Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден му се пожалив на мажето дека сум се поправила некое килце (само нервози ме следат деновиве, а кога сум нервозна јадам :swear: :$ ), ми вели, „не е важен само изгледот, поважен е паметот. Да си се здебелила, ќе ослабеш, ама паметот ако го немаш, нема ни да го имаш. Физичката привлечност е и тоа како важна, ама штом постои интелектуална компатибилност, привлечноста е уште поголема.“

    Секое време носи свои критериуми за тоа која жена е дебела, а која слаба, па и некоја жена која сосема нормално изгледа, според тие наметнати критериуми може да изгледа дебело. Сè е во главата и до тоа што нам ни се допаѓа, како и тоа дали ќе решиме да ги следиме општоприфатените трендови или пак ќе бидеме свои. Важно е убаво да се чувствувате во сопствената кожа и да се сакате себеси, па тогаш и другите ќе ве сакаат, со неколку кила плус или минус.
     
    На mode-kristina, Neytiri, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Абе иди бегај :rofl: знаеш добро што ми беше поентата :rofl: ме изнасмеа уште сабајле :*
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    ете машко мислење (погледнетеја листата што треба да има една идеална жена) :lol:
     
    На Gosling му/ѝ се допаѓа ова.
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Темава ми е без врска некако ама аj и јас да пишам мое мислење. [ Дебела девојка помали шанси за дечко-не мора да значи, ги има еден куп вакви парови битна е сабодовербата на девојката, харизма и секако иако има вишок килограми да биде средена.Лично познавам машки кои што ми кажале дека ги палат дебели девојки и си бркаат такви :) А за тие што ги викате коски или дека машките не сакале слаби и тоа нема врска.Значи имав другарка како појава беше не многу висока слабички нозе тенок струк а гз и гради нормално таман ама беше слабичка девојчето беше преубаво ќе се стегне од ниедна страна не и штрчеше ништо кукла.За дечковци не сакам ни да зборам сум гледала како ја молеле плачеле. Муабетот ми е дека колку ние овде да претпоставуваме кој што како сака кој девојки се попосакувани ми е без везе зошто се е ствар на вкус.Sекоја жена си носи своја убавина секоја жена е убава ама треба да знае тоа да го покаже не само физички и карактерно.
     
    На Kaja991 и ilipili им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Со бројчиња поубаво е , и ова е од јас и неколку машки што ми кажале какви бараат (Различно е Европа и Балкански стандарди во барање машки и девојки

    1. Немора да значи ова е чиста ситница кој одредени мажи ја гледаат како битна работа
    2. Ова порнографски фантазии кој можат да бидат задоволени со било какви облини , доволно е девојката да ги покаже и моментално ќе се заборави на тоа , леле мали леле големи ова она .... веруј ....
    3. Да , можеби нема сите мажи да се согласат , убава мазна како водопад или сл., убава коса многу ги привлекува мажите
    4.Исто како 2рата точка
    5.пффф глупости .....
    6. Мхммм тачно , нас не ни веруваат дека се поубави без шминка...природна убавина е најубава .... ако на фацебук друго викаат ....
    7. немора да значи воопшто , имам другар со девојка поголема од него :lol:
    8. Па да не е МРТОВ ТИП , друго све може
    9 Што ќе и е добро возење , кога покрај нејзе има мажиште со одлична возачка :lol:
    10. i have no idea what this means so i cant answer ....
    11. Па незначи како американски стил од 1890 год мажот работи жената дома , тоа немора , ама да не биде девојката/жената да воопшто не биде посветена.. , средина ....
    12. ова врска нема....
    13 ДАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
    14. Ако сака да пие , нека пие нека се забавува цела ноќ .... ако пие и изневерува тогаш имаме проблем..
    15. Па ова кај некои да , кај некои не .... ама нити јас можам да држам идеална тежина , па не ни имам право да барам од некој друг тоа да го прави ....
    16. Па сеа ....... :devil: :devil:
    17.Па да не е глупа , т.е да не знае колку е 2+2 ....
    18 Овдека е тешко да се најде работа , така да не треба тоа да е услов за барање на џенски
    19 . Супер ако заработува повеќе, ем ќе имаме пари да идеме на Малдивите , ем ќе си купам Џип



    Толку.....
     
    На Lolo5, pamelche, Moni4ka19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Moni4ka19

    Moni4ka19 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    И јас имам 80 килограми на 172 см височина, па имам дечко повеќе од една година што е послаб од мене и воопшто не му пречи тоа, но исто и другарка ми е како мене и има дечко, а тој и досадува, каква си се здебелила, да ослабиш и што ли не... Е ова верувајте, не е дечко и не ви е потребен во животот.
     
