Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.786
    Допаѓања:
    266.818
    Освен ако не се разболеш, па да се чудиш пред вага. :)
    Толку неинформирани мислења, страшно.
     
    На simoncelicius, sweet-cherry и Осе им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Досега никогаш не сум била во врска со некој со прекумерна тежина. Целиов муабет е хипотетички, но ако размислам ниту некој дечко имал симпатии кои јас сум ги препознала па сум дала зелено светло за следен чекор ниту мене ми се допаднал физички(а потоа нели иде следна етапа) дечко со прекумерна тежина.

    Сите биле како од калап, сличен изглед, па ни рекла сум имала преференции кон определени физички карактеристики и сум давала шанса на овие, па според карактер и компатибилност се одлучувало за врска.

    Покасно, кога сум веќе во врска/брак не би ми влијаело доколку се промени изгледот и тежина.

    Доколку е поради стил на живот би се потрудила да балансираме заеднички со исхрана и активности, но да не е наметнато, едноставно заеднички поквалитно да го поминуваме времето.

    Дололку е поради здравствени проблеми би дала максимална поддршка.
     
    На mssuniquee и Осе им се допаѓа ова.
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Почитувана девојко не ми ја сфати поентата, прави шо сакаш и со кој сакаш биди. Како што сите си коментирате пишав и ја што неќам и дали килата ми играат некаква улога кај жена и кај маж.
    Ова генерално го коментирам не насочено кон тебе ..У суштина ретко тука кој да ја сфаќа поентата одма идете на скокање и терање криви дрини ама ај
     
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Jesus Christ, замисли и жена вака да се понаша.

    Инаку, знам дека е од 2012 ама сакав да видам кој ја почнал темава.
     
  5. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Леле толку се најдовте засегнати и навредени , да не смееш да си кажеш мислење. Има луѓе што не им се привлечни дебели луѓе и тоа е ок, И
    исто како што има луѓе што не им се привлечни слаби луѓе и тоа е ок. Секој си има различен вкус. Мене лично не ме привлекуваат дебели луѓе и не би била до партнер кој има вишок килограми. Не сфаќам што е страшно во тоа секој си има различен вкус.
     
    На christinnn и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Замислувам некој дечко што е низок да дојде да кенка оти девојката го одбила зашто сака високи. Пуздер ќе го направат:D
    Неќам со многу дебели, неќам со поранешни зависници од дрога (моментални па ич), со ХИВ позитивни (макар и да зема терапија). Исто и со тешки пушачи и алкохоличари.
    И колку сака нека се наоѓа некој увредени некои, само нарциси мислат дека секој треба да ги свиѓа и да биде со нив и после да набиваат вина ако ги одбиеш ради некоја причина, што е премногу детски.
    Ниту јас не може секому да му се свиѓам и свесна сум за тоа. И нема што да се лутам.
    И утре да дојде ред да се здебелам превише, нема да ме утеши ако ми покаже слика од некој дебел модел во списание. Баш ќе го мразам уште повеќе. Него ќе ми рече ај денес пешки до таму или ај ќе готвиме заедно поздраво. (пример)
    И јас дечко фатив дур бев дебела и сега е со мене додека се мерам постојано од страв дека сум симнала уште едно кило, косата и ноктите ми се кршливи и сум постојано уморна. Само тогаш ваљда ме прифаќал таква каква што сум и браво за него, сега ме поддржува на нездрав живот чим и ваква сум му убава:D Ахам
     
    Последна измена: 24 јули 2023
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.786
    Допаѓања:
    266.818
    Ич не е проблем што не те привлекуваат дебели луѓе, проблем е што мислиш дека не се грижат за своето здравје.

    Поима немаш уствари де, туку си полн/а стереотипи. Тоа е проблемот. А не кој те привлекува.
     
