Сака и јаде. Но, хипотетички ако гледаме, ќе го мотивирам за придобивките и ќе го информирам за несаканите ефекти од прекумерна тежина.
Е мене некој така да ми прај, за било шо, ќе го отерам у три лепе. Ко ќе сум јас спремна за нешто да правам, тогаш ќе правам, ако ми кажва: Вака чини-онака не чини ... ќе му ја покажам вратата.
А сака да умре на 35 од инфаркт? Ако човек не се грижи за сопственото здравје не се грижи за ништо, телото е огледало на човекот. Секако исклучок од ова се разноразни здравствени и други проблеми. Али од чиста мира некој да не сака да се заангажира за себе и своето тело е чиста неодговорност.
Па јас тоа од љубов ќе го правам, затоа што не сакам партнерот да минува, низ она што минуваше моја блиска личност. Не е работата поправи кога веќе си посрал, туку превенирај пред да се расипе нешто. Здравјето е кревко, мастите се штетни, дијабет исто. Не се тоа само зборови, туку тивки убијци.
Соли памет?! Гојазноста е најголемиот убиец на денешницата, не знам дали е тоа солење памет. Али ако не ти одговара муабетот океј, нит некого навредив нит омаловажив па ваков однос да имаш. За све ова е криво она сакај се каков што си, дури и со прекумерна килажа и холестерол до плафон само немој да го мрднеш гзот и да се заангажираш.
Не се правилници, туку подадена рака. Не знам, јас сум човек кој исто не толерира мешање во сопствен живот. Но, доволно сум свесна што треба и зошто да направам. Моментално сум -17 кила од почетната тежина и се чувствувам како да сум се подмладила неколку години.
Нема врска дали мене ми треба дечко или не... Сметам дека не е во ред некому да му кажуваш што и како да прави. Без разлика дали било за храна, или за облека.
Е, и? Шо ако е? Неќам некој да ми поставува граници, наметнува правила и да одлучува за мене. Ме разбираш шо е проблемот? Јас не гледам разлика меѓу ова и она: Не носи кратко, ќе те гледаат. Ако некој не ти чини како изгледа и што прави, поарно раздели се од него.
Вајлд никој тебе лично не ти се обрати да ти попува. Каков живот ќе живееш е твое, но јас бирам да живеам долг и здрав живот. Ако останев на таа килажа, за жал, ќе ме снајдеа само негативни работи.
Во ред е. Го разбирам тоа. И се согласувам дека не е здрава дебелината. Ама во никој случај нема да оправдам, наметнување свои погледи и желби, врз било кој. Како потреба од контрола врз другиот го гледам. За себе, јас ќе одлучувам, за тебе ти. Ако моето не чини според твоите видувања, поарно да ме остајш на мира, отколку да ми кажуваш 'како ти правиш' и дека 'треба и јас така да правам'.
Јас и со некои си 5 кила вишок не се трпев кога ќе се подуев ради интолеранцијата. Уште ја имам инт. ама откако средив исхрана и ослабев, многу поподносливо ми е. За мене искрено жално ми е млад човек од едни скали да се задишува како да трчал маратон. Ако сега вака, понатаму што? Едно искрено прашање. Да видите дете или милениче кое е предебело нема да помислите дека родителот/сопственикот не се грижи за него како што треба? Се кладам дека нема да помислите дека е океј тоа
Не. Оти не му сум дома па да знам што се случува. Предрасудите, дома ќе си ги остајш ко ќе се мешаш со народ.
Да, Валјд. Ама ако завршите на болнички кревет не е зашто не сме сакале да помогнеме, туку затоа што вие не сте сакале помош in the first place.
Не е точно. Привлекува комуникативност, позитивна енергија, желба за забава, да нема его, да нема инат, да има дружба. Изгледот ама ич не е важен.
Знаеш ова е исто ко на некој што има психички проблеми да не му помогнеш, последиците се исти. И едното и другото е опасно, затоа не гледам причина зошто да не се обидеш. Па партнер е мајку му, не странец од улица па да му го нарушиш комодитетот.