во ова време можеш се да промениш па и сопственото тело.има милион диети и вежби што можат да ти помогнат.а сега можеш да се одлучиш и за друг начин на пример липосукција.јас стварно немам ништо против.но секој со свое мислење.битно е да се чувствуваме убаво во своето тело по секоја цена.
Далеку од тоа дека ако девојката е дебела нема да може да си фати дечко но сепак сите ги знаеме предностите на добро и убаво градено тело така да доколку девојката е позгодна многу нормално дека ќе има многу повеќе додворувачи. Кој што сака нека рече но и изгледот си игра своја улога иако најбитно е личноста да поседува шарм. Пример јас имав другарка која беше полна но девојчето беше многу шармантно и позитивно па ретко кога остануваше без машко внимание. Сепак можеме да даваме секакви примери и не би сакала некогу да навредам но во повеќето случаи на поовеќето од момците дебелите девојки им се помалку привлечни. Значи дебелината не чини како за здравјето така и за изгледот.
Некој и со + 2 кг ќе каже дека е дебел. Најбитно е да убаво се чувствува во сопственото тело и да верува во себе дека е убав. 2 адута за фаќање на дечко Нема врска дека дебела девојка има помали шанси за дечко. Секој си зрачи со своја харизма и позитивна енергија. Првиот впечаток е можеби тој на кој се гледа само визуелното од надвор, ама тој и те како знае да прелаже. Не е се во силуетата до паметот е, а паметот е најголемата шанса за фаќање дечко, ама за озбилно
Што ве гледам чудни. Како прво НЕМА НЕ УБАВА ЖЕНА, туку има жени кои не знаат да ја покажат својата убавина. Цел мој живот сум си онака елегантно попунета, со периоди кога сум била онака и дебелка што би се кажало. За целото тоа време ниту еднаш не сум се почувствувала загрозена, со намалена самодоверба, да неможам дечко да фатам, напротив, имам другарки кои биле баш слаби па никој не им се приближуваше. Мислам дека не постои здрав, зрел маж на светот кои не сака облини кај жената. Алоооо, жена, да има за што да ја фатиш, а не коски да шеташ со тебе. Од лично искуство сметам дека мажите сакаат насмеани, духовити, позитивни и расположени девојки. Никој не сака срамежливи , ќутливи или пак намќори. Се ова од лично искуство зборам, ништо на памет или не промислено.
машките освен што сакаат насмеани и позитивни девојки, сакаат и убави девојки.освен што сакаат рацете да им се полни кога ќе ја фатат девојката исто сакаат и очите да им се полни.ниедно машко не сака пред другарите да покаже дебела девојка.сепак убавината си го прави своето.
Лелел темава ме потсети на една другарка стварноо и таа е иста како и оваа што е напрајла темава.. мисли дека неможе да фати дечко дека е дебела.. Но таа сама тоа си го прави, воопшто нема самодоверба..и не дозволува никое машко д и се приближи дури и на фб за пријатели не додава машки освем фам. и школски .......Mногу чудно девојче......И мисли дека е грда,дебела и поради тоа сите е одбегнуваат. , но јас мислам дека не е така! Имајтеси самодоверба и се ке биде ОКеи. па мислам и нема потреба од менување, ако те сака некој ќе те сака таква каква што си., но ако мислиш ти дека ти смета килажата тогаш почни со некои вежби или има и таблети од тие за слабеење мислам дека делуваат,стрина ми ги користи...СЕ надевам ќе стекниш самодоверба и ќе бидиш врв. шала на страна .. Секој си е убав на вој начин, пишаното ќе си дојде не се секирај....ПоЗз..
Ако треба да има една девојка покрај себе маж на кој ќе му служи како трофеј, џабе е се. Убавината е минлива работа, никој не е вечно убав или млад. Денес сме едно ,утре друго. Ако човекот кој треба да е до тебе не те сака и почитува, не те цени онаква каква што си, тој човек не заслужува ни малку да те има. А ти мила Вага, ако мислиш само со згодни нозе и гзиња дека се фаќаат дечковци, тогаш што ќе се случи кога ќе остареш??? Ќе те остави маж ти??? Според мене девојките кои фаќаат дечковци врз основа на изгледот немаат памет во глава и не знаат како да привлечат маж со карактер.
