Не викам дека е Сакам само да посочам што може да се случи со тие добронамерни совети. Броевите тогаш беа на се стандард. Извини каков стандард? Чив? Сега сум +10 кг од тогаш и не ми паѓа на памет толку да слабеам
Ич неќам некој ко ми кажва дека требало да ослабам и како да ослабам. Буквално ко да и' речам на некоја, дека не ми се бендисва фризурата шо ја носи и да и' кажам како да ја напрај. А ни ме прашала, ни ништо. Ко ќе ти вивни, без коса тебе ќе те остај.
That reminds me на друга анегдота од средно: Останав после часови да одговарам јас физика, крај на полугодие. Професорката ме прашува, јас и одговарам 10-15 мин, за на крај да ми каже “абе остави ти тоа, дај да ти кажам една диета како јас и ти да ослабнеме”.
Има БМИ и хип то ваист рацио. Мода не е медицина. Се знае како треба. Ни преслаби ни предебели. А за личен вкус тоа е личен вкус и целосно субјективно. Има луѓе што пушат, јадат многу џанк фуд, пијат многу итн. Не им се збори да престанат не дека не знаат дека тоа е нездраво, знаат. Во денешно време секој е информиран. Така и за дебелината или слабината.
Јас седнав еднаш со еден другар во ресторан. Има човекот 150 кг нарача најмасно јадење, си го изеде целото. Ништо не му реков за тоа. Паметен е и знае. Ако му треба совет ќе побара. Солење памет не е убаво. Знам им зборат многу и знаат дека им е проблем. Уште еден не им треба. 90% од дебелите би ослабнале ако тоа го можат, ама неможат. Не им требаат уште фрустрации.
Знаете дека стандардите за тоа што е убаво и привлечно тело, што ќе ги имаат прифатено повеќето луѓе од одредена земја, регион зависат од повеќе фактори кои се надвор од самиот човек како на пример - економска состојба или култура и традиција? Ова е докажано со научни методи во психологијата и во други научни области. Убаво е она што е функционално, односно што е синоним за здрава единка со која би сакал да создадеш здраво потомство. Тоа едноставно така. А како изгледа здраво тело се менува сфаќањето со општествено економските промени. Колку е полоша економската состојба и поголема сиромаштијата, толку се поубави побуцкасти луѓе. Зошто имаат за јадење. И самата историја не учи за тоа. Погледнете ги моделите во една земја, да речеме западна земја, во различни временски периоди. Кога биле за некои периоди карактеристични економски кризи и беспарица моделите се со поголеми облини. Така е на пример во периодот на втората светска војна и веднаш после неа. Слабите модели се во мода во периодот на економски подем. Тоа е типично за на пример 60-те до 80-те години. Се оди дотаму што дури и бојата или исончаноста на кожата е симбол за здравје. Порано работниците што работеле надвор биле поисончани, а аристократијата била помалку изложена на сонце. Белиот тен како порцелан бил синоним за убавина. Е арно ама во 20-ти век со индустријализацијата работите се менуваат. Работничката класа е таа што е помалку изложена на сонце зошто работи во затворени простории долги работни саати. А богатите имаат можност повеќе да спортуваат на отворено и да се сончаат по плажи. Па поцрнетиот тен и атлетски граденото тело се стандард за убаво тело. И тоа најмногу зема замав после 80-те години. Исто е битна и културата на која припаѓаш. Постојат африкански култури во кои убава жена е дебела жена. Колку подебела, толку поубава. За разлика од западот, каде невестата се труди да ослабне пред свадбата, тука невестата се труди да се здебели. Дотаму се оди што некои жени се присилно товат од своите семејства за да се подебели. Ги затвараат во соби, не смеат да се движат или да работат и имаат жени кои нон стоп им носат јадење што мора да го изедат. Да биде работата уште поапсурдна, мажите таму не треба да се дебели за да се сметаат убави, туку само жените. Зошто жените се тие што раѓаат, што хранат. Да не зборувам и за стомачето ...ваљда знаете...дека како симбол на плодност, се менува и стандардот за тоа како треба да е стомакот на жената за да е убав. На пример во ренесансата убава жена е секогаш со заоблен стомак, малтене како да е бремена. Ставале перничиња под фустанот ако биле рамни. Тоа било убаво зошто плодна жена треба да има простор за бебето. Е модерната жена, треба да има рамен стомак и фигура на часовник. Прво зошто широки кукови се симбол на плодност и способност да раѓа. Второ рамен стомак имаат согласно општо познатите научни знаења жените кои се млади, хормонски здрави, кои спортуваат и се активни. Со еден збор се здрави и способности да раѓаат. Инстинкт за живот е во прашање, а тоа значи и за продолжување на својот ген, па се бира партнер за таа цел.
Да бидеме реални она е здебелена, ама не е дебела по никој стандард, Ако збориме веќе за познати луѓе, ете и Ријана е подебела од порано па пак е прекрасна. Тука мислам се дискутира за плус 20, 30, 40, 50 кг. од идеалното...на овие килажи веќе цртите се изменуваат, се сокрива убавината. Особено кај мажи бидејќи почесто се дебелеат стриктно во горниот дел.
Уште како малечка мајка ми постојано ми зборуваше , не може повеќе од еден ред чоколада не сакам дебело дете и разни такви неубави коментари кој не сакам ни да ги паметам. Никогаш не ми даваше да јадам што сакам никогаш не сум ни била дебела но постојано ми коментираше ,недајбоже чипс да купев. Поради тоа уште имам трауми кога во продавница ќе погледнам чипс. Никогаш нема да заборавам кога имав малце намалена килажа ,но сепак беше во нормалата бев 58 кг и си купив мачмало и додека го јадев она ми зборуваше срамота си се здебелила до кога ќе тераш вака. Во далечната 2014 фатив анорексија и од тогаш ми нема коментирано за тежината, секако не требаше тоа да се случи за да се освести но ете само сакав да ја раскажам мојата приказна.
Да, де. Ама не му држам совети на рендом луѓе за то шо е здраво, уште помалку коментирам луѓе шо не ги знам дали биле дебели, или слаби.