Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Чиста глупост е дека „дебела“ девојка има помали шанси за дечко. Исто така е глупост и дека слаба девојка има поголеми шанси да фати дечко. Секој си има различен вкус, за вкусови не се расправа, нели? Точно е дека дебелината не е здрава работа, ама не секој е дебел поради неправилна исхрана, иако тоа е причината во поголемиот број случаи. Некој е дебел поради болест, поради проблем со тироидната жлезда. Лесно е да судиме од страна.
    Не е добро ни да си премногу слаб кога веќе зборуваме за идеална тежина. Ама за волја на вистината има луѓе што многу јадат, а се многу слаби. Типичен пример е една моја другарка.

    Јас лично не би го оставила дечко ми ако се здебели или ако премногу ослабе до тој степен да не личи на себе. Кога напушташ некого кога му е лошо, не го заслужуваш ни кога му е добро.
     
    На Sky-butterfly, Billy Idol, Dimi_ и 5 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Добра ли си? Кој да ставам во ред? Тебе? Не бе душо, тоа не ми е воопшто план. Кој како се чувствува во своја кожа, мене не ми е место да коментирам, се додека не ми е во фамилија. А обврските кон фамилијата е да се грижите за здравјето меѓусебно.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina и Vitaly им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Искрено баш сакам, зошто не ми е верно едноставно.

    Освен ако истите тие жени душата не им ја јаделе, не ги изварале први и тоа по неколку пати, па се родила некаква желба за одмазда кај посилниот пол, или биле убави само за по гости и шетање за рака по јавни места.

    Постои се’ и сешто и не го негирам тоа, во својот пост напоменав дека сите не привлекуваат различни ствари. Али дека е честа појава да маж одбере некоја со под просек изглед од тоа на шо е навикнат по дома, верувам дека проблемот е подлабок од нешто чисто физички. Од аспект на недостиг на љубов, пажња, ствари кои некад забораваме дека подеднакво како и ние ги посакуваат и мажите.

    Не сакам да ме сфатите погрешно и не сакам да се препукувам по постови, само го изјаснувам својот став. Според се’ на што сум имала прилика да сведочам до сеа
     
    На Angie1432 и Vitaly им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не секoј сo вишoк килoгрaми е нездрaв и не секoј слaб е здрaв. Дa нaпишеше кoнкретнo кoј здрaвствен прoблем гo имa пa прoбувaш дa пoмoгнеш, oк. Амa збoриме зa вишoк кг и се убaцувaте сo бoлести, бoлнички кревети и смрт. Зa дa не убедите декa зa здрaвје збoрите. Oк, сфaтивме, сaмo зa здрaвје ви е|(
     
    На mode-kristina, oblace1, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Оти 'под просек' изглед?

    Така се гледаше себе си кога беше покрупна?

    Зошто бе така си прајте?

    Не дозволвајте некој мајмун да ви ја паѓа самодовербата, оти не можел в гаќи да го држи...

    Немојте... аман...
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Да, секој со вишок килограми, особено ако се работи за централна гојазност е ризик фактор за разни болести. Не веднаш, но со текот на годините, се наталожува и следуваат кардиоваскуларни проблеми и дијабет, најчесто. Препоставувам сеуште си млада и сеуште не ја разбираш тежината на здравјето. Верувај дека сме кревки битија, не сме роботи, да поправаме делови. Ако сметаш дека е во ред да живееш со дебелина (темата е дебелина, вишок килограми можат да бидат и цели два кг) немам ништо против, разбери. Но, секој доктор, кој патем знае повеќе од мене и тебе, ќе ти го наложи истото.
     
    На *Amethyst*, Angie1432, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сите ќе умрете.

    ... не знам дали ви кажа директорот :D
     
    На *Amethyst*, oblace1, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сум била од двете страни и тврдам дека сега имам многу повеќе избори за партнери од тогаш. Апсолутно секакви профили на луѓе.
    Не е дека сум била буцка, па сега се праам паметна и чекам некој да ме потапша по грб за тоа по сум го постигнала. Не е ни дека ми набил комплекси некој на кој шо фетиш му било да изиграва бед бој низ град кои ги носам и ден денес. Ми било тешко некада, затоа и напоменав дека сум имала 18 години, зашо се осетливи и често сите тинејџерки сумљаат у себе.

