест на исклучоци.
    На тие на кои ти си наишла, видикот подлабоко од твоето деколте, не може да им појде.
    Да, сме го слушале муабетот дека не сакаат кожа и коска, сакале малку мевце, ама некои ни самите не знаат колку од тоа мевце сакаат, а ти не си ништо должна да гледаш некому да угодиш, само за да го имаш. Тоа во никој случај, или нека те прифати како таква, или чао пријатно, те му ја десанка шакич, па нека си се љуби со неа колку му милува тулето.
    Единствено за себе ако си сакаш, и колку си сакаш, можеш да се потрудиш да намалиш, а да потпаѓаш под притисок да се менуваш за други на било кое поле, тоа никогаш немој, оти утре ќе биде: А па ти ептен се смени, сега не си ми истата што ја запознав. Ајде бе.
    А јас познавам доста полнички девојки кои околу прсте вртат машки, а имам и две другарки кои се доста слаби, па пак се сами. Ама полничкиве се самоуверени, итри и упорни.
     
    На Gosh, anngelique, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Flower20

    Flower20 Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    5
    нема врска
    една моја братучетка има 80 кила,а одма си најде дечко,многу се среки заедно,сега ке се венчаат,а една друга моја братуцетка има 42/3 кила,а сеуште неможе да си најде дечко,а има 27 години.
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    859
    Моја познаничка какви (и колку) дечковци ја бркаа, а жената е баш елегантно пополнета и крупна, ама секогаш, секогаш расположена, средена од глава до петици, алишта, чевли, накит, ретко кој знае да се стегне како неа, феноменална насмевка, самодоверба што не се опишува. Сега е мажена. Јас до ден денес ѝ се восхитувам како си се носи со сопственото тело и пет пари не дава што ќе речат, мажи или жени. Ужива во што и да посака, почнувајќи од храна. :D Многу силен карактер е, талентирана, паметна, смешна, така што не ѝ е воопшто потребно никакво физичко дотерување, иако се грижи за себе во секој поглед, но ете за килажа баш ѝ е гајле. И многу ја почитувам и ми текнува на неа секогаш кога ќе си речам шо е со вишоков (а јас имам пар кила, таа многу повеќе од пар.)
     
  10. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум полничка и тоа имам вишок едно 7-8 кг. За комуникација со другите тоа никогаш не ми претставувало проблем, ниту пак за дечковци, сум имала дечко и кога сум била послаба имам и сега, сепак лично мене ми смета значи неможам да си облечам тоа што сакам, брзо се заморувам, едноставно не си се свиѓам самата, и затоа си држам диета и еве ослабена сум овој месец 3-4 кг. Во овој случај самодовербата е најважна.
     
  11. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Машки
    Има голема разлика од полничка/елегантно пополнета до дебела... шансите на дебелите им се двојно помали, тоа е факт и нема зашто да се лажете.

    Со преголемата дебелина се губи природната форма на телото, според мене се губи женственоста, сексипилот :wasntme:

    Секој ако сака може да си посвети повеке внимание на себе и да се среди, за тоа нема оправдувања, прашањето е колку навистина го сакаш тоа... и да мрзата, никаде нема да стигнете со неа :)
     
    На Dorraa, kajl и feminagirl25 им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    24.980
    Прашај се прво себеси дали ти би идела со некој маж што е дебел (*не елегантно попунет) (над 100 кила) ... и ќе го добиеш одговорот на твоето прашање....
     
    На okcenzi, Nausicaa, Kimberly11 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    3.999
    Пол:
    Женски
    Нема врска , јас имам две пополнети другарки па како вртат дечковци да се чудиш! И воопшто не им е комплекс тоа! Една насмевка и малку самодоверба чуда прават
     
    На srcekrsacka, Nine25 и feminagirl25 им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    31.185
    Пол:
    Женски
    се сложувам со предходните одговори има разлика помегу пуничка девојка (факт е дека неможат сите да изгледат како манекенки излезени од писта) и девојка која има сериозен проблем со дебелината.Јас никогаш не сум имала проблеми со дебелината и не сум била дебела но не сум била ни многу слаба иако секогаш ми викаат дека треба да качам некое кило . Имам другарка која беше пуничка и секогаш имаше повеке дечковци од мене иако јас секогаш бев послаба и со поубаво тело во тој поглед. Така да сметам дека дебелината се додека е во границите на нормалното дека нема никаква врска со љубовниот живот ако личноста е добра и харизматична. А тие што се претерано дебели и имаат по 100 кила пред се треба да се тупнат у глава и да се погрижат за тоа не од естетска гледна точка и од тоа дали ке имаат дечко туку од здраствена бидејки факт е дека дебелината е болест и не е здраво кога ке видам некое младо девојче или момче што не се знае дали оди или се тркала и едвај дише.
     
  15. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    баш така и јас мислам :clap: инаку јас сум 80 кг а висока 1.69 :!: но имам облини,не сум екстремно дебела,но сепак јас се сметам за дебела :( и за мрзата во право си :lol:
     
    На portokalcemace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    работата е што сите не мислат исто.мене лично ме ми смета дебел дечко,а на некоја друга можеби би му сметал.ако е добар и ме поштова,ме цени и ме сака,тогаш би била пресреќна ;) се зависи од човекот.ние девојките сме добри,попусливи,се заљубуваме до онесвестување :lol: а момчињата некако се повеќе за флерт :) тоа е моето мислење :)
     
    На portokalcemace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    585
    Јас мислам дека девојката треба да биде ептен харизматична, духовита и шарманта за да фати дечко, асален или да биде од богато семејство. Да не се залажуваме, ретки се тие примери кога девојка над 80/ 90кг може да фати дечко онака по нејни кјеф. Иако сметам дека има голем број мажи кои би тргнале со подебели девојки само за пари..
     
    На Аргентина * и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  18. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    183

    аман ти не мешај ,, баби и жаби ,,што врска има дебелина и пари ??? претопоставка еве вака ако девојчето е полничко и има од 75 до 90 кг. ке си најде дечко кој ина од 90 до 110 гк. па решен проблем ! :?:
     
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    2.901
    само што и тој дечко од 90-110 кг мечтае за некој од 50кг.мислам секое машко без разлика какво и да е посакува девојка од 50кг.машките најпрво се вљубуваат преку очи а потоа гледаат карактер


    девојки затоа внимавајте на својот изглед,пазете што јадете и посетувајте козметички салони.мој совет
     
    На okcenzi, Zaboravena, Alesii и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    и јас си се сметам за дебела, 170 сум висока а имам 80 кг, ама да најдам дечко не ми представувало проблем бар досега :wasntme:
    само смејтесе насмевката вреди 1000 зборови :)
    а тие што си се сметаме за дебелки треба да поработаме на тоа... јас започнав да вежбам, започнете и вие никогаш не е касно да се мениме и да ја најдеме правата личност ;)