Ете, то е то... тој шо те сака, ќе те сака и дебела и слаба, и шминкана и нешминкана, и чешлана и нечешлана, и болна и здрава. Тој шо не те сака, ќе ти наоѓа мани...
Откако почна коронава си се опуштив повеќе со јадење и плус имав некои тешки периоди низ кои минував. И секако тоа си се одрази, не се мерам на вага ама сеќавам по алиштата. И онака си имав претходно вишок, сега малку повеќе. Дм никогаш не ми префрлил за тоа што отсекогаш бев потешка од него (и не се работи за само неколку килограми). Многу сум insecure за моите широки колкови, голем стомак, голем задник, големи нозе, згора на тоа и многу видлив целулит, но пред него не сум се почувствувала дека треба да се кријам. Ми вели дека сум му најубава и најзгодна без разлика на сѐ. Јас сакам колку толку да ослабам за мене, за јас да се осеќам подобро во своја кожа, тој знам дека ќе ме сака секаква. Бидејќи на крај сепак карактерот останува. Еден ден здравје ќе остариме, нема да сме "убави" толку. Ќе живееш со карактерот на личноста, а не телото. Сфаќам некој да има одредени физички карактеристики што го привлекуваат кај други. Но апсолутно не треба да се мисли дека одредени луѓе имаат помали шанси да си најдат некој. За секого има по некој. Лично јас никогаш не сум гледала колку некој има повеќе или помалку килограми, ама сум сретнала такви прекрасни карактери од луѓе што нивната тежина, без разлика дали во плус или минус, станала сосема небитно нешто. П.С. исто мислам дека насловот на темата треба да се смени.
Пa oвa и не е бaш пример зa пoкaжувaње. Oнa сaкa дa oди нa липoсукцијa, тoј се зaкaнувa сo рaзвoд. Кoнтрoлa мaч? Знaчи пaк oн кaкo сaкa
Ej, aj posebna tema za ova da otvorime, biva? Ona saka lipo, poshto e trend da si slab, on i vika -sedi, ne se zanesuvaj, ubava si mi sekako
Мене воопшто не ми засмета насловов на темава, а сум "дебела" и немам дечко. Иначе, нормално дека многу сум размислувала дали има ова врска, секако и сум разговарала. Еве еден податок: Чупињата што ослабеле драстично, кажуваат како имаат многу повеќе додворувачи од претходно. Е сега, без оглед на се, мажите се сепак визуелни суштества, ама па и терминот "вишок килограми" е широк поим и сите си ги носат различно. Јас кога се фатив со бившиот, бев слаба, во меѓувреме се здебелив 15 кг и имам приметено како ме гледаше неубаво, малце како шокирано на моменти . Среќа па не живеам за другите иначе ќе ми набиеше јак комплекс. Еден друг дечко па, не ми рече отворено дека крупна, ама знаеше да ме зеза на темата и тоа злобни шали од типот: "Ако сум била келнерка ќе сум им ги туркала пијачките на луѓето со газов." И ден денеска се смеам на ова иако е прилично навредливо. Како што можите да претпоставите, не сум ниту со едниот ниту со другиот. Затоа од искуствово мое, сепак ќе дадам мислење дека машките го гледаат физичкиот изглед и те како. Само што, според мојата филозофија, се заљубуваме во умот, телото е пропратно. И ај ќе сум слаба и згодна, ќе ме ожени некој, после од икс причини, деца раѓање итн ќе се здебелам и ќе ме разведи?! Тој што е заљубен навистина, ќе не сака какви што сме пошто љубовта е слепа, нели?
Мене карактер ако не ме привлече,и не ме задржи џабе,и убавина,и слабост и све.Јас од секогаш сум сакал по крупни Девојки,со плус килограми,и не ми сметало никогаш тоа,не сакам да навредам никого али слаби Девојки не ме привлекувале никогаш.Али пресуден ми е карактерот и ништо друго.Физички изглед се менува,ама карактер и мозок не.
Убедена сум во тоа дека изгледот не задржува, туку звездата и харизмата шо ја има еден човек. Џабе си згодна и слаба ако не знаеш да сврзиш два реда муабет, ако си намуртена 90% од времето и шириш негатива каде и да стапниш. И Адриана Лима биди, ќе те гледаат само како убав предмет, ништо повеќе. Иначе, и јас сум покрупна малце од дечко ми. Со килажа сме тука, таа е бројката. Ама јас сум едно 10-15цм пониска од него и кај мене доаѓа повеќе до израз таа бројка. И ќе излажам ако кажам дека не сме си коментирале за килажата, некогаш знае да ми речи на шала "амаан бре, пак ќе јадиш" , или па јас "оди касни нешто ајде, клај на килажа малце што е ова" , но ниту сме се навредиле од тоа, ниту па го сфаќам тоа како нешто трагично. Пак сме заедно и пак ни е убо. Tреба да научите да не си земате се' толку здраво за готово. Тоа е знак дека имате ниска самодоверба, или па ја немате воопшто. И тоа и многу поголем проблем од тоа дали и колку сте покрупни од вашиот партнер. Тоа е знак дека треба да ја земите работата во свои раце и да го средите својот изглед, бидејќи е ужасно тешко да живееш со ниска самодоверба. Сум била на висина од 1.59цм тешка 72кг. И се осеќав ко свиња, ама буквално ми се плачеше од мака. И не затоа што некоја икс персона ми рекла дека сум дебела, туку затоа што јас се осеќав грдо во се што ќе облечев. Ослабив, стигнав на килажа од 64/65кг и сега се осеќам супер. Треба да ослабам уште малце, целта ми е да видам 5ка напред, ама и вака е океј. И може и дечко, и другарка и рандом особа да ми коментира да ослабам, тоа нема да ме допри, џабе е.
