Тежината игра многу мала улога кога се работи за врски од романтичен па и од било каков вид. Позитивата, карактерот и енергијата која ја има една девојка е најважна за опстанок на истите. Само не можам да не забележам секогаш, ама секогаш кога ке се отвори тема на дебелина меѓу девојките се билда его и самодоверба преку омаловажување на послабите. Океј е.. се сфаќа поентата, но нема потреба од карактеризирање на секоја послаба од вас како стап, даска или незнам ти што.. или она старото, машките сакаат да фатат нешто. Порано беа многу повеќе дискриминирани, ама сега кога направија бум со промовирање на облини па неретко гледам и промовирање на прекумерна тежина низ светот нема потреба од такво вреѓање. Прифатени сте, нема потреба од натпреварување со некој со поразлична градба од вашата. Или како што имам прочитано некаде: Убавината на друга жена не ја намалува вашата. Да ја славиме различноста девојки, тоа е она што не карактеризира и одвојува од останатите!
Ако е полничка нема врска, има буцки што изгледаат убаво, ама па ако е многу дебела, е тоа не личи прво за самата себе. Инаку не мислам дека некоја ептен дебела девојка која што изгледа несмасно ќе задржи некој затоа што имала добар карактер. Сите знаеме во какво време живееме така да добрата душа и не е на цена и добрите секој гледа да ги зезне. Секоја жена заради себе треба да изгледа убаво. Еве јас не сум дебела, нормална сум, ама па кога ќе се уседам, не се движам и ќе направам сало на стомак, грдо е, не е тоа тоа, како жаба или како трудна сум во нешто тесно. Прво за себе жената да си биде убава и слаба.
Па вака сега.Мое мислење за темава.И јас сум девојче кое има комплекси со дебелина.Но мислам дека не е дебелината фактор за дечко.Можеби ти зашто имаш комплекс мислиш дека тоа е проблемит пто не можеш да фатиш дечко,немаш самодоверба,одбегнуваш состаноци и се затвараш дома за да не речат декансо дебела.Сум го имала истиот проблем,сум дошла до состојба на преслаба сум фатила дечко и за краток период се здебелив пак а уште сум со истиот дечко.Но мислам дека не ме сакал затоа што сум била слаба него затоа што сум била полна со самодоверба.Сега во овој момент држам диета имам уште 3/4 кг за симнување али ги симнувам лично за мене за јас да се осекам убаво,здраво и да зрачам со уште поголема самодоверба.
Јас сум дебела. Цел живот. Никогаш не ми било проблем да најдам некој. Кога бев средно, мислев дека може да биде проблем мојата дебелина, но се докажа дека не е така. Воопшто.
Од дебела до дебела, расна или секси буцка, па до мрсна дебела бишка, е има многу разлика...ниту еден маж несака тронтла од 100 и кусур кила која неможе нокти на нозе да си исече.
''Има милион случаи каде жени дури со три деца никакви грди дебели неодржавани запоставени наоѓаат мажи кои за чудо се заљубуваат во такви жени'' помисли па кажа уствари на форум пиша и преживеа You've made my day @@marchi-cool Бабо ти си престанала да веруваш во чуда мори ццц,ајт пак да почнеш да веруваш Болдираново ви е за оскар на пишаниот збор на форум де,ме понесе саемов за пишаното
емоционална интелигенција на тест па негативен тест бре бабе и марчи. Сало и згодност и сакање-љубов везе немаат едно со друго. Ај во ерата на бабе можда немале што да јадат сите вретена ама младежов бре со ваква ''бујна '' машта. Инаку ич не ме засега ниска-висока,бела у тен ќумур родена,дебела со спојлери до земја или слаба-вретено,душата ме занима и човештилукот да се разбереме,разбира се и тоВа. Лесно е пластична хирургија удри Мујо скалперот в рака Него ние со негативен тест за интелигенција шу праиме?
Па, кај површни личности што и после адолесценција физичкиот изглед им е најважен и клучен за врска, и уште и се фалат со тоа – секако дека може да имаат помали шанси оние со вишок килограми. Ама па такви никому не му требаат, ниту на луѓе со просечна килажа, освен на исто површни сродни души како нив. Екстремна гојазност и потреба од симнување килажа за сам/а себе од здравствени причини е друга тема. Но за вакви критериуми за врска и создавање комплекси нема место кај зрели луѓе
E ama i ti si prestanal vo cuda da veruvas. I debelite i grdite cuda praele,taka da znais Drugive dal mnozinstvo dal malcinstvo ne e toVa se uste naucno dokazano
Што ви сметаме ние дебелите толку? Дечко ми е од корист со мене изгледа, дека послаб. За темата, нема врска слаба дебела, донекаде е и до вкусот на мажот. Карактерот е пресуден кога станува збор за започнување сериозна врска со некого. Никој маж нема да трпи девојка со с*ање карактер па ако сака нека е модел на Викорија Сикрет.
Специ ај па и ти површни,немој така,длабоки особи се тоа,длабоко зариваат во базен полн со нивни комплекси и комплименти Сега тоВа бојлерчето што повремено им се пали гаси,не знам како ќе го оправат,јас во чуда верувам ама дека има магионичар кој пречу ноќ поправа такви бојлерчиња мхм