Blagodaram mene toa mi e jasno, mozda za drugive. Ianku gledajte ja so stav, visina,oblini strukce-kukce pa procenete sto broj nosi ianku ako produzam da ja falam ke mu pobaram dnevnica na nejziniot PR .
Да, значи кој маж сака дебела девојка? секој сака нешто секси, згодно со нормална тежина да може да го крене да го гушне (девојката да се чувствува заштитена во прегратките на мажот а не таа да му биде заштитник, да се чувства мажот како во кафез. И каква самодоверба има дебела девојка во најубавите 20ти и 30ти год. (за постари разбирам...со станување на мајка телото се менува тоа е нормално. ама девојчиња дебели ...) Аман ставете веќе некој режим на исхрана! само сум искрена
И шо сеа у несвест да паѓаме колку се згодни и совршени вторите? Они на пиедестал да не се над рајата? Голем кур ако си "убав", побитно е шо ќе оставиш коа ќе умреш. Ти бирај шо сакаш да кажат за тебе, какво тело имаше или колку сестрана личност беше. Јас не гледам ништо лошо во првите слики, баш нормални секојдневни луѓе. Моделите се ПЛАТЕНИ да изгледаат ко што бараат медиумските стандарди. Секој ќе има такво тело ако добива милиони за да вежба и да јаде здраво. На крај краева што тебе ти е убаво нема апсолутно никаква врска, гризни си го јазикот и ќути. Секој со својот избор, ако сакаш за доручек јади торта со кока кола ако сакаш мусли со семки. НИКОЈ нема право на друг човек да му кажува како ТРЕБА да изгледа, више е човек и е топ.
Твоето мислење е во кратки црти се што не е во ред со жените. Шо ми е мене гајле кое машко сака дебела девојка, он може и ракета да си сака негов проблем. Не живејте за другите у 21 век. Живеам за себе, не за машко да ме крева и да глумиме љубовни комедии. Мажот, ако се секира дали ќе ја заштити жената, во кафез е, интелектуален. Жена сум, своја личност сум, не ми треба заштита. Зашто некој тебе да ти биде личен бодигард? Во тој поглед мажите се деградираат. Шо он демек вредноста со мускули и физичка сила само може да ја истакне. Дебела девојка може да има иста самодоверба како Адриана Лима бај д веј. Уште не сфаќам како некој има образ да зборува за туѓ лајфстајл што апсолутно не ги засега. Остајте ги луѓето да си праат шо сакаат, интернетов нуди еден куп информации. Проширете ги малце видиците, читнете нешто... Сите сме луѓе, ширење позитивност место осудување...
Ива срц....џаст лајк информејшн.....познавам една згодна типка средена тип топ стално......која е страшно искомплексирана и лечи фрустрации насекаде и врз секого....и уште нема дечко зошо мажите ја перцепираат како увек незадоволна и психопат.....а истотака познавам и една буцка,која само да ти се насмее мислиш ти ја грее душата,од нејзе зрачи ведрина и добрина.....никогаш немам чуено лош збор за нејзе, можда 100кг има,ама машки се тепаат за нејзе...зошто им одговара карактерно љубезна е едноставно позитивна ...... а и да не забораам средена е секогаш чиста намирисана......Па сеа види ти каков режим е поважен....На телесна исхрана или на Духовна Исхрана кој според мене овој вториов е побитен за да станеме луѓе кои не осудуваат,не гледаат попреку и не градат мислење за личноста според нејзините бутови и стомак
Fakt e dela poslabite devojki imaat poveke sansi da ne se lazime, znaci temava ne e kakov karakter imaat temava e kako izgledaat privlekuvas so izgled zadrzuvas so karakter, dve zenski se izlezeni ednata e debela drugata slaba sto mislite koja poveke ke privleci?
таа што е поубава у фаца според мене, не е секогаш толку до телото колку што е фацата, има послаби со ужасни лица и дебели со многу симптачни правилни црти
Да не се лажеме, човечкото око и ум ги привлекува естетика, некое си совршенство. Најпропорционално градените, мажи и жени, ( предмети, коли ,куќи ) секогаш го фаќаат окото први. Но не секој има ист вкус. Сепак, се зависи од ликот, карактерот, харизмата т.е. се она што го привлекува баш тој кој го свиѓаме. Дебела девојка со 30 кила вишок има поголеми шанси за дечко, пред девојка со 60 кила вишок, ама нема предност пред девојка со нормална килажа, ако збориме во глобала. Тоа е вистината, и нема пореба да се вреѓаме со анорексични, костури, китови, грди, свињи... Секое лонче со своето поклопче. Мразам кога за дебелите се вели дека се грди и гнасни, и се согласувам дека треба да се сакаат себе си, и да не се мразат. И баш затоа сметам дека во тоа име, треба да обрнат внимание на здравјето и да ослабнат, а резултатот ќе биде и згодно тело, покрај здравјето. Не се лажете дека може да сте дебели и здрави, последиците подоцна ќе ги осетите. И без оној изговор дека и слаби луѓе се болни, тие барем немаат минимум 20 кг. сало околу срцето.
