Ако некоја е дебела, не треба ни дечко да има? Да, не е дебелината по здравје добра, ама ајде ни дечко, ни друштво? Убавината е кратка, минлива работа, ама однесувањето останува. Човек се гледа по она внатре во него, а не надворешно. Штета што почнаа луѓето само по надворешен изглед да го ценат некого.
Кога мажот води сметка за килажата и изгледот на своето тело, истото го бара кај другата страна при изборот на партнерката на инстинктивно, несвесно ниво. Без навреда, али колку дебели девојки биле во врска со слаб дечко,згоден по општи критериуми? Ја таков пар не познавам.
Некои теми се отворени одамна, а како минуваат годините се менува и начинот на комуникација, што е прифатливо што не, политичка коректност итн итн...па затоа треба некои теми да се избришат или барем да се смени насловот. @RainBow
Океј е. Се читаме кога познати спортисти, актери, пејачи, сите останати што можат да бираат, ќе почнат да ги менуваат супер моделите за дебели девојки али масовно, не игла во сено примери. Дотогаш поздрав, се најдобро.
Што смета ако дебела девојка има дечко? Факт е дека некоја што е крупна девојка е крупна, и мене такви ми се допаѓаат нема ништо лошо во тоа па да се срами некоја од тоа или навредува. можеби треба да се смени начинот на размислување а не на зборување.
Нaслoвoт е нaвредлив, првo -дебелa, втoрo -пoмaли шaнси зa дечкo? Пoзaтуцaнo не мoже дa биде нaпишaнo.
Еве ме. Не знам какви се општите критериуми. Ама јас конкретно тежам 20 литра појќе од мм. Е сега не знам јас ли сум дебелка или па он е многу слаб
21 век.. се спемаме за пат на Марс, пандемии од невидени размери.. ама кај македончето ограничено уште е битно кој е слаб и кој е дебел... Оф до каде е метеорорт!!!
Хмм, нормална појава кај човекот е да се прашува самиот себеси па и другите дали е дебел, дали е слаб дали е висок или низок, дали е доволно добар, некои од тие луѓе ќе се запрашаат и ќе си речат веднаш потоа, супер сум си одам напре, некои нема ќе си набијат комплекс и со тоа скоро цел живо ќе жицеат убедувајќи се дека не се доволно допбри за ова или за она, во животот. Така кога ќе се постават вакви прашања најдоброто да се направи е да не се обвинува насловот, туку да се даде мислење, по можност, нењма врска глупости се ова, и слични на тоа, за да не утре кога некоја девојка или дечко се прашуцва себеси дали е доволно добар во смисла на изгледот дојде тука и прочита дека тоа нема врска. Наместо да бидеме попродуктивни, вие сте запнале со критики, ајде бидете попродуктивни сепак е 21 век,, измислете и вие нешто. одговорот на ова прашање го оставив погоре
Епа за жал такво ни е опкружувањето.... Кога се веривме со мм, во неколку наврати мајка му ми кажа дека треба на диета да се ставам, зашто не одговарам со син и (имав плус 5кг во тој период). Кога останав бремена (пред свадба) првиот коментар и беше дека ќе бидам дебела на свадбата (од тогаш свадбата ни беше за 2 месеци закажана). Исто, и дека треба да си купам повисоки штикли, за да одговарам со маж ми Од сите овие коментари, и после 4 и кусур години брак, јас имам комплекси..... Среќа се повлече со коментарите, зашто и кажав дека ми сметаат (разбирам еднаш, два пати-ама постојано, наместо да се радувам за свадбата јас се замарав дека сум пониска од мм)....
Толку и се сечи паметот.. Гуска. И мене ми коментирале за тоа, имав еден кој сакаше да ме моделира, да сум слабеела, он ме сакал , ама сакал да сум слаба.. а зашто си со мене тогаш? Проект да ти бидам во животот? Да ми уништиш самодоверба? Малку му требаше да успее, среќа на време се спасив. Инаку ни он не беше нешто слаб, нит спортски тип, напротив, беше и он крупен, да не речам дебел, и сега кога го видов пред некое време се направил дупло од шо беше. Оф што убаво ми дојде. Инаку јас сум сега послаба од шо бев тогаш кога ќе ме слабееше.
Јас сум дебела девојка и од 17 години навака, не сум била без партнер. Да им кажам дека згрешиле на сите што 'згрешиле'?
Карма, твоево уште полошо, среќа што си се спасила на време.... И кажа маж ми, јас си ја сакам и со некое кило плус, и си заќуте од тогаш Ама не и одговарав у фамилија, зашто сите они се високи, слаби. И, јас еднаш и кажав, јас не сум ниска, вие сте високи Криво ми е што уште имам комплекси.... И, јас знам неколку пара, и одлично си функционираат (барем јас имам таков впечаток)....
Имам еден другар, не е спотски тип ама нема вишок килограми, а жена му е крупна, онака секаде ја има. И еднаш кога бевме собрани некој искоментира за тоа, и другар ми вика , јас да сакам да гушкам ребра, ќе си го гушнам радијаторорт, сакам жена да ми наполни кревет. Не знаете како ја сака, како ја гледа, како ја цени..