Јас исто мислам дека дебелината е проблем! Но имам причина Прво бидејќи јас сум дебела, не си го сакам телото, сакам да ослабам и тоа ми дава некоја мотивација зошто да ослабам. Но сега има девојки кои се дебели, но тие сакаат да се дебели, имаат самодоверба..и полесно им е да најдат дечко. Пример Kim Kardashian колку е дебела а колку машки ја посакуваат, охохооо. Еве и една слика: Спојлер - доказ дека можеш да бидеш обожавана од илјадници мажи иако ти се допираат колковит
Добро сега, девојката на сликата не е толку дебела да се разбереме. Јас зборував за стварно дебели девојки со над 90кг. Точно дека не е се во изгледот ама има нешто и во него.
Колку ли само не се согласувам со темата... значи ај да не звучи клише ама не е со до убавината аман веќе! Не сум многу компетентна да зборам околу тоа ама од искуство тврдам дека има мноогу други фактори,јас пак одсекогаш сум викала како можат подебелите да си фатат асални дечковци а јас стојам од страна страв им е дури здраво да ми кажат,секој со свое размислување ама така е,на крај краева неможеш да очекуваш во дискотека полна со морони дечко да си фатиш,се знае таму кој што бара,значи има исклучоци ама ретко. Сум имала случаеви кога, да ете можам да си фатам дечко не првиот ама вториот сигурно,ама истиот тој прекрасен дечко од соништата ме изневери од причина јас да не го повреда м прва нели тој сака да биде мажот,фраер оти сите му велат она со тебе ли баш,па она може да си фати кој си сака и кој е повреден на крајот се знае јас.Да не испадне постот глупав сакам само да укажам дека сите си имаат мала дупка во самодовербата и проста човечка особина е да се споредува,а токму иронија во мојот живот е што повеќето околу мене се ај да не кажам подебели ама попуни и сите се во среќни врски а јас? чекам да дојде некој ептен храбар што нема да си ги лечи комплексите ..верувајте во себе бе девојки,само позитивна аура привлекува,никој не сака очајни и несамоуверени.Мене па многу ми се допаѓаат такви луѓе дури ни маж слаб неќам што ќе ми е манекен
Прво и основно, никој не може да каже како тоа одредено машко ја гледа девојката, освен самиот тој. Може она да има и 20 кила плус, а дечкото да ја гледа како најубава девојка за него на целиот свет. Значи не постои едноставно правило кое наложува, како што викаш ти погоре, дека постои некој си стандард и принцип пропорционален меѓу тежината и љубовта. Збориме за полни девојки, а не екстремни случаеви со 100 и кусур кила (не пишувам без навреда ако има таква, затоа што ако има и постои начин да го среди тоа за лично здравје мора одма да почне!). Апсолутно е точно дека најчесто мора прво да се јави некоја физичка привлечност, но не е па и секогаш така. Некогаш човек почнува да чувствува привлечност после 10 реда муабет, без при тоа било како обрнувајќи внимание на изгледот. Имаш премногу површно мислење, за било која работа во животот никогаш не дозволувај физичката перцепција да ти е приоритет, без пред тоа да составиш целосна слика за некоја личност, откако ќе ја запознаеш и ќе размениш барем 2 реда муабет. Па постојат такви личности што кога ќе ти направат муабет сакаш со нив цели денови да ги поминеш од што сејат позитивна енергија. И кога помислуваш на нив нема нивната дебелина да ти ја исполни душата, туку убавите моменти. На темава кратко и јасно со неколку збора доволно е да се каже: За вкусови не се дискутира!