Да. И немам ништо против тоа, супер ми беше, радо би и пак. Ама не збориме за мојот вкус така? Збориме за вкусот на мнозинството и за она што е објективен елемент во убавината. Не е се субјективно. Дел е чисто објективно.
Само ќе кажам дека изгледот не е приоритет. Барем за мене. Ајде размислете колку пати сте се загледале во жени/мажи што не се "ваш тип". Ама во тие моменти изгледот не играл ама баш никаква улога, нели? Инаку јас со моиве 44 кг секојдневно сум на мета на различни коментари, како скелет, анорексична, закачалка, прачка, па никој немало да ме погледне, само кучињата сакале коски итн. Значи не се само дебелите мета на грозни коментари туку и обратно. Ама многумина мислат дека е во ред да искоментираш за слаба личност, а за дебелите било навредливо. Ма немој. Факт е дека дел од дебелите многу чувствително реагираат. Заклучок, нема правило. И пополека со коментарите за слабите луѓе. Не ја знаете причината зошто некој/а изгледа така како што изгледа.
Уште еден пример за тоа колку се женските осетливи кога е во прашање изгледот. Никому не му се мешам во личниот живот, живејте како сакате. Ако има тема на форум за тоа дали фит тело е подобро од нефит тело ќе си го кажам моето мислење и ќе дадам аргумент - што е нели и поентата на форумот. Понатаму, ако не ти е галје што сакаат машките, зашто носиш шминка? Зашто носиш градник? Зашто се облекуваш убаво, зашто не одиш на дејт по пижами? Кој ги шиша машките што сакаат! Биди си ти своја. Не миј заби. Не се туширај. Машките и покрај сето тоа ќе ја видат твојата внатрешна убавина и ќе те засакаат. Ич гајле немај. Ќе успееш ти, јас верувам во тебе. И двајцата знаеме дека сите прават што можат да бидат попривлечни за спротивниот пол. Некогаш тоа се гледа во одење во теретана и капнување од вежбање, некогаш се гледа во ставање шминка и тн. И за мене е битно да оставам нешто зад себе: деца, внуци, луѓе што ќе плачат на мојот погреб. Ама за да имам деца и внуци, треба да имам жена, а за да имам жена, некоја ќе треба да се заљуби во мене. А за да се заљуби во мене помага ако изгледам повеќе како Mariano Di Vaio, а помалку како Seth Rogen. Секако многу фактори се во игра. Ама не можеш да негираш дека овој е битен фактор. Не е битно што ми е мене убаво. Јас ти тврдам дека одредени ствари се универзално атрактивни. Напишав погоре дека научниците истражувале и откриле дека секогаш посиметрично лице е посимптично. Дури и одредени пропорции кај женското тело се сметаат за идеално привлечни. Нема ни да зборам без факти: http://www.independent.co.uk/life-s...ut-breasts-says-jerome-burne-its-1440859.html Целиот пост го имаш пишувано како некој тебе лично да те нападнал. Никој не ти вика дека си грда или дебела или не знам што. Туку дека пофит е подобро. Ако не ми веруваш, фрли 20 кила и види што ќе биде. Можда и грешам. Кој знае.
Носам шминка дека шминкањето е уметност и хоби, не за машките да ми се диват на светкави капаци. Се облекувам како мене ми се свиѓа, што некогаш значи минич некогаш најлабави тренерки, повторно, моите алишта не се за машки. Трето може на дејт не идам по пижами, ама одам некогаш по дуксерче и хеланка. Знаеш зашто? Дека дечко ми не е површен. Миење заби и туширање е лична хигиена, не поим за убавина. Иначе јас сум за качување 5-6 кила моментално, сум имала неколку "вишок" како помала, ги имам осетено двете страни. Убаво би било да не се мешаш онаму кај што не си информиран. Доволно другарки имам видено како се срамат од себеси заради нечии каприци. Почитувам сечие мислење се додека не навредува туѓо постоење.
Да, а кај е тоа? Пошто јас ти дадов факти и научни студии додека ти не понуди ништо за возврат освен твоите анегдоти за твоите другарки и твојот неповршен дечко. Џабе се трудиш да ме заќутиш. Молчам само пред вистината. Не навредувам никого, ничие постоење, освен ако не те вреѓа реалноста.
"20 кила и види што ќе биде. Можда и грешам. Кој знае." Еве ти конкретно ако забораваш како се изразуваш. Ми постави "прашања", ти ги одговорив. И молчиш само пред сопствената субјективна "вистина". Пофит е можеби поздраво, но не е и секогаш поубаво. Моето тука заврши.
Јас познавам мажи кој не им смета дебела девојка,а и познавам кој се мажени и сега и мажот е дебел,и се добар тандем