Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Вајлд се сакаме, затоа и правиме уште повеќе за себе. Не сакам да се прифатам себе со голема килажа, не можам да се сакам во таква состојба, не затоа што некој друг нема да ме сака, туку лично за себе. Љубител сум на спортски активности, со таа килажа, издишував на еден километар. Сега имам снага, се чувствувам полесно, се чувствувам витално. Епа кого да сакам повеќе, Грим дебелата што не можеше по скали да се качи или Грим мотивираната, што сега ништо не и е пречка?!
     
    На IRBBB, Cka, raww и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе ти си знајш како да се сакаш.
    И така ќе си се сакаш.

    Не ти бранам.
     
    На mode-kristina и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    39.786
    Пол:
    Машки
    А зошто мислиш дека девојки со вишок килограми немаат добар физички изглед? Како воопшто се дефинира физички изглед? Што? Тело? Лице? Атрибути? Што?
    Јас знам пример од реален живот, а и од форум знам членки со плус кг кои изгледаат fucking предобро. Знам и со минус што изгледаат предобро.
    Не гледам воопшто како нивните килограми влијаат на нивната физичка убавина, затоа што без разлика каде се на скалата, па се физички убави.

    Убавината во физичкиот изглед е субјективна, исто како што е и во карактерните особини. Некои ги привлекуваат послаби, некои покрупни, некои фит девојки.
    Еве мене пример лично не ме привлекуваат gym freaks со изразено атлетско тело и сум љубител повеќе на природниот изглед без разлика дали е плус или минус. Но, не влегувам со затворен mindset, па само на база на тоа што физички не се тоа што барам, да ги одбијам. И тоа е поентата на коментарот на членот, без разлика физички како изгледа некој, да се даде шанса, да се запознае подобро и видат и карактерните особини.
     
    На Shalitra, marija305, Hellobeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Затоа толку осамени во последно. Слаби ама сами с(м)е.
     
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Били, никој не говори за плус некое кило. Пример мене, бразилките ми се поим за женска убавина. Такви се расни, со облини, едноставно газели. Не може никој да каже дека тоа не е убаво, кога тоа е рај за око. Или има крупни жени, чија градба е таква, и се преубави, што ако ослабнат, го губат дражот на своето тело.
    Кога почнав да пишувам во темава, гласеше ,,дебелината". Дебелина за мене е +20, +30, +40 итн. Што и тоа не е индикатор, зависно од градбата, но да речеме нормална градба (не крупна личност) со тие килограми. Мене лично, воопшто не ми е атрактивно тоа, ни кај жена, ни кај маж, напротив ме фасцинира добра градба, со или без 5, 10 кила плус, а да има совршен склад на деловите на телото. Друго, темава веќе ми нема никаква поента, затоа што како што гласи, нема човек на кој би му пречело. Ако ти се допаднал човек со обезност, бидејќи тука веќе се водиме за стапување во врска, нема ни да ти пречи да продолжиш со него. Но, на прв поглед, ако треба да бираш, помеѓу обезна жена и еве да речеме жена со облини, сигурно погледот ќе те примами кон втората. Понатака, дали ќе ти се допадне нејзиниот карактер е веќе показател дали ќе продолжиш, или ќе превенираш пред да почне. Колку и да сакаме, да негираме, самиот збор гојазност не е карактеристика за здрава градба, вишок килограми од друга страна може да биде фетиш, милина, рајска убавина.
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На Medea., IRBBB, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не е карактеристика на здрава градба, ама фетиш и тоа како е.
    Што мене искрено, од такт ме вади.

    Пребарај BBW.
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Ако бе Вајлд, нека има. Некому пречи, некому не. Јас лично, не сакам да бидам обезна, а не сакам ни партнерот. Се додека не видиш со свои очи што значи, нема да ја сфатиш сериозноста на прекумерната тежина. Не е лесно да гледаш некој, приклучен на апарати, поради негрижа за себе. После таа слика, што ќе ме демне цел живот, си ветив дека ќе одржувам здрава килажа. Секако дека сите ќе умреме, но не треба да бидеме себични, затоа што имаме фамилии на кои им требаме живи до длабока старост. А дебелината секако не е гаранција за среќен и долг живот, напротив, може да те изненади кога најмалку очекуваш. И не сакам да гледам пример како може да бидеш обезен и среќен и да се чувствуваш добро во сопственото тело. Прашај го телото како се чувствува? Дали ако имаш 30 години, функионира како на 30 или како на 60.
     
    На Medea., IRBBB, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Како на 20.
     