  7. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    [​IMG]
    Според мене, ова е совршено тело.
    Според тебе е совршено на Kim. Зошто осудување?
    Почитувај ги моите одлуки, како што јас ги почитувам твоите ;)
     
  8. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пример, Pierce Brosnan и Keely Shaye Smith:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Тој е најпознатиот Џејмс Бонд на сите времиња и може да ја има секоја жена што ќе посака, но си ја одбрал Кели и во брак се цели 16 години, ако не и повеќе. Значи, поентата ми е, дека дебелината нема врска, една девојка може да го заведе секого само ако поседува шарм, без разлика дали е слаба или дебала. Слабите имаат уште поголеми комплекси од дебелите, да ми веруваш на ова. Прочитав погоре во коментарите и целосно се согласувам со тоа, ако еден маж е доволно зрел и паметен ќе го гледа тоа што е најубаво на една жена, нејзиниот шарм, елеганција, памет. Познавам многу убаво пополнети девојки кои што вртат машки со само една насмевка. Најважна е самодовербата, ако некој те сака, ќе те сака и почитува без разлика на изгледот. Е, сега има убаво дебело и грдо дебело. Убавото дебело е онака пополнето убаво, со облини, а грдото е да имаш 150 кила и да ти тече сало од сите страни, а по описот што го имаш даено за тебе, не те ставам во таа категорија.
    Затоа, главата горе, една насмевка најубава, шарм, елеганција, умот во главата и ќе видиш како сите мажи ќе ти паѓаат пред нозе. Ти кажувам од лично искуство. ;) :D
     
    На Џони Џип, anngelique и portokalcemace им се допаѓа ова.
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Дебела девојка + смуртена фаца = помали шанси за дечко
    дебела девојка со насмевка на лицето = нормални шанси за дечко

    Јас вака гледам на работите,се ми е потврдено од околината..Сакам да кажам напишаново е докажано,видено...

    :)
     
    На Џони Џип му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Нема врска имаа многу дебели девојки со момци.. дури и повеке од слабите
     
  11. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Воопшто нема никаква врска дебелината со тоа дека ти немаш дечко.
    Мислам дека за џабе си задаваш некои беспотребни комплекси, кога наместо тоа попаметно би било ако толку сакаш да имаш дечко да се потрудиш или да си најдиш некое попаметно момче а не некои ропаци што сакаат само корист..
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Уште една тема за мерење клиториси, во стилот дебелите се мрзливи и тромави и непожелни, а слабите немаат облини и тие се исто така непожелни...од мажите, а за чудо, мажите НИКОГАШ не не‘ премеруваат со исти аршини со кои ние го правиме тоа меѓусебно... Зад ова стојам над 100%...

    Искрено, низ вакви теми гледам колку се жените за никаде. Ама буквално. Како одвај да чекаат слабите да ги нападнат полничките. Видете, сите имаме слаби точки, луѓе сме. Ама, кај дебелка девојка е преочигледна нејзината слаба точка (пред очи ти е искрено) и да го искористиш тоа, за да атакуваш, е ептен бедно. Нема реципроцитет, а јас напад во ни оддалеку неизедначен однос на сили, го сметам достоен за кукавици и слаби карактери.

    Ама, ни дебелкиве не се порани, слабите биле без облини. Ма, немој ти се молам... Од сите мои 55,5 кг. добар дел ми се во задников и колковиве и тврдам дека имам поатрактивни облини од многу со над 10 или 15 кг. од мене...

    И така жени, престанете да бидете малициозни, какви што најчесто сте, на крајот на краиштата секоја од нас е позначајно да е убава и пожелна во очите на сопствениот партнер, отколку на некои вакви :^) премерувачки од околина, кои сигурно сите до една се со пропорции 90-60-90 и ај-кју над 150 :D ...

    И има многу машки кои преферираат полнички и има многу кои и сами се во оваа категорија, така да нема врска дека шансите ви се намалени. И еден совет плус, некаде после 25-та година и посебно после 30-та, ќе почнете да пристапувате на сексот многу понеоптоварено во однос на изгледот на сопственото тело и не само што ќе имате поголеми шанси за уживање, туку и самодовербата ќе ви биде во невиден пораст ;) .
     
