@Cosmi оваа ептен е вицкаста Па и ти на вицкаст начин укажи и дека перцепциите за вратот и градите се спојувале и не и стоело нешто е само ограничување во умот што си го искреирала. Под чие влијание и зошто го искреирала е тоа е најзина раб. да укапира. Само еден хинт зад вицкастиот начин на споделување да знаеш дека најчесто се прикрива најголема несигурност, во случајов поради вишокот кг.
Види има вистина во тоа што го пишува, финтата е што ако сака да ослабе прво за себеси да го прави тоа, ако не сака исто де, нека не менува ништо Тој што ќе ја сака ќе ја сака и ваква и таква. Исто така тој што не ја сака нема да ја сака ниту ваква, ниту таква.
Кај луѓе што се толку дебели од деца, цел живот, мислам дека ова е најголема пречка. Сите вака од страна со сожалување ги убедуваат дека не можат да ослабат. Што е секако погрешно и никако не им помага.
Вистина е ова. Секој може да ослаби. Само си треба воља. Е сега... ако си склон на дебелеење, тогаш треба и да ги смениш животните навики, за да одржуваш тежина. Мене на пример, ми се јади и не ми се шета... и ај сега? И то сакам да јадам тестенца и благо. Да има нешто со таков вкус, а да не дебелее, пеки... ама нема
Апсолутно неточно. Да не се лажеме сега ,килажата има големо влијание на атрактивноста. И јас сакам да јадам чипсови , чоколади но сепак здравјето и изгледот ми се побитни. Пример Ивона Јо демек боди позитивити да се сакаш себе си да се прифатиш себе си и на крај си направи операција на желудник oh the irony. Нема по toxic од фејк боди позитивити.
А што мислиш дека чоколади и чипсови не јадат слабите? Ако беше така, и здравјето беше само и само поврзано со дебелина, тогаш немаше во болница да видиш слаб човек. Ако си објективно убав, без разлика колку кг си, пак ќе си убав.
Јадењето е ризик. А ризикот е процент шанса не е 100% гаранција. Медицината не е линерана алгебра. Дебелите најчесто се понеатрактивни и поради тоа влијае на врската. Најчесто но не секогаш, веројатност во процент а не стохастички однос.
Барем најмалку 3 случаи познавам со камења во жолчка и замастен црн дроб кои никогаш во живот не биле дебели. Уште никој не знае кои се факторите што се формираат камењата во жолчката. Така да, овие проблеми не се врзани стриктно за дебелината. Безвезе ти е муабетов. Плус, темава не е здравје, туку дали килограмите се фактор за стапување во врска. Адриана Лима е моментално со зголемени килограми кои не ги изгуби после бременоста. Верувај, објективно, нема маж што не би ја избрал неа, пред на пример, тебе, ако гледаме само физички изглед.
Voopsto ne mi se vazni kilogramite,taa nekoja hemija sto ke ja pocuvstvuvas za nekoj/nekoja nema vrska dali se slab ili debel ili sreden ili neznam kakov,ne gledam na toa,iskreno nikogas ne sum sakala slab maz,krupen mi e po sexy ,sekoj razlicno,i za zenite,ima mazi so sakaat podebela,pokrupna ima so sakaat slabi,sekoj svoj izbor,ama za vrska ne se presudni,sakam pogolemooooooo
Покрај карактерот, битен ми е и целокупниот надворешен изглед за да бидам со некого т.е за да ме привлече. Килажата т.е. навежбано тело, исто колку и цртите на лицето, косата итн. Ова се однесува на партнер. Рандом личности не ме интересира колку килограми имаат, зошто имаат вишок, ниту се смеам некому, ниту сметам дека треба да ги сожалувам не знаејќи ја нивната ситуација, воопшто не мислам на нив.
Во принцип дебелина е најчесто непривлечна. Плус и зборува за карактерот, недостаток на самоконтрола. Нормално има исклучоци и не е за секого.
Јас никаде не реков дека сите треба така си кажав само мој преференции. Искрено не ме занима за другите ако сакаат по 500 кг нека бидат , само објаснив зошто сакам таков партнер ,немав намера никого да навредам ниту да кажам нешто лошо. На крајот од денот ако они се чувствуваат убаво во своја кожа нема да им е битно што пишал некој на форум. Инаку за Андријана лима , да не се лажеме по атрактивна била со нормална килажа.
(Не)здрава храна и дебелина: Моја другарка од средно, јадеше цело време, на секој одмор. Чоколатца, банички, тостови, чипсови, смоки… немаше повеќе од 45кг. Јас јадев еднаш во денот, еден оброк и пак имав 30кг повеќе од неа и многу нездрав однос кон храната. Крвната слика секогаш ми била одлична, холестеролот ми бил секогаш под границите и денес исто. Се сеќавам на една случка, прв пат гледам еден чичко, после 20 години. После 10 мин муабет, од него добив коментар “намали со благото, не те личи”. По 40 денови пост, изедов две мали саламки (благо) кои тетка ми ги имаше спремано за Велигден. But in the end, the world doesn’t know or care about that. Штом те видат со плус килограми, перцепцијата е таа, не здрав си и јадеш глупости. И денес ситуацијата не е многу поразлична, пробувам да се хранам здраво. Сега со постите I went full vegan (салати, хумус, овошје, многу ретко нешто пржено и минимално леб) и обавезно некоја физичка активност (мин 7км одење). И сакам да ослабнам, не затоа што не сум здрава, туку затоа што не сакам нареден пат некој без да знае нешто за мене да ми каже “намали со благото”. И за крај body positivity не е за промоција на дебелина. Туку да си го сакаш своето тело и да ги правиш најдобрите избори за него, но и истовремено да прифатиш дека има различни типови на тела, that should be celebrated for everything they do. Си го сакам телото и затоа правам подобар избор за него и верувам дека двете можеме подобро. Отидов оф топик: Имам дечко, веќе 9 години, се чувствувам сакано и посакувано.
Абе ве заболе вас за здравјето на дебелите. Туку под закрила на тој муабет... кажувате шо чинело-шо не чинело. Сенкир ние не знајме шо треба да прајме за да ослабиме. Темата не е за то. Туку, дали дебелите можат да си најдат партнер, или не. Само покултурно напишано. И дискриминирачка е. Исто ко јас да поставам тема за тоа дали тие со мањак килограми имаат проблем да најдат партнер. Веќе пишав: За секој има некој! И без вашата 'грижа' си наоѓам партнери, фала.
Не е во ред да се коментира за тежина и изглед. Ако не ти се свиѓа не се фаќај со неа или него. Не му кажувај за тоа ако сакаш да си пријател. Само позитивни работи се кажуваат критики за изглед никако.
Не бе како!? Јавно се плеска в сурат! После теми се отворат за то шо треба да му се плеска в сурат на луѓето: -"Да ти кажам една диета?" - а никој ни ги праша ни ги запусти *Немој да заборајте, на сите да им посочувате се' шо не ви се бендисва. Dr. Evil (Ostin Powers) - "Molly, molly, molly!"
Тоа не е ОК. Ако има комплимент тогаш може да се каже. Критики не се даваат. Само ќе погледнеш и ќе молчиш. Тие што зборуваат така се лоши карактери и не ОК луѓе.
Епа од тие критики и нели виртуелниот живот денешен се доведовме до ситуација да јадам 1 у денот и по можност бејк ролс да е тоа јадење. И имав 52 кг. И паѓав како стап сегде. И тек денес можам да им кажам едно мрш на сите тие добронамерни совети. П. С. Никогаш не сум била нешто дебела. 65 кг макс