Ау човече, каква дрскост, каква смелост. Ти вели членката сега е 100 пати посреќна како јаде нормално наместо 800 калории на ден со кои имала слаба крвна слика, и ти упорно ја убедуваш дека треба нешто да смени кога НЕМА проблем. 70 килограми не е и некоја страшна килажа, жена може да има 70 килограми и да е здрава.
Ова е тоа. Читате и проектирате. јас реков Ти потенцираш цело време дека додека си слабеела ти ослабела крвта не си била здрава. Кај прочита дека ти велам дека треба да ослабеш?
А ако некој му одговараат 800 -1000 калории на ден, ок е? Или него ќе го тормозите да се поправи? Чисто прашувам. Бтв ако ви кажам како и што јадам периодов, ќе ми мавнете 500 дијагнози меѓу кои и анорексија н.
Па сега јадам нормално и веќе немам проблеми ниту со мојот изглед, самата сум си задоволна, ниту со здравјето. Толку...
Како ја убедувам дека нешто треба да смени? Зошто имате потреба да измислувате ? Кој дел не е точен дека добар план на исхрана не го нарушува здравјето? @WildMk Не претпоставувам,те читам. ТИ пишуваш дека треба да бидат сите срекни што се дебели,нема потреба да слабеат,немаат проблеми ниту во наоѓањето партнери,. АМа тоа е само твое мислење. Не сите дебели така мислат.
Ама знајме. Не ни кажа нешто шо не знајме. Ти треба да си ги научиш децата да не ти се националисти и хомофоби, а се, пошто ти си. Шо мислиш за то? Сакаш јас да ти кажвам шо да прајш и како да прајш?
Јас никаде не реков дека сите дебели исто мислат, ни дека сите се среќни, ни дека немаат потреба да ослабат, ни дека немаат проблеми во наоѓање партнери Ти го напиша тоа, еве... пак проектираш
Зошто збориш во множина? Претставник си тука на сите дебели? Кому кажав што да прави? Факти само - Со добар план на исхрана не се нарушува здравјето. вие тука гледате убедување да се слабее. А ако го знаете тоа погоре нема да тврдите дека со диети се ослабувала крвта.
Ова сакав да го кажам, сепак внатрешната состојба допринесува за надворешниот изглед. Не дека секој шо е во депресија ќе има плус-минус килограми, но додека не поработи чоек внатрешно, нема ни надворешно. Тргнувам од себе, после короната исто паднав психички, немам плус кг, но се баталив на друг начин. Од коси, нокти, кожа, веѓи...на ништо не посветувам внимание. Срам ми е да се гледам во огледало некогаш, бидејќи знам дека работите ги праев со мерак, а сега едно миење лице е тешко, пример. Коментари ќе има и вака и така, сум била и на двеата краја, имам пишано некаде, да не должам. Искуството ми покажа дека вреѓањето никогаш не било наменето кон мене, туку кон некоја нивна несигурност. Ми ја сјебаа психата засекогаш да и јас никогаш нема да бидам здрава, а тие си продолжија со животот. Муабетот ми е, гледајте да сте здрави ментално и физички, како и да изгледа тоа. Мажи има секогаш, и да се помалку, па шо ќе ви се да се поќе.
Луѓето треба да се научат да не даваат коментари кога никој не ги прашува ништо, и да научат да не прашуваат прашања со цел да си задоволат љубопитност. Не треба да се прашува некоја типка зошто е дебела колку јаде, што јаде, или да се настапува душегрижнички мора да ослабеш ради здравје, за твое добро ти зборам другарски. Или еј друже супер си ти ама ослаби малце стомакот намали го подобро ќе личиш. Абе глејте си к*рот сите, доволно сме возрасни сите да знаеме што правиме со себеси и како ќе изгледаме.
Сите имаат помали шанси да стапат во врска доколку се дебели. Јас порано мислев дека тоа не е важно ама од лично искуство, од кога изгубив скоро една третина од килажата, забележувам дека сите се по фини кон мене од претходно. Само си отежнуваме самите себе ако сме дебели, а барем тоа е еден од физичките атрибути што може да се сменат.
Единствено важно за врска е самодовербата. Доколку ја немате, нема да знаете да флертувате, ниту пак ќе приметите кога некој флертува со вас. Килограмите не се важни, важно е вие да се чувствувате убаво во своето тело.
На овој форум едно е јасно, а така и у животот дека штом кажеш свое мислење кое е искрено и отстапува од другите одма сите се навредени одма си злобна,одма пази шо зборуваш,а шо ако вака,а шо ако така… Мене не ми е јасно ако толку се сакате со вишок кг тогаш шо е страшно девојката што рече дека дека не сака партнер кој не се грижи за своето тело и не се храни здраво ?? Како одма она е злобна она врши булинг врз дебелите итн итн ?
