Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ама шо значи то?
    Дека тебе ти беше поуба претходно?
    Шо си битен ти?
    Ни те знај, ни те познава, ни ја интересираш.

    Има луѓе на кои им е убава и готово.

    Значи коментирате рендом луѓе за то дали лично ви се убај, или не.

    Шо е поенатата на темава?
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Не знам што ме цитираш, кога јас баш истото го кажувам, и Лима ја земав за пример дека килограмите не влијаат на убавината, беше и сеуште е прекрасна.
    Читај што се пишува.
     
    На christinnn, cresa-jagoda, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.343
    Еве јас со здрава тежина и постојана физичка активност си добив камења.
    Ама тоа пак не ми го менува мислењето дека енормна дебелина е штетна.
    Да не зборам па како моментално ниедна сласт за пржена и масна храна не ми е поголема од стравот од напади и компликации.
     
    На Feminka22 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ми текна!
    Ако сакате рендом луѓе да оценувате по убавина, да почниме слики да клаваме, па вас да ве прашаме шо мислите?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Рече дека и се променија цртите, како одговор на коментар за 'промена на црти' кај дебели мажи со што им 'се сокрива убавината'

    Како да го сфатам?
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    Пак не се разбираме. Јас зборам за стварно обезни луѓе. Какви трансформации имам видено(баш од блиски луѓе), не можеш да препознаеш дека се работи за истиот човек.
     
    На Nana1156 и Medea. им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Каква врска има пржена храна со тема во која оценувате дали дебелите треба да имаат партнери, или не?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Сите шо имате грбави носови потешко ви е да најдите партнер.
    Оти не се напрајте пластична операција?

    Сакате да ви кажам за Ријана и Адријана Лима како напраја?
    Еве слика.

    Вака е убо, вака е неубо.
    Дај саторо!

    *отворете за ова тема.
    Истио муабет е, само за друга 'отстапка' од конвенционална убавина
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Да.
    Се зборува за индивидуалните гледања во темава ама тие зависат и од големата слика. Тоа сакав да предочам. Сите сме под влијание на надворешните фактори, сакале или не. Зошто сме растеле во заедница, живееме во групи.

    Овде гледам многу коментари кои се во склад со општо прифатеното за тоа што е убаво и здраво. Типични за нашето време и регион.
    Има некои со поинакви естетски вредности ама помалку се.

    Така ми е навикнат мозокот да забележува, во поширок контекст и да мислам што на што влијае...:lol:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.343
    Ако прочита пред тоа што кажав, ќе сфатеше.
    Мада оф топик е и кажав за себе.
    А и анорексија што се спомна нема нели врска со темава па...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Големата слика е дека на порно сајтови на високо место котираат BBW категории

    Јас сум дебела и не се палам на дебели жени и еве, за чудо има мажи и жени шо се палат на мене.

    Нема благе везе индивидуалното со конвенционалното во приказнава, оти кога станува збор за врска (шо всушност е темава), го легнуваш тој шо ти го дига/ ја влажни, не тој шо ти е убав ко слика од Микеланџело
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.215
    Допаѓања:
    111.962
    Пол:
    Женски
    Можат.
    Само многу потешко отколку некој кој е фит.
     
    На Feminka22, christinnn, Cycloastra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене навистина намерата не ми беше ниту да навредам некој ниту некој да се најде повикан.
    Јас само си кажав мој преференции, јас ниту сум навредила некој со вишок килограми ниту сум рекла на некој ти дебел си еве ти диета.
    Секој си има стандарди за тоа каков партнер си сака. Нема што да ме напаѓате и да ме правите були само затоа што сум кажала дека ми е битна килажата на партнерот.
     
    На Feminka22, Nana1156 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Да Вајлд, извини на речник, ама и тоа каков тип тело ти го дига или ти ја влажни зависи од тоа што ти се вкоренило во главата како секси и убаво. Тие индивидуални естетски вредности а и сексуалниот развој се условени од еден куп работи на кои најверојатно уште како дете бил изложен човекот.
    Од материјалната состојба и колку леб имал да јаде, до изгледот на жените кои му биле пример за секси и за кои забележувал дека се посакувани, а тука спаѓаат не само реалните жени во животот туку и тие што му биле сервирани од околината, од телевизијата и интернетот, па и од порничите ако ги гледал. А тоа што се прикажувало преку медиумите и те како било и е условено од надворешните фактори. Стандардот за убаво женски тело се менува и во порнографијата и филмот историски. Полнички жени во 20-те, па преку слаби како Твиги, па преку силиконски гради, па до сваштаријата што ја има денес која (повторно заради промените во општеството за она што е прифатливо, што е убаво и сл.)

