Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите како фактор за стапување во врска

Дискусија во 'Врски' започната од feminagirl25, 14 мај 2012.

  1. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    секогаш викам дека кога станува збор ѕа љубов,километрите се само број,а сега ќе речам дека и килажата е само еден обичен број...јас немам проблеми со килажата,но имам многу другарки кои се буцкасти а сепак си имаат дечковци....нема врска,верувајте :* ако некој ви побара само секс,или ве откачи заради килажата тоа не е заради вас,тоа е заради тоа што тој е само еден обичен кретен,а такви не вредат. бидете среќни и задоволни во сопствената кожа и не дозволувајте некој идиот да ви го расипе денот ;)


    поздрав голем колку целиот свет,бакнежи и гушки до сите вас :* :* :*
     
    На Џони Џип и jancii им се допаѓа ова.
  2. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Вистина е дека послаба девојка е попривлечна за повеќето мажи.

    Но сите дебели девојќи што ги знам имаат врски и се среќни во љубовта додека повеќето слаби и атрактивни другарки немаат среќа во љубовта-најчесто налетуваат на типови кои сакаат само секс :?:

    Така да секој со својата среќа без разлика дали е дебел или слаб :)
     
    На realGirl, jancii и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  3. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и јас сум слаба и повеќе пати еден школски ми има речено колку сум била слаба дека сум немала ништо а и др пријателки ми имаат викано да сум јадела ова она како они да знаат јас што јадам дома,тоа што бев слаба не ми беше проблем да имам дечковци ама овој сега што е најразличен од сите ме сака таква каква што сум и не сакам да се замарам дали сум била слаба или не на некои стварно не можиш да им погодиш оваа слаба оваа дебела и сега ние треба за нив да се правиме да ослабнуваме или здебелуваме па и тие некои не се совршени,ете тој школски што ми викаше дека сум била слаба и тој е слаб. тој сака да имам повеќе кила да имам поголеми гради а тој ако гледаме не е како некои набилдани а зборува за другите се нервирам вака арно сега завршив средно не сакам да се замарам со тие некои школски
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    И што сега..треба ли некоја пополнета девојка да оди по улица и да плаче што не е слаба!Е сега точно не би требало да има 20 кг вишок,првенствено заради себе и своето здравје,ама ме нервира што сите нешто се ужасуваат.Леле дебела е нема да фати дечко или нема да се омажи.Пример имам во соседството.Значи исклучително дебели девојки имаа дечковци а сега и мажи за пример.И треба ли да носи маица на која пишува дебела сум не можам да фатам дечко.Апсолутно не се сложувам со насловот на темава.[​IMG]
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Колку тоа да е неправилно и сурово, сепак тоа е релноста. Да, дебелите девојки во поголем број случаи имаат помали шанси да фатат дечко. Како прво, пред да бидам погрешно сфатена, да кажам дека тоа се однесува на екстремно дебелите девојки, не зборам за неколку килограми вишок.
    Како прво, дебелината колку што е нездрава, толку е и непријатна за очи. Надворешниот изглед сепак е битен фактор кога си одбираме партнер. Дебелите девојки имаат помалку додворувачи - тоа е факт, а со самото тоа се стеснува изборот на дечко, сепак сите имаме свои критериуми, не влегуваме во врска со првиот што ќе ни ја понуди. Е од таа причина дебелите девојки (па и момчиња! ) имаат помала шанса да влезат во врска. Секако тоа не ги прави помалку вредни ! Секоја чест на девојките кај кои природата освен вишок килограми дала памет, култура,добрина и сето она што со еден збор може да се нарече внатрешна убавина. Верувам дека порано или подоцна и тие ја наоѓаат својата сродна душа.
     
  6. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Не зборуваме само за љубовен живот, дебелите девојки, генерално, имаат поголем потенцијал за квалитетен живот што не го користат само поради изгледот.

    Најпрво, да разграничиме. Околу 2-3% од дебелите луѓе во светот се таму каде што се поради здравствени проблеми. Останатите се производ на негрижа (било тоа од страна на родителите или самите себе, не навлегувам).

    Ќе почнам од себе зошто верувам машко мислење е добредојдено на форум популизиран со девојки. Јас сум фит дечко, редовно посетувам теретана, трчам, возам велосипед, спортувам. Во никој случај не би рекол дека имам нешто против дебелите луѓе, ама едноставно никогаш нема да бидам во врска или пак да направам нешто со полна девојка. Мене ми е несфатливо како некој не би сакал да работи на себе, како физички така и психички. Ентузијазмот кој се раѓа при еволуцијата е фантастично искуство.

    Кога ќе видам дебела девојка како трча, посетува теретана или се бави со било која физичка активност-јас искрено се радувам. Се радувам бидејќи ако издржи до крај, ќе живее десеткратно поубаво. Физичкиот изглед е директно поврзан со самодовербата, а ако ние самите не сме задоволни со нашиот изглед, тогаш имаме огромен проблем.

    Секој што ќе ви рече дека килограмите се само бројка и треба да ги занемариме е во најмала рака будала. Будала е или затоа што се расфрла со крајно неточни факти, или пак затоа што верува во нив, сеедно.