Which is exactly why you should do it, just to spice things up, па нека иде живот. Денес живееме во хиперсензитивни времиња, сите се нешто увредени во својот розев идеален свет и bubble и тоа да видиш, (од шо е толку розев и идеален ваљда) ако ќутиш за се кај ќе ти биде крајот. Немаш за што да се извинуваш, т.е. да се преформулирам, немој да се извинуваш. Затоа што или-или е работава. На место е прашањето и само го избегавате одговорот од '' увреденост'' од факти и спротивно мислење(ок е, 2023 е). Но, стварта е у тоа што нема нигде во овој случај навреди или наметнувања, вие само така си ги доживувате и си се наоѓате увредени. А тоа што толку хиперсензитивно одговарате со гард и се наоѓате увредени без причина убаво си кажува и без кажување од вас на темава, т.е. темата ''Убаво ми е што сум дебела'' што упорно ја мешате овде. Не, немаат сите ружна душа и срце што (се осмелиле) да не, не им е ок тоа. Е сеа на темава/ish јас сум на другиот спектар и знам да изгубам кг без проблем дури и до 10кг во активни и стресни периоди. Или немам апетит или заборавам да јадам од губење се себеси во работа и активности. Диета, поготово строга во живот не сум држела и сум иклучиво против. Сум добивала и јас коментари од типот ''земи јади''. Дали ме нервирале? Апсолутно да. Дали ме нервира било какво малограѓанство, коментари, наметнувања, мешање,солење памет и што ти ја знам? Од се срце. Дали поддрржувам? Не, никако Но дали некои биле од загриженост? Апсолутно. Мајка ми ме ставала на вага да ме мери(не ја знаете мајка ми, да ве упознаам малце, ако речеш не, ќе ти дојде со вага у рака пред тебе, вака или така ќе биде ко што наумила). Повторно, од загриженост. @WildMk спомна(едно 20 пати, не верувам да сте пропуштиле) и тука и во неколку поврзани и неповрзани теми немала проблем со удварачи и пронаоѓање партнер, дури и понекогаш преферирале со нејзе дечки(чи)ве да изнееруваат модели. Не сум имала и јас проблем по тоа прашање никогаш, ни кога сум изгледала ко модел, ни на идеална тежина, ни со минус кг. И со мене сакале да вараат и лепотици и модели и девојки со плус кг. (ама јок, не може) Но, дали ми било убаво и сум се чувствувала подеднакво удобно во своја кожа како кога сум на идеална(и здрава) за мене и моето тело тежина? Не. Дали сум работела на тоа да се вратам на истата таа гореспомената здрава и идеална килажа за мене и моето тело. Да. Е така.
Многу филозофирате. Не е здрава дебелината. Тоа сите го знаеме. Луѓето што имаат проблем со вишок килограми, најубо... Повеќето слабееле и се дебелееле, па слабееле, па се дебелееле и така во круг. И сите точно знаеме што не' дебели, а што ни помага да ослабиме. Значи можи да се сложиме сите дека фактите се тие, е сега... индивидуалните приказни се различни... Некој сте го начекале кога накачил 20кг, некој сте го начекале кога бил во процес на слабеење, некој сте го начекале штотуку симнал 20кг (и се' измеѓу) Коментари од типот: -Дебела си, треба да ослабиш. -Слаба си, треба да се здебелиш. ...се проблем. Посебно! Значи посебно... ако не ти е побаран коментар и/или совет. И то важи за се' За што и да ни дели совети некој и 'да се прави паметен', а ние веќе сме свесни и знаеме што и како можеме и умееме, ќе не изнервира/навреди/налути Затоа поназад го спомнав примерот со темата Снаи и свекрви.... Која од вас сака свекрвата да и' кажува што и како да прави, за било што?
Мешенце и убави, силни бутови се пресекси. И сите што мислите дека убавината е само тој стандард наметнат од мас медиумите, било за тежина, било за големина на усни, гради, гз, шодае да ве однесат на крштење. Ви треба Исус.
Еве повели и има уште .. шо е тука навредливо ? Па девојката после се извинувала,за шо точно ?? Што е за извинување? Дали сите треба да мислиме дека е ок да си дебел и да не водиш грижа за своето тело? Па има пишувано дека е за греота нејзиното мислење дека е срамота и за тие лајк шо и ставаат…Зашто бе ? Мислам после тие коментари доаѓаме до заклучок дека никој не сака да е со вишок само е проблем мрдањето со газ