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Биди сериозна малку, не тресам од ракав. Тргам од себе. Кога бев обезна, се чувствував како во тело на старец. Годините се само број во психата, ама телото старее, кожата ти старее, а тоа до сега никој не го избегнал, освен Кит Ричардс што е вампир.
     
    На Jane Doe., IRBBB, Herrera и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ти кажвам ко шо беше. Ваљда јас знам поќе за мене, отколку ти.
    Сега не е исто, ама не од дебелината, ами од дискусхернијата.
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Еми дебелината нема преку ноќ да ти предизвика проблеми. Секоја флуктуација над нормалното, остава белег. Телото памти, телото складира, телото е машина, која може да јави дефект. Среќни се оние кои стигнале до поправка на штетата. Не проповедај нездрав живот, освен ако имаш желба за самоуништување.
     
    На Medea., IRBBB, Ivanna23. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ох Господе златен!

    Каде тоа 'проповедам нездрав живот'?

    Нели реков дека се согласувам дека дебелината не е здрава?

    Колку пати го пишав тоа од вчера до денес?

    Работата е да не се депримираш и да губиш самодоверба заради изгледот.

    Тоа 'проповедам'.
     
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не треба да се депримираш, но треба да превземеш нешто. Не лично ти, туку општо зборувам. Не затоа што некој нема да ме бендиса, туку лично за себе. Ми е гајле ако некој смета дека не сум привлечна. Убавина и здравје одат заедно. Кога е здраво е убаво, кога не е здраво, не е убаво. Како сакаш сфати го. Затоа се подава рака, за да помогнеш. Темана за диети има еден тон страни напишано. Дали е тоа затоа што сметаме дека треба да се чувствуваме одлично во својата кожа или затоа што сме свесни за она, се што е претерано не чини.
     
    На Medea., IRBBB, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе шо... темата е полна со жени кои сакаат да ослабат 2 килограми, оти 57кг 'било страшно', а 55 'било тамам'.

    Не мислиш дека и обратен ефект има тоа?

    Ви наметнуваат правила за изглед, однесување, живот...

    Девојчиња по 15 години се фрустрирани за изгледот, оти 'биле дебели'.

    Ја гледам ќерка ми и другарките нејзини.
     
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Кој наметнува правила? Зошто да не ги прикажеш убавините на пешачењето на своето дете, или возењето на велосипед. Со спорт имаш здрава психа, затоа што се лачат бројни супстанци при истото, а воедно ќе имаш здраво тело. Наместо да се мотивира некој да се сака себе си, а притоа здрав да биде, ние ќе стимулираме дебелина, само некој да не биде депресивен. Епа мастите и те како имаат влијание и врз општата психичка состојба. Не му правиш услуга некому, напротив.
    20201114_101628.jpg
     
    На IRBBB, Herrera, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.108
    Допаѓања:
    87.980
    Пол:
    Женски
    Дебелината не е само естетски проблем, таа е болест,да не ги релативизираме работите.
    Секој треба да се грижи за здравјето на партнерот,а тука влегува и дебелината.
    @WildMk
    И мојата и другарките не сакаат да бидат дебели и внимаваат.
    И тоа е супер,бидејќи се работи за самоконтрола во јадење.
    Не мора да се изедат 2 чоколади, може една или пола.
    Не мора да се јадат две ќесиња чипс,може да се грицне малку.
    Не,не е убав ниту здрав изглед на 18 години да имаш 100+ кг.
    Да не може до 2 спрат во зграда да се качи пешки.
    А напротив во последно време по социјалните мрежи се промовира дебелина како нормала и здрав изглед,не,ниту одредена гардероба стои на дебели луѓе ниту е здраво.
    Нит срце нит коски можат да носат прекумерна тежина 20+ кг.
    И точно е дека млади што ми се роднини и се ептен дебели не се оптеретени воопшто, но точно е и дека се сингл.
     
    На IRBBB, raww, Ivanna23. и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    39.786
    Пол:
    Машки
    Изгледа не ми го прочита убаво коментарот погоре дека:

    И не се расфрлав со бројки горе затоа што пак истите се субјективни и различно изгледаат на различни особи.
    Но, ете, ти пиша дека си успеала да симнеш 17 кг, што е за пофалба, но единствено нешто сменето од тогаш кај тебе е самодовербата, која е сега повисока. Ама тоа што ти не си се сакала таква каква што си, не значи дека партнерот твој не те сакал и прифатил таква каква што си. А чим го направил тоа, за него си била атрактивна и убава.
    И тука некаде треба темава да се затвори затоа што ти самата си доказ дека, да, со плус кг може да се има дечко/маж.