    Муабетот за ‘под просек’ се однесуваше на оние мажи кои се навикнати до себе да имаат авиони жени. Стварно али стварно не верувам дека истиот тој маж би ја изварал истата таа шо сакаат да му ја фукнат сите колеги, соработници, роднини и пријатели со некоја шо изгледа физички на нешто што он не е навикнат.

    Освен ако стварно нема потреба од стварите шо ги напоменав во погорниот пост.. тоа е више психа.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    “Покажи ми жена, и јас ќе ти покажам маж што му е смачено да је е*е“

    И вајс верса.
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сигурни сме дека ова се однесува на физикус? :)
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    На се'.

    Ако 'авион' жена не треба да е изневерена, објасни ми ги сите 'појави' во светот на селебритис?

    Немаш прочитано такво нешто?
     
    На *Amethyst* и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам Вајлди и пак ќе повторам дека не го оспорувам моментот дека сите не привлекуваат различни ствари. Само дека јас лично не верувам дека таквото неверство е честа појава.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.357
    Ми запна за око ова, навикнати да имаат авион жени. Тоа е нешто као колекција од авиони? Нешто као Билзериан или ДиКаприо? И сите женски сакаат да бидат трофеј? :?:

    Ги спомнала Валјд селебритите. Ама за его трип не мора да си селебрити. Ако некој си праи колекција, сеедно е што си авион, ќе бидеш само уште еден авион во низата.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Како било...
    само не дозволувај да те дефинира некој си 'маж'.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Еве јас се сметав за грда пред 4 години кога бев најмногу поправена. И не беше ради некој типац. Со дм се фативме баш тој период. И џабе му бев најубава кога јас сама не се сакав.
    А кога почнав да вежбам, он најмногу ме поддржуваше. Ама не оти мора да сум послаба за него туку оти мило му е да го правам тоа што сметам дека ќе направи да се осеќам подобро.
    А јас за него сум добивала коментари кај го најде џуџлавиов или овој не личи на маж и некои други погрди и тоа и од машки и од женски.
    Можда ако збориме реално мал број на девојки би биле со низок дечко. Али моето не може да се споредува со неговото оти он не може да се смени.
    И секогаш велам ако нешто можеш да смениш на подобро, смени го. Тоа што не можеш, прифати го.
     
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Биља, тоа шо зборував конкретно за физички изглед, зашо нели затоа е и темава, не значи дека не ги разбирам другиве работи.
    ‘Трофеј’ не би сакала да биде ниедна паметна, реализирана и независна жена, али сметам дека така влагаме у друга тема. А значењето на ‘авион’ сум сигурна дека го сфаќаш и сама.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не е тежината мерило за тоа колку обожаватели ќе имаш ама така е, се што е претерано не чини, не велам дека треба сите да сме 50 килограми ама се знае дека дебелината е штетна, секој млад човек должен е да се грижи за своето тело и здравје и ако некој мој близок дали бил дечко,другарка,сестра излегува од нормала јас ќе му дадам совет и ќе му помогнам колку можам, не е тоа наметнување туку едноставно се грижиш за него. Точно е тоа дека ако некој те сака вистински ќе те сака и со плус килограми,но пак ќе речам да не се претера и освен тоа најбитно е самата себе да си се допаѓаш и да се чуствуваш убаво, ако не се си задоволна самата како очекуваш некој друг да те сака? Сите се убави на свој начин ама и лично јас не би сакала некој кој се храни нездраво и нема физичка активност никаква и притоа има 100+ кг
     
    На mode-kristina, Sky-butterfly и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да си се сакате себе си.
     
    На mode-kristina и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сакањето себеси вклучува и грижа за себе.
    Како може да сакаш нешто а да не се грижиш за него?
     
    На Sky-butterfly, Angie1432 и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Oh my God |(

    Сакајте се онака како што мислите дека треба.

    Битно: Сакајте се себе си
     
    На oblace1, mode-kristina и eliesaab им се допаѓа ова.