Па смешна би било кога јас би бил со некоја која има таква килажа, мислам дека не личи женското да биде потешко од машкото, а некое машко кое има 100 kg идеалана би му била некоја со 75-80 kg. А мислам дека според килажата не се дефинира која е права а која е крива жена .
Најмали шанси за дечко има некоја што е одбивна, антипатична што не сака да се средува. Дебела девојак има исти шанси да си фати дечко, како што има слаба девојка и било која друга девојка. Многу дебелки девојки што јас ги знам имаат соврешно лице, никогаш не имале мозолчиња и секогаш имале дечковци.
Баба Радо пааа како така велиш грисинки ги навредуваш слабичките. За вкус не се дискутира, кој како си милува такви нека си бара.
Па се трудам да качам ама некако не ми иде, треба да сменам начин на исхрана. А и да качам максимум до 75 ќе качувам, не сакам повеќе, ама и со таа килажа пак ќе ми се свиѓаат послаби. Тоа е , шо да праам.
Само вистината може да ги натера луѓето да се променат. Ако ги лажете дебелите луѓе дека се убави и згодни само за да не им нарушите емоцијата тогаш вие не сте вистински пријатели.
Абе види сеа, факт е дека има многу убави и слатки дебељуци, има мажи што сакаат така позамашни женски..вкусови се тука во прашање а за причините за дебелината кај лугето да не навлегуваме вечерва.
Нема врска кај некои се јавува поради здравствен проблем, генетска склоност и психички нарушувања кои се манифестираат преку начин на исхрана, пример како компулсивно прејадување.
Па ако земам да слабеам баш тогаш не се сакам себеси, пошто нешто не ми е ко што треба, ако си останам ваков каков што сум тогаш баш си се сакам себеси таков. Логика малце.
Oд примери што сум видела во живо ќе искоментирам - нема врска. Има мажи кои преферираат подебели жени. Ги знам неколку. Се зависи од човекот. Не е во прашање хигиена, невнимание и сл. Битен е и ставот, размислувањето и сл.
Телото нема абсолутно никаква врска со љубовта.. Ако сакаш некој тој во твоите очи е совршен безразлика како изгледа, неговите маани ги гледаш како предности, а ако не го сакаш и предностите ќе ти изгледаат како маани затоа девојките со поголема килажа не треба во никој случај да си набиваат вакви комплекси и да мислат дека тоа е пречка за да си ја пронајдат својата половина.. За жал во денешно време сите се преокупирани и се грижат повеќе за надворешниот изглед отколку за духовниот, наместо тоа подобро да поработат на себе, на развивање на своите квалитети, таленти, да се надоградуваат и збогатуваат затоа што оној кој ќе избере да го помине животот покрај нив нема да прави муабет со вишокот килограми Познавам многу машки кои сакаат полнички девојки, имам и близок братучед кој сите девојки досега кои ги имал биле со вишок килограми и секогаш го прашувам зошто и ми вика дека едноставно тие повеќе го привлекуваат и му изгледаат по женствено и поубаво, што значи не грижете се затоа што постојат машки кои ќе ве сакаат онакви какви што сте. А и денес како што гледате малку се променети стандардите за убавина, па веќе оние модели како закачалки не се повеќе симбол за совршено тело, наместо нив девојките со облини го завседоа тоа место, така да ослободете се од ваквите комплекси.. И сепак ќе речам - клучот е во самодовербата што значи девојка која има вишок килограми и е дебела но има самодоверба е милион пати по привлечна од девојка која има слабо и тонирано тело а сепак нема самодоверба.
Тебе ти треба килажа да кренеш , ти си машко треба да си снажен а не да имаш килажа преферирана за девојки!!
Да бидам реална , секој со својот вкус .Некои си сакаат слаби некои полнички! Работата е до колку кг е тоа "дебела" ! Не е исто некоја да има вишок 5 кг , или 10 кг или 20 кг или 50 кг! Според Европските стандарди девојка може да биде убава и со 75 кг или 80 кг ( зависи и од висината ) , али над 80 кг некако се губи женственоста кај жената! Јас секогаш се борам со вишок на кг , не сум имала проблеми со додворувачи , познавам и екстремно дебели и се омажиле . Се е до вкус , некој си сака да му е пуна рука Али секогаш може да се ослабе доколку е упорен човек!