    Од друга страна, кој може да гарантира дека по извесен период во својот живот и опуштање нема повторно да ги качиш тие изгубени кг како од шала?
    Затоа најглупото нешто е да се базираш на тежинска бројка која варира кај сите низ животот или да бираш партнер врз база на неговиот физички изглед. Никој не може да гарантира како ќе изгледа за 5-10-15 години. А, јас, не знам човек кој прекинал брак поради кг. Затоа треба да бираш партнер кој ќе те гледа исто и сега, и со тие +17 што си ги имала. И во двете верзии си ти, иако тогаш не си сакала да се прифатиш, и во тоа е проблемот, не во тежината.

    И упорно мешаш дебелина со обезност. Првото е плус кг, второто е коморбитет, и постои ризик за развивање на некоја болест.
    Темава гласи дебелина јас колку што гледам.

    И океј ако ти не сакаш дебели луѓе и не ти се привлечни, ама дај остај не и другите да се искажеме што сакаме.
    Не значи дека сите имаат ист став и гледиште како твојот.
    Во право беше @Bridget кога пиша дека вие сте најопасна група на луѓе, сте успеале и сега сакате сите да ги промените. Бетер од вегани сте.
     
    На cresa-jagoda, honey.11, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Имаше научна студија, за жените како бираат партнери. Во сржта ни е да бираме здраво, т.е најсилниот од толпата. Се испостави дека жените бираат маж според здравствената состојба на ликот и телото. Процентот на бирање на таков маж, беше значително поголем, од оние кои избраа маж без разлика на физичките карактеристики. Исто, ако срчаш на гугл, ќе најдеш безброј статии, во однос на ова прашање. Секако дека бројките на индивидуите кои чувствуваат првична привлечност према лик со здраво тело се поголеми. Темата е во однос на тоа, дали би стапиле во врска. Веќе ако си во брак, и ако флуктуираш со килажа апсурдно е да бидеш напуштен поради истото. Тоа се две различни работи. Дали тебе ти е привлечно да видиш мекдоналдс девојка од УСА или попривлечно ти е да видиш девојка со нормална тежина? Зборувам на прв поглед. Биди реалист. Тука може секој да пише што сака, ама реалноста е дека, поголемиот број ќе пристапи на онаа со нормална тежина, или +/- некое кило. Дебелина е обезност. Се што е надвор од нормалната граница на BMI, се декларира како обезност. А според BMI имаш степен на варијација, не е фиксно.
    Едит. И не се согласувам со членката, затоа што може слободно да ми се обрати некој, ако сака да слабее, а истовремено да е најаден цело време, без гладување. Се базира врз селекција на намирници, секако и големи количини на салати. Лицето ми е чисто, намалувам на кг, крвната слика е подобра. Епа што има поубаво од тоа? Сакам да читам и други искуства, на истата тема, затоа што реално тоа е борба, вистинска борба. И за мене се херои оние кои успеале да се трансформираат. Лесно е да качиш, оди симни ги.
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На Herrera и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не знам и ќерка ти и другарките нејзини какви се ама нема апсолутно ништо лошо ако почне да вежба на оваа возраст и да си има здрав режим на исхрана.

    И немој сега -како дете на 15 години на диета да било.
    Има начин да има балансирана исхрана. И таква исхрана треба секој да има, не само возрасен.
     
    Последна измена: 14 ноември 2020
    На cresa-jagoda, Ivanna23. и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    За крај да се докажам само, дебелината се додека не е предизвикана од примарен фактор, во смисла на проблеми со тироидна, полицистични јајници, антидепресиви итн, не е оправдана во никој случај и не е репер за грижа за сопственото здравје. Наместо да се стимулира здрава исхрана, богата со витамини и минерали, од кои само бенефити ќе имаш, а не негативни ефекти, ние се стремиме да дадеме поддршка за качување на килажа и да се сакаме такви какви што сме.
    Тоа ми е исто, како да видам некој има пари, се дотерува, шминка, нокти прави, а во забите е како атомска бомба да распукала. Ако не се грижи за себе примарно, како да очекувам дека ќе се грижи за мене?! Стрес да доживувам, по болници да трчам, на секое, немам намера. Ниту еден доктор, нема да советува да си го сакаш телото, туку ќе ти укаже на негативностите на самата дебелина. И да, за мене, се пострашни оние што се прифаќаат како такви, него оние кои би се стремеле да променат нешто со изгледот, затоа што се свесни дека имаат само штета, а не придобивки.
     
    На IRBBB, tina2018, DevilGirl212 и 5 други им се допаѓа ова.