Немора да има 100 кг ако е машко. Килажата најправилно е да се одреди според висината, иско прекумерната килажа кај некој луѓе е од здраствени причини. Точно дека харизмата е важна, но сепак и изгледот има пресудна улога, во зависност кој какви девојки/машки сака дали послаби или подебели. Јас сум за послаби, добро изградени попривлечни ми се отколку пополничок некој.
Не е битно дали е слаба или беделка. Зависи како и личи. Има многу буцкалести девојки со слатки фациња кои се на еден посебен начин привлечни и се многу хот. Поздрав до сите нив
Па како што кажа @realGirl, идеалната тежина се одредува според висината, јас сум 180 cm висина па можеби ми фали уште некое кило ама како што кажав претходно повеќе од 75 не сакам, а за девојки секој различна килажа преферира, јас кажав за мене дека дека до 60 kg ми е ок. Инаку најпознат начин за пресметување на идеална тежина е според BMI формулата. http://www.thecalculatorsite.com/health/bmicalculator.php
Познавам една баѓи полничка, висока е, абе прелична е. Машко да бев, со неа ќе бев. Паметна е, за се можиш да зборниш со неа, добра. Имала дечковци и има. Не мислам дека за сите е пресудно, ама на некои „фраери“ му смета тоа.
Нема врска килажата, сега да не е нешто 30 -50 кг плус, нит сум слабичка нит сакам слабички или грисинки како што вика Баба Рада средина ни многу ни малку е најдобро за себе пред се.
Не знам таа работа, знам само дека дебел дечко има непостоечки шанси кај мене. Маж треба да биде виток и навежбан, тоа изгледа убаво, а пред се здраво.
И јас се сложувам со вас, средина е најдобро И за машките би требало да важи истото, иако мене лично повеќе ме привлекуваат навежбани тип топ типци.
за жал, 98% од машките повеќе сакаат слабички или нормално дебелку девојки, оние дебелките ретко ги погледнуваат не дај боже да седат слабичка и дебелка на иста маса ..... независно што харизмата е во дебелките
Хахахахаа да да секако.На маса ако седат девојка која има 120кил и девојка од 50кила,мажот дебелата ќе ја погледне,,,тешете се дека дебелината привлекува.
Дебела дебојка нема помали шанси за дечко. Има помали шанси, само ако добро не се погледе во огледало. Ако е дебелка и им возврака љубов на дебелите машки, има големи шанси да е среќна во љубовта. Само, дебелка со 6-packs партнер не оди. Јас имам 28 години. Сите другарки ми се омажија, освен две. Едната е слабичка, другата средна. И двете немаат партнери пошто сеуште им летат комарци во мозокот. А онаа најдебелката, која каде и да е, единствената облека за зимата ќе и биде ако се завие со кебе, од секојпат имаше многу дечковци и обожаватели. Ама не бираше толку многу.
Жената не постои само за да му удоволи на еден маж.Ако сака да биде дебела ќе си биде и толку.Точно дека не е здраво,и понатака доаѓаат болести како шеќер,притисок,срцеви проблеми затоа што срцето е обвиткано во сало,маснотии итн.Но секој одлучува како да го живее животот,ако таа сака да биде дебела нека си биде а ако некој ја засака сигурно ќе ја засака поради други квалитети.Кога ќе сфатите дека секој еден ден ќе остари и ќе има брчки и 100 % ќе се здебели.Добрата душа и интелигенцијата остануваат.имам 100 другарки од крупни до дебели кои имаат долги и среќни врски а и слаби кои немаат среќа во љубовта,тука љубовта нема никаква врска.А и скоро секој просечен маж,просечно убав и интелигентен си става некој стандарди за лепотици и модели.Имам таков другар кој сака девојка со облини но затегната,плавуша,убава,паметна,образована и да немала многу дечковци,а ниту поработал на својот изглед,ниту се едуцира ни ништо.Јас се имам заљубувано во лепотани а и во просечни машки поради памет или добрина или што и да е.Не е важно како изгледа,ако не ти се допаѓа едноставно игнорирај ја,но со сите непотребни коментари како свиња,мечка,крава итн вие и го уништувате животот,Само размислете дали би живееле со тоа да навредите некого да го разочарате и тој да си посегне по животот,животот е нејзин и може да си го живее како сака,2016 година срамота е дури и што се разговара за ова.Но Македонија,100 год уназад никој не сака да ги разбере различните.(гејови,транс,панкери,хипици,дебели,преслаби итн.)