еве што сакаат мажите во најновото истражување за идеална жена во еден универзитет во лондон учествувале пет илјади испитаници еве листа како би изгледала идеалната жена: мора да биде сладокусец да има големи гради долга и негувана коса заоблен задник да сака вино не и смета ако излезе без шминка пониска е од мажот таа е спортски тип добро да вози да е витка посветена е на фамилијата и децата ужива во обилните оброци без грижа на совест сака да гледа фудбал има граница кога е алкохолот во прашање одржува идеална тежина има силен сексуален нагон образована е и има диплома има работа заработува повеќе од мажот
Ај сеа па и ти, нели харизмата е битна, зар ние, коските, идеме со нездрави и незрели мажи Ако жената е самоуверена, паметна, присебна и зрачи со харизма ниедна манекенка на светот (ниту порно ѕвезда) нема да и биде рамна. На прв поглед секако дека во преполна соба со жени, еден маж прво ќе ја погледне најзгодната, најсекси цура. Ама ако остане во таа соба подолго, погледот ќе го задржи на некоја што зрачи со харизма, насмеана, самоуверена и која ги привлекува луѓето кон себе со својот карактер и однесување, а не со бројот на килограми на своето тело. Ако себеси се гледате како парче месо со плус или минус килограми, така ќе ве гледаат и другите. Најбитно е да си се сакаш себеси, така им даваш простор и на другите да те сакаат тебе. Ај да оставиме од машки аспект, за дечко. Од женски аспект да тргнеме. Подобро би се чувствувале во друштво со пријатна жена, муабетлива, позитивна (било убава или не) или пак во друштво со намќор и арогантно створење кое смета дека во животот не треба да се надоградува и развива зашто веќе има надворешна убавина и сите проблеми му се решени? Не ми има смисла темава
Хмм многу индивидуални се тие работи, од човек до човек си зависи. Не е килажата пресудна дали ќе те сакаат дечковци или не. Донекаде убавината игра поголема улога, ама се` си зависи од тоа со каква енергија зрачи некој. Еве пример, имав другарка, така, просек убава, а така баеги пополничка. Ама ти не знаеш шо праеја машките по неа. И не зборам само за секс, туку во врска колку се занесуваа по неа, па имаше еден се расплака кога му раскина, за неа знам дека никогаш не била сама, ни во средно, ни на факс...јас сум женско така да не го гледав тоа што мажите го гледаат во неа. За привлечноста е исто индивидуално, секого различни работи го привлекуваат, така што немојте никогаш да дозволите ради надворешниот изглед да ви падне самодовербата и да изгледате лесно и очајно во нивни очи. Како гледате на себе е многу поважно од како изгледате. Ако може нешто да се направи во врска за слабеење, ослабете, секако тоа ќе биде добредојдено за вашето здравје, ама па сеа ако не може да се реши, Боже мој, никој не е совршен, си има и генетика тука вмешано прсти...
Девојче според тебе Ким Кардашијан и Мерилин Монро се дебели??? Колку и да не ја сакам Ким Кардашијан и сестрите и заради нивната глупоќа и плиткост морам да признаам дека се баш женствени во изгледот. Според мене така треба да изгледа жена а не како даска. Според тебе и Џенифер лопез е дебела зашто замисли има обилини ( газе) а не е како со лопата удрена од позади?? А за Мерилин Монро преубава жена!!! А што треба да има простор воз да помине меѓу нив??
Муабетов ми е очаен... има милион дебели кои имаат најубав лик, очи, насмевка, колкови... Има два милион слаби, притегнати, топ ако ги гледаш од нозе нагоре и фацата... се препалуваш.... тело гром- фаца лом... Апсолутно не сметам дека килограмите се пречка за тоа дали ќе имаш или не дечко и колку лесно ќе стигнеш до него, напротив! Се е во умот, во начинот на комбинирање на облеката и боите, во шминкањето, а на крајот на краиштата до тоа како изгледаш наутро. „Дебелите“/ „пуничките“ заради внес на разновидна храна (гурмани се де, што е лошо?) имаат поубав тен, особено ако се непушачи и оттука дечкото до кој ќе се разбудиш наутро нема да се чуди со кого легнал а со кого станал. На крајот на краиштата кој вели дека ако си слаб на 20-30 години, слаб ќе си и по првото породување, по 40 години... Не знам од каде се заклучоците за тоа какви жени сакаат мажите, колкав е репрезентативниот примерок на анкетирани, средина во која живеат, предрасуди... Идиотизам... На крајот во месара купуваш месо, не коски... Коските се за тие што не се разбираат во квалитет на месото или не го познаваат месарот.