  8. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Јас не зборувам за тие што се дебели поради здравствени проблеми немора да мешате и баби и жаби и да испревртувате зборови. А ако е некој дебел само затоа што не може да престане да јаде а нема никакви здравствени проблеми тоа е негрижа за себе ама очигледно на повеќето тука ви е "hard to swallow pill" . Јас не би сакала партнерот да ми има вишок килограми таквите луѓе не ми се привлечни и тоа е тоа , за мојата врска да е успешна сакам и партнерот да ме привлекува. Sorry not sorry, јас ако некад се здебелам не сакам партнерот да ми рече те сакам и таква сакам да ми посочи дека не изгледам убаво и дека не се грижам за себе си.
     
    На Miss666 и Trexane им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.786
    Допаѓања:
    266.818
    Зад секоја "негрижа зад себе" стои нешто.
    Од се', најретко НЕ е некаков здравствен проблем.
    Не зборам ич за привлечност, сите дискриминираме и нормално е тоа, во ред е дебел човек да не те привлекува.
    Мене пример билдери не ме привлекуваат, општо, пумпани такви ликови. И сега пошто на мое око не му се привлечни, не значи дека се на стероиди сите ;)
     
    На see.emily.play, Trexane и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Па добро тие што се дебели а немаат здравствен проблем се дебели затоа што не можат да се воздржат од многу јадење. Ако некој е здрав и внимава на неговата исхрана нема да биде со прекумерна тежина. Facts.
    Nothing taste as good as skinny feels.
     
    На Spicy Senorita и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    А тоа што не можат да се воздржат од јадење нормално ли е ? Не ли е проблем ? Нормален човек знае кога е гладен, знае за стоп ,се останато чим се повторува значи дека се работи за проблем за кој треба да се превземе нешто. Безразлила дали е свесен или несвесен човекот. Тоа ти зборат цело време. Ignorance is a bliss
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Свесен или не, тоа доволно укажува на тоа како и колку човекот е подготвен да решава проблеми(од психолошка природа воглавно), ниво на совесност и одговорност спрема себе што од друга страна е битна карактеристика кај потенцијален партнер. Многу луѓе што се дебели немаат проблем со сопствената обезност, ниту пак се трудат да променат нешто, што автоматски е одбивно. Ако се тек па и НЕСВЕСНИ за проблемот, тоа е уште и поодбивно. Значи ниту препознаваат проблеми општто во животот, ниту пак даваат се од себе да го решат. 95 посто од случаите станува збор за лоша хигиена на исхрана, се друго се вбројува во медицински причини и проблеми како што веќе беше напишано. Колку луѓе се борат со ендокрини нарушувања, хронични болести па немаат кило вишок. Секако колку е возможно и од ситуацијата. Луѓето на потсвесно ниво проценуваат за каков тип личност станува збор(еволуционарна психологија).
    Така што ништо не е случајно. Ама од друга страна, има мал милион фактори кои одлучуваат дали некој ќе го перципираме како компатибилен или не, а изгледот е дел од нив. Е сега, дали ќе имаме разбирање кон нив, дали ќе им бидеме поддршка тоа е сосем друго и зависи од други фактори. Дебелината за повеќето луѓе е одбивна карактеристика, но се надевам не и пресудна. Сепак секој си одлучува, животот на сите ни е еден.
    Дебелината е се поголем проблем воедно. Лесно е да навредиш, тешко е да вложиш напор и да едуцираш.
     
    Последна измена: 26 јули 2023
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Како што и кажа, за вкус не се дискутира, и не ми е ни мене ни на сите што пишаа да убедиме да дејта некој дебел, поента е да си ја гледаат сите својата работа, без непотребни коментари. Особено не ако не си бил со нечии чевли, прашањето е дали ти е фактор, да / не , не ми е привлечно толку. На форумов во секоја тема има некој нешто плус да каже, надоврзе, демек америка ја открил, stick to the question at hand
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Да, не знам зошто се разглабаат толку едноставни работи, 31 страна за дебелината како фактор. Нека отвори истражувања ако толку некој сака да се едуцира и да знае колкав фактор е, луѓето зборуваат од сопствена перцепција(субјективно). Макар што најмалце битна е за стапување во врска, побитно е како влијае врз здравјето според мене(моја перцепција).
     
