Јас мислам дека тоа во општо не е пресудно затоа што во друштво имав една ептен згодна и убава девојка и тоа коа велам згодна зборувам за се што едно машко фанатазира тип топ средена али имаше таков одбивен карактер што беше добра за неколку дена после тоа сите ја оставаа а имаше се значи и фаца и тело и дотерана и средена можеби ке му го привлече вниманието да , ама тоа нема да трае долго , Има многу девојки со супер size па многу повеќе машки им пријдуваат и тоа со сериозни намери .
Деневиве кога беа земјотресиве,мајка и ми кажува дека со детето трчала по скали,а мажот ми вика,тоа било дупли земјотрес
Јас немам ништо против дебели жени,може ради тоа што цел живот сум слаба,и неможам не да се поправам,него здебелам
Јас одсекогаш бев дебела , па ми приоѓале многу машки , не зависи тоа од дебелината , туку од карактерот на девојката . Инаку кога решив да си ослабам , не за дечко , туку за себе си , забременив и пак се здебелив . Сега пак сум на диети , за себе си не за маж ми . Јас сум таа на која вишокот килограми и сметаат , башка што сите ризици од срцеви и слични заболувања се зголемени .
убавината е во душата и срцето...дебелината не е пресудна,познавам дебелки девојки кои се многу харизматични и позитивни...затоа дебелината не ја гледам како пресудна во една врска...
знам двајца шо душа даваат за така помрснички не дека дебелите нема да најдат некој ама мн помали им се шансите да го ќарат тој шо сакаат
Јас мислам дека тоа не е пресудно има момци коишто сакаат дебели девојки, секој си има свој вкус. На некој не им е важно што девојката е дебела. Една моја комшивка е многу дебела, а нејзиниот маж е многу слаб скоро коски и кожа, ама пак фукнционираат се гледа дека на него не му смета тоа си имаат и две дечиња. Така да секој има шанси да си најде дечко не е важно дали е слаба или дебела.
Mozebi ima vrska bidejki maskite sakaat poslabi devojki. Sepak, figura si e figura nikogas slaboto nemoze da bide ona sto mozat da bidat oblinite. Spored mene mislam mnogu podobro da imas oblini i da si podebelka odkolku da imas 20 kila i da si daska. Ne sfakjam so e forata so deckive so trcaat po daski i nema da mi stane jasno. Ne deka nesto loso ili ne znam sto, izvinete ako navrediv nekoj so ova. Samo sakam da kazam deka koga togas kje najdes nekoj sto kje te saka kakva sto si nemoj da sekiras ili voznemiruvas potresuvas i use 100 stvari, pozdrav devojko
Ако немаш карактер, шарм и хумор, сеедно е дали си даска или праска А сега, понатаму, кој како си се теши, тоа е др. работа
Зависи за каква „дебелина„ станува збор. Многу често кај нас, за жал, и само малку полничките девојки, кои се сосема здрави, и само имаат облини, се сметаат за дебели, па дури некои се дрзнуваат и да ги вреѓаат. Доколку тука станува збор за таква „дебелина“, тогаш би рекла дека нема врска дали девојката има облини, или е сосема слаба. Многу е поважно каква енергија шири наоколу, и како се поставува према другите. Имам видено многу случаи каде што девојките се толку самоуверени и шират таква позитивна енергија, што автоматски ги привлекуваат сите околу себе, иако нивното тело не е „стандардно“, а девојки кои се слаби и онакви како „што се бара“ не можат да свртат ниеден поглед кон себе затоа што не знаат како да се постават. Значи многу е битно на девојката да и биде удобно во сопствена кожа, без разлика какво тело има. Кога таа се прифаќа себеси, и другите многу полесно и побргу ќе ја прифатат каква што е. За девојки, а и момци, кои имаат морбидна прекумерна тежина, не би требало ни да станува збор.
Јас мислам дека тежината на една личност нема никаква врска со нејзините шанси за врска. Лично знам многу повеќе покрупни девојки кои се во врска, отколку послабички. И многу имам зборено за ова со машки, и со другари и со личности со кои сум се гледала. Машки воглавно си сакаат облини, да има што да фатат што би рекле они Е сега си има процент од машкиве што си имаат замисла дека секоја девојка мора да изгледа како модел па и такви си бараат. Ама тоа не значи дека покрупните девојки нема да си најдат дечко. На крај краишта една врска не треба да се темели само на физичка привлечност, туку на многу повеќе од тоа.
Јас со мм кога се запознав бев во најдебела верзија никогаш сум немала толку кг па ме засака.Од ко се веривме до свадбата стигнав во категорија на слаби па и таква ме сакаше така да не е мерило оној кој те сака навистина ќе те сака секаква. А кога бев бремена се поправив 30кг од кои изгубив 15 откако се породив и јас цела во депресии како ќе ослабам сега и ми рече ако ти е поубо послаба пробај полека полека ама сега си исто како кога се заљубив во тебе само сега потешко ми оди оти немам мотивација дека треба принцес фустан да носам и убо да ми седи
Физичи изглед секој сменил,душа никој. Дебела/слаба но,но,но заблуда. Клучот на убавината понекогаш се крие и во внатрешниот дел од телото. Кој избегаваме да го погледнеме(за жал)
На прв поглед и повеќе од сигурно е дека секој ке пријде на онаа девојка која е згодна. Ако во друштвото на полничката девојка има некоја која е во топ форма прво на неа ќе и пријдат. Меѓутоа за да се задржи дечкото потребна е и карактерна убавина. Има преубави девојки чиј однос е никаков, таквите девојки ќе послужат за кратко и тоа е тоа. Наспроти ваквите има некоја која можеби има некој килограм плус но затоа има супер карактер и однос кон луѓето околу неа. Баш таа ќе си го задржи дечкото крај неа и јас знам вакви примери каде дебелки девојчиња имаат супер врски а некои баш згодни прават пушти-фати бидејќи не им се погодува ништо. Тоа е така можеби затоа што се преценуваат.