Да! И има луѓе на кои им се убави дебелите. Замисли!! Абе факинг сај-фај! Како шо има за тебе некој, така има за сите. Не си мислете дека сте нешто посебни
Ама ти шефице. Има и такви кои немале девојка или дечко со години, зошто го игнорираш тоа ко да не постои. Да има луѓе на кои им се убави дебелите, ама има и голем дел кој преферираат фит .
Пошто цел живот сум дебела и во основно беше У-ЖАС-НО напорно да се живее како дебело дете. Мислам... мојте да замислите. Памтам... глупо е... ама гледав Беверли Хилс... тогаш беше ултра популарен. Таму, сите кој од кој по-прелепотиЦ, абе то траскање од земја сме праеле по нив. Дечишта... И глеам... оп и на убајте му се карат дечковци/женски... И тие си имат мака со школо, родители, ју нејм ит.. У ствари и кај нив не е ништо поразлично отколку кај нас 'грдите' И реков, кој ве ебаа сите! Уште еднаш, око не ми трепна за то шо мислат другите. Кога ми се носеше минич, допичњак носев, ко ќе ми се бркаше мажи, бркав мажи.. Муабето ми е. Не ги тормозете луѓето, посебно децата со небулози ко: 'Конвенционално убави полесно наоѓаат партнери' Ќе ги исфрустрирате и убајте и грдите. Дебелите ќе држат диети, слабите ќе си играт мајтап со нив, па депресии, па болести, па самоубиства, па триста чуда. Мајка ми ми рече еднаш: “Треба да ослабиш, за да си најдиш дечко“. Имав тогаш, само та не знаеше. И реков: “Ако ме сака некој ваква, ќе ме сака секаква.“ И си продолжив по мои правила И не. Не мислам дека е здрава дебелината, ама не мислам дека се здрави ни предрасудите. За никој...
И во слабите има такви шо немале партнери со години. Лично јас познавам такви. Пичку матер згодни.. ден-денес сами. Посебно такви шо коментираа : “Како можи онај со онаја грдата?!“ Не им ја поткопувајте самодовербата на луѓето со вакви муабети. Оти апсолутно не е точно!
Бев покрупно дете од почеток на основно, па се до кога се знам сега на 18 речиси. Стигнав до 80 килограми на 15, ослабев брзо со гладување, вежбање, стигнав до 50тите фамозни килограми што се пропагираат за едно девојче да ги има. И се тоа зошто бев на една прослава и една роднина ми кажа "леле колкава си станала, некоја диета мора да почнеш, вака што ќе правиш во животот". Инаку сум била убава на лице секогаш, барем така ми викале. Мешана сум Македонка-Русинка и сум им била на луѓе привлечна поради тие измешани црти и највеќе очите. Не сум имала проблем со додворувачи... Ме повреди тој коментар, си станав слабокрвна, си добив анемија, немав енергија за ништо. И овој период немав дечко, а немав дечко ни кога бев покрупна не заради телото, од мои причини да не сакам никого зошто не сум сакала да се врзам за некого. Прв дечко ми беше скоро, моментално сум 70 килограми. Прекинавме за друго, не за тежината. Веќе не се изгладнувам, не јадам количински многу ама не живеам и со 800 калории на ден. Се дебелеам брзо, јадам просечно како што јаделе другарки што се 45кг на излегување и за мене се се фаќало, тоа е. Веќе не дозволувам прости мислења да ме навредат, каква сум таква сум. И тоа за здравјето, баш зошто мислам на здравјето нема да слабеам и да се изгладнувам, ич не ме интересира. Побитно ми е да имам сила и добра крв од тоа да имам ебани 54 килограми.
Јас сакам да споделам една лична ситуација Имам три пријателки двете се слабички а едната подебелка. Секогаш буквално кога шетам со некоја од слабите другарки слободно можам да кажам 90% од мажите буквално око не тргаат во некоја од нив две, нема шанси да помини маж и на се и се загледа барем за секунда, а искрена ке бидам не се нешто премногу лични во лицето, немаат некои црти саглам, ама веројатно тоа нема врска, нема некој што не ги приметува, дури едната еднаш ми вика низ шала како тоа овај (рандом тип) мене ми се нема удварано, демек се чуди. Од друга страна, кога сум со дебелката другарка не сум забележала некој посебно да гледа во неа, секако секогаш постојат исклучоци ама во глобала немам приметено. Таа имаше сериозен дечко, сега маж и среќно е омажена. Другите две пријателки кои се близу 40та година скоро никогаш немале бар јас не памтам дечко за сериозно, никогаш не биле омажени. Тие секако сакаат сериозен маж, но не знам дали е среќа во прашање или судбина што. Како и да е мене ова најмногу ме мотивипа да го имам тој став дека подебелките жени делуваат посериозно и посигурно за врска. (барем во ова поднебје) А карактерно тврдам дека сите три се добри личности, никако неможам издвојам дека дека е добра а друга лоша.