    Немам никаква намера да навредам некого, само мало отворање на очите. Јас и моето друштво сега сме на таа возраст кога имаме време за девојки и ни се, сакале-нејќеле, една од главните окупации. Никој од нас не ни погледнува дебела девојка. Можеби е малку директно и грубо, ама ваквите забелешки треба да ве мотивираат да се насочите кон преродба.

    Многу среќа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Екстремната дебелина смета-тоа е факт. Непријатно е и за тебе, и за другите затоа што многу лошо изгледа. Има разлика во тоа да имаш некое кило вишок, и тоа да имаш 20 па и повеќе кила вишок. Не изгледа убаво, да го оставиме сега тоа на страна што не е ни здраво, и сигурно ја намалува самодовербата, а со тоа и шансите да најдеш дечко. Така да, секој што има вишок килограми треба да се обиде да ги намали првенствено заради себе. Многу е подобро кога човек е задоволен од својот одраз во огледалото, а тоа сигурно ја подобрува и самодовербата, што допринесува за поуспешна комуникација со другите.
     
  8. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Мојата комшика е дебела но дечковците ги врти на мал прст.
     
  9. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Од каде тоа дека дебелите луѓе имаат помали шанси за љубов или дека послабите се попривлечни? :?:
    и јас сум слаба па не размислувам така, има девојки што ги познавам што иако се дебелки се многу убави, имаат многу убави црти на лицето. Сега не зборам јас за екстремно дебели луѓе, затоа што тоа не е здраво и воопшто не го оправдувам. Зборам за дебелите девојки во рамките на нормалата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа јас имам дебела другарка добро сега не е многу онака нормална иии имаа многу многу убаво лице и има дечко.:)
     
  11. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Точно дека дебелите девојки имаат помали шанси за дечко, но да не заборавиме има и монгу дебели момчиња кои си го поставуваат ова исто прашање . Па дебели не паничете. :P Јас на пример сум многу слаба зошто ? Да не ќе бидам модел или што ? Никогаш . Јадам колку што ми се јаде живеам како што ми се живее, за себе сметам дека сум убава, ( иако ребрата ми се бројат и сакам да се здебелам но никако не успева ) паметна, искрена па некој ако се заљуби во мене ќе се заљуби во тоа што го имам и нема да го очекува тоа што го немам.

    Можеби забегав малце со мислењево но само сакав да ви докажам дека и слабите девојќи имаат исто толку шанси колку и дебелите не вреди да се паничи за тоа само верувајте во себе ПОЗЗ :inlove: :*
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Не е работата до килажата. Девојка со шарм, харизма и со карактер и тоа како е привлечна. Барем за оние што бараат квалитет и материјал за нешто посериозно. И не е до убавото тело, некогаш е и до убавиот лик. :)
     
    На Petar80, Gosh, realGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Нема врска килажата....среќата е важна:D
     
    На cresa-jagoda, fallenangel и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Глупости......
    Не е точно ова во никој случај.
    Имам неколку пополни другарки и си имаат дечковци, без никаков проблем. Не си ставајте вакви комплекси, од вас иди се.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не е точно!
    Ако тргнеме дека дебелината е пречка за пронаоѓање дечко тогаш и момците со вишок килограми треба да имаат проблем со наоѓање девојка но немаат.
    Мене ми се допаѓаат покрупни дечки наместо послаби затоа што ми се како мечиња и убаво ми е да ги гушкам така дебелки.:hug:
    Не треба секогаш надворешниот изглед да е пресуден.
    Има крупни девојки кои имаат далеку поголема самодоверба од некои пластичарки кои мислат дека убавината е само во добро тело, фасадно лице и скапа облека.
    Имав пријателка која беше покрупна но за сметка на тоа имаше многу убаво топчалесто, чисто лице, секогаш беше убаво средена така што вишокот на килограми воопшто не и се забележуваше. Најважно имаше ведар, позитивен дух и често си наоѓаше дечковци какви што и прилегаа, убави, паметни па дури и се омажи.:)
    Кога би тргнала од себе убедливо би избрала убаво лице пред убаво тело кога збориме за надворешен изглед.
    На крај да не се заборави не е се во изгледот има нешто што подлабоко под површноста памет, шарм, карактер, однесување.
     
    На Lolo5, kim.k, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ubavinata doaga od dusata i srceto,a nadvoresniot izgled e individualna rabota(poolparty)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Послабите имаат повеќе удварачи и повеќе грешат во врските.
    Подебелите им пријдуваат момци кои знаат шо сакаат.Така да да бев женско ќе сакав да сум дебел.
     
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па дебелите женски исто како и дебелите машки имаат помала шанса да си фатат дечко/девојка, ама сигурен сум дека еден ден ќе си фатат, јас познавам една за која мислев дека никогаш нема да фати дечко, пошто беше стварно дебела, ама ете и она си фати, и кога дознав за тоа баш се изненадив.
    Што се однесува до мене, јас преферирам послаби, максимум до 60 kg.
     
    На realGirl и anakonda88 им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Оооооооо..грисинки сакал:D
     
    На anakonda88 и fallenangel им се допаѓа ова.
  20. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па јас имам 67-68 kg, и отсекогаш сум сакал и сум бил со послаби, замисли да бидам со некоја која има 75-80 kg, смешна комбинација би било тоа.
     
    На realGirl, anakonda88 и fallenangel им се допаѓа ова.