    Буквално знам човек кој не сака слаби жени со бел тен, зошто му личеле физички слаби и болежливи. Значи него таа идеја му е од некое искуство стекната, не се родил со неа...
     
    На Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Недостаток на самоконтрола важи и за луѓе кои пушат, слаби луѓе кои претеруваат со храна, луѓе кои се работохоличари и уште многу други скриени и помали себеповредувачки дејства, и сето тоа се мани, но за ниедна не се толку зборува дека е одбивна и дека ако човек ја има автоматски ќе е несакан.

    Пролистајте ја темава и другите теми со слична тематика, има доста членки кои самите пишале дека се дебели и среќно заљубени (или биле тогаш) и тоа се членки кои се толку паметно и зрело изразуваат, онака, имаат карактер кој веројатно нешто значи во реалниот живот. И треба уште многу да пораснете за да го сфатите тоа.

    Јас исто спаѓам тука, дебела сум, во врска сум, сум била во врски и ги знам моите карактерни квалитети, се осеќам дека зрачам сексапил, среќна сум. Дали можам да бидам уште посреќна кога ќе можам да влезам во продавница и да најдам веднаш број што ми одговара? Апсолутно. :D Но, тоа се лични проблеми и демони во главата кој секој ги има, секој треба да работи на подобрување на себе (ова е многу битно) и може да биде среќен, сакан, додека се подобрува.

    Инаку не се согласувам со @WildMk дека е во ред да не сакаш да шеташ, физичката активност е клучна за среќен живот и менталното здравје, тоа навистина треба да се освести и да се промени ама ете и тоа е личен пат.

    Ко заклучок, треба малку помалку да се секирате за дебелите луѓе, навистина не е фактор за дали некој ќе е во врска или не, како тогаш ќе ги објасниме витките и згодните девојки кои немале дечко никогаш? It's almost like it's individual. :D
     
    На Vraloma, Lella, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Машки
    И пушачи и кркачи на фаст фуд и воркохолици се помалку привлечни исто како и дебели. Но има многу субејктивен фактор. На некои дебели му се ок но тие се помал број.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.107
    Се тоа знаеме, ама пак нема врска со имањето врска.. Има луѓе од 50 кила има луѓе од 100 кила, зар сите се со соодветни на нив во иста тежинска категорија :D
    И ми пречи ова- стандард за женска убавина, па способност да раѓа, па причам ти причу. Па рамен стомак, па спортување - yea, sure, if my body is my profession. Па уште трудни жени во дискусијата погоре, јер некој будала очекува жена му по пораѓај да изгледа исто ко претходно, оти ако не, што? -ќе ја замени за нов модел? Значи секакво перде на мозок е ок, па нека генерира тоа несреќни, несигурни луѓе, жени особено :!:.
    И пак, килограмите не се побитен фактор за влегување во врска отколку паметот, парите, додајпожелба - секој со своите идеи.
     
    На Vraloma, Srckata28 и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не сакам да шетам оти сум во депресија веќе трета година.
    Сега на коњ сум, во лок даунот, од кревет не можев да станам

    Здраво е шетањето и то го знам.
    Сите го знајме
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Леле колку е тешко чоеееек...
    Од 17 години до сега, не сум била ни еден ден без барем еден дечко/мувач/уатевр..
    Скоро 30 години, еве...

    Пу-пу машала, да се множат.

    Мене ми е исти к*ац... дадов-зедов, ама греота е во денешно време да не разбираат луѓето како се воспоставува романтична/емотивна/сексуална врска.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.787
    Пол:
    Женски
    Не се побитен од паметот, но физичкиот изглед е првичен фактор.
     
    На Nana1156 му/ѝ се допаѓа ова.