Затоа што веќе го искусив тоа на себеси. Вака сум поздрава и крвта сега ми е одлична фала богу, тоа беше пред 2 години. Зошто за да одржам слаба тежина не можам без да не јадам многу, спор метаболизам имам, од 2 парчиња пица пример 1кг плус одма ми оди вагата... Едно време бев опседната и со тоа, по секое јадење се мерев, секое сабајле се мерев, запишував од што сум качила тежина итн. Нездраво се однесував кон себеси. И те молам, гледам за роднината си пишувала, ве молам не и кажувајте такви работи како мене што се дрзнаа да ми кажат, повредуваат. Ниедна тетка со таков коментар кажан не ми направила услуга во животот.
Амин! То ми е муабетот цело време. Не им делете совети на луѓето, ако не ви побарале. Не сакаат. Исто како што и вие не сакате некој да ви дели совети неповикан. Цела тема Снаи и свекрви е баш за то муабетот. Една од најактивните теми на форумов е. Ваљда научивме досега дека секој си прај, така како шо можи, така како шо знај, така како шо сака. Не како шо можиме, знајме и прајме ние.
Епа погрешно размислуваш ако мислиш дека нема да бидеш здрава ако слабееш. Со добар план на исхрана нема да ти слабее крвта. Мојата братучетка кажав е прекумерно дебела, и најбитно е што не сака да е дебела. На таков човек е погрешно да му велиш не бе немој да слабееш,супер си вака,ко нејзините,од мала си дебела,стрвна си и никогаш нема да ослабеш. ТОа не е подршка,тоа е уништување на секоја мотивација да се ослабе.
Себеприфаќањето и себељубовта се најбитни за убав живот. Луѓето се такви, безосетни, секогаш мислат дека нивното мислење е битно. Порано кас бев покрупна, не дебела, но крупна. Имаше вакви прости коментари и имав доста голем проблем со самодоверба. Работев на тоа се засакав себе си. Првично поминав куп нездрави диети, Исто и тренинзи и сл. После ослабнав и не можам ни да ти објаснам колку имаше коментари за тоа. Јас не се сакав таква, едноставно не се свиѓав. Народот постојано коментираше дали е ради болест или проблеми. Сега се враќам на некоја за мене нормална тежина и ми се враќа и самодовербата. Сакам да ти кажам, не можеш да им удоволиш на сите околу себе, туку само себе си. А токсични тетки сите имаме.
Добро ама не ти побарав совет за да ослабам нели? Ти кажав дека и вака со 70 килограми сум си убава, сум поминала низ послаба и подебела фаза и сфатив дека не гледам јас проблем во себе веќе. Ако носам S облека, наместо L нема животот магично да ми стане прекрасен, се беше исто со мене, бев многу понесреќна и опседната нездраво со храната тогаш кога носев S облека и се трудев очајно да останам така. Сега сум подобро и убаво се чувствувам. Фала, пријатно.
Е како можи ти да знајш за нејзе, поќе од нејзе? Кој ви дава толкаво право? Не си и' во телото... во душата... Полека малку
Најкринџ ми е ко ќе ми речи некој “Дебела си, треба да ослабиш“ Не беее!!!?! Навистина?!? Ете, 45 години имам и досега не ми текнало такво нешто, ни еднаш!
А кој рече дека секој шо е дебел, сака да е дебел? Јас не мислам така. И не напишав такво нешто Ти претпоставуваш, дека јас така мислам. И ме обвини за нешто што претпоставуваш дека мислам. Глеаш колку слобода си земаш?
Ти, потенцирајќи дека ако сум слаба ќе сум била исто здрава. Тоа не е некое наметнување на ослаби? Плус, не сум ни нешто дебела, само погрешни стандарди постојат во околината. Имам облини, малку повеќе бутчиња и тоа е се, изгледам просечно како нормален човек. Секогаш некој ќе се најде да ти коментира дека си преслаб, предебел, а тоа се прости луѓе. Секој треба да си гледа за себе и во својот двор, нека не се секира за другите. Немав намера да се објаснувам, само си кажав свое искуство и дека на крајот се прифатив себеси, не се трудам да исполнам ничиви стандарди за убавина и да се повредувам од коментари на луѓе со прост менталитет. Толку од мене.