Дали можеш да се заљубиш во прв поглед во карактер? Никој не вика дека не може да привлечеш внимание со карактер, ама во секој случај прво ќе привлечат внимание тие што имаат добар изглед. И машките по нив ќе трчаат прво и сега си мислиш, ако, ќе им помине меракот, после по мене ќе дојдат. Не е баш така, дел од нив ќе заглават со убави и глупи девојки. И после тебе ти останува она што убавите девојки го отфрлиле. Се задоволуваш со таа реалност? За мене тоа би било понижување. Поготово поради фактот што може човек да ослабе, може да набие мускули... сето тоа. И затоа полно машки одат во теретана и полно женски држат диети и триста други глупости. Ако не, нека земат книги да читаат. Што ќе биде инстаграм, се книги кој што прочитал. Поентата ми е: не ја потценувај физичката убавина. Ако не те влажни џабе е. И нема туку многу муабет за различности пошто мање више вкусот е ист, поточно идеалот за физичка убавина е тој и од античко време може да се види тоа. Машките треба да бидат мускулести, со тесен струк и широки раменици. Женските треба да бидат помалку мускулести, со фигура како песочен часовник, големи гради, гз итн... Гледај ги статуите од античка грција. Афродита, Аполон.... како изгледаат. Има дебели женски во тие скулптури? Или дебели машки? Е сега колку дебели, колку мускулести, такви работи се прашање на вкус.
Ако гледаме на историјата на тој начин како изгледале скулптурите тогаш порано исто така жената не смеела ниту да работи ниту да гласа ниту да ја изразува убавината а сепак денеска некој работи се променети.Поентата ми е дека мора да варира,светот се менува и човекот од бебе израснува во возрасен.Сепак оваа планета не би функционирала без баланс,на пример ако има наталитет мора да има и морталитет за планетата земја да не се пренатрупа.Мора да имаме глупави,и паметни.Дебели,и слаби. итн. И карактерот не се познава прво но енергијата е секогаш присутна.Позитивна,или негативна.Ако влезе некој што зрачи со убава енергија тоа ќе биде доволно за да ми го привлече вниманието.Секој од нас има недостатоци и никој не е совршен.Секој си има право на избор и тоа е тоа.Но никој не заслужува да се чуствува како ништо само поради тоа што некој ќе си ги излечи комплексите на него за да се почуствува тој убаво.Време е веќе да прифатиме дека постојат луѓе поразлични и не е наше да им кажуваме како да го живеат животот и како да изгледаат.Секој со својата среќа,но љубовта не бира,верувај ми,и рече дека мажот ќе заглавел со глупа и убава девојка па одел кај дебела и она го земала фрленото.Прво не значи дека ако е дебела е паметна(стереотип) исто како да викаш,црнец е,сигурно слуша рап.И второ дури и да е убавица дечкото пак го имала некоја пред неа,што значи дека секој зема нешто што некој го фрлил.