    На Dennings, Trendafilka и Annath им се допаѓа ова.
  13. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21
    Јас мислам дека влијае.. од лично искуство.. до ден денес освен дечкото некој обожавател немам,иако јас му се пуштив... а не сум некоја ного дебела имам и висина и спортувам .. едноставно машките сакат слаби секси девојки факт е тоа ...а има многу деца кои ми кажуваат дека сум забавна да сум наоколу и дека нанесувам позитивна енергија а некој да сака да оди со мене тешко
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Јас мислам дека дебелите женски се потценувани не само од дечковците туку од сите луѓе ..Коа ќе видат многу дебел човек(маж,жена)не е битно одма јадат гомна..Еј види ја/го колкав/а е..Свиња..дндр мндр...и така то...
    И мислам дека секое машко сака послаби женски...Иако мене не ми е гајле за тоа шо ќе јадат татли за мене..Секако нешто ќе зборат имало или немало причина... Гајле ми е за самата себе,сакам да си се дотерам убаво,да се нашминкам убаво ,да ја исчешлам косата убаво,да облечам убави кондури..
    Ама сепак е поубаво кога излегуваш надвор да не те гледаат како падната од марс ради твоето телоо..(нема врска мажки ,женски)туку да слушнеш коментар дека си убава и убаво облечена..
    И затоа би ви препорачала на сите жеснки да се облекувата еубаво(да не ви се прљави,излижани и изгужвани алиштата),да се смеете почесто и да посетувате често салони за убавина... :!:
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Интересна темичка :D .Мое мислење е дека доколку парнерот бара од една девојка да биде слаба,и само слаба-тогаш не ја сака доволно сигурно.
    Проблемот со вишок килограми лесно може да се реши па дури и за многу дебела девојка-затоа постојат тие диети,тие салони за убавини ,барем денес во ова време тоа девојките треба да си го практикуваме.
    Пред се,многу дебелина е штетна за здравјето ,нели така?Со здрав начин на исхрана,вежбање ,посетување козметички салони за убавина и ете проблемот лесно може да се реши.
    А некој дебил(со извинение)ако бара од мене само да бидам слаба и физички да изгледам како кукла ,нема на ум да го ставам никако-таквите машки бараат најчесто слаби девојки заради нивната изопаченост,гледале многу порничи ,или ја земаат здраво за готово АМЕРИКА и се што таа презентира како нормално они да го применуваат врз мене-не ФАЛА,јас сум обична девојка која во животот може да си дозволи да и варира телесната тежина :emo: .
    Секогаш сум била на тој став дека ако си позитвна,насмеана и имаш цврст карактер и други вредности далеку поважни од самиот физички изглед,ќе успееш да допреш повеќе до машкото срце :!:
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам, ама дебела девојка не е девојка? :^)
    Прво и основно, не се сите дебели од јадење. Ако баш сакате да знаете, има луѓе кои се дебели поради хормонски пореметувања, некаква болест и слично.

    Јас ако држам диета и не можам да ослабам, прва работа што ја правам не е одење пред фрижидер и гнетење и пиење Швепсови, Кока-Коли и пиво. |(

    Тоа што сакаат мажите, мене ама ич не ми држи вода.
    По која статистика е направено тоа? Изгледа по таа од тие што ги забележуваат само сељандурине шо гледаат у цицки и задници, со извинење.

    Не сум дебело дете, ама не сум ни слабо :emo: и искрено, не би сакала цицките да ми ѕиркаат од блузата и десет момчиња да ми се пуштаат - ради цицките, нормално. |(
    Некоја дебела да си го покаже деколтето ќе има некоја разлика? Ќе нема, ако поминете или седнете покрај некои непрокопсани, неизживеани.

    Оној што стварно е заинтересиран за вас сигурно не е заинтересиран ради дебелината или згодночата со која владееете. Ако е за така, ќе биле заинтересирани луѓево за секоја втора со фармерки.
    Да не мрчам, со извинење на згодните цури :emo: ама ако под згодна подразбирате цицки до носот и газ со радиус петсто километри за кој и да не сте надарени го форсирате, ондак у заблуда сте. ;)

    Ако сметате дека сте дебели и тоа ви пречи, ослабете.
    А некој ако не може да ослабне така лесно, не е негова вина, или ако си се прифаќа дебел, вас нема што да ве занима.
    И многу нормално е дебела девојка да си има дечко, и она е човек, од крв и месо, само не е слабичка, а може да е многупопаметна од десет манекенки.
    Чао.
     
    На Elennaa, PeaceLoveBasketball, Alesii и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова нема врска. Има машки што сакаат слаби девојки, има машки што сакаат покрупни. А и да не е така, не е дебелината пресудна. Што ако е слаба, топ на тело, а грда на фаца? Исто ти се фаќа.

    Дури многу чудно ми е, кога гледам по американскиве филмови како ги претставуваат дебелите луѓе. Секогаш се исмевани, никој не ги сака. Најтрагично е што, не што не ги сакаат за женска/дечко, туку и како пријатели не ги прифаќаат. Баш ме интересира дали е таква реалноста таму.
     
  18. law

    law Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    Многу се ретки мажите што сакаат дебели девојки. Имам разговарано со другари, колеги итн на оваа тема и они сакаат слаби, средни девојки ама дебели не. Се гадат. да им се тресе сало
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Имам една другарка буцка си е али си ги врти дечковците ко што она сака.Никогаш не е сама,а што е најсмешно секогаш има поише дечковци хаха Јест да не се некои лепотани типциве али пак ме чуди како така ги врти,ја неможам да си најдам.. :lol:
     
  20. LusijanaLusi

    LusijanaLusi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    ја мислам дека дебелината нема врска со тоа помали шанси за дечко...мислам дека тој што навистина те сака ке те сака каква и да си