  15. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Зашо луѓето во Македонија сакаат да допринесат со својата мудрост во се.
    Индивидуално е се, вака пишанки фиктивни муабети се едно, реалноста е трета. Нормално ако не те привлечњ со ништо не приоѓаш но некогаш ќе те заинтригира некој со нешто и некоја искра ќе има..
    Не е само дебелина/ пушачи/ алкохол локатори/ марихуана дрога/ нејадење, и најбитно генетика значи има повеќе фактори кои влијаат на здравјето.
    Пак не е проблем у не сакам да сум такви особи, претпоставките и паламудење со навреди се.
     
    На CameliaMiller и Trexane им се допаѓа ова.
  16. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Ова е форум ,секој си има право на мислење. Ако толку се вознемирувате и тригернувате од коментари тогаш дискутирајте во теми за цвеќиња.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  17. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Изгледот е првото нешто што го приметуваме кога запознаваме некој нов, но не секоја љубов е на прв поглед некогаш многу повеќе ќе се заљубиш во карактерот и во начинот на кој се однесува другата страна кон тебе отколку во изгледот.

    Иако мој тип на девојки се ниту премногу слаби, ниту премногу дебели, килограмите не ми се пресудни за да стапам во врска сепак тоа е нешто менливо.

    Денес ќе ја изберам најслабата девојка "затоа што такви сакам" и што ако еден ден се здебели да ја оставам поради банална работа? А што ако девојката е болна и затоа е преслаба/предебела?

    Може да се каже дека килограмите играат некоја улога за стапување во врска, но не се пресудни.
     
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    21.894
    Пол:
    Женски
    Хм, интересна тема. За жал немам многу добри работи да кажам на оваа тема. Жените и мажите се различни, различно размислуваме и имаме различни приоритети. Додека на нас жените битно ни е во маж да најдеме сигурност, да работи, да биде рационален, да биде добар допруг и татко, кај нив баш и не е така. Не кај сите нормално, алал да им е на тие мажи шо барат карактер пред се друго. Имам такви многу примери, ама ќе издвојам еден да кажам, имам другарка шо е дебелка ама многу е убава во лицето, значи преубава, знае да збори, да се смее, карактерот и е супер. Ама дечко нема. И порано, како и сега неколку пати, ми викаше да и најдам дечко, и ете се потрудувам да најдам некој, ќе му покажам слика од неа од фб (само лицето си го слика) и веднаш се вљубуваат сите, исто така и после разговор со неа, но откако ќе видат дека е дебела се повлекуваат. Ми викат џабе бил карактерот кога нема привлечно тело.
    За такви незнам шо да мислам освен дека се самобендисани и себични и си мислат само на тоа шо нив им одговара. За жал, таквите никогаш не се менуваат, мојот татко беше таков ист, кога бев помала 9 - 12г бев малку пополничка , не дебела, ми се истураше на мене дека сум била бишка и на ништо не сум личела, никој не ме сакал баш поради мојата тежина. Тоа ми направи многу комплекси во животов, иако ослабев на 13г со вежби и со се, се стегнав, уште си ги иам тие трауми од него, на пример иам сега мало стомаче после две деца ама многу се нервирам си мислам дека некој ќе ме осудува поради тоа. А врз облека не се познава ништо, исто како рамна даска да сум.
    Али тоа е шо е, од такви само подалеку, такви не ценат ништо, нема живот со такви.
     
    На theowndemon, christinnn, Shalitra и 5 други им се допаѓа ова.
  19. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки

    Јас немам гајле дебелки слаби битно да ми се допаѓа, иако повеќе сум излегува и имал врски со дебелки односно елегантно пополнети како што негувам да ги викам отколку со слаби.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Јас не би била со некој кој има вишок килограми. Си сакам некој висок, атлетски граден. Кошаркари ми се омилени. Најубаво ми беше со висок дечко и не планирам да правам компензации тука. Се знае, секој си бара според себе.
     
    На Curious cat, LoneWolfGuy и Feminka22 им се допаѓа ова.