1. Клучната поента ми е дека има работи што се менуваат и работи што не се менуваат така лесно. Општеството се сменило, положбата на жената се сменила... Ама некои работи нема да се сменат. Машките нема преку ноќ да престанат да сакаат цицки. Ме разбираш? Карикирам ама во суштина тоа е. Убавината има две компоненти: еден е тој субјективниот, другиот е објективниот. Науката ти кажува дека сите сакаат симетрични лица, дека сите во светот сакаат кога жените имаат одредено hip/waist ratio... И заради вакви работи дебела девојка може да има помали шанси за дечко. 2. Тоа дури и да е точно каде е точката каде работите се балансираат? Јас викам дека треба да има повеќе фит луѓе и повеќе паметни и тн. за да се постигне балансот. 3. Не ме зезај. Значи, ни Квазимодо не ја доби Есмералда. Тоа што сакаш да кажеш ти е дека можеш да се заљубиш во карактер, а тоа што сакам јас да ти го кажам е дека нема ни да го запознаеш тој карактер зошто нема да стапиш во контакт со него. Разбираш? Ќе те адне на фб на пример и нема да го прифатиш зашто не ти се свиѓа. И обратно оди кога половите се заменети. Ќе го запознаеш во друштво? Да речеме дека запознаваш група машки меѓу кои Бред Пит, Леонардо Ди Каприо и неколку обични просечни машки, да речеме дека се многу смешни и харизматични ама не се нешто посебно за гледање онака просек. На кого прво ќе му обратиш внимание? Одговорот е јасен и се надевам и поентата дека е јасна. 4. Па и никој не му кажува никому како да живее. Темава не е за тоа. Ама кога е во прашање изгледот женските се суперсензитивни. Да беше муабетот дали необразована девојка има помали шанси за добра работа, одговорот ќе беше јасен. И некој немаше да се срами да рече: да, ако сакаш да најдеш добра работа помага да имаш добро образование зашто работодавците тоа го бараат. Ама ако е темата дали дебела девојка има помали шанси за фаќање добар дечко, не дај боже некој да рече: да, ако сакаш да фатиш добар убав дечко, помага ако бидеш фит зашто дечковицте го сакаат тоа. Да, секој си има право да избере како ќе живее, како сака да изгледа и тн., ама после тоа има и обврска да се соочи со последиците од тоа. Ако некој не те сака зашто така изгледаш не ти е тој крив. 5. Стереотипов само ти можеш да го најдеш во мојот текст зашто буквално не постои. Секој добива нечиј отпадок точно ама некој добива производ од втора рака, некој од трета, петта.... некој од десетта... дваесетта.... И клучниот момент е тоа што и да сакаш да добиеш од прва не можеш, зашто конкуренцијата те кине. И башка кога викам отпадок во постот погоре мислам на тоа што минало низ ситото. Разбираш? Прво внимание ќе добијат оние што се убави, па после ако имаат шит карактер што е толку неподнослив тогаш другите. Честопати женските игнорираат карактер зашто едноставно се затрескале и тоа е тоа. Не можат понатаму од тоа. Го сакаат и ќе толерираат се, да ги тепа, лаже, изневерува... И да веројатно има некој подобар за нив ама тие овој си го сакаат, зашто им е убав. И точка. Гледаш колку е битна убавината. Пример од мојот живот. Има девојчиња што ми се свиѓале како помал ама никогаш не сум добил шанса да ги фатам зашто ним поинтересен им бил некој друг, некој поубав, побогат, што и да е. И со него се фатиле и не раскинале никогаш. И тоа е тоа. Гледаш што сакам да ти кажам. Конкуренцијата ме декласирала мене во тој случај. Истото се случува секој ден во безброј случаи без разлика дали збориме за машки или женски. И уште нешто, не знам дали некој ти кажал досега, ама после интерпункциски знак иде празно место.
Зошто некој да има помали шанси за дечко кога тој некој бара една личност, пример и една личност е сé што и треба?! Може 100 луѓе да ја одбијат и да мислат дека е непривлечна и не би ни излегле со неа,нит муабет би и направиле и сепак, да пронајде една личност после тие сто.. и со таа ена личност да остане во „и си живееја среќно и весело,дур смртта не ги раздели“. Ако некој сака рекорди за гинис да направи со број на дечковци/девојки со кои излегол,завел,спиел или било што..е тогаш.. ма и тогаш не знам баш.