Жива и здрава да си, ме изнасмеја. Инаку, браво за ставот кој го имаш и што не дозволуваш да ти влијаат негативните коментари, туку те дури насмејуваат. Така и треба. Јас пак приметив кај поголемиот дел покрупни млади девојки (или сите што јас ги познавам) дека се многу повеќе опуштени, повеќе свои, попријатни се во друштвото, позабавни, само затоа што не се опседнати околу изгледот, влакно да не им се поместило на главата, да не се смејат оти устата ќе им изгледале помали, премногу извештачени. Не сите секако, и нормално дека не е лошо некој да се грижи за својот изглед, напротив, ама ова е некоја лична импресија од моето окружение.
Јас бев крупна кога се фативме со дм. И ради неколку проблеми кои ми беа полоши со салото, морав да ослабам. Дм ако многу се здебели ради негрижа за себе, не би била со него повеќе. И ова му го имам отворено кажано. Знак на неодговорност ми е. Колку време и да сме во врска, одвратен би ми бил. Едит - Дм секако не е тип по кого би трчале девојки, па пак ми е мене убав.
И јас бев покрупна, ми пишуваа машки не велам не, но ми се случи еднаш во ноќен клуб еден дечко да се истурка во мене намерно и јас му викнав "ехе полека" и тој ми врати "епа тргни се де поширока си од мене" и искрено не ме навреди оти тоа може да го кажи само некој прост и неписмен,на некој што не го познаваш неможи така да му се понашаш и ден денес не знам што му беше намерата оти навистина дечкото прв и последен пат го видов...
Во рамки на нормална тежина сме и јас и маж. Ама не би го оставила и да се здебели многу и да ослабе многу и без раце и без нозе да остане. Љубовта оди многу подалеку од тоа. Првично привлекување, да, влијае изгледот. Ако после долга врска, менувањето на изгледот на едниот му влијае на другиот, значи дека немало љубов ни претходно.
Како сега ова да се сфати, дека на дебели девојки не им е гајле за изгледот или дека слабите се површни и ладни?
Во оваа и претходната врска јас сум подебела од дечковците. Ама никогаш не сум се почуствувала лошо поради тоа, или дека морам да се менувам за да бидеме исто. Имав ситуација со еден дечко, нагло премногу се здебели ама јас се уште го сакав и се уште ми беше најубав, и никогаш не му реков дека треба да припази на храна (заради здравје секако), бидејќи и самиот беше свесен дека треба да се промени. Никогаш не би направила дечко ми да се почуствува лошо заради состојбата на своето тело. Ако изрази желба да слабее, вежба, се здебели - тука сум
Хе хе, абе знаев дека некој ќе се фати за нешто и ќе извлече од контекст. Кажав од моето окружение. Самата не сум крупна, битен ми е изглед, ете гледај како на нешто позитивно што сум издвојила кај покрупните девојки, од моето лично искуство.
Јас целиот мој живот сум со вишок килограми, безброј пати сум се трудела да ослабам лично поради здравје, околу изгледот воопшто не ми било комплекс што сум крупна. И не дебелината воопшто не ми била пречка во имање дечко, баш напротив имаше доста машки што ми пишуваа, што сум излегувала со нив, искрено баш убави, средени, не сељаци, некој дури и згодни што водат сметка околу изгледот ми се бившите и никогаш никој од нив не ме навредил. Еве со вишок бев и кога се фативме со мм, скоро па троцифрена бројка да достигнев ама он никогаш не ми рекол дека му смета мојата килажа иако он е доста послаб од мене. Килажата не игра улога во имањето партнер, туку самата личност, карактерот, харизмата. Имаше и погоре пишано, џабе е некоја и најубава и најзгодна да е ако не знае муабет да направи или е намќореста нема никого да го привлече, или може ќе го привлече само на око и ништо повеќе од тоа.
Не, он и вика -ќе се разведам ако направиш липосукција И зошто се претпоставува дека она сака да е слаба заради него? Зошто е битно како него му е убава? Може сака да си е слаба за себе, толку.
Пошто едвај чекаат они некој да ги пофали за нешто, нели за греота, дебелки, ама пак карактер -топ. Знам дека не мислиш лошо ама некои работи се влечат и повторуваат со годините, работи што се кажуваат и се мисли дека се комплименти, како болдираното погоре. Не е комплимент, звучи на комплимент од сожалување. И предрасуда. Прво ги групираш и им даваш една карактеристика за сите. Не се посебна организација, секој е човек сам за себе. Друго, се ствара притисок дека ако си покрупна треба екстра труд да вложиш во финоќа и позитивност оти скраја да е ем дебелка ем терсене карактер да си. Види ги другите што ги фалиме, дебелки ама со мерак да се дружиш со нив. Ко хендикеп некој кој го надоместиле со нешто друго позитивно што се издвојува. Ме сфаќаш?